Оси Сааринен е фотограф од Финска која ја фотографира природата. Тој фотографира разни диви животни, но неговите фотографии од птици дефинитивно се издвојуваат од останатите. Многу од тие птици изгледаат како да се излезени од играта „Angry Birds“. Тие се намуртени, слатки и смешни истовремено. Фотографот не можел ни да си замисли посовршени модели од нив! И покрај тоа што изгледаат толку луто, луѓето не можат а да не ги сакаат.rnrn
rnrnОси обожава да поминува време во природа. Тој се шета во шумите со диви животни дури и во зима кога температурите се спуштаат до -20 степени Целзиусови. Фотографот внимателно ги чека и ги набљудува со неговиот фотоапарат. Тој се надева дека неговите фотографии од животни и природен пејзаж ќе им го подобри расположението на луѓето кои ги гледаат. Освен тоа, тој се надева дека ќе ги инспирира луѓето повеќе да се грижат за природата. Погледнете ги неговите фотографии од неодоливите „лути птици“ кои сигурно ќе ви го стопат срцето…rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжете на следната страница за останатите фотографии…rnrn
Tag: Angry Birds
-

Фотографии од вистински лути птици кои изгледаат како да се излезени од играта „Angry Birds“
-

„Angry Birds“ тортички
Изненадете ги вашите најблиски со вкусни тортички во форма на познатите „Angry Birds“
Потребни состојки:rn- rn011
- Готови тортички, по ваш избор
- Фил од ванила
- Боја за храна
- Шеќер
- Бомбони
- Гумени бомбони во повеќе форми и бои
- Чоколадни трошки во повеќе бои
- Маршмелоу
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnЗа да ги направите ликовите автентично, погледнете го видеото.rn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“
Ултрапопуларната игра наменета за паметни телефони, не престанува да го тресе светот. По неверојатно големиот број преземања на играта (повеќе од 700 милиони), неколкуте продолженија, најавата за снимање на филмски серијал, користењето на познатите птички во маркетинг кампањи, сега во Финска се отвори и првиот официјален забавен парк инспириран од неа.
Минатата година ваков парк се отвори во Кина, но без дозвола на креаторот на играта. Ова е првиот официјален парк кој е направен во соработка со креаторот на играта, компанијата „Rovio Entertainment“.
Директорот на паркот изјави дека неговата цел е да ги мотивира посетителите, без разлика дали станува збор за деца или за возрасни, да вежбаат и да уживаат на отворено. Од компанијата „Rovio Entertainment“ изјавуваат дека нареден чекор е отворање на ист ваков парк во Велика Британија, а целта е да станат познат бренд како Дизниленд. Парковите нема да бидат големи колку оние на Дизни, ќе зафаќаат многу помалку простор и во иднина би се направиле во секој поголем град, како посебен парк или како дел од веќе постоечки.




rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Кога „Angry birds“ би биле вистински птици…
Уметникот Mohamed Raoof, кој е страстен обожавател на играта „Angry birds“, решил да направи фотографии од вистински птици и потоа дигитално да ги обои за да потсетуваат на „оригиналот“. Овие фото-манипулации се толку добро направени, што речиси ќе ве натераат да поверувате дека лутите птици навистина постојат во реалниот живот. Колку кул би било тоа?!
Инаку, главниот директор на маркетинг во финската компанија „Rovio Entertainment Oy“ која ја направила оваа светски популарна игра за мобилни телефони, проценува дека таа најверојатно „тежи“ повеќе од една милијарда американски долари, а веќе од следната година ќе се продаваат акции за пошироката јавност.




rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Најдобрите апликации за Google Chrome
Автор: Дејан ЗафировскиrnrnПродавницата на Google Chrome (Chrome Web Store), беше за првпат претставена на Google I/O конференцијата пред околу една година или на 19 мај, 2010 година, а официјално беше стартувана на 6 декември. Со помош на оваа продавница корисниците на Google Chrome можат да преземаат апликации и екстензии за поголема продуктивност, за подобрување на нивното и онака позитивно искуство со Chrome, но и да заиграат некоја игра во слободно време. Актуелната дванаесетта верзија на Google Chrome со својата природна поддршка за HTML5 стандардот и хардверското забрзување, создава услови за креирање многу подобри и помоќни апликации. Ние избравме неколку од нив, кои нам ни оставија најголем впечаток. Читајте!
rn1. Chromey Calculator
rnИако сите ја знаеме основната апликација „Калкулатор“ од Windows, понекогаш знае да создаде проблеми барајќи ја низ менито, а со самото тоа влијае и на времето потрошено за сработување некој проект. Но, доволно е ја инсталирате екстензијата Chromey Calculator, да ја кликнете иконата до линијата за адреси и тоа е тоа. Никогаш не било полесно.rnrnОваа апликација ви овозможува да извршите разни научни, математички, па дури и конвертабилни пресметки. Ги поддржува сите типови операции, броеви, а исто така, тука се и математичките и физички константи од типот pi, e, c, h и ред други. Доколку згрешите, на помош ви доаѓа опцијата на Google – Did You Know, a во извршувањето на сите пресметки, покрај Google, задолжена е апликацијата Wolfram|Alpha. Вистинска комбинација на моќни и брзи пресметки за миг. Да не заборавиме дека можете да направите брза конверзија на мерните единици. Квалитетна екстензија која секој математичар треба да ја користи. Времето е пари, зарем не?
rn2. 3DТin
rn3DTin е „аматерска“ алатка за сите кои се занимаваат со 3Д моделирање. Иако оваа апликација всушност води до официјалната страница за апликацијата (можете да ја зачувате и како bookmark), сепак ги искористува предностите на HTML5 стандардот и наменета е да се користи исто како и стандардните десктоп-апликации. Што значи ова? Можете да ја користите дури и кога сте офлајн, благодарение на HTML-кешингот.rnrnСо 3DTin ќе можете да создавате квалитетни 3Д модели, a потоа да ги зачувате во облак или некаде локално во PNG, SVG, OBJ или STL формат. Искористете ја моќта на WebGL и Google Chrome и моделирајте исто како што го правите тоа во Maya или Softimage. Проверете како. Да се разбереме, софтверите на Autodesk се неспоредливи со оваа апликација, но имајте на ум дека вашите првични идеи можете да ги преточите преку 3DTin, па од тука да продолжите во некој од познатите софтвери.
rn3. Aviary Image Editor
rnПовеќето знаат (барем) како изгледа интерфејсот на Photoshop. Исто така знаат дека од десната страна се наоѓа менито за Layer-и, а од левата класичните алатки, од типот Crop Image, Freeform Selection, Selection Tool и слично. А, да, горе се наоѓаат и многуте ефекти и филтри за креирање уникатна композиција. Е, па и во Aviary Image Editor менито е исто како во Photoshop, па доколку ја немате таа апликација некаде при рака или можеби е прескапа за вашиот џеб, ова е вашата алтернатива за секојдневна употреба. Полесно, здравје.
rn4. Marvel Comics
rnПознатата апликација за Android и iOS, сега е достапна и за Google Chrome. „Must Have“ апликација за љубителите на стриповите од продукцијата на Marvel. Искуството е исто како она кај паметните телефони. Кој имал – знае. Да не „тупиме“ многу, инсталирајте ја Marvel Comics, купете си некој стрип или прочитајте ги сите бесплатни и влезете во светот на иднината. Многумина ќе се согласат дека полека, но сигурно, изумира потребата за читање стрип во печатена форма, кога на интернет сè ви е на дланка. Ако повеќе милувате да читате во „hard copy“ верзија, тука е опцијата за праќање печатени верзии на вашата домашна адреса.
rn5. Angry Birds
rnНема да одолговлекуваме многу со пишување. По iPhone, Android, Maemo, webOS, Symbian^3, PlayStation 3/PSP, Windows и Mac OS X, Angry Birds сега и во Google Chrome.Само не дозволувајте лутите птици да станат вашиот лут шеф кога ќе ве види како играте во вашиот прелистувач. На крајот на краиштата, немојте да му се лутите ако почне да ве мава со кутии, стакла, камења, бомби… Сепак, тој е вашиот шеф :).
Други апликации кои ви ги препорачуваме: Super Mario Bros., Super Mario Bros. Crossover, Planetarium, Dropbox, Cycling the Alps, Magic Actions for YouTube, Official Facebook Extension, RoboForm Lite, Virtual Keyboard, Smooth Gestures, dA Message Notifier, Picnik, Pixlr Grabber – Screen capture/image grabbing, AutoCAD WS и Jolicloud.rnrnНа располагање ја имате целата продавница, а на вас останува да се послужите сами. Дури и ако излезете со цела торба производи, нема да ве пречекаат дома со прашањето: „Колку те чинеше ова?“, или „Но, зошто? Ова веќе го имавме во фрижидер!“rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За промоцијата на нивниот асортиман на паметни телефони, тие направија неверојатна симулација на видеоиграта во реалниот свет, со дебели топчести птици и прасиња кои експлодираат. Погледнете и уживајте.rnrn