КАФЕ ПАУЗА

Tag: алергени

  • Дерматолозите откриваат што никогаш не би го ставиле на својата кожа

    Дерматолозите откриваат што никогаш не би го ставиле на својата кожа

    Негата на рацете започнува со сапун и вода, но тоа дефинитивно не е крај на добрата нега на рацете. Дерматолозите откриваат кои работи никогаш не би ги ставиле на рацете, и тоа со многу добра причина.rnrnДерматолозите откриваат што никогаш не би го ставиле на својата кожаrn

    1. Антибактериски сапун

    rnСекогаш кога можете, избегнувајте средства за дезинфекција на рацете што содржат триклосан затоа што постои ризик од размножување на бактериите што се отпорни на повеќе лекови. Исто така, триклосанот може да предизвика значителна иритација на кожата и сувост кај многумина. Наместо тоа, најдобро е да користите цетафилен сапун.rn

    2. Маникир во козметички салони

    rnТреба да избегнувате лак за нокти затоа што може да предизвика појава на осип.rn

    3. Гумени ракавици

    rnИзбегнувајте ги ракавиците од латекс бидејќи латексот е голем алерген. Луѓето кои редовно носат вакви ракавици имаат поголеми шанси да развијат алергија на латекс.rn

    4. Сончева светлина и УВ-ламби за нокти

    rnУВ-светлината од сонцето или од ламбите за нокти предизвикува оштетување на ДНК на кожата и може да доведе до предвремено стареење, па дури и до појава на рак на кожата. Ако сакате да ја воочите разликата помеѓу внатрешното и надворешното стареење на вашата кожа, само споредете ја кожата на градите и кожата на лицето. Кожата е на иста возраст, се разликува само во количината на изложеноста на сонце. За оптимално здравје на кожата, нанесувајте крем за сончање со заштитен фактор 30+, 365 дена годишно.rn

    5. Кремови за раце со вазелин

    rnНе користете крем за раце со вазелин бидејќи е премногу мрсен. Наместо тоа, користете крем за раце со глицерин затоа што е хидратантен, но не е мрсен.rn

    6. Ланолин

    rnКремот за раце со ланолин е добиен од маслото од овча волна. Тој предизвикува алергиски контактен дерматитис кај 2,3% од луѓето. Ќе чувствувате пецкање на кожата и таа ќе биде црвена и иритирана, особено кога е сува и испукана.rn

    7. Гел нокти

    rnТрајниот лак за нокти, како и постапката за негово отстранување, ја суши и ја оштетува плочката на ноктите, што доведува до истенчување, слабеење, раздвојување и кршење на ноктите. Неговата употреба одвреме-навреме е безбедна, но употребата на нови гелови на секои две недели не е идеална за вашите нокти. Иако гелот остава слика на совршени нокти до две недели, тој не им прави никаква услуга на вашите нокти.rn

    8. Детергент за миење садови

    rnСилните детергенти и сапуни, како оние што се за миење садови, ги отстрануваат липидите од кожата и ја оштетуваат кожната бариера.rn

    9. Традиционално средство за дезинфекција

    rnТрадиционалното средство за дезинфекција содржи многу алкохол кој може да ја исуши кожата. Наместо тоа, мијте ги рацете со хидратантен сапун или користете средство за дезинфекција кое има хидратантна подлога.rnrnПрочитајте кои 6 проблеми може марамчињата за отстранување шминка да ѝ ги направат на вашата кожа.

  • Нови правила: Кикирики, риба и јајца можат да им се даваат и на 4-месечни деца

    Нови правила: Кикирики, риба и јајца можат да им се даваат и на 4-месечни деца

    Според американските педијатари, кравјото млеко, кикириките, јајцата и рибата можат да им се даваат на децата уште од 4-месечна возраст. Причината е што раната изложеност на овие намирници, кои се познати како алергени, можат да спречат несакани алергиски реакции во иднина.rnrnНови правила: Кикирики, риба и јајца можат да им се даваат и на 4-месечни децаrnrnДосега важеа правилата дека кравјото млеко им се дава на децата откако ќе наполнат 1 година, јајцата после 2 години, а рибата и кикириките дури после 3 години. Тврдењето на американските педијатари е сосема спротивно од она што досега се применуваше во западната медицина.rnrnЕвропските правила сè уште не се усогласени со американските, а додека не се случи тоа, лекарите ќе се придржуваат до досегашните правила. Европа сигурно ќе ги промени правилата, но нема да ги примени генерално врз сите пациенти. Ќе се примени индивидуален пристап, со кој ќе се открие што му е навистина потребно на секое дете.rnrnКога ќе се земе предвид препораката за давање на потенцијални алергени на 4-месечни деца, се поставува прашањето дали може толку рано да се знае дали детето има некаква чувствителност на храна. Експертите имаат посебни методи со кои го утврдуваат нивото на ризик кај малите деца, а таму каде што ќе се покаже потреба, децата се праќаат на тестирања кои можат да се изведат уште кога ќе наполнат 1 месец. Па и во најрана возраст, може точно да се одреди каква храна е најдобра за детето.rnrnАлергиските реакции на храна најчесто се јавуваат во почетниот период од животот. Кај децата, покрај алергијата на протеините од кравјо млеко, најчесто се појавува алергија на јајца, кикирики и брашно. Кај децата помлади од 3 години, најчеста е алергијата на протеините од кравјото млеко. Во 80% од случаите, алергијата исчезнува до 5-тата година. Од друга страна, алергијата на кикирики се повлекува во само 20% од случаите.rnrnПогледнете и кои видови здрава храна не смеете да им ги давате на децата.

  • 5 митови и вистини поврзани со сезонските алергии

    5 митови и вистини поврзани со сезонските алергии

    Автор: Бојана МандевскаrnrnПролет! Сѐ цвета и раззеленува. Свежиот мирис на цвеќињата е толку нежен и пријатен, дрвата расцутеа, на пазарите сѐ повеќе и повеќе е застапен свеж зеленчук и свежо овошје. Со нетрпение чекавте да помине ладната зима за да може повеќе време да поминувате во прошетки низ природа, да се ослободите од зимската облека и да јадете посвежа храна.rnrnСè навидум е убаво, но оваа пролет нешто се случи со вас. Веќе неколку дена кивате, очите ви солзат, се борите за здив, јазикот ви е црвен, ни пудра не ви помага во сокривањето на подочниците околу очите. Бевте на лекар,  подлегнавте на безброј испитувања и крајниот резултат беше алергија? Сега се прашувате како ќе продолжите понатаму, дали има лек? Не паничете, веќе сме 21 век кога медицината е толку напредна и секојдневно сме сведоци на нови изуми, лекови, сѐ со цел да се подобри здравјето на луѓето.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnОдвојте неколку минути за да се запознаете со основните елементи на алергиите, неколку митови и вистини поврзани со нив, кои ќе ви бидат од голема корист.rnrnАлергија е преосетливост на организмот кон некои супстанци, додека пак алергиската реакција е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски супстанци. Носечките супстанци (алергени), кои предизвикуваат алергиска реакција може да бидат: храна, полен, микро-крлeжи, делови од тело на животните, отров од инсектите и многу други. Постојат многу видови алергии и голем број нивни причинители. Ова се 5 најзастапени митови/прашања поврзани со алергиите и вистините за нив.rnrnМит: Јадењето мед може да ги спречи или излекува сезонските алергии?rnrnОвој мит потекнува најверојатно од размислувањето кое постои кај луѓето дека во медот има минимални количини полен. Доколку во текот на годината се внесува секојдневно мед ќе се смали сензитивноста на организмот од полен и ќе се излекува сезонската алергија. Вистината е дека стварно во медот има одредено количество полен, кое пчелите го собираат од растенијата. Проблемот е во тоа што поленот кој предизвикува алергии, што првенствено го има во дрвјата, тревите и плевелта, не е од растенијата кои пчелите ги користат за производство на мед. Но, доколку сте љубител на медот, алергијата не треба да биде причина која ќе ве спречи во уживањето на неговиот вкус.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnМит: Возрасните не можат да се „разболат“ од алергијаrnrnВистината е дека и возрасните може да се „разболат“ од алергија. Тоа што сте возрасни не значи дека не може да бидете подложни на антитела кои ќе ви предизвикаат алергиска реакција. Нивото на антителата „IgE“, предизвикувачи на алергии, во организмот на човекот со текот на годините почнува да опаѓа, но тоа не значи дека не постои можност за појава на алергија во повозрасните години. Доколку се појави алергија, тоа значи дека извесен период организмот бил изложен на некој алерген.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnМит: Цветните растенија се најголемите причинители на алергијаrnrnВистината е  дека цвеќињата како розите и лилјаните поседуваат т.н. тежок полен, односно полен кој потешко се пренесува бидејќи луѓето не се во близок секојдневен контакт со нив. За разлика од цвеќињата кои ги споменавме, постојат други растенија кои поседуваат т.н. лесен полен и тие се „виновниците“ за појавата и развојот на алергиите. Растенијата содржатели на лесен полен се дрвјата, плевелот, тревите кои што ги има насекаде околу нас. Поленот од овие растенија се пренесува многу лесно особено преку ветерот.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnМит: Алергиите не претставуваат сериозен здравствен проблемrnrnВистината е дека алергијата не преставува едноставна моментална непријатност. Тие се состојба на која ѝ треба соодветен лекарски третман. Можна е појава на одредени здравствени компликации доколку не се третира алергијата. Компликациите се појавуваат во вид на кашлица, астма, главоболка, прекини во вечерното спиење и дневна поспаност, омалаксаност. Постои можност од појава на синуситис.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnМит: Земањето лекарства е единствениот начин за борба против алергиските симптомиrnrnВистина е дека земањето лекарства ги ублажува и намалува алергиските симптоми. Но, во поново време е измислен нов начин на лекување на пациентите преку процес на имунотерапија. За пациентите кои консумираат поголемо количество на медикаменти, се предлага замена на апчињата за алергија со имунотерапија. Имунотерапијата е процес кој трае неколку години, но во голем процент ги намалува и лекува алергиите. Посоветувајте со вашиот лекар и доколку постои можност, заменете ги лекарствата со имунотерапија.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.