КАФЕ ПАУЗА

Tag: активности

  • 10 начини да бидете попродуктивни ова лето

    10 начини да бидете попродуктивни ова лето

    Автор: Софија СионоваrnrnЛетото конечно пристигна, температурите полека се зголемуваат. Време е за на плажа, за летни флертови и гледање филмови. Иако е многу важно да се одвои време за релаксација, да не забораваме дека летото исто така е одличен период за испробување и учење нови работи. Забавувајте се со следните 10 активности и бидете попродуктивни летово.rnrn10-nachini-da-bidete-poproduktivni-ova-leto-kafepauza.mkrn

    1. Научете нова вештина

    rnБез разлика дали се тоа часови по гитара или професионално усовршување, летото е најповолен период за тоа. За сите кои би сакале унапредување во кариерата, одлична идеја е учење на основите на HTML/CSS програмирањето. Оваа вештина е сѐ повеќе барана и ценета помеѓу работодавачите. На веб-сајтовите како SkillCrush програмирањето се учи брзо, лесно и бесплатно. Ова малку време посветено на учење ќе ви ги подобри квалитетите, ќе ви го збогати резимето при потрага по работа, и ќе ве направи повеќе ценети.rnrnСекако ова е само една од опциите. Размислете за целите и желбите, а потоа одвојте време за усовршување на некоја вештина која води поблиску до остварување на вашите соништа.rn

    2. Раширете го вашето присуство на социјалните мрежи

    rnНе станува збор за објавување на повеќе селфи-фотки на Инстаграм. Присуството на социјалните медиуми е сѐ повеќе од витална важност за обезбедување работа. При пребарување на сопственото име на Гугл ја гледате истата слика која ја гледаат и потенцијалните работодавачи кога ве истражуваат онлајн.rnrnОдвојте време за чистење на профилот, прилагодете ги вашите приватни поставки и ослободете се од сето она што не ве претставува во најдобро светло.rnrnИсто така, можете да ги користите социјалните медиуми за активно да се поврзете со колегите од вашата фирма. Пројавувајќи постојан интерес и споделувајќи важни содржини со вработените на социјалните мрежи, привлекувате внимание на многу позитивен начин.rn

    3. Направете нешто што сте го одложувале

    rnОтсекогаш сте сакале да започнете блог, да водите дневник, да започнете со јога, но секогаш сте биле премногу зафатени. Доволно одолговлекувавте, време е работите кои заглавиле во минатото да ги поставите за приоритети.rn

    4. Започнете активен и здрав живот

    rnПостојат многу забавни и креативни начини да останете фит за време на летните месеци. Фитнес-центрите не се сечие омилено место, но затоа тука се летните активности на отворено како возење велосипед, ролерки, пешачење со најдобрите пријатели и слично. Наеднаш вежбањето и не изгледа толку лошо, нели!? Искористете го убавото време и останете активни.rn

    5. Извлечете го максимумот од вашиот круг на пријатели

    rnОдвојте време за да размислите за луѓето во вашиот живот кои ви претставуваат важни (приватни и професионални) контакти и побарајте ги. Неформалните разговори, без разлика дали се на работното место или во омиленото кафуле, ви даваат пристап до вредни информации и ви овозможуваат градење на значајни врски кои можат да ви послужат во иднината.rnrnАко сте амбициозни, побарајте професионалци кои не ги познавате и обидете се да го проширите вашиот круг на пријатели. Можеби сметате дека некој нема да ве сфати сериозно, но ќе се изненадите што може да се постигне со малку труд во оваа насока. Без разлика на сѐ, немате што да изгубите, туку само да добиете.rn

    6. Стажирајте

    rnЛетото е можеби најдобриот период за стажирање. Тоа е многу корисно затоа што се учи одговорност и се полни резимето, што обезбедува поголемо искуство и многу поголеми шанси за вработување. Никогаш не е доцна.rn

    7. Заработете малку пари

    rnЗапочнете работа со половично работно време, бидете бебиситер или хонорарно пишувајте. Без факултетските/школските обврски со кои се соочувате во останатите месеци, овој период е одличен за заработување пари што го олеснува животот во другиот дел од годината.rn

    8. Волонтирајте

    rnНе само што го подобрувате туѓиот живот, туку тоа е и можност да запознаете важни луѓе кои во иднина би можеле да ви помогнат. И секако тука е фактот што помагајќи им на другите се чувствуваме многу позадоволни од себеси. Некогаш забораваме да бидеме благодарни за малите нешта. Потсетете се дека имате среќа што живеете таков убав живот и потрудете се да направите промена така што ќе волонтирате за цел која сметате дека е важна.rn

    9. Читајте

    rnНе е битно дали е дневен весник, чик литература или Шекспирова драма. Важно е да го стимулирате вашиот мозок и да го предизвикувате. Така транзицијата од летото до работното место/училиштето е многу полесна.rn

    10. Бидете спонтани

    rnПоследниот предизвик е да направите нешто спонтано. Без двоумење сложете се за патување, зборувајте со згодното/та момче/девојка кое долго време ви се допаѓа или пробајте нешто ново. Летото носи чувство на слобода и авантура што го нема во текот на целата година, затоа не го трошете залудно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што прават успешните луѓе после работното време?

    Што прават успешните луѓе после работното време?

    Можеби идејата да си одите право дома после работа, да се облечете во вашите пижами и да се напиете некоја чаша вино ви звучи примамливо. Но на долг рок, ова не е вашиот рецепт за успех. Најпродуктивните луѓе всушност, имаат уникатна стратегија за одмор и полнење на батериите, после долгиот и напорен работен ден. Еве што прават тие:rnrnШто прават успешните луѓе после работното време?rnrn

    1. Се исклучуваат од технологијата

    rnБез разлика колку често ви стигаат службени мејлови, исклучете ги сите ваши електронски уреди, барем неколку часа после работното време. Доколку немате итни работни обврски, најдобро е да не ја проверувате поштата до наредното утро, за да избегнете нов стрес.rnrn

    2. Одат во кафуле

    rnДузина истражувања покажале дека умерената консумација на алкохол го смалува ризикот од мозочни и срцеви удари, како и од бројни други кардиоваскуларни проблеми.rnrnШто прават успешните луѓе после работното време?rnrn

    3. Редовно имаат секс

    rnСексот ќе го смали крвниот притисок, ќе го намали ризикот од срцев удар и заболување од рак на простата, а воедно и ќе го подобри квалитетот на вашиот сон. Сексуално активните луѓе поретко се разболуваат.rnrn

    4. Го планираат викендот

    rnИстражувањата покажале дека оние кои го планираат својот одмор и викендите, се посреќни од оние луѓе кои воопшто не го прават тоа. Најголемиот пораст на чувството на среќа, доаѓа во моментите пред заминување на патување. Затоа пронајдете време да испланирате некакви активности за претстојните слободни денови, па самото нивно очекување ќе ви помогне побрзо да ја пребродите работната недела.rnrn

    5. Свират на пијано

    rnЗа многу возрасни личности, свирењето на пијано е одличен начин да се справат со стресот, да го стимулираат мозокот, да ја подобрат координацијата и да се чувствуваат убаво.rnrnШто прават успешните луѓе после работното време?rnrn

    6. Екотерапија

    rnОва не е ништо комплицирано за правење туку едноставно, излегување на свеж воздух. Каква било надворешна активност ќе ви го подобри менталното здравје и продуктивноста.rnrn

    7. Му се посветуваат на семејството

    rnСамо затоа што сте во истата соба со членовите на вашето семејство, не значи дека навистина поминувате квалитетно време заедно. Зјапањето во смартфонот или лаптопот ве спречува да обрнете внимание на светот и луѓето околу вас.rnrnШто прават успешните луѓе после работното време?rnrn

    8. Спијат доволно

    rnШто и да правите по завршувањето на работното време за да се релаксирате, не заборавајте да одвоите барем 8 часа вечерта, за добро да се наспиете и да ја обновите енергијата за наредниот работен ден.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Активности кои ќе ви го разубават летото

    Активности кои ќе ви го разубават летото

    Летото многумина го сметаат за најубавиот период од годината. Тоа е време без обврски во кое забавата достигнува кулминација, а следните летни активности ќе придонесат тоа да помине уште поубаво.rnrnАктивности кои ќе ви го разубават летотоrn

      rn011

    • Излежувајте се по дома. Зарем не ви недостига тоа кога сте на работа или ве чека испитна сесија?
    • rn011

    • Не гледајте вести. Во октомври сè уште ќе се зборува за проблемите од мај.
    • rn011

    • Фотографирајте. Што и да ве инспирира, земете го фотоапаратот во рака и фотографирајте. Обидете се да ја овековечите летната атмосфера онака како што вие ја доживувате.
    • rn011

    • Прејадете се од сладолед.
    • rn011

    • Јадете лубеница и оставете ја да ви се растече по лицето.
    • rn011

    • Пијте коктели. Уште подобро е ако знаете сами да ги правите, па да израдувате некој.
    • rn011

    • Направете скара со пријателите.
    • rn011

    • Посетете ги роднините. Во лето имате повеќе време, па обврските веќе не се оправдување ниту пред другите, ниту пред вашата совест.
    • rn011

    • Легнете на трева и гледајте кон небото. Неверојатно е колку тоа опушта.
    • rn011

    • Не плашете се да дремнете под облаците или под ѕвездите.
    • rn011

    • Одете боси по трева, по песок, бетон, асфалт…
    • rn011

    • Земете го велосипедот и возете се низ најблиската шума. Не ви е потребен кој знае каков велосипед, оној што го имате дома сигурно ќе заврши работа.
    • rn011

    • Гледајте го зајдисонцето.
    • rn011

    • Гледајте го изгрејсонцето.
    • rn011

    • Направете седенка надвор со друштвото и пречекајте го изгрејсонцето. Ако запалите и логорски оган, доживувањето ќе биде уште поинтензивно.
    • rn011

    • Набљудувајте ги ѕвездите.
    • rn011

    • Шетајте во природа на полна месечина.
    • rn011

    • Играјте фудбал на месечина. Почнете попладне, а кога ќе се стемни немојте веднаш да си одите дома.
    • rn011

    • Организирајте или посетете забава на отворено.
    • rn011

    • Танцувајте цела ноќ, додека ве држат нозете.
    • rn

    rnАктивности кои ќе ви го разубават летотоrn

      rn011

    • Одете на пикник.
    • rn011

    • Бањајте се во езеро. Не мора да одите во некое туристичко место, близу секое гратче и село во Македонија има по некое малку познато езерце во кое можете да се разладите.
    • rn011

    • Одете на риболов.
    • rn011

    • Прскајте се со вода со пријателите. На располагање ви се црево, шишиња, кеси со вода, или што и да ви падне на памет.
    • rn011

    • Правете балончиња од сјај, како кога бевте деца.
    • rn011

    • Пробајте екстремен спорт. Во Македонија има клубови кои нудат екстремни доживувања како летање со параглајдер и скокање со падобран за одреден надомест, а ако одите во странство достапно ви е и банџи скокањето.
    • rn011

    • Одете на кампување.
    • rn011

    • Кога сте во природа јадете капини, боровинки и диви јагоди. Имаат вкус на лето.
    • rn011

    • Тргнете на пат околу Македонија.
    • rn011

    • Или барем соберете го друштвото и возете се низ градот или во вашиот крај.
    • rn011

    • Посетете летен музички фестивал. Има неколку одлични на Балканот, а во последниве години се организираат и во Македонија.
    • rn011

    • Испробајте ги сите рецепти за пијалаци со сладолед, како на пример екстра леденото кафе со вкус на ванила.
    • rn011

    • Качувајте се по дрва. Ова ќе ви ги разбуди спомените од детството.
    • rn011

    • Волонтирајте. Ќе имате повеќе време и можност да се посветите на некоја идеја во која верувате.
    • rn011

    • Трчајте. Летото е идеално време за физичка активност и трошење калории.
    • rn011

    • И на крај, дружете се колку што можете повеќе. Сите овие активности се поубави кога се прават во друштво. Впрочем, тоа многу недостига во останатиот период од годината кога обврските ни одземаат најголем дел од денот.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобриот начин за создавање нови навики

    Најдобриот начин за создавање нови навики

    Дали ви се случува да решите да вежбате, да почнете со редовно учење, да станувате порано или да започнете со нешто сосема ново и вашата решителност во остварувањето на овие планови да трае само неколку дена? Доколку имате проблем со создавањето нови навики, погледнете ја оваа техника наречена „не крши го синџирот“. Станува збор за едноставна, ефективна и интересна техника која ќе ве натера брзо и лесно да се придржувате до вашата листа на нови активности.Најдобриот начин за создавање нови навикиОдберете една или повеќе навики до кои би сакале да се придржувате секојдневно – Започнете со нешто поедноставно, нешто што нема да ви одзема многу време.rnrnНајдете календар – Се препорачува да биде поголем и да го поставите на некое централно место во домот за постојано да ве потсетува на тоа што треба да го направите.rnrnУпотреба на моќното „X“ – После секое завршување на активноста која сакате да ви премине во навика, прецртајте го денот на календарот со „X“ додека пак, за оние деновите кои ќе ги прескокнете – напишете кратко објаснување зошто не сте биле во можност да се придржувате до вашиот план.rnrnИстражувањата покажале дека ефективноста на оваа техника произлегува од нашата потсвесна желба за успех. Некое време по започнувањето, ќе забележите дека ќе правите буквално сè за да не го „скршите долгиот синџир“. Колку подолго се придржувате, толку повеќе ќе сакате да ги одржувате новите навики.rnrnДоследноста е клучот. Со секојдневното повторување на навиките тие стануваат постабилни, но доколку прескокнувате денови и пробувате постојано да го надокнадувате изгубеното ќе тргнете во сосема спротивна насока… Не заборавајте дека е подобро секој ден да правите по еден чекор во вистинската насока, отколку на секој трет ден по 3 неуспешни чекори одеднаш.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 грешки при изборот на куче

    7 грешки при изборот на куче

    Ако сте решиле вашата љубов кон кучињата да ја реализирате така што ќе купите или пак ќе вдомите куче–скитник, веројатно моментално ги поминувате среќните моменти исполнети со игра со вашиот нов пријател. Сепак, за сѐ да тече како што треба, обидете се да ги избегнете овие седум грешки, кои честопати се прават при изборот на куче.7 грешки при изборот на кучеrn

    Видете го кучето пред да го купите

    rnНемојте да го купите кучето пред да го видите лично. Ако сте решиле да го чувате во следните години, тогаш морате да знаете дали лае по цел ден, дали напаѓа други кучиња или луѓе и слични работи кои би биле клучни при вашиот избор. Секојдневната пракса вие само да ја изберете расата и возраста, а некој друг да ви донесе куче дома е ризична, исто како и купувањето на кучето преку интернет.rn

    Какво куче ви треба?

    rnКучињата кои секогаш сакаат да си играат се многу интересни за потенцијалните сопственици, но ако вие не сте премногу активна личност, брзо ќе ви помине меракот и ќе сакате да се вратите на други активности, за разлика од вашиот нов пријател кој ќе остане исфрустриран. Многумина кои водат физички активен живот, мислат дека им одговара некоја поенергична раса кучиња, но тоа ќе важи само ако вашите и активностите на кучето се поклопуваат. Ако играте фудбал или кошарка со пријателите, тука не можете да го вклучите и кучето. После спортувањето ќе се вратите дома уморни, а вашето куче нетрпеливо ќе ве чека да си играте уште три часа со него пред да се туширате. Доколку пак, сте тип кој не спортува многу, мрзливо куче може да ви го направи денот уште поздодевен.7 грешки при изборот на кучеrn

    На кучето не му одговара вашиот дом

    rnНа големите кучиња им требаат големи домови. Не смеете ниту да помислите да чувате шарпланинец во стан од 50 квадрати. Ако пак, планирате наскоро да се преселите од мал стан во куќа со голем двор, најдобро е да почекате со купување куче кое било одгледано да трча по планини и да чува овци.rn

    Кучињата се митарат

    rnБез исклучок, сите кучиња го менуваат влакното, а тоа е уште еден проблем за кој може да зажалите при изборот на кучето. Некои кучиња испуштаат малку влакна, но од влакната кои им испаѓаат на некои други раси, може да се сплете и џемпер, па може да имате непријатни ситуации со хаосот настанат од нивното расфрлање насекаде по вашиот дом. При изборот на кучето мора превид да го имате времето кое сакате да го посветите на чистење по него и околу него.7 грешки при изборот на кучеrn

    Какво е вашето секојдневие?

    rnАко најголемиот дел од денот не го поминувате дома, можеби би требало да го оставите купувањето куче за некои други времиња. Тоа е одговорност која не можете туку така да им ја оставите на другите членови на семејството, додека вие денот го минувате на работа или се забавувате со пријателите, додека на вашето куче му е неопходно друштво во текот на денот.rn

    Мислите дека не мора да го дресирате

    rnПогрешно е да мислите дека може да чувате недресирано куче без кога-тогаш да имате проблеми со него. Прекрасно е да приберете кај вас напуштено кученце, но имајте предвид дека таквите честопати биле гладни и малтретирани од страна на луѓето и ќе им треба време за да се навикнат на новите околности. Најдобро би било да земете веќе дресирано куче, или пак ако прибирате куче-скитник, да го однесете кај тренер.7 грешки при изборот на кучеrn

    Кучето нема засекогаш да биде мало и слатко

    rnАко ве привлекува идејата да имате мало слатко кученце со кое сите ќе сакаат да си играат, а ќе биде само ваше и тоа е главната причина поради која решивте да го купите, тогаш сте на прагот да направите грешка. Малото самојатче е неодоливо, но за неколку месеци тоа се претвора во вистински џин кој бара храна колку едно дете, па кога ќе бирате какво куче ќе чувате, мора да го имате предвид и овој факт.7 грешки при изборот на куче
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.