КАФЕ ПАУЗА

Tag: AllWeb

  • Најавено петтото издание на AllWeb

    Најавено петтото издание на AllWeb

    Квалитетните говорници и актуелните теми навестуваат врвна конференција

    rnnajaveno-pettoto-izdanie-na-allweb-kafepauza.mkrnrnЕднодневната конференција за дигитален маркетинг, AllWeb своето петто издание ќе го има на 18 ноември во Скопје. Форматот, којшто се покажа дека ѝ одговара на публиката во изминатите години, останува ист: комбинација на презентации и панел дискусии, одлични говорници и содржина, и супер можност за професионално дружење.rnrnНавиките и однесувањето на корисниците на паметни (мобилни) уреди, комуникацијата во движење, константното барање нови канали и целни групи за маркетинг комуникација ќе бидат носечките теми на конференцијата.rnrnИ оваа година акцентот е ставен на содржината на програмата и квалитетот на говорниците.rn

    „Присутните ќе имаат можност да ги проследат презентациите на Скот Морисон кој има работено за Дизел, Левис, Старбакс, Редбул. Доаѓа и Мајк Бучер од Теккранч – најголемиот сајт кој објавува информации за технолошките компании во светот; исто така и сениорот во ПР и стратешки комуникации Марк Турнбул од СЦЛ Груп. Имаме луѓе од Дојче Телеком, Соушлбејкерс, Дентсу, Агрокор, но она што е далеку поважно е дека станува збор за врвни експерти и предавачи во своите области со долгогодишно искуство“ – вели Дарко Булдиоски, програмски директор на конференцијата AllWeb.

    rnИнтересот за овој настан и оваа година е голем, а информациите и контактите кои можат да се стекнат таму се непроценливи, додава Булдиоски. Во публиката на AllWeb доминираат претставници на компании, маркетинг и ПР агенции, претприемачи, но и студенти и луѓе кои се насочени кон дигитална трансформација, развој и менаџмент.rnrnВлезниците веќе се пуштени во продажба, а до крајот на септември може да се набават по намалена цена.rnrnПовеќе информации за говорниците, програмата и за самата конференција можат да се најдат на www.allweb.mk.

  • ALLWEB – Конференција за ера во која не се може без дигитални комуникации

    ALLWEB – Конференција за ера во која не се може без дигитални комуникации

    Приказната на AllWeb, единствената конференција посветена на дигитален маркетинг во Македонија, продолжува четврта година по ред. Повеќе од петнаесет говорници на 13 ноември ќе застанат на сцена да ги пренесат своите искуства и совети за тоа како комуникацијата на интернет да ја претворите во поддршка на бизнисот.rnrnallweb-konferencija-za-era-vo-koja-ne-se-mozhe-bez-digitalni-komunikacii-kafepauza.mkrn

    „Сакаме на нашите компании, организации и претприемачи да им го доближиме начинот на кој глобалните и регионалните компании ги интегрираат дигиталните комуникации во сопствените бизнис стратегии. Од година во година се обидуваме да опфатиме повеќе теми од различни аспекти, па затоа и самата програмата е динамична, со голем број различни луѓе на сцената“, вели Дарко Булдиоски, од NewMediaMK, организатори на конференцијата.

    rnОваа година на AllWeb ќе се зборува малку повеќе за веб аналитика и повраток на инвестиции, огласување на социјални медиуми и маркетинг преку содржина. Дел од говорниците веќе се најавени, на сцена ќе се појават Пол Пападимитриу основачот и домаќин на The Digital Loop и ко-домаќин на најважната европка конференција за технологија LeWeb, Павел Коленда од IAB Полска, а на барање на публиката повторно доаѓа и Владимир Вулиќ од digitalizuj.me.rnrnИнформациите и контактите кои можат да се стекнат на вакви настани се непроценливи, додава Булдиоски. Влезниците веќе се пуштени во претпродажба на официјалната веб страница. Првите триесетмина ќе имаат можност да купат влезница по исклучително намалена цена.rnrnПовеќе информации за говорниците, програмата и за самата конференција можат да се најдат на www.allweb.mk.

  • Скоро половина македонски корисници се на Фејсбук повеќе од 3 часа на ден

    Скоро половина македонски корисници се на Фејсбук повеќе од 3 часа на ден

    44% од македонските корисници поминуваат 3 и повеќе часа дневно на Фејсбук, покажаа резултатите од првото сеопфатно истражување за ставовите и однесувањето на македонските корисници на оваа социјална мрежа. Иако дури 60% од корисниците сметаат дека премногу време поминуваат тука, само 22,5% размислуваат да се откажат од користењето на мрежата.rnrnСкоро половина македонски корисници се на Фејсбук повеќе од 3 часа на ден
    rn

    „Податоците кои ги добивме веруваме дека ќе им помогнат на компаниите, професионалците и организациите подобро да ги позиционираат своите стратегии за промоција на Фејсбук“ – изјави Никола Спасов од агенцијата Рејтинг, која заедно со Њумедиа.мк го спроведе онлајн-истражувањето.

    rnrnЦелосните резултати ќе бидат презентирани во рамки на AllWeb, конференцијата за интернет маркетинг и онлајн ПР што ќе се одржи на 15 овој месец во Скопје.rnrnТемата на AllWeb ќе биде интегрирани комуникации, а фокусот ќе биде ставен на интегриран маркетинг, мерење и анализа на социјални медиуми и онлајн-односи со јавноста. Конференцијата има за цел да понуди ново искуство за маркетинг менаџерите, агенциите за маркетинг и за односи со јавноста, луѓето кои обезбедуваат содржини на Интернет, студентите, но и за локалните претприемачи.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.