КАФЕ ПАУЗА

Tag: алати

  • Колку често треба да ги менувате и да ги чистите алатите за чистење?

    Колку често треба да ги менувате и да ги чистите алатите за чистење?

    Кога последен пат сте ги замениле предметите за чистење во домаќинството? Ако не се сеќавате, тоа не е добро затоа што овие алатки со текот на времето стануваат плодна почва за бактерии. Еве колку често треба да ги менувате и да ги чистите:rnrnКолку често треба да ги менувате и да ги чистите алатите за чистење?rn

    Сунѓери

    rnКујнските сунѓери може да содржат опасни бактерии, па затоа е важно редовно да се заменуваат. Иако експертите препорачуваат да се заменуваат еднаш неделно, можете да ги исчистите со белило за да траат подолго.rnrnЗамена: Еднаш неделноrnrnЧистење: Исплакнете ги по секоја употребаrn

    Крпа за чистење подови

    rnБришењето на подот е одличен начин да го одржите вашиот дом чист, но тоа ќе значи дека на крпата ќе се насоберат бактерии со текот на времето. Крпата треба да ја перете по секоја употреба, а се препорачува замена на секои два месеци.rn

    Крпа за чистење

    rnКрпите за чистење собираат нечистотија и бактерии. Ако можете, редовно ставајте ги во машината за перење за да бидат чисти. Не заборавајте да ги исушите на воздух за да го спречите влажниот мирис.rnrnЗамена: На секои два месециrnrnЧистење: Еднаш неделноrn

    Ракавици

    rnРакавиците што ги користите за миење или за чистење на тоалетот треба да траат долго ако се грижите за нив. Исчистете ги ракавиците со топла вода и сапун по секоја употреба и заменете ги откако ќе им се вложи состојбата.rn

    Четка за миење садови

    rnЧетките траат подолго од сунѓерите, но со текот на времето се трошат. Ќе треба да ги замените кога ќе забележите дека влакната се истенчуваат. Секогаш избирајте еколошки четки ако можете.rnrnЗамена: По знаци на истрошеностrnrnЧистење: Еднаш неделноrn

    Ткаенини со микрофибер

    rnКрпите за чистење со микрофибер траат подолго и се подобри за планетата. Како и секоја крпа, тие треба редовно да се чистат и да се ставаат во машината за перење еднаш неделно.rnrnЗамена: По знаци на истрошеностrnrnЧистење: Еднаш неделноrn

    Метла

    rnМетлите може да траат долго, но по некое време, веројатно ќе забележите дека влакната почнуваат да се намалуваат, па ова може да значи дека е време да ја замените метлата.rnrnЗамена: Кога влакната ќе почнат да паѓаатrnrnЧистење: Протресете и исчистете по секоја употребаrnrnПогледнете ги овие чудни, но ефикасни фенг шуи совети за чистење.

  • Археолозите пронашле алати стари 700 години создадени од страна на мајмуните

    Археолозите пронашле алати стари 700 години создадени од страна на мајмуните

    Изгледа човештвото не е единствениот вид кој успеал да влезе во камената доба. Познато е дека мајмуните како шимпанзо, капучин и макаки користеле камени алати за нивните потреби, но неодамнешните откритија ги натерале научниците да погледнат кон една важна страница од животинската историја од сосема друг аспект.rnrnАрхеолозите пронашле алати стари 700 години создадени од страна на мајмунитеrnrnБарајќи ги живеалиштата на мајмуните, научниците од Универзитетот Оксфорд нашле многу камени алати направени за работа. Извршена е проценка дека овие предмети пронајдени во Бразил се стари не помалку од 700 години и несомнено се изработени од страна на мајмуните капучин. Се чини дека овие мали мајмуни ја откриле употребата на чеканот и длетото многу порано отколку што можеме да си замислиме. Имено, бразилските капучин мајмуни ги користеле овие камени алати за да отвораат индиски ореви.rnrnАрхеолозите пронашле алати стари 700 години создадени од страна на мајмунитеrnrnОва е најраниот археолошки пример на употреба на алати од страна на мајмуните надвор од Африка. Постојат уште некои археолошки докази кои покажуваат дека дивите макаки мајмуни на брегот на Тајланд користеле камени алати со децении за да ги отвораат школките и оревите.rnrnАрхеолозите пронашле алати стари 700 години создадени од страна на мајмунитеrnrnМајкл Хаслам, автор на овој проект, кој се посветил на археологија на приматите, смета дека ова откритие може да го смени нашиот поглед на животинскиот развој и еволуција. Научникот дури и ја предложува теоријата дека нашите предци ги научиле нивните работни вештини од древните мајмуни.rnrnАрхеолозите пронашле алати стари 700 години создадени од страна на мајмунитеrnrnОва фасцинантно откритие го доведува до прашање досегашниот факт дека луѓето се првите создавачи на оваа планета. Во продолжение, погледнете го следново видео во кое ќе можете да видите дел од ова неверојатно истражување.rnrn

  • Како да ги употребите тапите од вино?

    Како да ги употребите тапите од вино?

    Дали знаете дека тапите од вино не скапуваат? Освен тоа, тие се толку лесни и интересни по облик и текстура, па наредниот пат кога ќе пиете вино не мора да ги фрлате во корпа за ѓубре. Следниве идеи се одлични ако имате многу тапи и ги чувате во некоја кутија. Еве како да ги искористите.rnrnКако да ги употребите тапите од вино?rn

    Палење оган

    rnНамокрете ја тапата со алкохол и ставете неколку такви тапи во камин под стари хартии. Запалете ги тапите со рачна запалка и огнот брзо ќе почне да гори.rn

    Заштита на алатите

    rnВо тапата направете дупка. Тапата ставете ја на врвот на острите алати за да ја заштитите нивната острина, но и вашата безбедност.rn

    Шкрипење на врати од ормани

    rnОд тапата исечете мало тркалце и залепете го на внатрешниот агол од вратичката од орманот кој шкрипи.rn

    Работна површина

    rnКако да ги употребите тапите од вино?rnrnАко имате многу тапи кои не сте ги фрлиле, ова е одличен начин да ги искористите. Земете четири штици со должина по ваша желба (зависи колкава работна површина ви треба). Залепете ги штиците за да добиете правоаголен или квадратен облик. Во празнината, ставете ги тапите и лепете ги една до друга, странично. Во празнините во кои не може да се стави цела тапа, исечете делови од тапата и вметнете ги. Така, ќе добиете работна површина во кујната (на која може да ставите жешко тенџере)  или во вашата работилница.rn

    Ѓубриво за почва

    rnЗемете неколку тапи, исечете ги или раздробете ги ситно во гранули. Ставете ги во почвата во вашата градина наместо класично ѓубриво.rn

    Сјаен нож

    rnЗа кујнскиот нож да ви биде сјаен, намачкајте го со средство за чистење и тријте го со тапа, наместо со абразнивно средство. Така, ножот ќе биде сјаен.rn

    Потпирач на врата

    rnКако да ги употребите тапите од вино?rnrnНа тапата ставете дебела игла, протнете ја низ тапата и иглата забодете ја во подот, низ дупчињата од паркетот. Тоа ќе спречи удирање на вратата во ѕид.rn

    Држач за лампиони

    rnКако да ги употребите тапите од вино?rnrnЗемете го лампионот и на горниот дел протнете  рибарски конец. Со игла, провлечете го рибарскиот конец низ тапата. Од рибарскиот конец направете отвор во кој ќе можете да го закачите лампионот на новогодишната елка.rn

    Лента за остри ножеви

    rnЗалепете неколку тапи странично, едно до друго. Лентата со тапи ставете ја во фиоката и поставете ја странично каде што доаѓаат врвовите од ножевите. Така, врвовите на ножевите нема да направат дупка во дрвената фиока и ќе останат остри.rn

    Тапа наместо селотејп

    rnИсечете ја тапата по должина. На исечените парчиња ставете течен лепак и лепете на аглите од вашите постери и други хартиени проекти кои ги поставувате на ѕидот. Цврстината на тапата нема да дозволи да се изместуваат.rn

    Држач за картички

    rnКако да ги употребите тапите од вино?rnrnОва е многу инвентивен начин за вашата забава, роденден или прослава. На тапата со нож направете странична вдлабнатина, доволно длабока за да се стави картичка. Потоа, ставете ја картичката со соодветни информации на секоја маса.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.