КАФЕ ПАУЗА

Tag: Австралија

  • Филм: Патеки (Tracks)

    Филм: Патеки (Tracks)

    Кога ќе оставиш сѐ зад себе…

    rnФилм: Патеки (Tracks)Режија: Џон КуранrnrnУлоги: Миа Васиковска, Адам ДрајверrnrnВреметраење: 112 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 6 март 2014rnrnЖанр: авантура, драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn„Патеки“ е сниман според патувањето на Робин Дејвидсон, која што во 1977 година решила да тргне на долго патување почнувајќи од австралискиот град Алис Спрингс па сѐ до Индискиот Океан, притоа поминувајќи ја целата австралиска пустина. Целиот пат од 2.700 километри планира да го помине пешки. Иако е обележувана од околината како ексцентрик кој не знае до каде ѝ се можностите, таа има зошто цврсто да гази по својот пат. Нејзиниот обид за подвиг поминува забележан и од National Geographic, па тие наскоро го испраќаат својот фотограф Рик Смолан (Адам Драјвер) да направи фоторепортажа од нејзиното патување.rnrnФилм: Патеки (Tracks)Филм: Патеки (Tracks)rnrnЦелиот филм се состои од нејзиното патување од точката А до точката Б, па разбирливо е тоа што е бавен и со релативно долги кадри. Не очекувајте акција и возбудливи сцени, туку случки низ кои што главниот лик емоционално се отвора и ги лекува раните, претворајќи го физичкото патување во емоционално. Но ако сепак зборуваме за возбудливи сцени, брилијантната кинематографија на филмот носи кадри кои изгледаат како да се извадени од страниците на National Geographic. Совршени пустински изгрејсонца и зајдисонца, ѕвездени неба, животни, дивина, бесконечна ширина, патување… па дури и да нема акција, овие кадри сепак се возбудливи.rnrnФилм: Патеки (Tracks)rnrnПокрај тежината на подвигот на Робин Дејвидсон и кинематографијата, тежина на „Патеки“ му дава и глумата на Миа Васиковска. Нејзиниот лик на австралиската авантуристка во еден момент делува цврсто, грубо и непобедливо, додека во друг момент таквата нејзина маска паѓа и ја покажува својата кршливост. Васиковска, која речиси и не се тргнува од екранот, одлично ги доловува овие состојби.rnrnФилм: Патеки (Tracks)rnrn„Патеки“ е филм кој може да се спореди со „Во дивината“ (Into the Wild). Секој фан на овој култен филм посакува да види уште некој таков, а веројатно откако е тој излезен нема друг филм кој толку многу потсетува на него. Приказните и ликот се различни, но прикажувањето на спиритуалната страна на патувањата и особено она поттикнување на авантуризмот кое може да го даде еден филм се среќава и кај двата филма. „Патеки“ е филм кој може да ве натера да патувате, физички, духовно, или и на двата начини истовремено.rnrnФилм: Патеки (Tracks)Филм: Патеки (Tracks)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бесконечните скалила до рајот во Австралија

    Бесконечните скалила до рајот во Австралија

    „Diminish and Ascend“ е скулптура креирана од страна на артистот Дејвид Мекракен која доколку се набљудува од одредени перспективи изгледа како бескрајни скалила кои водат до небото. Како дел од настанот познат под името „Скулптура покрај морето“ во Бонди, Австралија, овие скалила се една од најфасцинантните глетки кои можат да се забележат на овогодишните надворешни изложби. Тие едноставно му овозможуваат на вашиот мозок да скита и да замислува надреално бегство.rnrnНо, и покрај тоа што изгледа дека има долго искачување кон небото кое води надвор од Земјината атмосфера, не станува збор за ништо повеќе од обична, но истовремено и брилијантна оптичка илузија. Оваа одлично изработена скулптура си игра со перспективите така што ги зема предвид визуелните ефекти кои се поврзани со симулирање на далечина. Мекракен конструирал модифицирана верзија на скалила кои се намалуваат како што стануваат најоддалечени од човечкото око, така создавајќи илузија дека тие немаат крај и исчезнуваат во височините.rnrnБесконечните скалила до рајот во Австралија Бесконечните скалила до рајот во Австралија Бесконечните скалила до рајот во Австралија Бесконечните скалила до рајот во Австралија Бесконечните скалила до рајот во Австралија Бесконечните скалила до рајот во Австралија Бесконечните скалила до рајот во Австралија Бесконечните скалила до рајот во Австралија Бесконечните скалила до рајот во Австралија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фантастично детско игралиште во Австралија

    Фантастично детско игралиште во Австралија

    Во Националната ботаничка градина на Австралија во Камбера, компанијата за урбанистички дизајн „Taylor Cullity Lethlean“ поставила фантастично игралиште за деца. Фантастично детско игралиште во АвстралијаИнспирирани од стоте шуми со садници од најретките и најзагрозените видови дрвја во светот кои ги има во градината, игралиштето е дизајнирано за да можат децата креативно да се поврзат со убавината на дрвјата и со извонредната околина која ги опкружува. Игралиштето е составено од голем број елементи во кои секое дете може да ужива, како калеидоскопи, ветерни ѕвона, музички инструменти кои емитираат дожд, лизгалки, шипки за лизгање, тунели од мрежа, ѕидови за искачување и слично.Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија Фантастично детско игралиште во Австралија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Несекојдневна шума израсната во напуштен брод стар 102 години

    Несекојдневна шума израсната во напуштен брод стар 102 години

    „Ерфилд“ е еден од многуте напуштени бродови на заливот Хоумбуш Беј во Нов Јужен Велс, Австралија. Но, она што го двои од останатите, е неверојатното зеленило кое го кити за’рѓаниот бродски труп. Прекрасниот спектакл на природата кој е познат под името „Пловечката шума“ внесува еден нов живот во ова место, кое на некој начин претставува гробишта за стари бродови.rnrnНесекојдневна шума израсната во напуштен брод стар 102 годиниrnrnМасивниот челичен ѕвер тежок 1.140 тони, е изграден во далечната 1911 година во Велика Британија, а бил регистриран во Сиднеј во 1912 како брод кој превезува камен јаглен. Подоцна бил користен за транспортирање на разни добра за американската војска стационирана во пацифичкиот регион во текот на Втората светска војна. Бродот потоа продолжил да служи како преносител на јаглен од Њукасл до крајната станица во Милер, во Блекватл Беј.rnrnНесекојдневна шума израсната во напуштен брод стар 102 годиниrnrnВо 1972 година бродот „SS Ayrfield“ бил конечно пензиониран и испратен во Хоумбуш Беј – место коешто служи за откупување отпадни материјали од бродови. И покрај тоа што многу бродови биле демонтирани, сепак има уште 4 метални бродски тела постари од 75 години кои сѐ уште пловат во заливот, но ниеден од нив не е обвиткан од мајката-природа како што е Ерфилд. Бродот постојано го привлекува вниманието на посетителите со својата грандиозна појава, сочинета од бујните дрва ризофора во него.rnrnНесекојдневна шума израсната во напуштен брод стар 102 годиниНесекојдневна шума израсната во напуштен брод стар 102 годиниНесекојдневна шума израсната во напуштен брод стар 102 годиниНесекојдневна шума израсната во напуштен брод стар 102 годиниrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавите светилници во светот

    Најубавите светилници во светот

    Неверојатни фотографии од светилниците ширум светот…rnrn

    Најубавите светилници во светот
    Флоренс, Орегон
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Шарлоттаун, Островот Принц Едвард
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Сасекс, јужна Англија
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Светилникот Марблхед, Охајо
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Ливерпул, Англија
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Светилникот Бас Харбор во Мејн
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Светилникот Окракоук во Северна Каролина
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Светилникот на островот Хилтон Хед во Јужна Каролина
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Гвантамо Беј, Куба
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Њупорт, Велс
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Провинцијата Њуфаундленд и Лабрадор, Канада
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Островот Корнати, Хрватска
    rnrn
    Најубавите светилници во светот
    Светилникот Кејп Бајрон во Австралија

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 екстремни пустелии

    10 екстремни пустелии

    Некои точки на Земјата се толку пусти и изолирани, што прашање е дали воопшто човек треба да размислува да отпатува до нив…rn
    rn

    Конкордија, Пакистан

    rnНе постои лесен пат до Конкордија. Името го добила од европските истражувачи на кои местото им личело на Швајцарските Алпи. Сместена длабоко во планините во северниот дел на Пакистан, Конкордија располага со таква смиреност и дивост која оддава впечаток дека таму некаде е крајот на светот. Ако некогаш решите да стигнете до таму, спремете се да пешачите цели десет дена.10 екстремни пустелииrn

    Руб ал-Хали, Саудиска Арабија

    rnРуб ал-Хали во Саудиска Арабија е најголемата песочна површина на планетата. Западните истражувачи ја нарекле Дом на тишината, а има и зошто. Зафаќа површина отприлика колку Франција и Бенелукс заедно, има дини високи и по 300 метри, а сето тоа „живее“ во неверојатна тишина.10 екстремни пустелииrn

    ‘Ртот Јорк, Австралија

    rnНајсеверната точка во Австралија претставува и крајот на светот за жителите на овој континент. ‘Ртот е оддалечен повеќе од 1.000 километри од најблискиот град, така што патувањето до таму подразбира неколкудневно возење по тежок пат по кој се среќаваат само крокодили. На крајот, наградата за долгиот пат е еден карпест предел и ништо друго.10 екстремни пустелииrn

    Катинирпак, Канада

    rnАко се прашувавте што има во оние предели на Канада каде што нема големи градови, одговорот е национални паркови во кои има само голи планини и поларни мечки. Катинирпак е најекстремниот од нив. Го зафаќа најсевервниот дел од Канада.10 екстремни пустелииrn

    Северниот Пол

    rnМразот на Северниот пол останува на листата од најекстремни пустелии на Земјата барем уште неколку години додека се стопи целосно. Под големите слоеви мраз нема земја, па оние малку санти мраз кои пловат по Северниот Леден Океан се голем предизвик и за најголемите авантуристи.10 екстремни пустелииrn

    Островот Робинзон Крусо, Чиле

    rnВо осумнаесеттиот век на овој остров бил оставен еден морнар кој овде поминал сам четири години од животот, а подоцна бил инспирација за Даниел Дефо да го напише истоимениот роман. Денес островот е населен со околу 500 жители, а поради „блискоста“ со Јужна Америка од 670 километри, не го посетуваат повеќе од 100 луѓе годишно.10 екстремни пустелииrn

    Невадо Мисми, Перу

    rnНевадо Мисми е пустелија која се наѓа на планина висока 5.597 метри, на оддалеченост од 700 километри од Лима. Сепак, некому му било важно да стигне до таму затоа што на крајот тука е пронајден изворот на Амазон.10 екстремни пустелииrn

    Островот Олхон, Русија

    rnОлхон е остров на средината од Бајкалското Езеро, инаку најдлабокото во светот. И самото езеро кое се наоѓа во сибирскиот регион е доволно осамено, па не изненадува што неговиот остров е толку изолиран.10 екстремни пустелииrn

    Камчатка, Русија

    rnЛетот од Москва до Камчатка на Далечниот Исток трае неверојатни 11 часа, што всушност е најдолгиот домашен лет во светот. Овој полуостров е толку изолиран од развиениот дел на Русија што се наоѓа поблиску до Лос Анџелес отколку до Москва.10 екстремни пустелииrn

    Замокот Скоти, САД

    rnНа почетокот на дваесеттиот век чикашкиот магнат Алберт Џонсон верувал дека ќе најде злато во Долината на смртта во Калифорнија и затоа го изградил овој замок на сред пусина. Денес таму не живее никој.10 екстремни пустелии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Суштества од коралните гребени

    Суштества од коралните гребени

    Коралните гребени се неверојатно богати со разновиден жив свет. Освен коралните полипи, кои ги образуваат коралните гребени, тука може да се сретнат и разни видови сунѓери, ракови, полжави, риби, желки, змии и други мекотели.rnrn

    Суштества од коралните гребени
    Сива гребенска ајкула
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Корали
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Морски ежови
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Гигантска зелена желка
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Корални полипи
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Анемон
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Жолто-точкаста риба
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Кит–ајкула
    rnrnКоралните гребени се создаваат во плитка и топла вода, во близина на копното, и тоа најчесто во тропските области. Најмногу ги има во источниот дел на Африка, во јужниот дел на Индија и на други слични места.rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Корален гребен покрај Занзибар, Танзанија
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Заштитена зона во Папуа Нова Гвинеја
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Корален гребен покрај Малдивите
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Корален гребен во близина на Фиџи
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Корален гребен во близина на Филипините
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Корален гребен покрај островот Мореа, Француска Полинезија
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Тиркизниот залив во Австралија
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Коралниот гребен на Белизе
    rnrnНајголем корален гребен во светот е Големиот корален гребен кој се наоѓа во близина на Квинсленд, во североисточна Австралија. Неговата должина изнесува повеќе од 2.900 километри. Суштества од коралните гребениСуштества од коралните гребени
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дедо Мраз патува околу светот

    Дедо Мраз патува околу светот

    Дедо Мраз веќе го започна своето патување околу светот. Тој патува на различни начини во зависност од земјата во која се наоѓа.rnrn

    Дедо Мраз патува околу светот
    На камила во Австралија
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Со велосипед во Германија
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Со кану во Хонолулу, Хаваи
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Со параглајдер во Сиднеј
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Со брод во Чиле
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Скијање на вода во Вирџинија
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Со рикша во Виетнам
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Со хеликоптер во Багдад
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    На гондола во Венеција
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Во метро во Њујорк
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Со трицикл во Сеул, Јужна Кореа
    rnrn
    Дедо Мраз патува околу светот
    Со санка во Финска

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зајдисонцето ширум светот

    Зајдисонцето ширум светот

    Во зависност од временските услови, небото на зајдисонце може да добие црвена, жолта, виолетова или зелена боја. Погледнете како изгледа зајдисонцето во различни делови од светот.rnrn

    Зајдисонцето ширум светот
    Туамоту, Тахити
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Синајската планина во Египет
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Националниот парк Серенгети во Танзанија
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Лондон, Англија
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Санта Моника, Калифорнија
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Атина, Грција
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Дубаи, Обединетите Арапски Емирати
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Рио де Жанеиро, Бразил
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Истанбул, Турција
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Тајпеј, Тајван
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Дрезден, Германија
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Гдањск, Полска
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Венеција, Италија
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Песочната карпа Улуру во Австралија
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Бора Бора, Тахити
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Ки Вест, Флорида
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Резерватот Масаи Мара во Кенија
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Таџ Махал во Индија
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Пирамидите во Египет
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Ајфеловата Кула во Париз
    rnrn
    Зајдисонцето ширум светот
    Москва, Русија
    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите фонтани во светот

    Најпознатите фонтани во светот

    Фонтаните се места кои ги поврзуваат луѓето. Тука можете да седнете и да јадете, да напишете разгледница или едноставно да ги гледате другите луѓе. Ако се наоѓате покрај некоја фонтана, не заборавајте да си замислите желба и да фрлите паричка.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтана ди Треви во Рим, Италија

    rnСо своите 26 метри во височина и 20 метри во широчина, Фонтана ди Треви е најголемата барокна фонтана во Рим. На фасадата на фонтана прикажана е сцената на пронаоѓањето на чиста вода, а тука се и скулптурите на Нептун, Агрип и римската девица Тривиа. Се верува дека оној кој ќе фрли паричка во Фонтана ди Треви, сигурно ќе се врати во Рим. Според статистиките, секој ден во Фонтана ди Треви завршуваат 3000 евра во монети.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаните Петерхов во Санкт Петербург, Русија

    rnФонтаните Петерхов се наоѓаат во дворот на палатата Петерхов која Петар Велики ја изградил во Санкт Петербург во 1709 година. Восхитен од Версајските фонтани на Луј 14, Петар Велики изградил исти такви фонтани во дворот на својата палата. Централно место кај фонтаните зазема каскадниот пад на водата покрај кој се поставени статуи во ренесансен стил.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаните Белаџио во Лас Вегас, Невада

    rnФонтаните Белаџио се ноаѓаат на предната страна од истоимениот хотел. Овие фонтани секојдневно приредуваат претстава од бои и музика која се одржува на секој половина час во попладневните часови и на секои 15 минути во вечерните часови. Фонтаните се поставени на површината на големо вештачко езеро, чија вода постојано се прочистува од хотелскиот отпад.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Магичната фонтана на Монжуик во Барселона, Шпанија

    rnМагичната фонтана во Барселона се наоѓа под Националната палата на ридот Монжуик. Изградена е во 1929 година за потребите на Меѓународната изложба на Барселона. За време на шпанската граѓанска војна, фонтаната била оштетена и не била во употреба сè до 1955 година, кога била реставрирана. Во текот на 1980-тите години, музиката и боите стануваат дел од величествените претстави на Магичната фонтана.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Бакингемската фонтана во Чикаго

    rnБакингемската фонтана во Чикаго е обележје кое се наоѓа во центарот на паркот Грант и се смета за една од најголемите фонтани во светот. Инспирирана е од фонтаната Латона во Версајскиот дворец и е изградена во рококо стил. На 26 август 1927 година Кејт Бакингем ја донирала фонтаната на Чикаго во спомен на нејзиниот брат Кларенс Бакингем.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната на богатството во Сингапур

    rnВо 1998 година Фонтаната на богатството се запиша во Гинисовата книга на рекорди како најголема фонтана во светот. Изградена во 1995 година, фонтаната е препознатлива по бронзениот прстен кој според хинду принципите го означува универзумот и претставува единство на духот. Фонтаната на богатството симболично ја означува хармонијата на сите раси и религии во Сингапур.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаните во паркот на Версајскиот дворец во Франција

    rnФонтаните во градината на Версајскиот дворец имаат централна улога и се користеле за да се демонстрира моќта на човекот над природата. Најпозната од сите е фонтаната „Латона“ на која симболично е прикажано како измачуваната Латона е прогонета со своите две деца, Дијана и Аполон, кои биле казнети така што биле претворени во жаби.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната на кралот Фад во Саудиска Арабија

    rnФонтаната на кралот Фад се наоѓа на брегот на Џеда, во западниот дел на Саудиска Арабија. Името го добила според самиот крал Фад кој ја донирал фонтаната на градот Џеда. Оваа фонтана фрла вода во висина од 312 метри над површината на Црвеното Море и затоа е видлива од секоја точка на градот. Брзината на исфрлањето вода достигнува до 375 километри на час со што се трошат 18 тони вода.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Меморијалната фонтана „Ел Аламејн“ во Сиднеј, Австралија

    rnМеморијалната фонтана „Ел Аламејн“ претставува спомен – обележје на војниците кои загинале во 1942 година, за време на Втората светска војна, во две битки или две во Ел Аламејн во Египет. Фонтаната во форма на глуварче е изградена од армискиот ветеран Роберт Вудворд во 1959 година.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната на четири реки во Рим, Италија

    rnФонтанатата на четири реки се наоѓа во урбаниот дел на Пјаца Навона во Рим. Изградена е во 1651 година од Џан Лоренцо Бернини. Од центарот на фонтаната се издигнува древен египетски обелиск, додека самата фонтана симболично ја сочинуваат четирите најголеми реки на четири различни континенти: реката Нил во Африка, Дунав во Европа, Ганг во Азија и Рио де ла Плата во Америка.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната во Дубаи

    rnФонтаната во Дубаи се наоѓа на вештачкото езеро Бурџ Калифа во центарот на градот. Компанијата која ги дизајнираше фонтаните Белаџио во Лас Вегас, беше одговорна и за изградбата на фонтаната во Дубаи. Во хармонија со арапските звуци и светските музички хитови, фонтаната долга 275 метри исфрла вода во висина од над 73 метри. Фонтаната во Дубаи беше пуштена во употреба на 8 мај 2009 година.rnrnНајпознатите фонтани во светотrn

    Фонтаната на желките во Рим, Италија

    rnФонтаната на желките, изградена во стилот на доцната ренесанса, се наоѓа на плоштадот „Свети Матеј“ во Рим. Фонтаната била изградена во периодот помеѓу 1580 и 1588 година, од страна на архитектот Џакомо дела Порта и скулпторот Тадео Ландини. Бронзените желки на горниот дел од фонтаната на почетокот не постоеле. Тие биле додадени подоцна, во 1658 година, кога фонтаната била обновена.rnrnНајпознатите фонтани во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.