КАФЕ ПАУЗА

Tag: април

  • 3-те хороскопски знаци за кои овој април ќе биде најлошиот месец од годината

    3-те хороскопски знаци за кои овој април ќе биде најлошиот месец од годината

    Изгледа како 2019-та година да минува навистина брзо. На прагот е и четвртиот месец од годината, кој нема да биде баш најдобар за овие 3 хороскопски знаци. Сепак, нема потреба да се плашите бидејќи универзумот никогаш не ви приредува повеќе отколку што можете да поднесете. Па, погледнете зошто април ќе биде најлошиот месец од годината за следниве хороскопски знаци.rnrn3-те хороскопски знаци за кои овој април ќе биде најлошиот месец од годинатаrn

    1. Бик

    rnВажно е да знаете дека сè ќе биде во ред. Сонцето ќе патува низ вашата 12-та куќа на утехата и кармата, па немојте да се изненадите доколку треба да се ослободите од нешто или ако треба да простите некому. Без разлика што ќе се случи, ова е вашата можност да оставите нешто во минатото. Ова е шанса да одморите пред да започне вашата сезона, а одморот ќе ви биде навистина потребен.rn

    2. Девица

    rnНе заборавајте дека не постои ништо што е совршено. Покрај тоа, кога последен пат сте одвоиле време за себе? Секогаш се потребни денови за одмор на менталното здравје. Бидејќи сонцето патува низ вашата 8-ма куќа на сексот, трансформација и заедничките ресурси, овој период ве очекуваат долгорочни промени. Немојте да се спротивставувате и немојте да се плашите да бидете ранливи.rn

    3. Јарец

    rnШто прави да се чувствувате безбедно? Со сонцето во вашата 4-та куќа на домот, семејството и емоциите, веројатно ќе се чувствувате малку интровертно. Ова значи дека повеќе ќе сакате да минувате време сами со себе, во удобноста на вашиот дом, наместо да се опкружувате со луѓе. Од друга страна, вашата владејачка планета го започнува нејзиниот ретрограден циклус, па овој месец ќе треба да размислите за некои работи побрзани со вашата сегашна структура и основа.rnrnПрочитајте го и вашиот месечен хороскоп за април 2019-та година.

  • 3-те хороскопски знаци за кои април ќе биде најдобриот месец од годината

    3-те хороскопски знаци за кои април ќе биде најдобриот месец од годината

    Априлските дождови ги носат мајските цветови, но тоа не значи дека април е помалку значаен. Сепак, ова е почетокот на пролетта, можеби најубавото годишно време. Овој април е полн со промени и ретроградни движења, па сите знаци ги очекува нешто интересно. Сепак, за следниве 3, април ќе биде најубавиот месец од годината.rnrn3-те хороскопски знаци за кои април ќе биде најдобриот месец од годинатаrn

    1. Овен

    rnОва е вашата сезона и без сомнение ќе биде одлична во секоја смисла на зборот. Сонцето, Меркур и Венера ќе бидат во вашиот знак овој месец, па вашата харизма ќе достигне ново ниво. Осигурете се дека ќе го прославите овој месец. Не заборавајте да се забавувате!rn

    2. Лав

    rnЌе одите на навистина потребниот и долгоочекуваниот одмор. Положбата на ѕвездите е во ваша корист, па искористете го овој период најдобро што можете. Поради патувањето на сонцето, Венера и Меркур во Овен, вие ќе бидете полни со енергија. Некои Лавови конечно ќе имаат можност за пауза, па не плашете се да преземате ризици.rn

    3. Стрелец

    rnОва е изгледа вашата среќна година. Вашата владејачка планета патува низ вашиот знак, проширувајќи ги вашите хоризонти и давајќи ви изобилство. Јупитер го започнува ретроградното движење во вашиот знак, што значи дека таму ќе помине повеќе време. Покрај тоа, сонцето, Меркур и Венера ќе ја размрдаат вашата петта куќа овој месец, па навистина сè ќе биде во ред. Без разлика дали ќе се вљубите или ќе ја разбудите креативноста, без сомнение, сега е време да заблескате.rnrnПрочитајте го и вашиот месечен хороскоп за овој април.

  • Месечен хороскоп за април 2019-та година

    Месечен хороскоп за април 2019-та година

    Наближува четвртиот месец од година и носи многу нови можности и авантури. Погледнете што ве очекува во работата, љубовта и здравјето овој април, според вашиот хороскопски знак.rnrnМесечен хороскоп за април 2019-та годинаrn

    Овен

    rnВо текот на овој месец во прв план ќе ви бидат семејните и емоционалните проблеми. Ќе ѝ посветите внимание и на кариерата, но многу малку.rnrnРабота: Кога станува збор за финансиите, ве очекува успех, а ризичните инвестиции ќе се исплатат.rnrnЉубов: Ќе станете поагресивни, нешто што може да предизвика разделба од партнерот. Мора да направите избор во пријателските кругови и на вас останува да ги одбиете или прифатите обврските. Доколку планирате да го проширите семејството, овој месец ќе ви оди потешко.rnrnЗдравје: Здравјето ќе биде во одлична состојба и ќе имате енергија за сите обврски. Ако почнете да вежбате и да се храните здраво, само ќе си ја подобрите состојбата.rn

    Бик

    rnЌе имате целосна контрола над приватниот и социјалниот живот. Ќе бидете во положба да донесете одлуки кои ќе ве насочат на вистинскиот пат.rnrnРабота: Овој месец кариерата ќе биде во развој и секој обид на работното место ќе биде успешен. Финансискиот статус ќе биде задоволителен и ќе размислувате како да ја зголемите заработката. Ќе имате можности за инвестиција што ќе ви донесат голема среќа.rnrnЉубов: Можни се многу недоразбирања кои можете да ги решите со разговорот. И социјалниот живот ќе ви биде бурен.rnrnЗдравје: За овој период од годината, вашето здравје е навистина добро. Обидете се да ги зајакнете мускулите.rn

    Близнаци

    rnВо текот на овој месец вашиот фокус ќе биде на кариерата. Самопочитта ќе стане посилна и со нејзина помош ќе ги остварите вашите цели.rnrnРабота: Ќе бидете вистински професионалци, па кариерата ќе ви напредува. Можно е да се појават финансиски проблеми бидејќи не сите подвизи ќе ви резултираат со успех.rnrnЉубов: Ќе постои доста несогласување помеѓу вас и партнерот бидејќи тој ќе смета дека го занемарувате поради кариерата.rnrnЗдравје: Ќе бидете во добра форма, но потребно е да вежбате за да го зачувате здравјето.rn

    Рак

    rnОвој месец имате можност за успех и напредување во кариерата. Ќе имате делумна контрола над напредокот, но ќе ви биде потребна помош.rnrnРабота: Ѕвездите ќе бидат на ваша страна и ќе имаат влијание врз вашиот професионален успех. Ќе ви се пружат многу добри работни можности. Финансискиот статус ќе се подобри и материјалните потреби нема да бидат проблем.rnrnЉубов: Ќе имате одличен љубовен и социјален живот. Одлично ќе се согласувате со пријателите и семејството, а врската со партнерот ќе биде неверојатна. Доколку планирате дете, сега е одличен момент за тоа.rnrnЗдравје: Здравјето ќе ви биде добро. Обидете се да најдете некое креативно хоби за да се опуштите.rn

    Лав

    rnОвој месец приоритет ќе ви бидат искуствата, статусот на работното место и социјалниот живот.rnrnРабота: Професионалниот живот ќе се разубави и ќе ги остварите сите цели во врска со кариерата. Финансиската состојба ќе ги исполни вашите очекувања и вашите инвестиции ќе ви бидат од корист. Сега е одличен момент за преземање ризици бидејќи ве очекува успех.rnrnЉубов: Ќе се појават проблеми во љубовниот живот поради недостаток од внимание. Исто така ќе имате тешкотии и со пријателите, бидејќи ќе бидете зафатени со личниот развој.rnrnЗдравје: Ќе уживате во опуштените моменти, но би требало и да вежбате за да го одржите здравјето.rn

    Девица

    rnПоголем дел од времето ќе ѝ посветите на духовноста и на хуманитарната работа. Овој месец ве чека голема среќа.rnrnРабота: Способни сте да ги надминете сите предизвици на професионално поле. Овој месец е одличен за унапредување. Дружењето со талентирани луѓе ќе ви даде чувство на духовна припадност.rnrnЉубов: Односот помеѓу вас и партнерот ќе биде тестиран овој месец поради вашата бунтовна природа. Ќе ви недостига среќа поради неповолната положба на ѕвездите.rnrnЗдравје: Здравјето ќе ви биде одлично и со текот на месецот само ќе се подобрува.rn

    Вага

    rnЌе се справувате со туѓите проблеми, а вашиот успех ќе зависи од соработката со други. Ќе бидете полни со љубов, а ќе го проширите и кругот на пријатели. Овој месец нема да работите на вашите проблеми.rnrnРабота. За да ги постигнете големите цели, ќе треба да работите повеќе. Ќе добиете финансиска поддршка од вашиот партнер.rnrnЉубов: Можно е да најдете партнер на работното место или од кругот на пријатели. Овој месец ќе привлекувате внимание каде и да одите.rnrnЗдравје: Опуштете се и препуштете ѝ се на духовноста за целокупно здравје.rn

    Скорпија

    rnЌе ви биде потребна многу голема концентрација за да изградите емоционален статус, но и за да го постигнете потребниот мир. Ќе го зголемите кругот на пријатели кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели.rnrnРабота: Ќе имате додатна предност на работното место бидејќи вистински ќе се фокусирате на работата. Ќе направите значајни промени во оваа област. Овој месец ќе бидете иновативни и ќе се впуштите во предизвици кои ќе бидат успешни. Финансискиот статус ќе биде многу постабилен.rnrnЉубов: Љубовта ќе ви цвета овој месец, а односот со партнерот ќе биде возбудлив, исто како и социјалниот живот. Ова е одличен период за проширување на семејството поради близината помеѓу вас и вашиот партнер.rnrnЗдравјето: Ќе имате одлично здравје. Мора паметно да размислите и да го распоредите вишокот обврски со другите.rn

    Стрелец

    rnОвој месец ќе бидете забавна личност и кариерата и личните амбиции нема да ви бидат важни. Ќе постигнете значајни резултати поради вашата дисциплина и иновативност. Ќе сакате да поминете повеќе време со семејството.rnrnРабота: Овој месец вашата кариера ќе биде под знак прашалник бидејќи многу ќе одморате. Доколку барате работа, ќе имате одлични можности. Финансиите ќе ви бидат во ред овој месец, па ќе можете да се справите со сите трошоци. Сепак, немојте да трошите премногу на непотребни работи.rnrnЉубов: Љубовниот живот ќе ви биде полн со уживање и убави моменти. Кругот на пријатели ќе ви биде најчестиот извор на емоционални односи.rnrnЗдравје: Ѕвездите се на ваша страна и здравјето ќе ви биде во одлична состојба.rn

    Јарец

    rnОвој месец вниманието ќе го свртите кон семејството и вашата емоционална состојба. Ќе им помогнете на многу луѓе, но и ќе ја добиете нивната поддршка.rnrnРабота: Овој месец ве очекуваат тешкотии на професионално поле. Само емоционалната стабилност ќе ви донесе успех. Мора да направите рамнотежа помеѓу трошење на средствата за забава и за личен развој.rnrnЉубов: Љубовниот живот нема да биде многу стабилен, но во емотивните промени очекувајте совршен однос.rnrnЗдравје: Здравјето нема да биде најдобро, а за да го подобрите потребно ви е релаксирање.rn

    Водолија

    rnЦелосно ќе им се посветите на вашите интереси и на кариерата. Ќе бидете агресивни на работа, а ќе се фокусирате само на промените.rnrnРабота: Ќе се соочите со разни промени во вашата професија. Останувањето на истото работно место нема да ви биде од помош доколку сакате да ја промените насоката на кариерата. Финансиската состојба ќе ви се менува овој период, но ќе можете да ги задоволите материјалните потреби без проблем.rnrnЉубов: Барате партнер со којшто сте компатибилни. Поради ова ќе настојувате да се впуштате во разни врски, па потрагата ќе се одвива брзо. Не сте расположени за врзување.rnrnЗдравје: Доколку се релаксирате, здравјето ќе ви биде одлично.rn

    Риби

    rnЌе бидете фокусирани на вашата финансиска стабилност, на духовното исцелување, како и на достигнувањата во кариерата.rnrnРабота: Вашата кариера брзо ќе напредува, но мора да бидете мудри. Ќе имате одличен финансиски напредок и многу можности за вложување кои треба да ги прифатите. Сепак, немојте да ги ризикувате тешко заработените пари.rnrnЉубов: Односот помеѓу вас и партнерот ќе биде совршен. Доколку сте сингл, можно е да се случи нешто помеѓу вас и некој сосед или пријател.rnrnЗдравје: Здравјето ќе ви биде во одлична состојба. Зајакнете го вашиот дух за да го избегнете користењето супстанци.rnrnПогледнете и кои хороскопски знаци ќе се вљубат лудо оваа пролет.

  • 3 нешта низ кои сите Овни треба да пројдат овој месец

    3 нешта низ кои сите Овни треба да пројдат овој месец

    Овој месец ќе донесе многу храброст, но и трансформации во животот на Овните. Тие ќе се соочат со неочекувани нешта, но ако се подготват однапред, може да излезат со победа од сите овие ситуации. Погледнете ги најважните 3 дати за Овните во април и што ги очекува во текот на овие денови…rnrn3-neshta-niz-koi-site-ovni-treba-da-projdat-ovoj-mesec-www.kafepauza.mkrn

    Пролетно чистење на 15-ти април

    rnВие имате цела канцеларија преполна со ѓубре, барем четвртина сантиметар прашина во домот и непристапно дно во багажникот на автомобилот. Но, кога новата месечина ќе се појави на 15-ти, таа ќе ве наполни со волја да ја средите околината во која поминувате најмногу време. И не само што ќе ја средите, туку и ќе ја направите совршена за уживање. Разбудете се рано овој ден, појадувајте здраво и фрлете се на работа. Продуктивноста ќе биде вашата најсилна страна во текот на оваа недела.rn

    Романтичен чекор на 24-ти април

    rnКога заљубената Венера ќе се слизне од Бикот на 24-ти, вие ќе се чувствувате многу позаводливо од кој било друг вторник во неделата. Вашата мисија? Искористете ја оваа енергија во целост. Ако сте сингл, пристапете ѝ на личноста за која сте заинтересирани и повикајте ја на љубовен состанок. Ако се во врска, изненадете го партнерот со секси долна облека и шише вино.rn

    Тежок разговор на 29-ти април

    rnПолната месечина ќе премине во Скорпија на 29-ти, па затоа и ќе донесе многу трансформативна енергија. Овој момент на космичка јасност може да биде совршениот момент за конечно да го направите разговорот што ви предизвикува стрес. Со страста на Скорпијата како ваш водич, овој дијалог конечно ќе ви помогне да се почувствувате ослободено.rnrnБестрашни заводнички: Дознајте сѐ за жените Овни!

  • 3-те хороскопски знаци на кои април ќе им донесе многу пари

    3-те хороскопски знаци на кои април ќе им донесе многу пари

    Ако се пронајдете на оваа листа, тогаш искористете го април до максимум бидејќи тој ќе ви донесе многу големи можности на полето на финансиите и работата. Не пропуштајте ги шансите овој месец и вашата сметка во банка ќе се наполни со пари…rnrnBusinessman working at deskrn

    1. Близнаци

    rnУште на почетокот од месецот Близнаците ќе добијат нова доза креативност, па сите оние што работат со естетика, уживање или се во кариера поврзана со деца, ќе имаат многу голем успех до 5-ти април. Од друга страна пак, тие исто така ќе наидат и на неколку бизнис понуди и планови што можат да им го сменат животот.rnrnОд 6-ти до 18-ти мај, Венера и Марс ќе создадат добри аспекти на нивното астролошко поле за финансии. Близнаците тогаш можат да договорат некои тајни работи или да постигнат голем успех поврзан со влогови, кредити и слични области од финансиите.rnrnИсто така, во овој период Близнаците ќе успеат да ги вратат старите долгови и да ги подмират сите обврски што ги имаат. Токму затоа и овој период треба да бидат што подисциплинирани со парите за да можат да започнат со штедење за иднината.rnrnОколу 24 април, кога Венера ќе влезе во нивниот знак, тие ќе се чувствуваат многу подобро и поопуштено, па затоа и парите сами ќе почнат да им доаѓаат. Најдобрата заработка ќе им биде од област поврзана со комуникација или транспорт, или пак, преку онлајн работа.rn

    2. Лав

    rnКонјункцијата на планетата на парите Венера и планетата на промените Уран на почетокот на месецот ќе им донесе на многу Лавови неочекуван прилив на пари, како и можност да заработат на ризични начини, односно преку вложување. Под влијание на полната Месечина, на почетокот од овој месец треба да се согласат и на соработка што ќе им дојде од Вага или од Скорпија.rnrnВенера, Марс и Плутон ќе им овозможат одлични аспекти на полето на кариерата од 6-ти до 19-ти април, па Лавовите треба да ги искористат така што ќе ги зацврстат темелите на кариерата, ќе воспостават соработка со авторитетите и ќе заработат повеќе одошто мислеле дека можат.rnrnМожно е и да им се појават некои нови идеи и можности за проширување во периодот околу 24 април кога Венера преминува во знакот Близнаци, па нивната финансиска ситуација ќе биде одлична, особено ако се занимаваат со луксуз или некаков вид јавна работа.rn

    3. Јарец

    rnПоголемиот дел од родените во овој знак ги очекува многу бурен месец. Ова доаѓа под влијание на полната Месечина во нивното поле на кариерата. Токму оваа полна Месечна може да им донесе напредок, но и еден вид покачување на плата и многу позитивен договор со надредените.rnrnВенера по 5 април ќе влезе во нивното астролошко поле на креативноста и забавата, па може да им донесе и зголемување на идеите, како и проширување на кариерата, особено кај оние што професионално се занимаваат со забава.rnrnВо периодот од 7-ми до 19-ти април, Венера може да донесе многу значајни моменти за нивната кариера. На иницијатива на Јарците, тие може да започнат многу важен бизнис проект. Исто така ќе доживеат и финансиско процветување.rnrnАприл исто така ќе биде и најдобриот месец во годината за овие 3 хороскопски знаци!

  • Карактеристики на луѓето родени во април: Овие луѓе вреди да се имаат за пријатели!

    Карактеристики на луѓето родени во април: Овие луѓе вреди да се имаат за пријатели!

    Ако познавате личност што е родена во месец април, тогаш сте неверојатно среќни. Без разлика дали станува збор за пријател, партнер или член на семејството, направете сè што е во ваша моќ за да ја задржите покрај себе бидејќи овие луѓе се едноставно неверојатни. Вистински благослов е да ги имате во својот живот! Во продолжение прочитајте и зошто…rnrnkarakteristiki-na-lugjeto-rodeni-vo-april-ovie-lugje-vredi-da-se-imaat-za-prijatelirnrn1. Личностите родени во април се многу чувствителни, па нивната природа не им дозволува да ги скријат емоциите, без разлика дали станува збор за среќа или за тага. Тие имаат високо развиена емпатија, но можат многу лесно да ве повредат ако ги загрозите нивните чувства.rnrn2. Нема сомнеж дека страста е клучна особина за децата родени во април. Нивниот единствен стил и шармантната насмевка прави секогаш да сјаат како ѕвезди. Во љубовта се страсни и ќе дадат сè од себе за да ви го освојат срцето.rnrn3. Храброста е особина која изобилува во животот на априлските деца. Нивната сила и подготвеност да се соочат со секој проблем ќе им помогне лесно да се искачат до успехот.rnrn4. Тие се едни од најдобрите пријатели, бидејќи секое пријателство го сфаќаат сериозно и го негуваат. Лојални се и секогаш спремни за жртвување за пријателите, па затоа и можете да бидете сигурни дека никогаш не би ве предале.rnrn5. Априлските деца се многу темпераментни и можат често да го менуваат расположението, што им задава потешкотии во односите со партнерот. Но, не грижете се, тие со текот на времето учат како да го контролираат бесот, па можете да очекувате да си ја признаат грешката, доколку има потреба од тоа и без проблем да кажат „извини“.rnrn6. Родените во април се луѓе кои се целосно насочени кон кариерата, многу се упорни и никогаш не се откажуваат. Можете да им скратите сè освен активноста и постојаното работење бидејќи тие уживаат во овој начин на живот. Исто така, нивната висока енергија често ги тера да се бават со некој спорт, во кој повторно се многу успешни.rnrn7. Тие се романтични души и целиот свој живот мечтаат за искрена љубов, без никакви игри и измами. Исто така тие се и мајстори за романтика, па од нив можете да очекувате прекрасни изненадувања и изјави на љубов без граници.rnrn8. Комуникативноста е нивна клучна особина, па поради тоа се и толку добри пријатели и партнери. Тие секогаш внимателно ќе ве слушаат и активно ќе разговараат со вас за вашите проблеми, а нивниот совет вреди злато.rnrn9. Тие што се родени во април се родени без страв. Не се плашат од брзини, висини и борби, па затоа и неретко се впуштаат во опасни спортови или работат како војници. Сепак тие не се целосно бестрашни, бидејќи нивната нежна душа се плаши од повреда на чувствата и загуба на саканите.rnrnНародни верувања за април: Што нè очекува и какви се луѓето што се родени овој месец?

  • Народни верувања за април: Што нè очекува и какви се луѓето што се родени овој месец?

    Народни верувања за април: Што нè очекува и какви се луѓето што се родени овој месец?

    Април е најмногу познат по велигденските празници, но тој исто така е познат и како првиот месец во годината што носи ведри денови, песни, шеги и игри. Токму поради тоа за многумина е и еден од најубавите месеци. Ако им верувате на народните мудрости, тогаш вреди да ја запомните онаа што вели дека свадбата во април е најдобриот начин да го започнете вашиот брак. За сите парови што годинава ќе го сторат тоа – ве очекува големо уживање!rnrnНародни верувања за април: Што нè очекува и какви се луѓето што се родени овој месец?rnrnАко разговарате со постарите, тие можат многу да ви откријат за овој месец. Иако голем дел од овие верувања не се научно докажани, сепак дел од нив се базирани на факти. Па, што нè очекува овој месец и како тој влијае на следниот?rn

      rn011

    • Ако април е убав, мај е лош
    • rn011

    • Ако април е врнежлив, тогаш целото лето ќе биде подобро
    • rn011

    • Априлските дождови се благослов, а мајските уште поголем
    • rn011

    • Со други зборови, ако врне во април, сè ќе расцвета во мај
    • rn011

    • Врнежливиот април значи сув јуни
    • rn011

    • Ведрите ноќи во април се лоши за овошјето и виното
    • rn011

    • По априлските грмотевици нема веќе мраз
    • rn011

    • Колку април е потивок и поубав, толку мај е полут и побесен
    • rn011

    • Колку порано расцути сè во април, толку порано ќе биде жетвата во јуни
    • rn

    rnА што е со родените во месец април? Тие најчесто се со ведар дух, вредни и добронамерни. Склони се на шегување (сепак Денот на шегите е во нивниот месец), дури и ако тоа значи смеење на своја сметка. Тие се омилени во друштвото затоа што обожуваат да се забавуваат, а чувањето тајни им е посебна специјалност. Исто така умеат да бидат и тврдоглави, па често не слушаат совети, дури и кога тие се добронамерни. Што се однесува до здравјето, тие треба да внимаваат на болестите на цревата, како и на главоболките.rnrnДа се потсетиме и на народните верувања за февруари и март

  • Краток месечен хороскоп за април 2018

    Краток месечен хороскоп за април 2018

    Со сонцето во моќниот Овен, ова е месец на иницирање, делување и нови почетоци. Погледнете што ве очекува во април оваа година според вашиот хороскопски знак.rnrnМесечен хороскоп за април 2018-таrn

    Овен

    rnОва е ваш месец, па искористете го за себе и за откривање на местата кај што грешите. 15-ти ќе биде одличен ден за да се откажете од нешто што повеќе ви штети отколку што ви користи и да направите простор за значајни врски и идеи.rn

    Бик

    rnОбично не прифаќате туѓа помош, но време е да се ослободите од некои работи. Дозволете му на колегата да ви помогне со работата, дозволете му на партнерот да ве задоволи без да се чувствувате должни. Прифатете ја добрината на другите.rn

    Близнаци

    rnВе очекува голема промена, но големите промени ретко се случуваат без ничија помош. Искористете го овој месец за да ги подобрите социјалните врски. До полната месечина на 29-ти ќе бидете способни да го прифатите новиот предизвик, без разлика дали е ново работно место или ослободување од некоја токсична врска.rn

    Рак

    rnИако секогаш ви е поудобно во друштво на саканите, време е да ја искористите младата месечина на 15-ти. Потребно е да се изборите сами, без разлика дали тоа е некој говор или одмор со децата без партнерот.rn

    Лав

    rnВо последно време животот ви е монотон. Но овој месец е совршен за спонтаност. На 15-ти насочете ја вашата енергија кон нешто возбудливо. Ѕвездите се на ваша страна и ќе ви помогнат да го добиете она што го сакате.rn

    Девица

    rnОвој месец не плашете се да го покажете вашиот внатрешен ѕвер. Со други зборови, престанете да се срамите кога знаете дека сте во право. Зборувањето за работите кои ви се важни е клучно за возбудливи и нови можности во мај.rn

    Вага

    rnОва е месец кога треба да инвестирате во себе. Универзумот ви дава сигнал дека сега е време да преземете нешто. Важна е и комуникацијата со партнерот бидејќи парите често се причина за расправија со вас.rn

    Скорпија

    rnВреме е да обрнете внимание на романтичните врски. Комуникацијата нека биде приоритет во вашата врска и бидете му благодарни на партнерот за малите нешта кои ги прави за вас. Ова ќе ви помогне да излезете од вашата удобна зона на крајот од месецот.rn

    Стрелец

    rnВреме е да ја покажете вашата забавна страна. Испланирајте нешто возбудливо за 15-ти како патување со децата или танцување со партнерот. Ова е одличен месец за вашите креативни и професионални идеи.rn

    Јарец

    rnСега е време да откриете каде вашата неспособност за простување ви ја троши енергијата. Простете им на саканите. Ако премногу размислувате за некоја непријатна ситуација, прифатете ја и продолжете понатаму.rn

    Водолија

    rnНема потреба да бидете маченик за да направите позитивна разлика. 17-ти ќе биде одличен ден за да ја нахраните вашата душа. Насмевнете му се на некој странец кој изгледа несреќно или пак кажете го вашето мислење за тема којашто ви е важна.rn

    Риби

    rnИако обично не сте загрижени за безбедноста, време е да размислете за предупредувањата во вашите врски. Размислете како се однесува новиот партнер кон вас. Дали можеби најдобриот пријател почнува да ве избегнува? Со полната месечина на 29-ти, подготвени сте за сериозен разговор.rnrnПогледнете и за кои знаци април ќе биде најдобриот месец од годинава.

  • Април ќе биде најдобриот месец во годината за овие 3 хороскопски знаци

    Април ќе биде најдобриот месец во годината за овие 3 хороскопски знаци

    Април конечно пристигнува, а со него најверојатно и топлото време. Овој месец ќе нè исфрли од нашата удобна зона, но и ќе нè врати назад и ќе нè потсети дека сме безбедни. Бидејќи сонцето преминува во Бик на 20-ти април, многумина од нас ќе се наполнат со самодоверба, јасност и стабилност. Ако еден од следниве хороскопски знаци е ваш, во април ве очекува прекрасна авантура.rnrnАприл ќе биде најдобриот месец во годината за овие 3 хороскопски знациrn

    1. Овен: Подготвени сте да освоите што било

    rnЌе се чувствувате полни со енергија во секој аспект од животот. Како да можете да се справите со сè што ќе ве снајде. Ќе сакате да прифаќате нови можности, да учите секогаш кога можете и да наоѓате нови пријатели кои имаат многу да ви покажат. Погледнете во огледалото и ќе го сакате она што ќе го видите. Овој април на сите ќе им покажете од што сте направени. Искористете ја оваа фаза на самодоверба за навистина да ги следите вашите соништа. Ако постои нешто за коешто сте сонувале, не трошете време. Борете се за вашиот успех како никогаш досега. Ја имате целата сила којашто ви е потребна.rn

    2. Бик: Вашата харизма ќе ве однесе далеку

    rnДо 24-ти април Венера се наоѓа во вашиот знак. Ова ќе ве исполни со романса од глава до пети. Ќе се изненадите од тоа колку лесно ќе започнувате разговори и начинот на кој ќе го правите тоа. Се чувствувате како најдобрата верзија од себе, а вашата радост ќе биде заразна за секој што ќе го сретнете. Немојте да се изненадите ако луѓето почнат да се натпреваруваат за да бидат околу вас. За работите да бидат уште подобри, сонцето влегува во вашиот знак на 20-ти април. Ќе се чувствувате како член на кралско семејство кој заслужува да биде сакан, а верувајте и дека го заслужувате тоа.rn

    3. Лав: Секој што ќе го сретнете ќе ви ласка

    rnБидејќи Венера е во вашата 10-та куќа на социјалниот статус, вие сте токму онаму каде што сакате да бидете. Се чувствувате како сè да е во ред кога вашите сакани се обидуваат да ви покажат колку многу ве сакаат. Со планетарните аспекти на април, секој ќе се потсети зошто воопшто ви станал пријател. Овој месец ќе бидете во допир со вашата креативна страна, па секој околу вас ќе ви се воодушевува. За да биде уште подобро, Уран, вашата планета на љубовта, ќе го исполни вашиот живот со страст и романса. Ова е совршен месец за квалитетни и незаборавни моменти со партнерот. Ако сте сингл, излезете и почнете да флертувате.rnrnДали знаете кои се хороскопските знаци што мислат дека се подобри од другите?

  • Во духот на пролетната еуфорија

    Во духот на пролетната еуфорија

    Конечно можеме да ја поздравиме пролетта – периодот од годината кој ја препородува замрената природа и ѝ дава интензитет на животната енергија во сите нас. Мистичното влијание на ова годишно време ни ги буди сите скриени пориви кои стрпливо тлееле додека студенилото владеело околу нас, давајќи ни чувство на бескрајни можности. Нека следните цитати ја разбудат пролетната еуфорија во вас и нека ве инспирираат да го искористите ова време најдобро што можете.rnrnВо духот на пролетната еуфорија
    rn

    „Пролет е кога животот е жив во сè.“ – Кристина Росети

    rn

    „Дојде прекрасната пролет, а кога природата ја обновува својата убавина, и човечката душа е подготвена повторно да заживее.“ – Хериет Ен Џејкобс

    rn

    „Седи во тишина, не прави ништо, пролетта доаѓа, тревата сама расте.“ – Зен поговорка

    rn

    „Април внесува младешки дух во сè.“ – Вилијам Шекспир

    rn

    „Пролетта е омиленото годишно време на сите во светот. Сè е можно во мај.“ – Едвин Веј Тил

    rnВо духот на пролетната еуфорија
    rn

    „Оптимистот е човекова персонификација на пролетта.“ – Сузан Џ. Бисонет

    rn

    „Без сомнение, најголемата радост во пролет се децата кои тогаш излегуваат надвор.“ – Едгар Гест

    rn

    „Со доаѓањето на пролетта, природата ни вели: Ајде да се забавуваме.“ – Робин Вилијамс

    rn

    „Тоа е пролетна треска. Така се вика. Кога ќе те фати, сакаш, не знаеш баш што, но знаеш дека те боли срцето од што го сакаш толку многу.“ – Марк Твен

    rn

    „Ја сакам пролетта насекаде, но кога би можела да бирам, секогаш би ѝ посакувала добредојде в градина.“ – Рут Стаут

    rnВо духот на пролетната еуфорија
    rn

    „Науката нема пронајдено поефикасен лек за смирување од пролетниот сончев ден.“ – В. Ерл Хол

    rn

    „Во пролет, љубовта се разнесува низ ветрот. Внимавај на летечките страсти и бакнежи кои ти фучат околу главата.“ – Ема Расин Дефлер

    rn

    „Пролет – период на искусување на бесмртноста.“ – Хенри Торо

    rn

    „Април го подготвува зеленото светло и така светот сфаќа дека треба да тргне.“ – Кристофер Морли

    rn

    „Пролетта покажува што може Бог да направи од едноличниот и валкан свет.“ – Вирџил Крафт

    rn

    „Денот кога Бог ја создал надежта веројатно е истиот ден кога ја создал и пролетта.“ – Берн Вилијамс

    rnВо духот на пролетната еуфорија
    rn

    „Пролетта ги ослободува цвеќињата за да ја насликаат насмеаната земја.“ – Реџиналд Хебер

    rn

    „Пролет е кога си свиркаш дури и додека чевлите ти се полнат со раскашавен снег.“ – Даг Ларсон

    rn

    „Ниедна зима не трае вечно. Ниедна пролет не пропушта да дојде.“ – Хал Борланд

    rn

    „Пролетта е будењето на земјата. Мартовските ветриња се утринското прозевање.“ – Луис Гризард

    rn

    „Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.“ – Пабло Неруда

    rnВо духот на пролетната еуфорија
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.