Алгата хлорела е една од најстарите и најдобро истражуваните организми на нашата планета, а сепак поголемиот дел од луѓето никогаш не слушнале за неа. Штета, бидејќи вреди да ја вклучите оваа алга во вашата исхрана, а откако ќе прочитате за нејзините здравствени придобивки, сигурни сме дека тоа и ќе го сторите.rnrn
rnrnИмето хлорела е мешавина од зборови на грчки и латински јазик, чие значење е нешто мало, младо и зелено. Ова воопшто не е чудно, бидејќи оваа алга има зелен пигмент, односно содржи многу хлорофил. Хлорофилот во оваа алга е фасцинантно сличен на крвниот пигмент, хемоглобинот и често се нарекува „зелена крв“.rnrn
rnrnИако е микроскопска алга, хлорела е вистинска енергетска бомба. Има најголемо ниво на хлорофил, како и најголемо количество витамин Б12, во комбинација со многу белковини, железо, бета кератин, фолна киселина, лутеин и алфа-линолски киселини. Редовното консумирање може да го зајакне имунолошкиот систем, да придонесе за нормално функционирање на метаболизмот и да го поддржи нервниот систем.rnrn
rnrnХлорелата станува сѐ популарна на сцената на здравата исхрана. Освен својата зелена боја, ферментираниот облик на алгата кој е во верзија на прав, има содржина на здрави масти од околу 50% и се користи како билна замена за јајца или путер, но и како база за вегетаријански намази.rnrnБи ја пробале?rnrnДоколку сакате да се храните здраво, погледнете кои се најздравите кујни во светот.
Tag: алги
-

Нов тренд во исхраната: Хлорелата го презема тронот во светот на здравата храна!
-

Најдобрите 5 трендови на здрава исхрана за 2016
Неретко се среќаваме со ситуации каде луѓето појадуваат за време на ручекот и тоа го прават брзо во некоја попатна пекара, а не се свесни колку неправилната исхрана влијае на нивната ефективност во работата, како и на здравјето. Ручекот се поместува за вечера, а после тоа доаѓа уморот, кој е поинтензивен после целодневното гладување и конечно полниот стомак. За ова повеќе да не ви претставува напор, во продолжение погледнете ги најдобрите предвидувања во областа на исхраната за годинава кои ќе ви помогнат да го одржите вашето здравје:rn
1. Почнете да ги јадете вашите оброци во чинии
rn
rnrnЧиниите се користат за сервирање на 3-те главни оброци во денот. Постојат многу видови чинии: за житарки, макро чинии, суши чинии… Овие посебни чинии се одличен начин да внесувате повеќе протеини, житарки и зеленчуци во совршените пропорции. Оброците кои ги јадете држејќи ги во раката, како што е случајот со брзата храна, не се многу добри за здравјето.rn2. Алги
rn
rnrnАлгите се подводни билки кои се познати по своите хранливи материи. Тие исто така се и дел од состојките во препаратите за нега на кожата и имаат неверојатен потенцијал за борба против климатските промени. Токму затоа и не нè чуди фактот што се познати под изразот „чудесна храна“. Морските алги се вбројуваат меѓу најхранливите билки на планетата, а бидејќи имаат пристап до сите хранливи состојки во морето, тие се и многу богат извор на минерали. Алгите се богати со биолошки активни супстанци кои имаат голема корист за негата на кожата, вклучувајќи го и здравиот изглед на кожата, косата, ноктите, итн.rn3. Мача зелен чај
rn
rnrnМача е јапонски зелен чај кој е во облик на прав и може да се раствори во топла вода или млеко. Освен како пијалак, чајот може да го користите и како додаток во слатките. Овој зелен чај е полн со силни антиоксиданси.rn4. Билки против стрес
rn
rnrnНекои билки имаат моќи кои можат да му помогнат на телото да се адаптира на стресот. Една од овие чудотворни нешта е и билката адаптогеник, која ги подобрува здравјето и убавината. Таа помага вашето тело да се прилагоди кон специфичните потреби. Нема храна која може истото ова да го направи и не постои друга билка со слични својства која функционира на овој начин. Така, оваа година започнете да ја користите билката адаптогеник и внесете ги состојките како што се моринга и женшен во вашите сокови, здравата исхрана (вклучувајќи го и чоколадото), како и во домашните козметички производи… Кога ќе ги искусите ефектите, никогаш нема да престанете со користење на оваа билка.rn5. Млеко со семки
rn
rnrnОвој нов тип млеко сега добива поголемо внимание дури и од свежо цедените сокови. Почнете да пиете млеко со семки како нова, поздрава алтернатива за подобра општа здравствена состојба. Направете го на свој начин или пробајте ги инвентивните вкусови и комбинации на млека со индиски ореви, обични ореви, па дури и ф’стаци. -

Спирулина – Еликсир за добро здравје и убавина
Автор: Кристина ЛазаревскаrnrnСпирулината е едноклеточна слатководна алга која претставува извор на огромен број хранливи материи. Богата е со бета-каротин, железо, хлорофил и витамин Б12. Алгата е со спирален облик, има лековито дејство и е одличен додаток во исхраната особено за спортисти, лица кои закрепнуваат и постари луѓе. Со еден збор, таа е вистински чувар на здравјето и виталноста. Може да се конзумира како додаток во исхраната во вид на таблети или кога е во прав – да се пие растворена во вода. Се користи и во козметички цели како дел од многу маски за разубавување, за сушење акни и слично.rnrn
rnrnСпирулината изобилува со многу благодати меѓу кои за најделотворни се сметаат следните…rnЗајакнување на организмот и имунитетот
rnСпирулината го подобрува метаболизмот, го регулира нивото на шеќери во крвта, холестеролот и триглицеридите.rn
Значително помага при опоравување од операција или зрачење
rnПомага да се обноват клетките кои биле уништени во текот на зрачењето или оперативниот зафат. Го интензивира размножувањето на клетките во коскената срж и на тој начин го забрзува постоперативното закрепнување.rnrn
rnГо зголемува нивото на железо во крвта
rnЖелезото кое го содржи спирулината, нашиот организам го искористува дури за 60% повеќе отколку од некои други индустриски произведени фармацевтски препарати за оваа цел. Затоа спирулината многу често се користи кај деца и трудници како најсоодветен препарат за подобрување на нивото на железо во крвта.rn
Помага во намалување или одржување на телесната тежина
rnБидејќи содржи огромен број нутритивни вредности, кашата од спирулина може да замени еден оброк. Но, не многу луѓе ја конзумираат како таква бидејќи има специфичен мирис на риба.rnrn
rnКозметички третмани
rnСпирулината исто така многу често се користи како извор на убавина. Подмладување, природно отстранување и сушење на акните, враќање на сјајот на лицето, потхранување и давање влажност на кожата… За оние кои сакаат да се уверат во благодатите кои ги пружа оваа чудотворна алга, еве еден рецепт за маска за освежување на лицето и враќање на неговиот сјај.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 2-3 таблети спирулина (може да користите и прав)
- 2 кафени лажички вода (доколку имате мрсна кожа)
- 2 кафени лажички јогурт или павлака (доколку имате сува кожа)
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка и употреба:
rnТаблетите спирулина издробете ги за да добиете прав. Потоа додадете ја водата или јогуртот во зависност од тоа каков тип кожа имате. Нанесете ја смесата со прсти или со специјална четка за маска на чисто лице. Маската држете ја на лицето околу 15 минути додека не се засуши. По 15 минути исплакнете го лицето со млака вода.rnrn
rnrnСпирулината може да биде ваш достоен чувар на здравјето и негувател на вашата убавина.rnrnПредупредување: Спирулината не се препорачува на оние лица кои имаат бубрежни заболувања поради големото ниво на протеини што ги содржи, кои овие лица треба да ги избегнуваат. -

Погледнете го морското полжавче кое може да врши фотосинтеза!
Ова фасцинантно морско полжавче, со неговите ситни очиња и слатки пипци кои го прават да изгледа како да излегло од цртаните филмови, може да врши фотосинтеза бидејќи јаде толку многу алги. Интересен факт за ова слатко суштество е што расте до 5 мм во должина и може да се најде во близина на Јапонија, Индонезија и Филипините.rnrn
rnrnФотосинтезата се врши така што кога ги јаде алгите, тоа ги вшмукува хлоропластите и ги вметнува во неговото тело преку процес наречен клептопластија. Овој процес, кој вообичаено се врши само во едноклеточни организми, всушност е она што ги прави овие полжавчиња да функционираат со помош на соларна енергија.rnrn

-

Вистинско спа-уживање во Исланд
„Blue Lagoon“ во Исланд е совршено место каде можете целосно да се опуштите и да заборавите на секојдневните обврски. Центарот на своите гости им нуди најразлични погодности: сауни, масажи, геотермални бањи.
Прекрасниот спа-центар со својата природна убавина, секојдневно привлекува туристи од целиот свет. Со неверојатните глетки кои го одземаат здивот, „Сината лагуна“ е вистински рај на земјата.
Спа-центарот се наоѓа на полуостровот Рејкјавик во јужно-западниот дел на Исланд, блиску до главниот град на Исланд, Рејкјавик. „Сината лагуна“ е единственото место во светот каде длабокиот морски гребен излегува на брегот. Температурата во огромното насобрано водно пространство, се движи од околу 37 до 39 степени Целзиусови.
Самата вода содржи многу активни состојки кои помагаат гостите подобро да се релаксираат, како што се силициум диоксид, соли и сино-зелени алги. Воедно, белата силиконска кал помага во омекнување и екфолијација на кожата.
Покрај тоа што спа-центарот им овозможува на гостите целосна релаксација, водата уште се користи и за произведување на електрична струја.
Преку овие фотографии, можете барем за момент да се опуштите и да ја осетите магијата на „Blue Lagoon“.








rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.