КАФЕ ПАУЗА

Tag: албуми

  • Лана Дел Реј – ѕвезда во подем

    Лана Дел Реј – ѕвезда во подем

    Автор: Ели РадескаrnrnЛана Дел Реј (Lana Del Rey) е уметничкото име на американската пејачка и текстописец Елизабет Грант, која сама си го стави прекарот Ненси Синатра.Ѕвезда во подем – Лана Дел РејРодена е на 21 јуни 1986 во Лејк Плејсид, Њујорк и потекнува од богато семејство. Токму поради оваа причина често е мета на критичарите и на злите усти, кои велат дека е позната само поради луѓето кои се платени да стојат зад неа, како продуценти, стилисти, текстописци и слично. Сепак, добрата музика и добриот глас се очигледни и впечатливи, а тоа се нештата кои се најмногу важни и се ценат во светот на музиката. Таа изјавува дека најголеми влијанија врз нејзината музика имаат Бритни Спирс, Елвис Присли и Курт Кобејн.Ѕвезда во подем – Лана Дел РејКакви и да се вашите претпоставки за неа, таа сепак не изгледа како сите оние размазени и богати ѕвезди, барем не на сцената. Во нејзините спотови, таа не се расфрла со гламур и сјај, туку нуди несекојдневни, интригантни сцени кои ќе ве натераат да размислите подобро. Нејзината музика навистина отскокнува од денешните стандарди, и се разликува од сè друго што е моментално актуелно во светот на музиката.rnrnЛана, пред сè, негува имиџ на женствена, но и трагична дива од ’60-те, што честопати е збунувачко бидејќи тоа е несекојдневно и невообичаено за денешната музичка сцена.Ѕвезда во подем – Лана Дел РејНејзината кариера започна најпрво во 2008, кога Лана Дел Реј издаде мини-албум (ЕР) со три синглови, насловен како Лизи Грант, што е всушност кратенка од нејзиното вистинско име. Во јануари, 2010 конечно ја реализираше целосната верзија од албумот, наречен „Lana Del Rey A.K.A. Lizzy Grant“, кој подоцна го повлече од Ајтјунс, поради несигурни причини, но веројатно со стратешка цел. Ова беше проследено и со бришење на нејзиниот официјален веб-сајт, како и профилите на социјалните мрежи, за подоцна целосно да си го ребрендира своето име на интернет.rnrnОна што ù донесе најголем успех е синглот „Video Games“ од 2011.rn


    rn

    „Ја ставив оваа песна на интернет пред неколку месеци зашто ми беше омилена. Да бидам искрена, не очекував да стане хит, но луѓето навистина ја засакаа. Јас сум тажна кога ја пеам таа песна. Понекогаш плачам кога ја пеам“ – изјави таа.

    rnВо декември истата година излезе видео записот за „Born to die“ кој е нејзина идеја и замисла.rn

    rnДо крајот на 2011 следуваат настапи во „MTV Push“, „Bowery Ballroom“ и на други шоуа. Во 2011 се закити со две мошне важни награди, една на „Q Awards“, наградата „Q’s Next Big Thing“ и наградата за интернационален изведувач во подем на Британските музички награди.rnrnВо јануари оваа година официјално беше објавен албумот кој го носи името на втората водечка песна „Born to die“.rnrnНа 14-ти јануари настапи во „Saturday Night Live“, што ù донесе навистина измешани позитивни и негативни критики.rn

    rnОна што со сигурност го знаеме како нејзин следен проект е повторното откупување на правата од првиот албум и негова преработка и реализација ова лето.Ѕвезда во подем – Лана Дел РејИ покрај критиките за нејзините настапи во живо, што најверојатно се последица на недоволното искуство, оваа девојка има нешто во себе што ќе ве натера макар за момент да уживате во нејзината музика. На моменти ќе ја сакате, а на моменти може и да ви биде здодевна, зависно од тоа колку сте подготвени да поднесете нешто несекојдневно. Она што таа сака да го остави како впечаток е природниот изглед, намерно не ставајќи акцент на нејзините усни и трепки, иако всушност нејзината вистинската цел е да ги истакне, оставајќи впечаток на дама од минатиот век.rn

    rnНа некои им се допаѓа тоа што нејзината музика е различна, други, пак, ја гледаат како морничава и несекојдневна, но едно е факт, девојката има талент кој вреди да се чуе. Целиот тој по малку морничав и трагичен имиџ од ’60-те е всушност нејзиниот уметнички стил кој е доволно интригантен да го привлече вашето внимание.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бијонсе – божица која остава без здив!

    Бијонсе – божица која остава без здив!

    Автор: Ели РадескаrnrnНејзината музика, нејзиниот моќен стил и глас, движењата, самодовербата со која располага и силата со која преовладува на сцена ја прават оваа жена многу повеќе од обична пејачка. Стилот и музиката на Бијонсе се вистинска инспирација за многу стилисти, дизајнери, текстописци, кореографи и музичари. Секоја нејзина песна, секој нејзин настап има содржина и значење. Таа со својата музика пренесува порака, па затоа Бијонсе не е само забавувач, таа инспирира и мотивира, таа е божица која остава без здив!Бијонсе божица која остава без здивБијонсе Ноулс, или целосно име Бијонсе Жизел Ноулс е родена на 4-ти септември 1981 во Хјустон, Тексас. Нејзиниот татко Мејту Ноулс е успешен менаџер, а нејзината мајка Тина Ноулс одличен дизајнер, позната по нејзината модна куќа „Дереон“. Бијонсе е постара сестра на Соланж Ноулс, пејачка, текстописец и актерка.rnrnЧленувајќи во различни школи за сценски уметности, често била дел од натпревари во пеење и танцување. Станува славна во доцните деведесетти, откако групата во која е водечки вокал „Destiny’s Child“ ја зголемува популарноста и станува група со најплатени музички хитови. Сигурно ги паметите хитовите: „Jumping jumping“, „Girl“, „Say my name“, „Independent woman“, „Lose my breath“, „Solider“, „Bootylicious“ и многу други.rn

    rn

    Во 2002 гостува во филмот „Austin Powers“ играјќи ја улогата на Фокси Клеопатра, а истата година го издава нејзиниот прв соло сингл „Work it out“, како главна нумера на филмот. Наредната година се појавува во романтичната комедија „The Fighting Temptation“ заедно со Куба Гудинг Џуниор, а како песна за овој филм ја снима „Fighting Temptation“ со Миси Елиот.Бијонсе божица која остава без здивВо октомври, 2002 година, во дует со Џеј Зи го сними синглот „Bonnie and Clyde“,  а откако останатите членови на последниот состав на „Destiny’s Child“, Мишел Вилијамс и Кели Роуланд, издадоа свои соло песни, во јуни, 2003 година Бијонсе го издаде својот прв соло албум „Dangerously in love“. Првиот соло албум на Бијонсе се најде на првото место на „Billboard 200“, со продадени 317.000 копии само во првата недела, а до денес се продадени 4,2 милиони копии во САД. Носечки сингл е дуетот со Џеј Зи „Crazy in love“ кој 8 недели по ред беше на првото место на „Billboard Hot 100“ и кој официјално ја обелодени нивната љубовна врска.

    rnrnНејзиниот дует со Шон Пол „Baby boy“ на истата таа листа остана на првото место цели 9 недели. На доделувањето на Греми наградите за 2004, Бијонсе освои 5 награди, меѓу кои онаа за најдобра женска изведба, најдобра ар-ен-би песна, како и за најдобар современ албум.Бијонсе божица која остава без здивВо ноември, 2004, трите девојки од „Destiny’s Child“ повторно се здружија за да го издадат нивниот последен заеднички албум „Destiny Fulfilled“, по кој следуваше турнеја која траеше сè до септември, 2005. После тоа беше издаден компилациски албум со нивните најголеми хитови, насловен како „Number 1s“.Бијонсе божица која остава без здивВо 2006 година заедно со неповторливиот Стив Мартин таа глуми во комедијата „Pink Panter“, чии сегменти се појавуваат во официјалниот видео запис за нејзиниот хит „Check on it“. Истата година се појавува во филмскиот хит „Dream girls“ заедно со Еди Марфи, Џенифер Хадсон и Џејми Фокс, каде ликот на Бијонсе е базиран на женската музичка легенда Дијана Рос. На наградите за „Златен Глобус“ во 2007 година, Бијонсе добива награда за најдобра актерка, како и најдобра песна за прекрасната балада „Listen“ која се наоѓа на  саундтракот на „Dream girls“.rnrnОваа 2006 година е важна година за Бијонсе, бидејќи покрај двете улоги, таа го издава вториот соло албум насловен како „B’day“ кој се продаде во 541.000 примероци во првата недела од издавањето. Самата Бијонсе кажува дека албумот е главно инспириран од сите чувства и емоции кои улогата во „Dream girls“ ги пробудила во неа. Водечки сингл е „Déjà vu“ со Џеј Зи, додека песната „Irreplacable“ од истиот албум, десет последователни седмици остана на првото место на „Billboard Hot 100“. Подоцна, во 2007 година таа издава делукс издание на „B’Day“ каде, меѓу другите е дуетот „Beautiful liar“ со Шакира.Бијонсе божица која остава без здивОна што дефинитивно го достигна врвот на нејзината кариера е албумот од 2008 „I am Sasha Fierce“, кој го претставува алтер егото на Бијонсе – Саша Фирс. Како што и самата кажува, Фирс е нејзиното второ јас, она што Бијонсе се претвора кога ќе застане на сцена:rn
    rn

    „Некој друг кој ме презема кога доаѓа време да работам и кога сум на сцена, некое алтер его што сум го создала за на некој начин да ме штити мене и она што навистина сум…” – изјави таа.

    rnБијонсе божица која остава без здивМагазинот „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за втор најплатен женски изведувач, со заработка од 80 милиони во периодот од јуни, 2007 до јуни, 2008. Од албумот посветен на нејзиното алтер его излегоа хитовите „If I were a boy“, „Single ladies (put a ring on it)“, „Halo“, „Sweet dreams“, „Diva“, „Ego“ и многу други. Она што е карактеристично е тоа што албумот ги нагласува двете страни на Бијонсе. Поделен е во два дела, првиот „I am…“ содржи балади и песни со средно темпо, додека вториот диск „Sasha Fierce“ целосно ја открива сексапилноста на оваа пејачка и се карактеризира со побрзо темпо и со истакнат стил.Бијонсе божица која остава без здивВо 2011 настапува на рок спектаклот „Гластонбери“, тоа ја прави првата жена изведувач која настапила на главната сцена на овој фестивал, и признава дека тоа е вистинско остварување на нејзините соништа. Соло албумот едноставно насловен како „4“ е четвртиот албум на Бијонсе.Бијонсе божица која остава без здивКако што самата тврди, бројот 4 е навистина важен во нејзиниот живот, бидејќи многу важни датуми се поклопуваат со овој број, меѓу кои и датумот на нејзината венчавка со Џеј Зи, 4 април. Многу музички критичари велат дека она што го пее Бијонсе е еден посебен жанр на музика, додека таа вели дека е сè она што таа го сака, помешано заедно. Таа црпи инспирација од многу музички легенди за овој албум, меѓу кои Стиви Вондер и Мајкл Џексон. Хитовите кои ќе го одбележат овој албум се: „Best thing I never had“, „Countdown“, „1+1“, „Love on top“, „Run the world“, „End of time“ и „Party“. Основен елемент на „4“ е истакнатата женственост и моќ.Бијонсе божица која остава без здивТаа во многу наврати за време на презентирањето на песните од најновиот албум, ја спомнува силата на жената, рамноправноста, борбеноста, моќта. Еден од нејзините настапи за „Run the world“ започнува со „Јас сум жена, и она што го мислам морам да го кажам!“ И покрај тоа што помина само месец и пол откако Бијонсе стана среќна мајка на слатката Блу Ајви Картер, таа веќе има планови за наредниот музички албум.Бијонсе божица која остава без здивЗа крај, уживајте во неколку од многуте нејзини моќни настапи:rn

    rn

    rn

    rn

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпродаваните музички албуми на сите времиња

    Најпродаваните музички албуми на сите времиња

    На оваа топ листа се наоѓаат најпродаваните албуми на сите времиња. Можеби некому ќе му изгледа чудно, бидејќи на неа недостигаат некои врвни изведувачи како што се Битлси, Лед Цепелин, Мадона, Селин Дион, Мараја Кери, АБА, Аланис Морисет, Нирвана и многу други, но тие се наоѓаат далеку подолу на листата. Убедливо прв е албумот „Трилер“ на кралот на поп музиката Мајкл Џексон, кој за повеќе од двојно е на чело на листата. Погледнете ја листата, а потоа симнете си некој од албумите или пронајдете ги старите цедеа и уживајте во врна музика.Најпродаваните музички албуми на сите времињаrn

      rn011

    • Изведувач: Мајкл Џексон
    • rn011

    • Албум: Thriller
    • rn011

    • Година: 1982
    • rn011

    • Жанр: поп
    • rn011

    • Продадени копии: 110 милиони
    • rn

    rnНајпродаваните музички албуми на сите времињаrn

      rn011

    • Изведувач: Ејси/Диси
    • rn011

    • Албум: Back in Black
    • rn011

    • Година: 1980
    • rn011

    • Жанр: хард-рок
    • rn011

    • Продадени копии: 49 милиони
    • rn

    rnНајпродаваните музички албуми на сите времињаrn

      rn011

    • Изведувач: Пинк Флојд
    • rn011

    • Албум: The Dark Side of the Moon
    • rn011

    • Година: 1973
    • rn011

    • Жанр: прогресивен рок
    • rn011

    • Продадени копии: 45 милиони
    • rn

    rnНајпродаваните музички албуми на сите времињаrn

      rn011

    • Изведувач: Витни Хјустон и група изведувачи
    • rn011

    • Албум: The Bodyguard
    • rn011

    • Година: 1992
    • rn011

    • Жанр: комерцијална музика (саундтрак)
    • rn011

    • Продадени копии: 44 милиони
    • rn

    rnНајпродаваните музички албуми на сите времињаrn

      rn011

    • Изведувач: Мит Лоуф
    • rn011

    • Албум: Bat Out of Hell
    • rn011

    • Година: 1977
    • rn011

    • Жанр: рок
    • rn011

    • Продадени копии: 43 милиони
    • rn

    rnНајпродаваните музички албуми на сите времињаrn

      rn011

    • Изведувач: Иглс
    • rn011

    • Албум: Their Greatest Hits (1971–1975)
    • rn011

    • Година: 1976
    • rn011

    • Жанр: рок
    • rn011

    • Продадени копии: 42 милиони
    • rn

    rnНајпродаваните музички албуми на сите времињаrn

      rn011

    • Изведувач: Група изведувачи
    • rn011

    • Албум: Dirty Dancing
    • rn011

    • Година: 1987
    • rn011

    • Жанр: комерцијална музика (саундтрак)
    • rn011

    • Продадени копии: 42 милиони
    • rn

    rnНајпродаваните музички албуми на сите времињаrn

      rn011

    • Изведувач: Бекстрит Бојс
    • rn011

    • Албум: Millennium
    • rn011

    • Година: 1999
    • rn011

    • Жанр: поп
    • rn011

    • Продадени копии: 40 милиони
    • rn

    rnНајпродаваните музички албуми на сите времињаrn

      rn011

    • Изведувач: Би Џис и група изведувачи
    • rn011

    • Албум: Saturday Night Fever
    • rn011

    • Година: 1977
    • rn011

    • Жанр: комерцијална музика (саундтрак)
    • rn011

    • Продадени копии: 40 милиони
    • rn

    rnНајпродаваните музички албуми на сите времињаrn

      rn011

    • Изведувач: Флитвуд Мек
    • rn011

    • Албум: Rumours
    • rn011

    • Година: 1977
    • rn011

    • Жанр: рок
    • rn011

    • Продадени копии: 40 милиони
    • rn

    rnНајпродаваните музички албуми на сите времињаrn

      rn011

    • Изведувач: Шанаја Твејн
    • rn011

    • Албум: Come On Over
    • rn011

    • Година: 1997
    • rn011

    • Жанр: кантри, поп
    • rn011

    • Продадени копии: 40 милиони
    • rn

    rnНајпродаваните музички албуми на сите времињаrn——————————————————————————————————————————————————————— rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук