КАФЕ ПАУЗА

Tag: амбиција

  • Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом

    Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом

    Во текот на својот последен семестар од магистерските студии по архитектура на Универзитетот Минесота, на студентот Хенк Батита му досадило да работи само на концептуални проекти кои постојат само на хартија и решил да внесе живот во својот последен проект. Амбицијата да направи нешто различно, го натерала Хенк импулсивно да купи школски автобус од веб-сервисот „Craigslist“ за 3.000 американски долари, со цел да го редизајнира и да го претвори во подвижен дом.rnrnСтудент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен домrnrnНеговата идеја го привлекла вниманието и поддршката од страна на професионалните архитекта и асистенти, кои го поттикнале младиот амбициозен архитект навистина да го трансформира возилото.rnrnСтудент по архитектура претворил стар автобус во удобен домrnrnПосле 15 напорни седмици поминати во планирање и физички труд, Батита успеал да го редизајнира вообичаениот школски автобус, со помошта од неговиот брат Винс и неговиот другар, фотограф, Џастин Евидон. Редизајнираниот автобус сега се состои од дневна соба, спална соба, тоалет, кујна, работен простор и простор за складирање предмети.rnrnСтудент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен домrnrnОткако го завршил декорирањето на автобусот, тој започнал 8.000-километарско патување околу САД со него. Интересниот архитект секојдневно го документира забавното патување, објаснувајќи ги попатните авантури проследени со фотографии на неговиот веб-сајт, со цел да го следи прогресот на автобусот и евентуалните ограничувања, за да го усоврши неговиот дизајн.rnrnСтудент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Суровата реалност на амбицијата

    Суровата реалност на амбицијата

    Секој човек има свои амбиции и желби во животот. Но, патот кон нивното остварување знае да биде тежок и бодлив, дури и кога сте на врвот. Ова кусо стрипче е интересно, најверојатно поради неговата сурова реалност.rnrn

    Суровата реалност на амбицијата
    Ако имаш среќа, ќе најдеш нешто сакаш да го работиш. Останатите ќе го забележат тоа.
    rnrn
    Суровата реалност на амбицијата
    Ќе се трудиш да си ги подобриш вештините. Твојата работа ќе се развие до степен што другите ќе те препознаваат по тоа што го работиш.
    rnrn
    Суровата реалност на амбицијата
    По некое време, ќе добиеш признание за тоа.
    rnrn
    Суровата реалност на амбицијата
    Но, може ќе се судриш со негативни реакции. Внатрешни превирања.
    rnrn
    Суровата реалност на амбицијата
    Безмилосна конкуренција. Сомневања во себе.
    rnrn
    Суровата реалност на амбицијата
    Во борбата за моќ, работата ќе стане поголема, побрза и поегзотична!
    rnrn
    Суровата реалност на амбицијата
    Сѐ додека конечно не ја изгубиш контролата.
    rnrn
    Суровата реалност на амбицијата
    И останеш со празни раце. Освен со она нешто, што си го сакал на почетокот.

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тајната формула за успех

    Тајната формула за успех

    Која е тајната формула за успех? Ја има некој некаде запишано или можеби како напивка ја има ставено во шишенце? Па да ни биде загарантирано, замисли си желба, испиј ја течноста од ова шишенце и автоматски ќе стигнеш до посакуваната цел. Колку убаво, нели?!rnrnЗамислете секој да можеше да си ја оствари својата желба, ќе беше вистински хаос, секој без ни малку труд ќе го добиваше она што ќе го посака. Воопшто немаше да се цени она што е добро, упорноста и амбициите ќе исчезнеа како карактеристики на еден човек… И што ќе беше после со светот? Секој човек не е роден со исти можности, но тоа што не сте родени како идни кралеви, не значи дека немате можност да станете некој и нешто.Тајната формула за успехКако што јас си ги сфаќам работите, предност е доколку мораш сам да се избориш за место и позиција, сам да си дојдеш до твојот успех, за еден ден да речеш „Го постигнав ова зошто вредам!“ Животот каде сè ти е дадено на послужавник не е живот! Кога не си во можност да почувствуваш тага, неуспех, пораз, солзи и разочарување, како ќе знаеш вистински да ги цениш успесите и насмевките? Луѓето кои се презадоволни на многу полиња во животот, едноставно се за жалење. Да не знаеш да го цениш она што го имаш, е исто како да не знаеш да уживаш во истото.rnrnСите луѓе се раѓаат и умираат. Но ретки се оние кои вистински знаат да живеат. Не се мери среќата со тоа каде си бил, туку колку квалитетно си го поминал твоето време. Нема тајна формула за успех и за среќен живот, но кога подобро ќе размислам, и да има не ја сакам. Нашите падови и успеси нè прават луѓе.rnrnЛуѓето често знаат да ја обвинат судбината, дури и оние кои не знаат што точно значи зборот „судбина“. Не може така да ти било пишано, единствената логична опција е дека не си се потрудил доволно. Дури и да верувам во судбина, верувам дека ме носи до одреден пат, а што ќе направам понатаму зависи од мене. Ова е наш живот, наши избори, наши одлуки. Некој ќе одбере да мрчи, да ја обвинува судбината и константно да доживува неуспех или лажен успех, друг ќе одбере да знае како да се носи со поразите и да ги претвора во успеси.rnrnПостојат работи врз кои не можеме да влијаеме, несреќи кои се случуваат без да можеме да направиме нешто, услови во кои живееме а не сме ги избрале ние самите. Затоа да влијаеме дупло повеќе онаму каде што можеме. Работите во светот се поврзани, сè е поврзано, сè доаѓа со заслуга и со причина. Колку порано го сфатиме тоа, толку полесно ќе ни биде. Само треба да знаеме да се стрпиме додека нештата се свртат во наша полза. Никогаш не сум ги обвинувала луѓето кои не успеале, но никогаш не ќе можам да ги разберам оние кои не се потрудиле доволно.rnrnНекој ќе помисли дека темите на кои размислувам се плитки и површни, дека сум безнадежен оптимист и дека на моиве години ја немам искусено горчливата страна на животот… Многумина и ми го рекле ова и сè што можам да направам е остро да се спротивставам! Мојот живот за некого може навидум да изгледа совршен бидејќи имам магистрирано за тоа како да ја преувеличувам среќата и да ставам акцент на доброто. Зошто врз целата бела површина ние се концентрираме на една црна точка? Па не сакам веќе да читам текстови каде млади луѓе запаѓаат во тешки депресии, подобро напиши „Сè е за никаде!“ и заштеди си зборови. Убаво ми е кога ќе прочитам нешто што ме тера да станам, да излезам на сонце, да вдишам свеж воздух, нешто што ме мотивира за повеќе, за понапред… Сакам моите врсници да ја почувствуваат моќта која ја имаат, сакам сите ние да научиме да се концентрираме на доброто и убавото, да се трудиме секое наше дело да биде видено, секој момент од животот да се важи!rnrnТајната формула за успех е да престанеме да трагаме по неа и да почнеме да дејствуваме кон остварување на нашите цели.rnrnОна што денеска е моја цел, е да имам навистина убав ден, а од утре целиме на повисоко…rnrnНаздравје кафе, и се надевам дека си го испивте на раат,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Индиски хороскоп

    Индиски хороскоп

    Индискиот хороскоп се смета дека е повеќе точен од западниот, затоа што точката на прецесија се поместува наназад за околу 23 степени, со што се менува подзнакот и владеењето на планетите.rnrnИндиски хороскопrn

    Mesha (овен) – Амбиција

    rnОвој знак е кардинален, машки и подвижен. Познат е уште како знак на жртвување. Луѓето родени во овој знак лесно ги завршуваат дадените задачи. Сериозни се и секогаш го реализираат тоа што ќе го замислат. Нивната ментална сила ги прави многу амбициозни. Имаат смисла за иницијатива и затоа се едни од најдобрите водачи. Љубовта не ја сфаќаат сериозно на почетокот, но со текот на времето стануваат верни.rn

    Vrishabha (бик) – Големо срце

    rnБикот е земјен, женски и фиксен знак. Родените во знакот на бикот се храбри и љубезни. Знаат да бидат и многу дарежливи, посебно кога не се под притисок од другите. Способни се да го носат „товарот“ на околината. Комуникативни се и немаат проблем со изразувањето во јавност. Не поднесуваат немарност и површност. Кај другите најмногу ја ценат довербата. Полни се со љубов и копнеат по романтика. Биковите се едни од најверните знаци во љубовта.rn

    Mithuna (близнаци) – Хумор

    rnВо индиската астрологија, Близнаците се променлив, машки и двоен знак. Вредни се, но сакаат да наредуваат. Заради двојноста на знакот, сè што прават е со двојно поголема енергија. Заради нивната двојна природа, карактеристиките на родените во овој знак се спротивни едни на други. Љубопитни се и постојано прашуваат. Нивна главна карактеристика е хуморот, кој го користат како средство за заведување. Во љубовта важат за најнеодолив знак.rn

    Kataka (рак) – Чувствителност

    rnОвој знак е кардинален, женски и подвижен знак, кој се поврзува со ноќта и водата. Родените во овој знак имаат повеќе таленти, но потребно им е соодветно образование, за да ги развијат. Имаат неверојатна интелигенција и брзо учат. Истовремено се чувствителни и таинствени. Најважно им е семејството. Во љубовта се многу интуитивни, но се плашат дека ќе бидат оставени од партнерот.rn

    Simha (лав) – Непопустливост

    rnЛавот е фиксен, огнен и машки знак. Родените во знакот на лавот важат за бесни луѓе. Дарежливи се, симпатични и доста привлечни за спротивниот пол. Во состојба се целото внимание да им го посветат на другите. Емотивни се и интуитивни. Сакаат да уживаат во раскош. Парите им се многу важни. Во борбите не попуштаат додека не победат. Многу се горделиви и не поднесуваат рамнодушност. Во љубовта се шармантни, но не се секогаш верни.rn

    Kanya (девица) – Ја следи својата мисија

    rnВо индиската астрологија, девицата е женски, ноќен и земјен знак. Родените во овој знак се педантни и методични. Се сметаат за големи исцелители затоа што нивните раце поседуваат магнетна моќ на исцелување. Постојано се грижат за другите. Сакаат да читаат и да се образуваат во склад со нивните амбиции. Љубезни се, но и строги. Не поднесуваат неверство. Прво се одлучуваат за заеднички живот, а потоа за брак.rn

    Tula (вага) – Приврзаност

    rnОвој знак е кардинален, воздушен, дневен, подвижен и машки. Вагата како знак се поврзува со човековата прогресивност. Луѓето родени во овој знак се енергични, амбициозни и дарежливи. Ако им се случи нешто лошо, брзо закрепнуваат. Се занимаваат со пресметки и интриги. Друштвени се и најсреќни се кога се во друштво на пријателите. Не поднесуваат прекини во работењето. Заради нивната хуманост, често не ги согледуваат туѓите замки.rn

    Vrisciha (скорпија) – Водна струја

    rnСкорпијата е фиксен, ноќен и воден знак. Овој знак е во сојуз со големите сили на океаните. Родените во овој знак шират позитивни вибрации што им дава голема виталност преку електро-магнетните влијанија. Важат за спиритуални луѓе и заради тоа се посветени да му помогнат на човештвото. Во индиската астрологија, со овој знак владее богот Шива, познат по тоа што уништува за да изгради нешто подобро. Припадниците на овој знак се доста активни. Во љубовта не ги покажуваат чувствата и ризикуваат да го искомплицираат односот со партнерот.rn

    Dhanus (стрелец) – Оптимизам

    rnВо индиската астрологија, стрелецот е огнен, дневен и машки знак. Родените во овој знак точно знаат што сакаат и лесно ја постигнуваат целта. Се занимаваат со окултното, а многу од нив имаат тенденција да станат пророци. Постојано се зафатени со нешто. Полни се со ентузијазам и оптимизам. Постојано ризикуваат со парите. Ги привлекуваат поинакви личности и затоа често се заљубуваат во странци, подготвени да започнат нов начин на живеење.rn

    Makara (јарец) – Труд и настојување

    rnОвој знак е женски, ноќен и променлив. Родените во овој знак се длабоки мислители и природни оратори. Сакаат постојано да го зголемуваат својот интелект. Вредни се и способни истовремено да прават неколку работи, поради што често се заморуваат. Кај нив ништо не е случајно. Многу од нив созреваат рано, но целосната независност ја постигнуваат кога ќе бидат финансиски сигурни. Сигурноста во сопствените чувства, партнерот може да ја протолкува како знак на строгост.rn

    Kumbha (водолија) – Слобода

    rnВодолијата е машки и фиксен знак, што се поврзува со душата, памтењето и дифузните знаења. Родените во овој знак се истовремено најсилните и најслабите луѓе. Природно се надарени со големи можности и се сметаат за духовни исцелители. Ја сакаат сопствената слобода, но ја почитуваат и туѓата. Пријателите се нивно засолниште. Во љубовта важат за срамежливи и ретко го прават првиот чекор.rn

    Mina (риби) – Воздржаност

    rnВо индиската астрологија, рибите се ноќен, женски и воден знак. Нивната љубов е длабока и скриена. Тие по природа се љубовници кои живеат во царството на душата. Верни се на своите пријатели и постојано ги бранат, без разлика дали се во право или не. Имаат потреба да го изразат својот талент, но ретко добиваат шанса за тоа. Воздржани се, но успеваат да ги привлечат другите со својата таинственост. Живеат од и за љубов.

  • Нештата кои ќе нè одминат

    Нештата кои ќе нè одминат

    Постојано сме во исчекување на нешто големо, нешто важно, на некаков „БУМ“ во нашиот живот, што не сме свесни за малите нешта кои ќе нè одминат.rnrnНенаситното човечко его секогаш бара повеќе и повеќе! Кој и да ви каже дека е потполно задоволен со она што го има, ќе ве излаже. Да, постојат луѓе кои се делумно задоволни со сè она што го имаат, но сите во суштина сакаме повеќе. Гласот на алчноста (кај некого погласен, кај некого потивок), длабоко во нас вели: „Сакам уште, сакам повеќе!“ Но од друга страна, која е поентата ако сме целосно задоволни со она што го имаме и не бараме ништо повеќе? Како во нас би горела амбиција за понатамошни успеси ако се задоволиме со сегашната положба?rnrnНештата кои ќе нè одминатrnrnВеројатно одговорот би бил да пронајдеме баланс. На одредено ниво да бидеме задоволни со она што го имаме, зашто во спротивно по улица би шетале само „мрчала“ кои шират негативна енергија. Но исто така, да имаме желба за повеќе. Кога тој баланс во човештвото целосно би се изгубил, нас би нè задушила амбицијата. Би настанал еден огромен хаос, натпревар за успех, за покажување и истакнување. Луѓето би се „јаделе“ меѓусебе. Сигурно познавате болно амбициозни, искомплексирани личности, саботери, чие его се храни со туѓиот неуспех. Епа тие луѓе ги пропуштаат главните нешта во животот, нив ги одминуваат малите работи кои носат среќа.rnrnЖивотот ни се претвора во трка за успех. Постојано брзаме да стигнеме негде на време, да задоволиме некакви критериуми, да ги исполниме нашите амбиции. Така забораваме да им кажеме на луѓето дека ги сакаме, да одвоиме време за најдобриот другар, за најблиската пријателка, да го побараме стариот дедо кој мисли на своите внуци.rnrnТие работи се вистинска магија, чудо е колку се обични, а истовремено посебни. Тоа е вашето омилено кафе кое ќе го испиете на терасата од вашиот дом, тоа е погледот на вашата мајка полн со гордост, тоа е мирисот на свежиот пролетен ветар, новиот цвет во градината, насмевките на луѓето по улица, слаткото лице на девојчето кое купува мастики… Но не, ние сме зафатени ловејќи „големи риби“.rnrnЗошто поради ситните делови кои фалат во сложувалката пропуштаме да се израдуваме на составниот дел? Во потрага по големиот огномет ги пропуштаме малите искри. Како би му се радувале на огнометот ако сте сами, ако ви е скршено срцето, ако патем сте изгазиле илјадници личности? Огнометот без малите искри е лажна среќа.rnrnМожеби не знаеме доволно да го вреднуваме животот, да им се радуваме на малите нешта, да им обрнеме внимание на ситниците. Понекогаш забораваме да се смееме без причина, да запреме и за момент едноставно, да му се израдуваме на животот. Дали дозволуваме навидум незначајните работи, кои во суштина се многу битни, да нè одминат? Со ова брзо темпо на живот и болните амбиции за успех, дали упорно се придвижуваме кон нешто погрешно? И пак ќе прашам, дали пропуштаме многу работи чекајќи го големото „БУМ“?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кои се вашите најдобри квалитети?

    Кои се вашите најдобри квалитети?

    „Што сакам да постигнам во животот?“ „Кои се моите амбиции?“ „Кој е мојот пат до успехот и среќата?“ Ова се прашања кои секој од нас си ги поставува во некоја точка од животот. Ретки се оние кои ги имаат дефинирано своите соништа уште од деца и успеваат да ги реализираат горе-долу според планираното. Повеќето луѓе се неодлучни и се префрлуваат од една на друга амбиција, обидувајќи се да дојдат до она во кое најмногу ќе се пронајдат себеси.rnrnКои се вашите најдобри квалитети?rnrnСе прашувате како да откриете која е вистинската причина за вашето постоење на планетава Земја? Можеби советиве кои следуваат ќе ви помогнат во тоа.rn

    1. Почнете веднаш да работите на себе

    rnКако за почеток, започнете разговор со следната личност која ќе ја сретнете денес и раскажете и за вашиот најдобар период од животот. Тоа не треба да биде скромен муабет, во кој вие ќе ги потценувате вашите квалитети и ќе ги осудувате вашите постапки од минатото, туку треба да говорите за оние денови кога вие вистински сте „блескале“ и сте се чувствувале фантастично.rnrnИ покрај тоа што зборувањето убави работи за себеси ги прекршува општествените табуа, истражувањата покажуваат дека препознавањето и правилната употреба на вашите најдобри особини, води кон повеќе моменти на среќа, помалку депресивни чувства и чувство на поголема поврзаност со останатиот дел од светот. Дефинирањето на вашите потенцијали воедно ќе ве направат и поупорни, поиздржливи и понасочени кон остварување на животните цели.rn

    2. Обрнете внимание на она што другите го кажуваат за вас

    rnДобар начин да откриете кои се вашите сили, е да обрнувате внимание на комплиментите кои ги добивате од другите луѓе. Вашите блиски можеби ви велат: „Јас никогаш не би можел/а да бидам толку храбар/храбра како тебе“ или „И се восхитувам на твојата способност за опростување“. Добрите зборови упатени кон вас од страна на искрените луѓе во вашиот живот кои добро ве познаваат, можат да бидат репер за вистинските квалитети во вашиот карактер.rnrnКои се вашите најдобри квалитети?rn

    3. Кои нешта се креатори на вашата енергија?

    rnКои активности го поттикнуваат вашиот ентузијазам? Кои задачи, обврски, задолженија сметате дека не ви создаваат притисок и чувство на замор, туку напротив ви ги „полнат батериите“ и ве прават да се чувствувате задоволно на крајот од денот? Кога еднаш ќе успеете да идентификувате неколку силни страни на вашиот карактер, оние кои вистински ве опишуваат како личност, ќе можете да работите на нивно развивање и да почнете да го живеете животот со вашиот целосен потенцијал.rnrnКои се вашите најдобри квалитети?rn

    4. Употребувајте ги вашите сили во разумни количини

    rnСè што е претерано не може да биде добро. Да се биде амбициозен е одлична работа, но да се биде преамбициозен, најчесто резултира со контра ефект. Така на пример, ако се трудите да бидете премногу креативни, постојано ќе се трудите да смислувате нови брилијантни идеи, без да потрошите доволно време на реализирање на старите, а нема да можете ниту да го процените нивниот ефект врз вашиот (не)успех. Понекогаш помалото вложување на себеси во некоја работа и користењето на вашите најдобри квалитети без да си вршите премногу притисок и контрола врз вашите постапки, може да биде исто толку моќно оружје, како и амбициозното следење на вашиот пат кон успехот. Клучот за среќата, е во имањето баланс во сè.rnrnКои се вашите најдобри квалитети?rn

    5. Правилен избор на вашата „најсилна страна“

    rnМожеби имате добра смисла за хумор, брзо ги опростувате грешките на другите или имате способност за забележување детали, но имајте на ум дека вашите најдобри карактеристики можат да бидат и погрешно употребени во зависност од ситуацијата. Кога се соочуваме со некој проблем, пробуваме да ја одбереме најдобрата можна солуција на истиот, потпирајќи се на нашите сопствени сили и инстинкти. Но, форсирањето и напрегањето на нашите најдобри особини да дојдат до израз, може да доведе до донесување погрешен заклучок во врска со изборот на тактиката.rnrnНаместо тоа, кога се соочувате со проблем, запрашајте се која ваша силна карактеристика може навистина да помогне за да дојдете до негово решавање. Оставете самата ситуација да одреди што е потребно да направите за да ви олесни. Во некои случаи, најсоодветните сили кои што треба да ги ставите во акција, всушност не се оние кои ве отсликуваат вас како личност. Во ваквите ситуации, најдобриот клуч за вашата хармонија, можат да бидат советите од други луѓе или вашата желба за соработка со оној со кој имате проблем и обид за омекнување на истиот.rnrnКои се вашите најдобри квалитети?rn

    6. Ставете ги вашите слабости на вистинското место

    rnМногу е нормално да сметате дека за да се подобрите себеси како личност, потребно е да ги сведете вашите слабости на минимум, но додека размислувате земете ја предвид следнава метафора: „Едрилицата има само една мала пукнатина и тоа е нејзината мана“. Тоа значи дека е многу важно да обрнувате особено внимание на вашите недостатоци, ако не сакате вашиот брод да потоне. Но дури и ако ја истурите насобраната вода во едрилицата или ја закрпите дупката, вашите постапки нема да го туркаат бродот напред. За таа цел ви се потребни едрата. Фокусирањето на отстранување на вашите слабости може да ви помогне да го спречите неуспехот, но успехот е базиран на енергичноста, волјата и благовременото бирање на моментот за спроведување на вашето најдобро „јас“ во акција.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и прифаќањето предизвици

    Астрологијата и прифаќањето предизвици

    Ако сте „заглавени“ со многу работни обврски во текот на оваа предновогодишна еуфорија, зошто да не се потрудите да го извлечете најдоброто од себе? Вложете повеќе труд, работете екстра часови, импресионирајте го вашиот шеф и наполнете го вашиот паричник. Но, поголемата заработувачка значи и активна употреба на вашиот разум, добра стратегија и дополнителен напор. Еве како вашиот хороскопски знак реагира на предизвиците кои ќе му се појават на патот.rnrnАстрологијата и прифаќањето предизвициrnrnЗнаците овен, рак, вага и јарец умеат да смислат паметни идеи и имаат неисцрпен извор на инспирација. Не постои речиси ништо кое овие знаци не умеат да го остварат, ако го „наместат умот“ кон реализација на некоја цел. Но, тоа мора да е нешто што трае кратко, бидејќи во спротивно ним ќе им здодее и ќе го изгубат фокусот кон работата.rnrnНеуморните и снаодливи знаци близнаци, девица и стрелец имаат фантастични методи за пронаоѓање нови начини на заработување пари. Тие ќе нацртаат неколку шеми и ќе ги закачат на ѕидот, за полесно да увидат која е вистинската која треба да ја следат. Близнаците најверојатно извесен период ќе се колебаат помеѓу 6 различни проекти, бидејќи тие преферираат да ги земаат предвид сите опции кои ги имаат.rnrnНа рибите им треба помош околу ова, бидејќи кога се оставени сами на себе тие само ќе се префрлуваат од една на друга работа, не знаејќи на што попрво да се посветат. Ним не им недостигаат идеи, туку едноставно никогаш не можат да решат за која од нив треба да се борат и да целат кон нејзина реализација.rnrnБик, лав, скорпија и водолија – ним не им недостасува упорност, издржливост и непоколебливост, но понекогаш тие се психички „заглавени“ во еднолично секојдневие и досада, па за да се мотивираат потребно им нешто што ќе ги „протресе“ и ќе им внесе разновидност и забава во животот.rnrnБик и вага, кои имаат репутација на мрзливи личности, истовремено се и многу (дури и претерано) амбициозни личности кои знаат да бидат и многу толерантни и широкогради. За да дојдат нивните квалитети до израз, овие знаци навистина треба да се „разбудат себеси“ во оние понапорни денови. Тие навистина мразат да бидат лишени од специјалните луксузи кои ним им се потребни за да се чувствуваат исполнето, па тие се спремни максимално да се вложат себеси за да си ги овозможат.rnrnАвантуристичките знаци стрелец и водолија, ќе се спремат за акција во оној момент кога ќе го „намирисаат“ предизвикот, а реализацијата секогаш ќе најдат начин да ја остварат преку забава. После краток период, ефектите ќе бидат очигледни, а токму тоа е она кое ги одржува овие знаци постојано енергични.rnrnОние кои најдобро се справуваат со предизвиците се девица, јарец и близнаци бидејќи тие едноставно знаат кога да очекуваат прилив, а кога одлив на пари. Тие од една страна ќе се замислат себеси како ја држат наградата од нивниот успех, а од друга страна ќе се посветат на практичните поединости во работата која треба да биде завршена.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.