КАФЕ ПАУЗА

Tag: авиокомпанија

  • Дали посакувате да летате со вашиот домашен миленик? Оваа авиокомпанија ќе ви го овозможи тоа!

    Дали посакувате да летате со вашиот домашен миленик? Оваа авиокомпанија ќе ви го овозможи тоа!

    За многумина, миленичињата се практично членови на семејството, па секогаш им е доста тешко кога се качуваат на лет бидејќи треба да се разделат од нив. Сепак, една компанија одлучила да преземе поинаква политика за ова прашање…rnrnДали посакувате да летате со вашиот домашен миленик? Оваа авиокомпанија ќе ви го овозможи тоа!rnrnДоаѓа нова ера за патниците кои летаат со домашни миленици. Приватната авиокомпанија K9 Jets почна да нуди летови за домашни миленици од Њујорк до Париз или од Лисабон до Лондон.rnrnТака, ќе имате две опции на располагање: можете да купите посебно седиште за вашето домашно милениче или вашето домашно милениче може да седне на подот без дополнителни трошоци. Иако компанијата нуди фиксни цени за своите седишта, тоа се приватни летови, па цените не се воопшто евтини.rnrnСедиштето на летот на K9 Jets ќе ве чини околу 8.000 евра со вклучен оброк. Цената е прилично голема, но специјалните услуги секогаш се плаќаат, нели? Вие и вашиот домашен миленик ќе се качите директно во авионот без никакви кафези или прегради за товар. Значи, исто како да летате со член на семејството.rnrnОткако прочитавте за оваа авиокомпанија која организира летови за домашни миленици, можеби ќе сакате да прочитате и зошто потребата за маче или куче има длабоко космичко значење.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Како би изгледале патничките авиони во иднина?

    Како би изгледале патничките авиони во иднина?

    Секој на планетава Земја кој патува со авион би сакал да има свое седиште, одвоено од останатите со повеќе простор за да ги испружи нозете. За среќа, дизајнерите на воздушни летала моментално работат на тоа да создадат што е можно поудобни услови за сите типови патници, особено за оние кои патуваат на поголема далечина. Ова се неколку од најгенијалните иновации кои наскоро ќе бидат дел од вашиот следен лет…rn

    Личен систем за забава

    rnКако би изгледале патничките авиони во иднина?rnrnСоопштувањата за летовите преку Фејсбук на пример, моментално е врвот на технолошките достигнувања за повеќето авионски компании. Но, некои од нив, поточно оние кои ги следат најновите технолошки трендови, почнуваат да воведуваат вградени индивидуални центри во нивниот авионски дизајн. Ќе можете дури да го поврзете и вашиот уред со овие системи преку мрежата во самиот авион.rn

    Помошен систем за време на летот

    rnКако би изгледале патничките авиони во иднина?rnrnХоландската авиокомпанија AirFi ги опремува ниско-буџетните воздушни летови со посебни безжични системи кои ги аплоудираат информациите за патниците директно преку нивните уреди. Тоа ви нуди можност за време на летот да читате списанија, да одберете кои филмови ќе ги гледате, да нарачувате храна и да купувате бесцарински производи.rn

    Виртуелна реалност наместо Интернет

    rnКако би изгледале патничките авиони во иднина?rnrnПатниците често гледаат филмови или читаат книги на Интернет за време на летот. Многу авиокомпании сакаат да ги надминат овие Интернет можности за забава и самите да почнат да ги нудат, но досега немало многу простор за тоа. Австралиската компанија Qantas моментално тестира најнова технологија која преку виртуелна реалност ќе им овозможи алтернативна забава на патниците.rn

    Неверојатно удобни седишта со ВР технологија

    rnКако би изгледале патничките авиони во иднина?rnrnМногу полесно ќе уживаме во сите иновации кои планираат да ни ги понудат авионските компании доколку седиме во удобни седишта. Можеби најбараното нешто за време на летовите наскоро ќе стане реалност. Освен тоа, Qantas планира да воведе ВР очила со што ќе можете уште повеќе да се опуштите додека уживате во ова ново ниво на удобност. Сето ова е веќе достапно во некои од првокласните авионски летови.rn

    Седишта како во кино

    rnКако би изгледале патничките авиони во иднина?rnrnИталијанската компанија Aviointeriors дизајнира посебни авионски седишта кои се собираат кога никој не седи на нив. Оние кои патуваат во економска класа ќе можат многу полесно да се движат во авионот. Кога ќе гледате филм за време на летот повеќе ќе се чувствувате како да сте во кино, отколку како да сте во авион.rn

    Индивидуални кабини за спиење

    rnКако би изгледале патничките авиони во иднина?rnrnОваа иновација, дизајнирана од страна на компанијата Factory Design која се вика „Air Lair“, е вистинска јаготка на шлагот кога станува збор за авионската технологија. Компанијата планира да воведе индивидуални „кожурци“ за спиење наместо седишта. Патниците од прва класа ќе можат да уживаат во овие футуристички кабини со свое посебно осветлување, извор на звук и регулатор на температура. Овие специјални седишта се дизајнирани така што ентериерот во авионот ќе биде искористен максимално, но бараат солидна инвестиција која само мал број авиокомпании можат да си ја дозволат моментално.rnrnЗа кратко време овие неверојатни иновации ќе им бидат достапни на сите патници. Да се надеваме дека ќе успеат и да го победат стравот од летање со кој многумина се соочуваат.

  • Згодни стјуардеси танцувајќи ги демонстрираат безбедносните мерки

    Згодни стјуардеси танцувајќи ги демонстрираат безбедносните мерки

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnФилипинската авиокомпанија „Кебу пацифик“ излезе со ново изненадување за нејзините патници. По повод новогодишните и божиќните празници, одлучила да го освежи музичкиот репертоар. Тие подготвиле симпатична кореографија за хитот „Сè што сакам за Божиќ си ти“ од Мараја Кери, преку која згодните стјуардеси ги објаснуваат правилата и мерките за безбедност при летањето. Танцувајќи демонстрираат како се користат сигурносните појаси, елечињата и маските за кислород.Згодни стјуардеси танцувајќи ги демонстрираат безбедносните меркиrn

    rnВаквиот интересен концепт во летовите, „Кебу пацифик“ го внесе уште минатата година. За да не ѕиркаат патниците од прозорецот и едвај да чекаат да помине овој досаден дел пред полетувањето, одлучиле да им приредат малку забава во авионот. Пријатно ги изненадиле, кога стјуардесите започнале да танцуваат на песните на Лејди Гага за да им покажат како треба да реагираат во итните случаи.rn

    rnОд раководството на оваа нискобуџетна авиокомпанија велат дека музиката и танцувањето навистина функционираат, им помагаат на патниците да се сконцентрираат и да ги запомнат безбедносните мерки. После празниците, стјуардесите повторно ќе се вратат на претходната кореографија и ќе продолжат да ги забавуваат патниците со музиката на Лејди Гага.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.