КАФЕ ПАУЗА

Tag: Армани

  • Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

    Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата

    Во светот на модата постојано се појавуваат нови дизајнерски имиња. Почнувајќи од 1923 година па сè до денес, ова се дваесетте највлијателни дизајнери во историјата на модата.rn
    rn

    Џорџо Армани

    rnПоранешниот аранжер на излози, Армани, ја започнал својата кариера во 1975 година, во истоимената компанија. Славата ја стекнал за кратко време, кога започнал да дизајнира костими за Ричард Гир. Армани соработувал со многу познати ѕвезди, меѓу кои и со Лејди Гага за која ги дизајнираше костимите кои таа ги носеше на нејзината последна турнеја. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Пјер Карден

    rnФранцузинот роден во Италија, Пјер Карден, има футуристички пристап кон модата. Неговите парчиња облека создадени во 20-от век, беа оценети како облека креирана во 25-от век. Познат е по авангардните балон–фустани кои и денес се популарни. Освен облека, Карден дизајнирал и автомобили и чадори. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Коко Шанел

    rnНа почетокот на 20-от век, Коко Шанел воведе револуција во женската мода, создавајќи поудобна облека со што ги ослободи жените од корсетите. Кариерата ја започнала со отворањето на првата продавница за шапки во 1910 година, со финансиска помош од нејзиниот љубовник. Во 1923 година го лансираше парфемот „Шанел број 5“. Со почетокот на Втората светска војна, Шанел ја затвори продавницата за шапки и повторно ја отвори дури во 1954 година, кога ѕвонарките станаа популарни. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Кристијан Диор

    rnПрвата модна линија на Диор беше одржана во неговиот дом во 1947 година и подразбираше строги креации кои ја потенцираа половината. Но разбирајќи ги потребите на жените, Диор продолжи да креира облека која ги открива колената и не ја стега половината. Смртта на Диор во 1957 година значеше и пропаст на целата компанија. За среќа, тогаш 21-годишниот Ив Сен Лорен, кој беше непознат за јавноста, беше унапреден и ја продолжи славата на модната куќа Диор. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Долче и Габана

    rnИталијанските дизајнери Доменико Долче (роден во Сицилија во 1958 година) и Стефано Габана (роден во Милано во 1962 година), својот прв успех го доживеале во 1985 година, за време на модната недела во Милано. Истовремено, дуото започна романтична врска која траеше 19 години. Иако нивната романса заврши, Долче и Габана продолжија да работат заедно дизајнирајќи парфеми и модни додатоци. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Том Форд

    rnВо 1990 година, кога модната куќа Гучи беше пред банкрот, едно ново и непознато лице беше назначено за креативен директор на оваа модна куќа. Тоа беше Том Форд, кој подоцна стана познат по провокативните и сексуално експлицитните рекламни кампањи за зајакнување на брендот. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Хуберт де Живанши

    rnЖиванши отворил сопствена модна куќа во текот на 1950-те години, откако се преселил во Париз, каде што го донел своето аристократско наследство. Тој е можеби најпознат по дизајнирањето облека за Одри Хепберн, и приватно и професионално, во филмовите „Појадок кај Тифани“ и „Шарада“. Одри Хепберн, меѓу другото, беше и заштитно лице за неговиот парфем L’interdit. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Џон Галијано

    rnПрвиот обид за лансирање на сопствена модна линија Галијано го направи веднаш по дипломирањето на Колеџот за уметност и дизајн во Лондон, но финансиските проблеми беа пречка за развој на неговиот талент. Во 1995 година, тој почна со дизајнирање за Живанши, со што стана првиот британски дизајнер на чело на француската мода куќа, а веќе во 1996 година стана уметнички директор на Диор. Пред една година, Галијано беше разрешен од Диор заради антисемитски забелешки. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Жан Пол Готје

    rnИ покрај несогласувањата со француската модна куќа Хермес во периодот од 2004 до 2010 година, самоукиот француски дизајнер, Жан Пол Готје, ќе остане запаметен по конусниот градник кој го дизајнираше за Мадона во почетокот на 90-те години. Креациите на Готје се специфични заради спојот на два спротивни елементи, кожа и метал. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Марк Џејкобс

    rnМарк Џејкобс станал препознатлив по својот бунтовен талент, благодарение на отказот што го добил во еден бутик затоа што изработувал облека од премногу скапи материјали. Во 1997 година, Џејкобс станал уметнички директор на Луј Витон, каде што од 1984 година почнува да работи заедно со неговиот колега Роберт Дафи. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Келвин Клајн

    rnКариерата на Келвин Клајн започнала во 1968 година, неговиот стил од 90-те години со минималистички и чисти линии и денес е препознатлив ширум светот. Клајн докажа дека ваквите чисти линии, карактеристични за машката облека, може да ги носат и жените. Неговата компанија „Вечност, опсесија, бегство“ е синоним за облека и парфеми. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Рене Лакост

    rnФранцускиот тенисер Лакост, познат по тоа што вовел тениска униформа со поинаков изглед од стандардната, е основач на истоимената компанија за спортска облека. Во 1920 година го добил прекарот „Крокодил“, со што крокодилот за кратко време станал заштитно лого на брендот Лакост. За најголем изум на Лакост се смета поло маицата. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Карл Лагерфилд

    rnНа 17-годишна возраст Карл Лагерфилд бил второпласиран на еден избор за фустани, веднаш зад победникот Ив Сен Лорен. Веднаш потоа, Лагерфилд почнал да дизајнира за најпознатите модни куќи. Во 1983 година ја доби најголемата задача за него: враќање на модната куќа Шанел за одбележување на 12 години од смртта на Коко Шанел. Денес Лагерфилд дизајнира истовремено и за сопствената модна куќа и за Фенди. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Ралф Лорен

    rnАмериканскиот бренд Ралф Лорен за многумина претставува бренд кој повеќе од 40 години му пркоси на времето. Роден како Ралф Лифшиц во еврејско семејство во Бронкс, тој го менува своето име во Ралф Лорен во текот на 50-те години. Кариерата на Лорен започнала во 1967 година, прво со дизајнирање на машка, а подоцна и на женска облека. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Ив Сен Лорен

    rnВо 1966 година, Ив Сен Лорен ја шокирал јавноста со неговиот смокинг наменет за жени. Со тоа, овој дизајнер им го отвори патот на жените за носење машки костими и за покажување моќ и авторитет. Популарните сафари јакни и чизми на високи потпетици, исто така се креација на Ив Сен Лорен. Тој е првиот дизајнер кој вовел етнички модели на модната писта и првиот кој создал колекција „подготвена за носење“. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Валентино

    rnЗа едно интервју во 2008 година, на прашањето „Што сакаат жените?“, Валентино одговорил: „Знам што сакаат жените. Тие сакаат да бидат убави.“ Ова е мотото со кое тој постигна огромен успех, дизајнирајќи ја венчаницата на Жаклина Кенеди и освојувајќи ја наградата Нејман Маркус (моден Оскар). Креациите на Валентино изобилуваат со драматичност, детали и луксуз. Валентино се повлече од светот на модата во 2007 година. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Џани Версаче

    rnЏани Версаче беше моден могул цели 20 години, сè додека не беше убиен пред неговиот дом во Мајами во 1997 година. Со отворањето на неговата прва продавница во 1978 година, Версаче станал синоним за гламур и иновативност. Тој дизајнирал за Мадона, Елтон Џон и за принцезата Дајана. По неговата смрт, раководството на модната куќа го презеде неговата сестра, Донатела Версаче. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Луј Витон

    rnИдејата за дизајнирање чанти Витон ја добил уште кога почнал да работи како носач на багаж. Неговата прва линија чанти била лансирана во 1854 година. Благодарение на Луј Витон, денес имаме правоаголни куфери идеални за долги патувања. Заради многуте копии на неговите производи, Луј Витон го создаде своето лого (иницијалите LV вметнати на костенлива површина), кое се наоѓа на секоја негова чанта. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Вера Ванг

    rnКога Вера Ванг ја планирала сопствената венчавка во 1989 година, таа била разочарана од слабиот избор на наметки, па така сама ја дизајнирала својата венчаница. За кратко време поранешната натпреварувачка во уметничко лизгање станала најпознатиот бренд за венчаници. Денес Вера Ванг не дизајнира само невестински фустани, туку и накит, долна облека и парфеми. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модатаrn

    Вивиен Вествуд

    rnГолемата дама на британската мода, Вивиен Вествуд, отсекогаш имала талент за провокација. Во 70-тите години, Вествуд создала нов бран и панк мејнстрим, кога почнала со продажба на ексцентричната колекција на масивни чевли на платформа и маици со слоганот „Лондон – епицентар на луксузот“. Вествуд ќе остане запаметена по нејзиното модно деби, кога претстави линија корсети со нејзин потпис, инспирирани од силуетите на куртизаните од 18-от век. Најпознатите дизајнерски имиња во историјата на модата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrnИзвор:

  • Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времиња

    Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времиња

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnОд илјадници фустани носени на доделувањето на наградите на американската академија за филмска уметност и наука – светски популарните Оскари, не е лесно да се одвојат неколку кои се „врв на врвот“. Неколку дена пред официјалниот почеток на 84-тото издание на Оскарите, магазинот „Гламур“ излезе со своја листа на величествени оскаровски креации носени низ текот на годините. Некои ќе ги познаете, со некои првпат ќе се сретнете, некои ќе ве воодушеват, некои можеби ќе ве остават рамнодушни. Еве ја листата од 20 најдобри оскаровски фустани на сите времиња:rnrn

    1. Гвинет Палтроу во златна креација на Келвин Клајн, 2011

    rnЗлатен како и самата статуетка, макси фустанот на Гвинет Палтроу од колекцијата „Плашт“ (sheath) на Келвин Клајн е креација со лесен, минималистички, а сепак формален изглед за вечерен фустан кој одлично ја надополнува витката силуета на Гвинет и нејзината златно-руса коса.Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времињаrn

    2. Црно-белиот фустан од Валентино на Џулија Робертс, 2000

    rnНе може ни да се изговори зборот Оскар без да се помисли на црно-белиот фустан од Валентино што го носеше Џулија Робертс кога го прими Оскарот за најдобра главна женска улога, толкувајќи ја Ерин Брокович, во 2000-та година. Нејзиниот високогламурозен изглед нè потсетува дека понекогаш едноставноста е најдобар избор.Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времињаrn

    3. Грејс Кели во син фустан на Едит Хед, 1955

    rnМожеби не ви е позната Едит Хед, модниот гуру на стариот Холивуд, која со своите осум победи во категоријата Оскар за костимографија, освои повеќе награди на Академијата, од која било жена во историјата на Оскарите, но дефинитивно сте ја виделе нејзината работа. Помислете на „Прозорец во дворот“ (Rear Window), „Сабрина“ (Sabrina) и „Да се фати крадец“, (To Catch a Thief) и на овој ледено син фустан како за принцеза што го носеше Грејс Кели кога го доби нејзиниот Оскар за најдобра главна женска улога во филмот „Девојка од село“ (Country Girl). Овој едноставен фустан, кој  чинел 4.000 долари за да се направи, наводно го прави најскапиот фустан во историјата на Оскарите, до 1955-та.Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времињаrn

    4. Хали Бери во црвен фустан на Ели Сааб, 2002

    rnДо времето кога Хали Бери ја напиша историјата на наградите од Академијата во 2002 година, примајќи го Оскарот за главна женска улога како прва жена со Афро-американско потекло, таа веќе ги освои срцата на сите на црвениот тепих неколку часа претходно. Појавувајќи се во креација на Ели Сааб во боја на вино, комплетирана со стратешки поставени цветни апликации, Бери му соопшти на светот што го следеше преносот дека таа е тука да го преземе шоуто.Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времињаrn

    5. Марион Котиијар во фустан на Готје во боја на слонова коска, 2008

    rnФустанот со мотиви на школка во боја на слонова коска што Марион го носеше кога го прими Оскарот за најдобра главна женска улога во 2008-та, ги подели модните љубители на два табора: оние кои паднаа во несвест и оние кои ги збрчкаа носевите. Нам ни се допаѓа овој сладок изглед, особено начинот на кој го нагласува женското тело со мало намигнување. А покрај тоа, секоја жена којашто може успешно да го износи изгледот на сирена, сигурно ја заслужува титулата за најдобро облечена.Најдобрите фустани на „Оскарите“ на сите времињаrnrn

  • Меган Фокс во долна облека од Армани

    Меган Фокс во долна облека од Армани

    Како што веќе знаеме, Меган Фокс потпиша договор со Армани и стана нивно заштитно лице. Многумина ја сметаат оваа соработка за перфектна и со душа ги чекаат најновите фотографии и реклами кои се плод на нивната заедничка работа.rnrnОваа фотосесија е направена за време на снимањето на рекламниот спот за долна облека на Армани, кој беше снимен во март оваа година. Фотографиите на кои се гледа прекрасното тело на глумицата, се подобри и од самата реклама.Меган Фокс во долна облека од АрманиМеган Фокс во долна облека од АрманиМеган Фокс во долна облека од АрманиМеган Фокс во долна облека од АрманиМеган Фокс во долна облека од Арманиrn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
  • Меган Фокс – заштитното лице на Армани

    Меган Фокс – заштитното лице на Армани

    Меган Фокс веќе некое време соработува со модната куќа „Армани“. Иако во досегашните фотосесии, сме навикнале да ја видиме во долна облека, овој пат тоа не е случај. Во оваа фотосесија станува збор само за нејзиното прекрасно лице, кое е доволно за да се покаже колку таа е навистина сексапилна. Фотографиите се различни, бидејќи на дел од нив е премногу нашминкана што нема да можете да ја препознаете, додека на други скоро и да нема шминка.Меган Фокс заштитното лице на АрманиНема забелешки, таа моментално навистина е една од најубавите девојки во Холивуд. Според зборовите на многумина, напорната работа ја довела до тука. Изгубените килограми и созревањето се клучни за нејзиниот изглед, но природната убавина и дрскиот поглед само ја наполнуваат нејзината перфектност.Меган Фокс заштитното лице на АрманиМеган Фокс заштитното лице на АрманиМеган Фокс заштитното лице на АрманиМеган Фокс заштитното лице на АрманиМеган Фокс заштитното лице на АрманиМеган Фокс заштитното лице на Арманиrn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.