Нештата не мора да бидат разнобојни за да бидат впечатливи. Тоа го докажуваат овие харизматични албино близначки кои целосно ќе ви го променат сфаќањето на поимот убавина.rnrnrnrnЗапознајте ги Лара и Мара Бавор. Тие се главните ѕвезди на проектот по име „Rare Flowers“ („Ретки цвеќиња“) во кој фотографот Винисиус Теранова ја открива целосната убавина на овие необични близначки.rnrnrnrnrnrnВеројатноста дека детето ќе биде родено со албинизам е 1 во 17.000. Според ова, навистина е неверојатно тоа што и двете близначки се албино.rnrnrnrnБлагодарение на нивниот волшебен изглед, овие 11-годишни девојчиња од обично бразилско семејство го привлекле вниманието на голем број познати фотографи.rnrnrnrnrnrnПродолжете на следната страница за да ги погледнете и останатите фотографии од овие прекрасни близначки…rnrn
Убавината на луѓето албино навистина хипнотизира. Толку е чиста и неверојатна што ќе направи да добиете впечаток дека гледате во ликови од некои волшебни бајки. Токму нивната убавина ја инспирирала Јулиа Таиц, фотографка која обожава да создава нови фантастични светови преку нејзиното дело и уметност.rnrnЗохарrnrnИако таа претежно работи со Фотошоп, вели дека ова искуство било посебно, бидејќи можела да направи прекрасни фотографии без да ги обработи во Фотошоп. Убавината прикажана на фотографиите е навистина чиста и природна. Сите фотографии се направени во бели тонови, без дополнително боење. На овој начин таа докажала дека белата не е само една боја, туку има многу нијанси и прекрасни тонови.rnrnСахарrnrnФотографката вели дека за време на овој проект таа имала можност да запознае неверојатни луѓе. Особена мотивација ѝ претставувала поддршката од моделите и родителите, без чија помош не би можела да го реализира овој проект. Нивната страст и храброст го прави проектот уште поуникатен.rnrnПогледнете ги овие прекрасни фотографии кои совршено ја претставуваат волшебната убавина на албино луѓето и кои ќе ве одведат во некој друг свет…rnrn
Откако Ејва Кларк се родила, нејзините родители веднаш забележале дека има нешто различно кај неа. Нејзините очи биле сино-зелени, усните силно розови, а кожата светла. Дури и косата која полека почнувала да ѝ расте била руса. Сè ова било толку необично затоа што нејзините биолошки родители се Афро-американци со кафеави очи. Но, токму поради нејзиниот прекрасен и уникатен изглед, таа брзо почнала да ги привлекува очите на модните агенции.rnrnrnrnДенес Кларк има 8 години и веќе зад себе има долга кариера како модел. Нејзиниот уникатен изглед е резултат на албинизам, генетско нарушување кое се манифестира преку недостаток на пигмент во кожата, очите и косата. Албинизмот може да се појави кај сите раси, и покрај тоа што создава проблеми со видот и претерана чувствителност на сонцето, не претставува никаков проблем за здравјето на личноста.rnrnКларк поминала низ голем број генетски тестирања и испитувања на нејзините очи уште како бебе, но и покрај тоа што докторите рекле дека брзо ќе ослепи, таа им пркоси на шансите. По 4-годишна возраст видот на Ејва престанал да се влошува и денес има можност да оди во обично училиште и да носи обични очила. Но, за разлика од другите деца на нејзина возраст, таа не мора да биде потсетувана да ги носи.rnrnrnrnИ покрај тоа што таа работела со големи модни компании, животот не е лесен за луѓето со албинизам. Многу често ова нарушување подлегнува на различни стигми, па оние кои го поседуваат се исмејувани за нивниот необичен изглед – особено за „црвените очи“ – мит кој потекнува од фактот дека блесокот од апаратите понекогаш ги прават нивните светло зелени, сини или сиви очи да делуваат црвено на фотографиите.rnrnОвие проблеми стануваат уште полоши во Африка, каде што може да биде и опасно по живот. Тоа не е бидејќи албинизмот е фатален, туку затоа што луѓето кои го поседуваат се често ловени, киднапирани и убивани. Во местата како Малави или Танзанија, се верува дека деловите на телото на овие луѓе се магични, па се користат за правење лековити напивки. Луѓето во овие држави живеат во страв дека ќе бидат киднапирани и распарчени, а потоа нивните екстремитети и органи продадени на вештерски доктори.rnrnrnrnДодека ги гледате фотографиите на Ејва Кларк, ќе ви биде многу тешко да си поверувате дека некој би сакал да ја повреди или кој било како неа. Ако ја тргнеме на страна нејзината убавина, лесно може да се забележи дека таа знае како да ја заведе камерата. И оние кои ја познаваат лично велат дека нејзиниот карактер е подеднакво опоен. Да се биде толку млад, толку прекрасен и однатре и однадвор, додека се надминуваат сите оние негативни прогнози и долготрајни социјални стигми е нешто на што сите ние беспрекорно се воодушевуваме.rnrnrnrn
Албино животните се многу ретки во природата и човекот уште од античко време бил фасциниран од нив. Во некои култури се сметале за свети животни и биле основа на едни од најголемите легенди и митови. Поради нивната уникатност, албино животните и ден денес се најголемата атракција во зоолошките и циркусите низ светот.rnrnrnrnАлбинизмот е еден вид вродено хипопигментарно нарушување, кое се карактеризира со делумен или целосен недостаток на пигментот меланин во очите, кожата и косата. Тој се наследува преку рецесивни гени и досега е откриен кај цицачите (вклучувајќи ги и луѓето), рибите, птиците, рептилите и водоземните животни.rnrn