КАФЕ ПАУЗА

Tag: алтернативна музика

  • 5 македонски бендови од алтернативната музичка сцена што дефинитивно треба да ги чуете

    5 македонски бендови од алтернативната музичка сцена што дефинитивно треба да ги чуете

    Дали слушате македонска музика? Сигурно сте запознаени со нашите најпознати музички изведувачи и ги знаете нивните најголеми хитови. Но, пред да се пожалите дека не знаеме да извадиме добра песна и дека неуспешно се обидуваме да ги следиме светските комерцијални трендови, запрашајте се дали сте ѕирнале во светот на алтернативната музичка сцена. Не знаевте дека воопшто постои такво нешто во Македонија? Не само што постои, туку и ја сочинуваат многу талентирани музички изведувачи што создаваат неверојатно квалитетна музика.rnrn

    5 македонски бендови од алтернативната музичка сцена што дефинитивно треба да ги чуете
    Filch
    rnrnВо продолжение, запознајте се со 5-те македонски алтернативни бендови кои дефинитивно заслужуваат да станат дел од вашиот редовен музички репертоар…rn

    1. Project Orpheus

    rnProject Orpheus е една возбудлива авантура што ја започна поранешниот вокал на Hideout, Давид Димовски. Станува збор за необичен проект што раскажува своја посебна приказна испреплетена со поезија и разновидни звуци. Project Orpheus моментално се движат кон нови музички хоризонти, бидејќи работат на материјал што звучи доста поинаку од сѐ досега. Нивната наредна цел е освојувањето на меѓународниот музички пазар. Запознајте се одблизу со овој уникатен македонски бенд чија креативност не познава граници…rnrn5 македонски бендови од алтернативната музичка сцена што дефинитивно треба да ги чуетеrnrnИме на бендот: Project OrpheusrnrnЧленови: Давид Димовски како главен вокал, Иван Петровски на гитара, Александар Ванчовски на тапани и други музичари со кои Давид редовно соработуваrnrnЖанр: Project Orpheus сметаат дека жанровските класификации се опасни и можат многу да ограничат.rn

    „Секој артист е конгломерат на своите искуства, својот живот и своите влијанија, и треба да ја раскажува својата приказна, а не да биде ’следната Shakira’, или следниот кој било. Не е лесно да се биде свој, меѓутоа ние отсекогаш сме биле авторски бенд, и тоа е единственото нешто кое сакаме да бидеме. На крајот на краиштата, зошто би сакал да бидеш некој друг освен себе!?“, изјави Давид

    rnАлбум: „Shaping The Static“rnrnОмилена авторска песна: „When The Moon“, иако за Давид сите песни му се како деца.rn

    „Ти доаѓаат на овој свет, ги растеш, созреваш, и потоа кога се спремни ги пушташ да си го пронајдат својот пат низ светот…“, поетски објасни тој.

    rnПесна што посакуваат да беше нивна: Следната што ќе ја издадат.rn

    „Очекувајте превозбудливи нови творештва, влегуваме во нови музички светови, на кои веќе работиме во студио!“, ни откри Давид.

    rnОмилен македонски бенд/музички изведувач: Леб и солrnrnМалку филозофирање на тема: Дали музичарите треба да се борат за „спасот“ на својата музика исто како што Орфеј се обидел да ја спаси Евридика?rn

    „Не би рекол дека секој млад музичар треба да се бори за ’спасот’ на својата музика, но сигурен сум дека треба да се бори за тоа да ѝ даде што подобро тло и ’полет’. Сметам дека сите песни веќе постојат, само со нивното постоење бираат низ кого од нас музичарите да се отелотворат. Тој чин, танцот помеѓу песната и артистот, кој кулминира со нивната средба – го нарекувам инспирација. Мојата работа како артист е да бидам што почист и поискрен инструмент, за песната да може да заврши како што наумила преку мојата интерпретација. Односно, кога веќе ме почестила известувајќи ме за нејзиното постоење, се трудам да ја удостојам и да возвратам на гестот. Терминот ’борба’ го толкувам како работа. Работата е единствениот мост помеѓу соништата и реалноста. Доколку не ти се исполнуваат соништата – значи дека недоволно работиш на нивното остварување. Толку е едноставно“, одговори Давид.

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=SKuDLFZM1RYrn

    2. Визија

    rnБендот кој добива поголемо внимание од балканските медиуми отколку од македонските и покрај неговата визија. Станува збор за наградуван бенд од Скопје кој има настапено на голем број балкански фестивали како што се Егзит, Заечарската Гитаријада, Таксират, Јелен Демофест, Лејк Фест, Миксер и други. Визија се препознатливи по нивниот оригинален стил, експериментални звуци, моќни текстови и необични спотови. Доколку никогаш претходно не сте слушнале за нив, време е да се смени тоа…rnrn5 македонски бендови од алтернативната музичка сцена што дефинитивно треба да ги чуетеrnrnИме на бендот: ВизијаrnrnЧленови: Марко Гапо на ритам гитара и како главен вокал, Марко Џамбазоски на гитара и како придружен вокал, Лилјана Јанкова на бас гитара и како придружен вокал и Синиша Ѓорѓевиќ на тапаниrnrnЖанр: Генерално, би рекле дека припаѓаат на жанрот алтернативен рок. Иако никогаш не ја класифицирале нивната музика во некој постоечки жанр, досега ги сместувале во многу жанрови, како што се инди, њу вејв, пост панк, експериментален рок и другиrnrnИме на албум: „Гласно!“rnrnОмилена авторска песна: Сите ги сакаат подеднаквоrn

    „Тоа тие како да прашаш мајка кое дете си го сака повеќе“, изјавија членовите од бендот.

    rnПесна што посакуваат да беше нивна: „Despacito“, за никогаш да не ја објавеаrnrnОмилен македонски бенд/музички изведувач: Архангел, Мизар, Падот на Византија иако постојат и многу нови квалитетни македонски бендови кои имаат што да понудат и подеднакво ги почитуваатrnrnМалку филозофирање на тема: Визијата за македонската музичка сценаrn

    „Се надеваме на посилна соработка помеѓу бендовите, подобри услови, поголем медиумски простор за алтернативната сцена и уште поголемо разгорување на жарот кај младите за создавање авторска музика“, одговори бендот.

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=1ckkxb0p_IcrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Македоламбада – фантастично двочасовно музичко патување низ минатите 10 години

    Македоламбада – фантастично двочасовно музичко патување низ минатите 10 години

    Официјалната топ листа на култното скопско алтернативно радио Канал 103, Зависна Листа.Мк, која третира исклучиво македонска музика, овие денови ја прославува 10-годишнината од своето постоење. Во изминатава деценија, листата активно промовира современа, алтернативна македонска музика, што резултираше со поттикнување на досега невиден квантитет и квалитет на домашната сцена. Сцена која е вибрантна, па сепак далеку од очите на мејнстрим Македонија. Оваа сцена заслужува многу повеќе внимание, а доказ за тоа е високиот квалитет на музиката која ја застапува.Македоламбада - фантастично двочасовно музичко патување низ минатите 10 години„Македоламбада – Хит Парада“ е првото издание со кое започнува прославата по повод јубилејот. Компилирана и смиксана од авторот и продуцент на Зависна Листа.Мк – Александар Гавровски, Македоламбада е фантастично двочасовно музичко патување низ минатите 10 години, кое се одликува со квалитет вон рамките на она што би го препознале како „македонско“ и ги задоволува и најригорозните музички вкусови. Ова издание може бесплатно да се преземе од веб-сајтот на ПМГ Рекордингс. Уживајте!rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Препеви на познати песни кои ќе ви ги разбудат емоциите

    Препеви на познати песни кои ќе ви ги разбудат емоциите

    Обожавате да слушате акустична поп рок музика? Ако одговорот е да, а вие сè уште не сте слушнале за бендот Бојс Авенју, тогаш дефинитивно ова е вашиот среќен ден. Покрај нивната авторска музика, талентираните момци од овој бенд, фантастично препејуваат многу светски хитови, во кои успеваат да зазвучат и подобро, или во најмала рака, посекси од оригиналните изведувачи.rnrnБојс Авенју е бенд од Флорида, познат по својата акустична основа и мелодичен алтернативен поп рок звук. Составен е од тројца браќа Алехандро, Фабијан и Даниел Манцано. Името на бендот е конструирано од комбинација на имиња на две улици, на кои браќата живееле додека биле деца.rnrnБраќата за првпат се соединиле како бенд во 2004 година откако Алехандро (водечки вокал, гитарист и пијанист), Фабијан (гитарист и вокал) и нивниот постар брат Даниел (бас, вокал и ударни инструменти) ги постигнале своите поединечни цели за образование. И покрај тоа што музиката била секогаш дел од нивните животи, а и нивна колективна цел, сепак стекнување високо образование било исто така важно за браќата. Откако дипломирал право на Харвард, најстариот брат Даниел се преселил во Флорида кај неговите браќа Фабијан и Алехандро, кои тогаш посетувале настава на Универзитетот во Флорида. Тогаш, браќата продолжиле да создаваат музика и да одржуваат локални „тезги“, со што ги направиле првите чекори кон постанување вистински бенд.Препеви на познати песни, кои ќе ви ги разбудат емоциитеВо 2007, со цел да ја споделат нивната музика и идеи со светот, Бојс Авенју започнаа да снимаат и постираат музички видеа на Јутјуб  од нивните песни, како и препеви на денешни и постари хитови од други изведувачи. Некои од првите видеа кои тие ги постираа, вклучително и акустични препеви на Џастин Тимберлејк – Лавстоунд, Ријана – Амбрела и Колдплеј – Вива ла Вида, веднаш беа кликани од посетители на Јутјуб.rnrnВо периодот од 2007 до 2008 година, песните на Бојс Авенју беа погледнати милиони пати, а на нивниот Јутјуб канал собраа 100.000 следачи. Денес, бендот има вкупно над 310.560.748 гледања на Јутјуб, а бројот на следачи на нивниот канал изнесува над 649.000, што го прави светски популарен Јутјуб-канал. Во текот на овој период бендот продолжи да создава оригинална музика, која прерасна во деби албум издаден во 2008, а насловен „All You’re Meant To Be“. Нивниот втор албум насловен „All We Have Left“, излезе на 15 јуни 2010.rnrnОвој бенд се прослави со препевите на познати песни од Колдплеј, Ријана, Бруно Марс, Ју ту, Џастин Тимберлејк, Леона Левис, Лејди Гага, Бритни Спирс, Пинк, Кети Пери, Трејси Чепман, Мајкл Џексон и други. Сега тие одржуваат турнеи низ државите на САД и Европа.rnrnУживајте во нашата селекција препеви од Бојс Авенју:rn
    rn

    Perfect – Pink

    rn

    rn

    Only Girl in the World – Rihanna

    rn

    rn

    Lovestoned – Justin Timberlake

    rn

    rn

    Teenage Dream – Katy Perry

    rn

    rn

    Just Can’t Get Enough – Black Eyed Peas

    rn

    rn

    Grenade – Bruno Mars

    rn

    rn

    Дуети

    rn
    rn

    With Or Without You – U2 (Boyce Avenue & Kina Grannis)

    rn

    rn

    Airplanes – BoB & Hayley Williams (Boyce Avenue & DeStorm)

    rn

    rn

    Мешавина од две песни

    rn
    rn

    What Goes Around/Rehab – Justin Timberlake/Rihanna

    rn

    rn

    Circus / Just Dance – Britney Spears/Lady Gaga

    rn

    rnДоколку сакате да ги слушнете оригиналните песни на Бојс Авенју, како и други нивни препеви, посетете го нивниот популарен Јутјуб-канал и почувствувајте ја музиката со вашето срце.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn