КАФЕ ПАУЗА

Tag: анестезија

  • 10 древни средства за намалување на болката

    10 древни средства за намалување на болката

    Многумина веруваат дека пациентите пред раниот 20-ти век морале да ја трпат болката од поправање или вадење заб и операции. Но археологијата кажува дека ова не е точно, барем не за сите. Некои од нашите предци биле навистина креативни кога станува збор за медицината. Иако не е познато како точно го стекнале знаењето, тие вешто ги користеле природните супстанци за намалување и спречување на болката.rn

    1. Опиум

    rn10 древни средства за намалување на болкатаrnrnУште во далечната 3400-та година п.н.е. афионот се одгледувал во долна Месопотамија. На древните Сумерци им било познато својството на афионот. Ова знаење за правење опиум од афион било пренесувано од Сумерците до Асиријците, Вавилонците и Египќаните. До 1300-та година п.н.е. Египќаните одгледувале нивен афион. Во 330-та година п.н.е. Александар Велики им го донел опиумот на Персијците и Индијците. Околу 1300-та година употребата на опиумот низ Европа се сметала за „демонска“, но во 1527-ма година почнал повторно да се користи. Иако бил анестетик, опиумот често се користел и рекреативно.rn

    2. Буника

    rn10 древни средства за намалување на болкатаrnrnКако и многу тревки и цветови коишто се користат во медицината, и буниката има психотропни својства. Ова растение се употребувало во првиот век од нашата ера за намалување на болката. Во древна Турција, буниката се консумирала како пилула или се пушела и се користела за намалување на болка во забите и ушите. Како лек за забоболка, буниката се ставала врз загреан јаглен. Чадот од семето се вдишувал преку уста со што се намалувала болката.rn

    3. Акупунктура

    rn10 древни средства за намалување на болкатаrnrnПрвиот текст во кој акупунктурата е претставена како организиран систем за дијагноза и третман потекнува од 100-та година п.н.е. Документот е заснован на традиција која е стара со векови и е дел од таоистичката филозофија. Овде се спомнуваат каналите на животната сила, концепт важен за третирање разни болести со ставање игли на прецизни локации.rnrnОвој третман бил забранет во 1929-та година, но повторно почнал да се употребува 1949-та година кога бил класифициран како алтернативна медицина. Оттогаш акупунктурата се проширила низ Јапонија, Европа и САД, иако постојат малку истражувања коишто го потврдуваат нејзиното дејство. Критичарите на процедурата сметаат дека таа е всушност анестетик, а подобрувањето на пациентот најчесто е поради плацебо ефектот.rn

    4. Мандрагора

    rn10 древни средства за намалување на болкатаrnrnГрчкиот лекар Диоскорид прв пат ги запишал ефектите на ова растение во првиот век од нашата ера. Тој пишувал за вино од мандрагора кое ги заспивало пациентите. Диоскорид го нарекол ова заспивање анестезија. Во 13-титот век во Италија, Уго Боргоџони го претставил „сунѓерот за спиење“ како анестетик. Сунѓерот бил потопен во мешавина од опиум, мандрагора и други супстанци. Потоа се поставувал на носот на пациентот додека не заспиел.rn

    5. Татула

    rn10 древни средства за намалување на болкатаrnrnИако потекнува од отровно растение, во древните времиња татулата се користела за намалување на болка. Спомната е во медицинските текстови на Диоскорид, Теофраст и Целзус. Овој лек имал неколку сериозни несакани ефекти. Само 3,41 грама од лекот помешани со вино предизвикувале халуцинации, додека двојно поголемата доза предизвикувала лудило кое траело и до 3 дена. Поголемо количество предизвикува трајно лудило, па дури и смрт.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Се плашите ли од вашиот стоматолог?

    Се плашите ли од вашиот стоматолог?

    Гостински пост: д-р Гоце КрстиновскиrnrnВо САД, пресметале дека 50% од населението има некаков страв од стоматолошки интервенции. Од нив, околу 40 милиони луѓе се опишани како „дентофобици“, лица кои го запоставуваат денталното здравје како резултат на стравот од стоматолог. Колкав ли е тој процент кај нас?Се плашите ли од вашиот стоматолог?Контролата на тој страв е предизвик дури и за современата стоматологија. Обидите да се обезбеди безболност на процедурите ја создале денталната анестезија, а потоа, се појавил страв и од неа!rnrnОд првата употреба на воден раствор на кокаин, за анестезирање на заби во долната вилица, во 1800 година, се чини дека сетот од шприц и игла не еволуирал многу…rnrnНе сосема… Постои апарат кој целата процедура на анестезирање во устата ја носи на едно сосема поинакво ниво. Тоа е систем за компјутерски асистирана анестезија, кој со помош на сензори за контрола на притисок го вбризгува анестетикот во посакуваното место. Се плашите ли од вашиот стоматолог?Уште подобри вести за оние плашливите: компјутерот го чувствува движењето на малата игла низ ткивото и испушта капки анестетичко средство пред неа, така што таа секогаш врви низ претходно анестезирано подрачје.Се плашите ли од вашиот стоматолог?Во многуте клинички студии, пациентите кои ги примиле двете, и традиционалната и компјутерската анестезија, изјавиле дека не би се вратиле на стариот начин на анестезирање. Зборот со којшто најчесто било опишано чувството при компјутерски асистираната анестезија бил: „удобно“.rnrnПа, можеби кога ќе одите на следна посета кај стоматологот, нема да го имате тоа грозно чувство во стомакот!Се плашите ли од вашиот стоматолог?rnrnАвторот е специјалист по орална хирургија и имплантологијаrnконтакт-имејл: gocebt23@yahoo.comrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.