Колку повеќе го изучуваме мозокот, толку повеќе мистерии откриваме. Плацебо ефектот е еден од најголемите примери за ова. Тоа е општ концепт во психологијата кој објаснува како индивидуите можат да добијат физички и психолошки ефекти од „апче“ дури и тогаш кога не постојат никакви медицински состојки во него. Најчестите плацебо апчиња се само „шеќерни апчиња“ маскирани во „вистинска медицина“.rnrn
rnrnПричината поради која овој плацебо ефект функционира се очекувањата на нашиот мозок дека тој лек би требало да ни влијае позитивно и нашиот ум и тело на некој начин ги остваруваат тие очекувања. Плацебо ефектот е доказ дека нашиот ум има некакво влијание врз нашето тело. Тоа не значи дека можеме да го употребуваме за да излечиме сериозни болести или нарушувања (вистинската медицина сè уште има причина за постоење), но сепак овој ефект може да биде корисна алатка за создавање на мали подобрувања во нашето општо здравје, расположение и добросостојба.rnrnНајчесто плацебо апчињата се препишуваат без пациентот да знае дека тие се невистинити, но новите студии покажуваат дека овие апчиња функционираат дури и кога пациентите ја знаат вистината за нив. Токму овие истражувања ни укажуваат дека секој од нас може да си направи плацебо апче и да добие позитивен фидбек од него. Погледнете ги наредниве основни инструкции според кои можете да создадете ваша лична плацебо капсула.rnrn1. Купете празни капсули. Можете да ги најдете во некои аптеки.rnrn2. Наполнете ги празните капсули со безопасна супстанца, како шеќер.rnrn3. Најдете празно шише за апчиња.rnrn4. Извадете ја старата етикета.rnrn5. Одберете што сакате да подобрите кај себе. На пример:rn
- rn011
- Фокусирање
- Волја
- Релаксирање
- Среќа
- Интелигенција
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn6. Направете нова етикета со името на вашите плацебо апчиња. Можете да ги наречете некако едноставно, како на пример, „Капсула за интелигенција“ или можеби би можеле да смислите некое покреативно и поинспиративно име како „Капсула за Супер Гениј како Алберт Ајнштајн“.rnrn7. Додадете инструкции на етикетата. На пример, „Земете една капсула дневно за подобрување на волјата, мотивацијата и самодисциплината“.rnrn8. Залепете ја новата етикета на шишето.rnrn9. Пијте по едно апче секое утро кога ќе чувствувате дека ви е потребна мала помош.rnrn10. Направете повеќе плацебо капсули за различни нешта и потоа одлучете кои од нив кога би ги пиеле.rnrnСекако, овие апчиња не се вистински и не смеете да ги користите како замена за кои било медикаменти. Станува збор само за шеќер. Оваа терапија може да се користи само како забавен начин за подобрување на вашата мотивација и однесување.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


На Сузан Брег и бил дијагностициран рак на дојката во 2004 година.
Сузан веќе не боледува од рак, но и покрај тоа што се поминати дури седум години откако почнала да се лекува, таа сè уште има неисплатени медицински сметки.
Накитот кој го изработува од апчињата кои не ги употребила, од оние на кои им поминал рокот на траење и оние кои и ги донирале нејзините пријатели, и помага околу кризата со финансиите. Нејзините уникатни уметнички творби се продаваат од 15 до 100 долари, а едно од најпопуларните парчиња накит, е приврзок во чија средина има апче вијагра.
Идејата на Сузан Брег е дефинитивно генијална по својата природа и говори за нејзината борбеност, упорност и креативност, карактеристики кои таа не дозволила да и згаснат, додека се борела со една од најстрашните болести во 21-от век.
rnrnПрочитајте ги советите на
rnrnПред да отидете на забавата каде што планирате да пиете алкохол, убаво најадете се. Лош избор на храна се супите, манџите и секаков вид течна храна. Пригответе си чикен бургер со кашкавал или нешто слично и утринската мачнина е до пола намалена. „За да ја свари храната, вашето тело го затвора вентилот на тенкото црево, каде што најмногу се апсорбира алкохолот, поради што е помалку веројатно брзо да се опијаните“ – вели д-р Оз.rnrn
Изберете некој од белите алкохолни пијалаци: вотка, џин, бело вино, наместо црвено вино, виски или коњак. Темниот алкохол содржи повеќе хемиски состојки, кои побрзо го загреваат организмот и го интензивираат опивањето.rnrn
rnrnАко мешате алкохол со кока-кола ќе огладнете многу побрзо од вообичаено, што значи и дека побрзо ќе се почувствувате зашеметено. Исто така избегнувајте да мешате алкохол со енергетски пијалаци. Кофеинот кој го има во кока-колата и енергетските пијалаци прави да се чувствувате помалку пијани отколку што навистина сте, така што може да не забележите дека сте ја надминале вашата граница за пиење.rnrn
rnrnКога ќе ги миете забите, измијте ги убаво и рацете и лицето. Алкохолот го спречува производството на Т-клетки, кои му се потребни на телото за заштита од бактерии и микроби, а недостатокот од нив ги засилува симптомите на мамурлак.rnrn
rnrnДехидратацијата е неизбежна кога консумирате алкохол, особено жестокиот и таа ги намалува течностите околу крвните зрнца, што од своја страна предизвикува главоболка, вртоглавица и мачнина. За да ги намалите негативните ефекти од вчерашната „луда“ забава, испијте 1-2 чаши вода пред да си легнете.rnrn
rnrnАко сте претерале со алкохол минатата вечер, наредното утро најверојатно ќе се чувствувате скршено, а сонот ќе ви биде нестабилен и прекинуван со повеќекратно будење. „Алкохолот ги нарушува мозочните хемикалии кои го регулираат спиењето, така што наместо кога ќе се разбудите да се чувствувате закрепнато од вчерашната забава, ќе имате многу лесен сон.“ – вели д-р Оз. Спијте повеќе часови, па можеби ќе ги избегнете главоболките и мачнината во стомакот.rnrn
rnrn„Јајцата се мојот лек за мамурлак“ – вели д-р Оз. „Тие содржат цистеин, супстанца која го неутрализира ацеталдехидот – токсин кој се содржи во алкохолот и создава мамурлак.“ Добар избор на храна против мамурлак се и чорбите и бананите, кои го обновуваат натриумот и калиумот, кои пак се губат во текот на честото ноќно мокрење.rnrnrn
rnrnПосле утринскиот оброк сварете си чај од нане мента и во шолјата ставете една лажица мед или исцедете си една чаша 100% овошен сок. Ментата го смирува стомакот, а медот и фруктозата (овошниот шеќер) помагаат побрзо да се отстрани алкохолот од организмот. Дефинитивно немојте мамурлакот да се обидувате да го отстраните водејќи се по изреката „Клин со клин се избива“, во случајов, мачнината да ја неутрализирате со нова чашка алкохол. Тоа само ќе ја продолжи и зголеми вашата мака.rnrn
rnrnСигурно ви било убаво додека сте се забавувале и „налевале“ со алкохол, но наредното утро толку многу ве боли главата што мислите дека ќе ви пукне во секој момент. За да ја неутрализирате болката напијте се едно апче ибупрофен. Овој медикамент го инхибира простагландинот кој ја зголемува болката и мачнината предизвикана од мамурлакот. Избегнувајте аспирин бидејќи тој го надразнува стомакот и ацетаминофен, кој се метаболизира преку црниот дроб, кој веќе работи прекувремено поради алкохолот.rnrn
rnrn„Не можете да го измиете алкохолот со вежбање“ – вели д-р Оз. „Но некои луѓе сметаат дека спортувањето им помага да се чувствуваат подобро, веројатно поради хемикалиите кои се ослободуваат преку физичката активност, а прават да се чувствуваме убаво.“ Вежбајте јога умерено и ослободете го духот.rnrn