КАФЕ ПАУЗА

Tag: археологија

  • Скриената цивилизација на Маите низ фотографии

    Скриената цивилизација на Маите низ фотографии

    Технологијата LiDAR (Light Detection and Ranging – Светлосна детекција и класификација) им овозможува на археолозите да откријат работи кои досега им биле недостижни. Таа буквално им нуди мапа со богатство која води до нови локалитети кои треба да се ископаат и истражат. Археолозите ја искористиле технологијата во џунглите на Гватемала и откриле неверојатни остатоци од цивилизацијата на древните Маи.rn

    1. Скриена цивилизација

    rnСкриената цивилизација на Маите низ фотографииrnrnНа оваа фотографија можете да ги забележите пирамидите во џунглата во северна Гватемала. Научниците кои ја проучуваат древната култура на Маите само што завршиле со истражување на 10 наоѓалишта кои се наоѓаат на површина од 2.100 километри квадратни. Тие користеле LiDAR, технологија која користи ласерски пулсови за да ја мапира топографијата со што ја отстранува вегетацијата.rn

    2. Што се крие под површината?

    rnСкриената цивилизација на Маите низ фотографииrnrnОвде гледаме фотографија од истото место направена со LiDAR. Патиштата и темелите веќе се очигледни. Со помош на ова истражување, откриени се 60.000 структури кои досега не биле мапирани и тоа на многу познати локалитети. Пронајдени се и многу градби расфрлани низ џунглата.rn

    3. Безизразна шума

    rnСкриената цивилизација на Маите низ фотографииrnrnГустата џунгла на Гватемала крие многу докази за древни населби на Маите. Археолозите велат дека можете да одите на неколку метри од градбата, а да не ја забележите. Истражувањата со LiDAR технологијата можат да мапираат површина за која на археолозите би им биле потребни децении, и тоа за само неколку часа.rn

    „LiDAR ќе биде нашето разбирање за шемите за населување кај древните општества, како што радиојаглеродното датирање ни помага за хронологијата. Ова е навистина револуционерно“, изјавил археологот Дејвид Фридел од Универзитетот во Вашингтон.

    rn

    4. Скриени светови

    rnСкриената цивилизација на Маите низ фотографииrnrnБезизразната шума од претходната фотографија крие секакви древни мајански тајни. На оваа фотографија се гледа истиот простор како и на претходната, само е направена со LiDAR. Градбите скриени зад земјата и растенијата полека стануваат видливи.rn

    5. Додавање

    rnСкриената цивилизација на Маите низ фотографииrnrnОвде се споени фотографијата од џунглата и скенирањето од LiDAR. Ова ни покажува дека структурите може да бидат скриени токму пред вас. Археолозите прв пат го користеле овој скенер за истражување во Белиз во 2009-та година. Според антропологот Пејсон Шитс, досега имаат покриено само 1% од површината на која била населена оваа цивилизација.rn

    6. Живеење во пејзажот

    rnСкриената цивилизација на Маите низ фотографииrnrnНа оваа фотографија од LiDAR се забележува дека градбите на Маите се расфрлани низ џунглата во северна Гватемала. Ова покажува дека населението било многу погусто отколку што претходно се верувало.rn

    7. Гватемала од горе

    rnСкриената цивилизација на Маите низ фотографииrnrnНаучниците Алберт Лин (лево), Том Гарисон (во средина) и Франциско Естрада-Бели (десно) ја проучуваат топографијата на северна Гватемала. Овој месец ќе има и документарец за овие откритија на National Geographic Channel – „Богатствата на кралевите-змии на Маите“ (The Treasures of the Maya Snake Kings).rn

    8. Откривање на изгубен свет

    rnСкриената цивилизација на Маите низ фотографииrnrnИстите научници го гледаат истиот простор како и на претходната фотографија, но овој пат преку LiDAR. Овој поглед им открива низа структури кои биле проголтани од џунглата. Технологијата им помогнала да откријат нова тврдина во близина на местото кое го истражуваат, па во следната сезона се надеваат дека ќе го ископаат ѕидот од 9 метри.rnrnДознајте нешто повеќе за овој неверојатен град на Маите во Гватемала.

  • 14 археолошки откритија кои ги збунуваат и модерните научници

    14 археолошки откритија кои ги збунуваат и модерните научници

    Археологијата е навистина важна наука која ни помага да откриеме што се случувало во минатото. Но што ако минатото не е онакво какво што мислиме? Често се случува археолозите да откријат нешто што не припаѓа во тој период. Многу од овие откритија ги збунуваат и модерните научници. Погледнете некои од најпознатите вакви археолошки откритија.rn

    1. Централно греење во Минојската палата, 2700 – 1400 година п.н.е.

    rn(1)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mkrnrnВо урнатините на палата во Кносос било направено навистина неочекувано откритие. Древните Минојци ја загревале палатата користејќи посебни цилиндрични конструкции со полукружни покриви. Овие конструкции биле сместени под подот, се загревале со оган и така ја грееле целата палата.rn

    2. Автомати, 100 година п.н.е.

    rnrnrnМодерните автомати имаат предци кои продавале света вода во древните храмови. Овие автомати биле измислени од Херон од Александрија. Во автоматот се ставала монета која помрднувала рачка и отворала една цевка. Низ цевката протекувала светата вода. За жал, оваа брилијантна идеја била заборавена, па автоматите се одново измислени на крајот на 19-тиот век.rn

    3. Вампирот од Венеција, артефакт од 16-тиот век

    rn(3)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mkrnrnВо 2006 година во близина на Венеција бил пронајден навистина необичен артефакт. За време на ископувањето на гробишта, бил пронајден череп со камен во устата. Според пишаните извори, на овој начин ги закопувале вампирите. Наводно, каменот ги правел безопасни. Истражувањата покажале дека черепот ѝ припаѓал на 60, 70-годишна жена. Немало ништо значајно за неа, освен нејзината возраст. Па зошто луѓето мислеле дека е вампир? Одговор за ова нема.rn

    4. Древна населба на Викинзите во Северна Америка, крајот на 11-тиот век

    rn(4)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mkrnrnЛанси Медоуз е древна викиншка населба направена 500 години пред Колумбо да ја открие Северна Америка. Од 1961 до 1968 година биле направени неколку археолошки ископувања и се открило дека ова место има норвешко потекло. Ова откритие ги натерало научниците да се запрашаат за познатата географска хипотеза. Сè уште нема одговор за тоа што правеле Викинзите во Северна Америка и како стигнале до таму.rn

    5. Автоматски врати во древна Грција, 1-ви век

    rnrnrnГенијалецот Херон од Александрија исто така ги измислил и автоматски врати. Навистина е тешко да се замисли колку вчудовидени биле луѓето кога виделе такво нешто во нивните храмови. Механизмот работел на пареа и се наоѓал во олтарот.rn

    6. Контроверзниот мурал од 1937 година

    rn(6)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mkrnrn„Господин Пинчон и намирувањето на Спрингфилд“ (Mr. Pynchon and the Settling of Springfield) е дело на уметникот Умберто Романо. Она што е чудно за муралот е тоа што прикажува нешто што наликува на смартфон. Ако внимателно го погледнете Индијанецот на десната страна, ќе забележите дека навистина изгледа како да држи смартфон. За жал, никој не знае за што станува збор.rn

    7. Првиот вертикален туш во древна Грција, почетокот на 2-ри век п.н.е.

    rn(7)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mkrnrnПрвите тушеви се пронајдени на археолошкото наоѓалиште Пергам. Овој град бил грчки, но денес се наоѓа во Турција. Конструкцијата била навистина комплексна и имала 7 нивоа.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Најстарата храна откриена од археолозите

    Најстарата храна откриена од археолозите

    Храната на оваа листа е стара илјадници години, и навистина не би сакале да ја пробате. Археолозите постојано наоѓаат храна, без разлика дали е во гробница, на дното на морето во некој брод, или околу вратот на некоја мумија. Погледнете некои од најстарите примероци од храна и пијалаци.rn

    1. Путер од мочуриште

    rn(1)najstarata-hrana-otkriena-od-arheolozite-kafepauza.mkrnrnЕден ирски фармер од пред 3.000 години го сокрил својот путер во мочуриште и заборавил на него. Најстариот примерок на путер од мочуриште е од пред 5.000 години, а пронајдени се околу 300 вакви „специјалитети“. Путерот бил многу вреден, па луѓето го користеле и за плаќање даноци. Путерот во мочуриштето било исто како да ги сокриете парите под перница.rn

    2. Супа од коски стара 2.400 години

    rnIMG_2648rnrnНекои од најдобрите примероци храна се пронајдени во гробници, каде што луѓето се погребани со работите што им се неопходни за следниот живот. Археолозите во Кина пронашле бронзен сад за готвење. Кога го отвориле во него се наоѓала супа стара 2.400 години. Поради оксидацијата, супата сега е зелена, но сè уште има коски и е течна.rn

    3. Древно кинеско сирење од мумија

    rn(3)najstarata-hrana-otkriena-od-arheolozite-kafepauza.mkrnrnГрупа археолози во Кина откриле околу 200 мумии кои се стари речиси 4.000 години. Мумиите сè уште ја имаат облеката со која биле погребани. Мумиите исто така носеле и закуска за во задгробниот живот – парчиња сирење кои биле врзани околу нивниот врат. Сувата и солена почва во пустината во која се пронајдени ги зачувала и мумиите и сирењето.rn

    4. Најстарото вино

    rnKONICA MINOLTA DIGITAL CAMERArnrnНајстарото неотворено шише вино има речиси 1.700 години. Пронајдено е во римска гробница во Германија. Најголемото прашање кое си го поставиле археолозите било како шишето го преживеало падот на Рим, издигнувањето на Светата римска империја и неколку поголеми војни без да се скрши. Комбинацијата од маслиново масло во шишето и цврстата изолација од восок ја зачувале содржината.rn

    5. Изгорен леб стар 5.500 години

    rn(5)najstarata-hrana-otkriena-od-arheolozite-kafepauza.mkrnrnПрвите фармери во Британија правеле леб и пред 5.500 години. И тие го загорувале. Археолозите ја пронашле оваа векна во една јама во близина на Оксфорд. Лебот или бил намерно фрлен или се користел за некој религиски ритуал. На почетокот мислеле дека станува збор за јаглен, но микроскопската анализа покажала дека станува збор за леб.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на Земјата!

    12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на Земјата!

    Планетата Земја е преполна со тајни и мистерии, а некои од нив можеби никогаш нема да бидат разрешени.rn

    1. Саксајваман

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОвие составени камења и карпи се наоѓаат во близина на Перу и совршено добро се вклопуваат без малтер, што е невозможно нешто да се стави помеѓу нив.rn

    2. Пештерите Лонгјоу

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОвие пештери направени од човечка рака се пронајдени во близина на Кина и сѐ уште претставуваат вистинска мистерија. Се претпоставува дека датираат од пред династијата Квин (212 година п.н.е.), но нема податоци за нив. Зошто некој сакал да го скрие нивното постоење?rn

    3. Војничeвиот ракопис

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnМистерија која останува нерешена до ден-денес, со многу теории во врска со тоа на кој јазик е напишана. Во 2014-та, две различни групи изнесле две тврдења дека ја решиле мистеријата. Единствениот проблем било што двете решенија целосно се разликувале едно од друго. Едните верувале дека тоа е мексикански дијалект, додека другите мислеле дека тоа е кодиран азиски јазик.rn

    4. Портата на сонцето

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnИсто како Стоунхенџ, и Портата на сонцето е камена структура која останала нерешена тајна до денешен ден. Се наоѓа во околината на Боливија, каде се верува дека живееле првите луѓе на планетата. Се претпоставува дека написите кои се врежани во плочите се всушност од голема астролошка и астрономска важност.rn

    5. Гобекли тепе

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОва место, кое е пронајдено на врвот на планинскиот гребен во Турција, многу придонело за човековото разбирање за развојот на древните обичаи. Храмот е изграден пред да биде изграден градот околу него, а тоа покажува колку е ценета религијата на оние кои тука се населувале.rn

    6. Споменикот од Јонагуни

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnСѐ уште трае дебатата за тоа дали оваа огромна подводна структура е направена од човекот или е природно формирана. Споменикот се наоѓа на крајбрежјето на островот Јонагуни во Јапонија и содржи рамни рабови како и агли од 90 степени.rn

    7. Ливадите Лонсо

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОва наоѓалиште старо 1.000 години, кое се наоѓа на Њуфаундленд во Канада, докажува дека Викинзите стигнале до Северна Америка многу порано од Кристофер Колумбо.rn

    8. Тунелите од камено време

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОваа огромна мрежа на подземни тунели која се простира ширум Европа, од Шкотска до Турција, е направена целосно од човекот и датира од каменото време. Остануваат прашањата за тоа како било возможно да се изгради толку обемен систем во тоа време.rn

    9. Птицата моа од планинскиот венец Овен

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnМоа е птица чија врста изумрела пред околу 500 години, па било голем шок кога истражувачите пронашле зачувана канџа од една ваква птица во пештерата на планината Овен во Нов Зеланд, која датира од пред 3.000 години.rn

    10. Мохенџо Даро

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnМохенџо Даро се наоѓа во Пакистан и преставува најраната градска населба со знаци на градско планирање, социјални организации и системи за сушење. Се проценува дека на ова подрачје живеле 40.000 луѓе.rn

    11. Недовршениот обелиск

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnОвој обелиск е изрезбан директно на камен, но кога се појавиле пукнатини во гранитот, изградбата на обелискот е напуштена. Се наоѓа во Египет и можете да видите колку е голем во споредба со малите човечки фигури.rn

    12. Топките во Костарика

    rn12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на земјата!rnrnПостојат стотина гранодиоритни топки низ цела Костарика кои се различни по големина и варираат од многу мали (3-4 см) до прилично големи (3 м). Археолозите до ден-денес немаат никаква идеја што претставуваат овие топки.

  • Најстарите музеи во светот

    Најстарите музеи во светот

    Автор: Горана КоневскаrnrnСè додека не измисли човекот машина за патување низ времето, наша единствена шанса да зачекориме во минатото е да влеземе во музеј. И книгите исто така претставуваат добар метод за истото, но ништо не може да се спореди со разгледување на елементи кои биле користени или произведени во одреден период во историјата. Доколку сакате неверојатно патување, посетете некој од најстарите музеи на планетата. Освен археолошки откритија, овие музеи ќе ви презентираат и некои од светските уметници кои имаат оставено голем печат на денешната уметност и на нашите животи.rn

    1. Музеј Капитолини

    rnОва место е сплет од неколку различни музеи на уметност и археологија. Првиот чекор за создавање на овој музеј датира од 1471 година, кога Папата Сикстус IV донирал бронзени предмети со потекло од античкиот Рим. Тој ги сместил овие артефакти во Капитолини Хил. Во 1536 година Микеланџело Буонароти дизајнирал градба со три куполи и плоштад на средината. За да биде комплетирано ова место, домот на музеите, биле потребни повеќе од 400 години. Кога ќе го посетите овој музеј, сигурно ќе останете воодушевени од ренесансната уметност, древните римски статуи, колекции на монети и накит и други артефакти.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    2. Музеј Ватикан

    rnОва е уште едно место каде истовремено можете да посетите повеќе музеи. Започнат со градба на почетокот на 16 век, музејот Ватикан се наоѓа во градот Ватикан. Првиот предмет кој е донесен во овој музеј бил порачан од Папата Јулиус II во 1506 година. Иницијалната колекција на предмети била изложена во Борџија апартманот. По некое време, била доградена и зграда за домашни предмети, а денеска музејот Ватикан е група на музеи со неколку скулптурни зданија.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    3. Музеј на кралски оружја

    rnОва е еден од најстарите музеи во Обединетото Кралство, а исто времено и еден од најстарите во светот. Во него се изложени најголемите колекции на оружје во светот: национална артилерија, огнено оружје и слично. Според некои забелешки, овој музеј бил отворен за посета прв пат во 1545 година.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    4. Музејот на ликовна уметност и археологија

    rnМузејот за ликовна уметност и археологија во Безансон е најстариот музеј во Франција. Изграден во 1694 година, овој музеј е познат по своите големи колекции на археологијата, слики и својот ликовен кабинет. Помеѓу популарни предмети кои можат да се разгледаат тука спаѓаат остатоци од древниот Египет, мумии, уметнички творби, дела од значајни италијански, француски и шпански сликари, како и над 5.500 цртежи собрани од европските училишта.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    5. Ешмолскиот музеј

    rnЛоциран во Оксфорд, Англија, ова е најстариот универзитетски музеј во светот. Во 1677 година, во него била изложена првата колекција од Елиас Ешмол. Следната година започнало комплетирањето на колекцијата која била завршена во 1683 година. Денес, музејот содржи значителни колекции на библиски ракописи , слики од Леонардо да Винчи, Рафаел, Микеланџело, дел од церемонијалната облека на Лоренс од Арабија и многу други дела.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    6. Музеј на Британија

    rnИзграден во 1753 година, британскиот музеј е еден од најстарите во светот, а во него може да се погледнат предмети собрани од целата планета. Со повеќе од 7 милиони предмети, во овој музеј можете да го погледнете целиот свет во мало и се што некогаш влегло низ вратите на британскиот музеј. Голем дел од просториите на музејот на Британија денеска се оддели на древен Египет и Судан, оддел за грчки и римски антиквитети, оддел на средниот исток, Азија, Африка, простории на монети и медали, библиотеки и архива.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    7. Галерија Уфици

    rnЛоцирана во Фиренца, Италија, овој музеј не само што е еден од најстарите туку претставува и еден од најпопуларните музеи. Тој исто така е познат како по своите колекции, така и по својата фамозна градба. Главното предворје на музејот е долго и право и води се до реката Арно на својот крај. Во времето кога бил граден овој монумент (изградбата завршила во 1581 година), овој двор бил навистина уникатен. Тука се изложени многу познати дела на Леонардо да Винчи, Сандро Ботичели, Микеланџело, Фра Филипо Липи, Каваџио и на други уметници.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    8. Белведере

    rnОвој дворец е дом на збирка предмети собрани од царското семејство од Виена. Сопственик на овој комплекс – палата, конструирана да биде летната куќа, бил принцот Јуџин од Савоја. По неговата смрт, започнало собирањето на царските колекции, а потоа истиот бил отворен за јавноста. Првите предмети биле сликите на предците од династијата Хабсбург. Сликите во Кралската Галерија најпрво биле сместени во одделот Империал во 1776 година, но подоцна биле пренесенаина горниот дел – Белведере. Пет години подоцна, галеријата била отворена за јавноста.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    9. Лувр

    rnЛувр е можеби еден од најпопуларните и најголеми музеи во светот. И да, се разбира, еден од најстарите. Зградата во доцниот 12 век била замок, а француската револуција е периодот кога ова место било прогласено за музеј. Официјално бил отворен за посета на 10 Август 1793 година, со изложени 537 слики. Голем дел од предметите во овој музеј се превземени од црковно власништво. Денеска, во овој музеј може да се разгледаат на 35.000 слики и предмети.Кога ќе порасне моето дете ќе биде
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.