КАФЕ ПАУЗА

Tag: активности

  • Топ 10 најлуди начини за да согорите калории

    Топ 10 најлуди начини за да согорите калории

    Денес, поголемиот дел од луѓето се опседнати со бројот на калории. Склони сме да „полудиме“ од пресметките за тоа колку калории консумираме, колку трошиме и колку да согориме. Се прашуваме како да согориме калории брзо и лесно…rnrnСекоја активност која бара извесна количина на енергија ќе согори калории. Со интензивниот тренинг се согоруваат вишокот калории кои сме ги консумирале и на тој начин телото се бори со масните наслаги. Но, за жал, поголемиот дел од луѓето немаат многу слободно време за да се посветат на вежбањето.rnrnПа, како да согорите калории? Еве неколку најлуди начини да согорите калории. Погледнете, пробајте, но имајте на ум дека ниту една од овие активности не може да биде добра како интензивното вежбање.rnrnCouple pushing up on floorrn

    Факт 1:

    rnКажете добар виц и смеете се заедно со вашите пријатели од 5 до 10 минути. Ќе согорите околу 40 калории.rn

    Факт 2:

    rnБидете романтични. Забавата во спалната соба од 30 минути може да ви согори повеќе од 200 калории.rn

    Факт 3:

    rnСтрасниот бакнеж за момент може да согори скоро 5 калории. Секако, сè зависи од тоа колку страстен бил тој бакнеж.rnrn2-top-10-najludi-nachini-za-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mk_rn

    Факт 4:

    rnАко имате навика постојано да џвакате гума за џвакање, имајте на ум дека тие согоруваат 11 калории на час.rn

    Факт 5:

    rnАко сте поминале еден час допишувајќи се со својот партнер, тогаш сте согореле 40 калории.rn

    Факт 6:

    rnОднесете го вашето милениче на прошетка и лесно ќе согорите 200 калории за еден час.rnrn3-top-10-najludi-nachini-za-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mk_rn

    Факт 7:

    rnГушкањето исто така согорува калории, 60 минути – 60 калории.rn

    Факт 8:

    rnЛуѓето кои се постојано во движење, имаат тенденција да согоруваат за 25% повеќе калории од оние коишто цело време седат.rn

    Факт 9:

    rnТанцувањето од 15 минути може да согори повеќе од 75 калории.rn

    Факт 10:

    rnКога одите во маркет, запомнете го ова: туркањето на количката во рок од 30 минути може да согори скоро 100 калории.rnrn4-top-10-najludi-nachini-za-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mk_

  • Што сака да прави на интернет вашиот хороскопски знак?

    Што сака да прави на интернет вашиот хороскопски знак?

    Хороскопските знаци ги задржуваат своите карактеристики и кога се на интернет. Која е омилената активност на секој од нив штом седне на компјутер?rnrnШто сака да прави на интернет вашиот хороскопски знак?rnrnОвен: Ги трола другите по коментари.rnrnБик: Бара нови рецепти за готвење.rnrnБлизнаци: Ги читаат најновите гласини за познатите личности.rnrnРак: Разгледува фотографии од слатки животни.rnrnЛав: Објавува нова селфи фотографија на социјалните мрежи.rnrnДевица: Гледа туторијали преку кои учи како да се шминка.rnrnВага: Се занимава со онлајн шопинг.rnrnСкорпија: Гледа порно филмови.rnrnСтрелец: Си резервира хотел за следното патување.rnrnЈарец: Симнува музика и филмови… илегално.rnrnВодолија: Истражува филозофски цитати.rnrnРиби: Виси на својот блог и реобјавува содржини.

  • Која е тајната состојка на мотивацијата и успехот?

    Која е тајната состојка на мотивацијата и успехот?

    Неуспехот во остварувањето на некоја јасно дефинирана цел на која сме биле цврсто фокусирани често може да се претвори во препрека која ќе ни го забави движењето низ животот. Доколку наумите да напишете роман и застанете на половина пат, вие без сомнение ќе се почувствувате како да сте ги изневериле вашите ветувања и самите себе.rnrnКоја е тајната состојка на мотивацијата и успехот? rnrnОд овој момент до депресијата има само еден чекор, но односот кон вашите цели може да биде клучот со чија помош ќе можете да се извлечете од неуспехот. Зен блогерот Лео Бабаута во овие ситуации препорачува:rn
    rn

    „Забава. Главната и неопходна состојка за сите наши активности треба да биде забавата. Ако се впуштиме во одредена работа со огромни очекувања и не ја завршиме до крај, тоа секако ќе го прогласиме како неуспех. Но, ако кон таа иста работа пристапиме како кон нешто што нè забавува и притоа не успееме да го исполниме она што сме го испланирале, тогаш со сигурност нема да почувствуваме разочараност и фрустрација.“

    rnСпоред Лео, треба да трчате поради самото уживање кое тоа ви го предизвикува, а не поради исполнување на вашиот фитнес план за оваа недела. Треба да пеете со вашето дете поради уживањето во заедничката песна, а не затоа што знаете дека е „квалитетно поминато време“ кое е ваша родителска должност. Што повеќе активности остварувате водејќи се според оваа филозофија, толку помало разочарување ќе чувствувате доколку не успеете во некој од вашите планови. И бидејќи нема да бидете разочарани, ќе можете побрзо да се вратите назад кон остварување на овие цели. Обидете се. И не грижете се доколку не успеете од првиот пат, за сè е потребно вежбање.

  • Табела: Колку калории на час трошите со различни активности?

    Табела: Колку калории на час трошите со различни активности?

    Иако бројот на калории кои ги согорувате со вежбањето зависи од вашата тежина, метаболизмот и други фактори, постојат просечни пресметки врз основа на кои можете да се ориентирате при планирањето на вашите активности.rnrnТабела: Колку калории на час трошите со различни активности?rnrnТабелата е базирана на просечно трошење калории за 1 час (60 минути) кај личност која тежи 60 кг.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Активност

    rn

    rn

    Калории

    rn

    rn

    Активност

    rn

    rn

    Калории

    rn

    Аеробик – лесен 300 Одбојка на песок 480
    Аеробик – напреден 420 Одбојка – професионална 280
    Бадминтон 420 Перење на автомобилот 270
    Бокс 540 Планинарење 360
    Ватерполо 600 Пливање – професионално 600
    Велосипедизам 20-25 км/ч 480 Пливање – рекреативно 360
    Велосипедизам 25-30 км/ч 600 Преуредување на домот 210
    Велосипедизам 30-35 км/ч 720 Ракомет 720
    Велосипедизам 35 км/ч 960 Рафтинг 300
    Веслање во долги етапи 510 Рибарење 240
    Веслање во мали етапи 210 Ритмичка гимнастика 360
    Воден аеробик 240 Ролерки 420
    Голф 330 Секс 120
    Градинарење 300 Скијање 570
    Дигање тегови 160 Скијање на вода 360
    Ѕидање 420 Собен велосипед – интензивно 630
    Играње фризби 180 Средување на домот 280
    Играње со дете 240 Степ аеробик – лесен 420
    Јавање 240 Степ аеробик – напреден 600
    Јога 240 Степање на степер 360
    Канцелариска работа 100 Стоење 150
    Копање 510 Тенис 150
    Косење со косилка 270 Трамполина 210
    Косење – рачно 360 Трчање 8 км/ч 480
    Кошарка 480 Трчање 11 км/ч 660
    Куглање 180 Трчање 19 км/ч 940
    Лизгање на мраз 420 Фудбал 540
    Носење тежок товар 480 Циркуларен тренинг 480
    Одбојка – рекреативна 180 Шетање 280

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ја преживеете зимата?

    Како да ја преживеете зимата?

    Студените денови се пред нас и ќе нè стигнат многу скоро. Тоа нека не биде пречка за вашата добра волја. Уживајте во зимата, таа е прекрасна. Практикувајте ги овие 12 активности и не само што ќе ја преживеете зимата, туку и ќе ја обожавате.rn

    1. Наполнете ја кадата

    rnОдвојте време за долго потопување во када со етерични масла и шампони. Ќе ве релаксира и ќе ве одмори. А за таа цел исклучете го телефонот, барем за време на бањата.rnrn1-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mkrn

    2. Вежбајте

    rnПрактикувајте го вежбањето, ако ова е премногу амбициозно за вас, барем практикувајте јога. Ќе ве загрее во ладните денови.rnrn2-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mkrn

    3. Читајте книги

    rnЕдна или две, па и повеќе неделно!rnrn3-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mkrn

    4. Повторно прегледајте ги сите сезони од вашата омилена серија

    rnИли започнете со гледање неколку нови.rnrn4-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mkrn

    5. Поминувајте го времето со деца

    rnДоколку некој ваш роднина или пријателка има бебе почесто посетувајте ги. Со бебињата и децата ќе си играте и ќе ги гушкате. Така вашето време ќе биде исполнето со многу љубов и среќа.rnrn5-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mkrn

    6. Научете да готвите

    rnНаучете или усовршете го готвењето. Не поради другите, импресионирајте се себеси!rnrn6-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mkrn

    7. Поминувајте повеќе време со семејството

    rnОдвојте макар еден ден во неделата и посветете го целосно на вашата фамилија, ќе направи да се чувствувате потопло.rnrn7-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mkrn

    8. Дружете сè

    rnИ кога ви е ладно и кога не ви е до излегување, излезете. Знаете, секогаш кога не сакате да излезете, токму тогаш се случуваат најубавите вечери.rnrn8-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mkrn

    9. Направете нови комбинации во гардеробата

    rnОдличен повод да ги повикате пријателките, зар не? Со нив ќе дојдете до нови идеи за тоа како да ги направите новите комбинации со облеката во плакарот.rnrn9-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mkrn

    10. Направете маратонски шопинг

    rnПовторно повикајте ги пријателките, посетете ги сите продавници во радиус од 400 километри! Тоа ќе биде одлично поминат ден.rnrn10-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mkrn

    11. Одете на зимување

    rnНа секого му е потребна оддишка. Одете на планина, дишете чист воздух, а во ладните ноќи грејте се со партнерот покрај топлата печка.rnrn11-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mkrn

    12. Журкајте сè

    rnОдете на забави, дружете се со различни луѓе, разменувајте енергии, запознавајте се! Споделувајте љубов и среќа, во тоа е содржана убавината.rnrn12-kako-da-ja-prezhiveete-zimata-kafepauza.mk

  • 8 совети за одржување на возбудата во вашата врска

    8 совети за одржување на возбудата во вашата врска

    За една врска да биде успешна, потребна е константна работа на неа и од двајцата партнери. Но, кога веќе подолго време сте во врска, може да се случи да станете… па, премногу опуштени. Удобноста и слободата може да доведе до намалување на возбудата во една љубовна врска, а токму тоа може да доведе и до оддалечување на партнерите. Бидејќи секоја врска е различна, трикот е да се најде она што најмногу ви одговара и на двајцата. Токму затоа погледнете ги наредниве неколку совети кои би можеле да ви помогнат при одржувањето на возбудата во вашата врска…rnrn8 совети за одржување на возбудата во вашата врскаrn

    1. Одржувајте ја интелектуалната стимулација

    rnРазмислете за она што ги прави луѓето неодоливи. Сигурно ви паѓаат на ум голем број физички карактеристики, но како што подобро запознавате одредена личност, така сè повеќе и повеќе сфаќате дека менталната стимулација добива огромна важност. Токму затоа никогаш не престанувајте да разговарате и обидувајте се секојдневно да наоѓате нови и интересни теми со чија помош ќе го проширувате вашето знаење, но истовремено и взаемно интелектуално ќе се стимулирате.rn

    2. Бидете активни

    rnДоколку сексуалниот однос е единствената физичка „активност“ во која се вклучувате со вашиот партнер, тогаш нешто дефинитивно треба да се смени. Активноста подразбира здравје, но и задоволство за вас и вашиот партнер. Редовното вежбање, без разлика дали е во друштво на вашиот партнер или индивидуално, може да ве доведе до ново ниво на енергија и привлечност помеѓу вас двајца.rn

    3. Бидете романтични

    rnКога сте дел од подолга врска, може да се случи да почнете да го земате вашиот партнер „здраво за готово“. Многу е важно да не ја изгубите романсата, која вклучува континуирани и инспиративни активности кои ќе го потсетат вашиот партнер дека навистина се грижите за вас двајца. Одвреме-навреме, не заборавајте да ѝ испратите цвеќиња на нејзиното работно место или пак, да му напишете љубовна поема која ќе му ја оставите на неговата перница. Можеби ви звучи како клише, но сепак овие мали гестови знаат да имаат голема моќ врз вашата блискост.rn

    4. Гответе заедно

    rnСите ценат добар оброк, особено оној кој е домашно подготвен. Токму затоа направете навика барем еднаш во неделата заедно да испланирате и подготвите специјален оброк за двајцата. Ќе се изненадите колку оваа здодевна секојдневна обврска на овој начин може да се претвори во романтичен ритуал кој едвај ќе го чекате.rn

    5. Дарувајте искуство

    rnНаместо редовните материјални подароци кои секојдневно ги планирате за празниците, овој пат обидете се да испланирате нешто што би можело да ја стимулира вашата врска. Без разлика дали станува збор за билет за концерт или пак, за авантуристички викенд надвор од градот и двајцата ќе го цените искуството кое ќе го разбранува вашето секојдневие.rn

    6. Бидете спонтани

    rnНишто не ја уништува монотонијата подобро од спонтаните активности. И покрај тоа што повеќето од нас сакаат сè да им биде испланирано, понекогаш преголемото размислување ја намалува возбуденоста. Токму затоа направете мала непланирана екскурзија за време на викендот, резервирајте соба во хотел во ваша близина за да ја промените средината или пак, заминете си еден ден порано од работа и одете во кино или музеј.rn

    7. Взаемна инспирација

    rnЕдна од работите кои ја држат цврстината на врската е взаемната инспирација помеѓу партнерите. Кога две личности се заедно, особено оние кои делат интимна поврзаност, многу е важно инспирацијата да има непрекинат тек. Поддршката за сите оние работи кои секојдневно ги правиме и мотивацијата да се стремиме да бидеме подобри личности е во основата на сите здрави врски.rn

    8. Смејте се

    rnХуморот може многу да ви помогне, особено кога станува збор за сериозни проблеми кои се наоѓаат во сите врски. Смислата за хумор може да ја разбие тензијата и да додаде малку „зачин“ во вашиот живот, а истовремено може и да ви обезбеди нова и поопуштена перспектива на онаа ситуација која во моментот можеби ви изгледала како без решение.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Едноставни активности кои ќе ви го направат животот поубав

    Едноставни активности кои ќе ви го направат животот поубав

    Најубавите моменти во животот произлегуваат од малите и едноставните нешта. Доказ за тоа се и следниве предложени активности, кои не одземаат премногу време, а ве прават посреќни и поисполнети.rnrn(0) ednostavni-aktivnosti-koi-kje-vi-go-napravat-zhivotot-poubav-kafepauza.mkrn

    1. Одење на кафе со пријателите

    rnКафето со пријателите е време кога можете да уживате во опуштен разговор, смеа и дружење. Драгоцено е кога посебните моменти ги делите со блиските пријатели. Тоа ве прави да се чувствувате внатрешно побогати, исполнети и среќни. Едноставна активност со многу придобивки. Секогаш одвојувајте време за вакви средби и направете си го животот поубав!rn

    2. Насмевка

    rnНикогаш не потценувајте ја моќта на насмевката! Секој човек копнее за малку љубезност, почит и добронамерност. За жал, ваквото пожелно однесување станува сѐ поретко поради брзото темпо на живеење и суровата борба за егзистенција. Но, не бидете и вие дел од толпата. Насмевнете се и бидете љубезни!rn

    3. Внимателно слушање на соговорникот

    rnСекој од нас сака да биде внимателно сослушан и разбран во разговорите кои ги водиме со другите луѓе. Затоа, покажете достоинство и навистина послушајте што вели соговорникот и почитувајте ги ставовите и чувствата на другиот.rn

    4. Создавање креативни дела

    rnУбавината може да се создаде. Напишете песна, почнете да водите дневник или обидете се да направите нешто креативно во некоја од другите уметности. За што и да се одлучите, нека тоа ве исполни со живот. Нека ве инспирира и мотивира за уште поголеми креации.rn

    5. Поминување време со луѓе

    rnНајубав начин за искусување на убавината на животот е да го поминете со луѓето кои ви се драги и ги сакате. Секој има потреба од човечки контакт и затоа ваквите активности треба да бидат во вашата листа на приоритети.rn

    6. Ценење на туѓите успеси

    rnЛесно е да го оформувате мислењето за другите само според нивните неуспеси. Тоа нè прави да се чувствуваме посилни, поспособни, со еден збор супериорни. Но, таквиот став и поимање на нештата е далеку од среќата. Наместо тоа, трудете се да го гледате доброто во другите луѓе, да ги помните и цените според нивните успеси и позитивни промени. Ќе забележите како таквото размислување ќе ве промени и вас самите и ќе направи да се чувствувате многу подобро.rn

    7. Одење на места полни со живот и енергија

    rnОдете на места кои едноставно бликаат со живот и енергија. На пример, парковите во кои играат дечиња, исполнувајќи го воздухот со невина смеа, радост и невиност. Или пак, одлучете се за некои потивки места во природата, кои вам повеќе ви одговараат. Одете каде вие се чувствувате најрелаксирано и впијте ја сета убавина на животот.rnrnЗа крај, во брзото темпо на живот пронајдете време за активностите од овој тип, кои ќе ве отворат за убавината на животот. Не заборавајте, среќата и надежта лежат токму во малите и едноставни нешта. Изборот е ваш.

  • Забавни активности на Скијатос

    Забавни активности на Скијатос

    [message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrniguana-logornrnПогледнете ја понудата за Скијатосrnrn[/message_box]rnrnСкијатос е релативно мал остров, но неговата извонредна местоположба и природните убавини го прават место погодно за цела низа забавни активности, буквално за сечиј вкус.rnrn1-zabavni-aktivnosti-na-skijatos-kafepauza.mkrn

    Прошетки

    rnКако и секој морски рај, така и Скијатос е идеален за оние што сакаат да се прошетаат, особено приквечер, покрај морскиот брег или пак високо во ридовите, од каде што се гледаат морските пространства. Постојат повеќе патеки за пешачење, но голем дел од нив се претворени во земјени патеки. Островот е мал, но не премногу мал, па затоа само поамбициозните би требало да тргнуваат на подолги прошетки.rnrn2-zabavni-aktivnosti-na-skijatos-kafepauza.mkrn

    Кампирање

    rnПостојат два официјални кампови на островот. Едниот се наоѓа близу плажата Ксанемо, недалеку од крајот на аеродромот. Другиот е кампот Кукунарис, на спротивната страна од островот. Поискусните кампери и оние што се поавантуристички настроени можат да кампираат и на необележани места на островот.rnrn3-zabavni-aktivnosti-na-skijatos-kafepauza.mkrn

    Едрење

    rnВодите околу островот Скијатос и соседните острови Скопелос и Алонисос се вистински рај за оние што сакаат да едрат, но и за оние што сакаат да уживаат во убавините на природата. На островот можете да изнајмите едрилица до или над 10 метри, да заминете сами на едрење или со придружба, а искуството во секој случај ќе биде незаборавно.rnrn4-zabavni-aktivnosti-na-skijatos-kafepauza.mkrnrn[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrniguana-logornrnПогледнете ја понудата за Скијатосrnrn[/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку работи кои можете да ги направите ова лето

    Неколку работи кои можете да ги направите ова лето

    И повторно лето! Време кога сите сме на заслужен и долгоочекуван одмор, но и време кога можеме да се посветиме и на други интересни работи. Доколку веќе се досадувате и не знаете што да правите, погледнете со кои активности можете да го направите летото малку поисполнето и поинтересно.rn

    1. Посета на бесплатни настани

    rnОва е една од работите кои треба да ги направите летово. Има многу музички фестивали, уметнички изложби и други настани од отворен карактер, кои постојано се организираат. Одлична шанса за малку опуштање и културна разонода, без многу потрошени пари.rnrn(0) nekolku-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravite-ova-leto-kafepauza.mkrn

    2. Чистење и преуредување на домот

    rnИмавте многу работа и баш немавте време да се посветите на редот во куќата? Сега е одлично време за тоа. Одвојте неколку часа во денот за преуредување на дневната соба, плакарите и слично. А, убавото време, покрај другото едноставно ве повикува на средување на дворот и градината. Ќе се чувствувате многу поубаво по промените што ќе ги направите и ќе можете безгрижно да се радувате на летото.rn

    3. Нов вкусен рецепт

    rnДали веќе долго време посакувате да го зготвите вкусниот рецепт што некаде случајно го прочитавте? Па, веќе нема потреба за чекање. Подгответе се и на работа! Летото е совршено за испробување на нови рецепти и надградување на кулинарските вештини. А, ако пак конечно го посетите ресторанот за кој долго мечтаевте, нарачајте нешто посебно и невообичаено и уживајте во летото.rnrn(1) nekolku-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravite-ova-leto-kafepauza.mkrn

    4. Реализирање на замислените идеи

    rnСупер, конечно ќе имате време да седнете и да завршите некои работи, што долго ги одложувавте. Благодарение на летната еуфорија и енергија, тоа ќе го направите лесно и ефикасно. Па, затоа уште веднаш почнете со пишување на книгата, сликањето, шиењето на посакуваниот фустан, за кои толку многу размислувавте пред да дојде летото. Поставете си цел да ги завршите до почетокот на есента. Сигурни сме дека нема да се досадувате!rn

    5. Нови познанства

    rnИдеално време за почесто излегување и запознавање нови луѓе. Посетете колку што е можно повеќе настани, средби, конференции, на кои ќе можете да научите нешто ново и да створите пријателства што ќе траат цел живот. Не кријте се од светот. Излезете надвор, дружете се и создадете простор за нови случки во вашиот живот.rnrn(2) nekolku-raboti-koi-mozhete-da-gi-napravite-ova-leto-kafepauza.mkrn

    6. Вежбање

    rnСекако, сите сакаат да бидат во одлична форма пред летото, но и самото лето е одлично за вакви активности, токму поради одличните временски услови. Вежбањето надвор е супер бидејќи се чувствува убавата енергија во воздухот и сите уживаат во она што го прават. Прошетајте низ некој нов парк, запишете се на фитнес или аеробик во природа, одете на кампување или освојувајте нови планински врвови. Нека времето ве мотивира да го дадете најдоброто од себе и само замислете си колку поубаво ќе изгледате на плажа, доколку навистина се активирате и почнете да вежбате.rn

    7. Кратки тури и патувања

    rnПатувајте! Не седете дома цело лето. Може да отидете на кратка тура во некој град, кој досега го немате посетено, во подзаборавената викендичка или во посета на пријателите што веќе одамна ве очекуваат. Најдете поволни понуди и на момент заминете од досадната рутина на живеењето. Или пак, истражувајте го вашето место на живеење и потрудете се да пронајдете нови и интересни места. Ви посакуваме успех и убаво и исполнето лето!

  • Секојдневниот живот на луѓето од птичја перспектива

    Секојдневниот живот на луѓето од птичја перспектива

    Дали кога сте сами се однесувате различно отколку кога сте во јавност? Францускиот фотограф Флоријан Буденон ја истражува оваа идеја во серијата фотографии наречена „Инстант живот“. Проектот овозможува воајерски поглед во домовите и животите на различни мажи, жени и фамилии и ги поканува гледачите да ги разгледаат нивните сопствености и однесување од птичја перспектива.rnrnСекојдневниот живот на луѓето од птичја перспективаrnrnСекоја фотографија ни ги открива секојдневните однесувања кои се случуваат позади затворени врати. Субјектите можат да бидат забележаните како прават најразлични работи, започнувајќи од пробување чевли, бањање, па сѐ до читање книги. Сите овие навидум обични однесувања ни овозможуваат фасцинантна и уникатна перспектива во карактерот на секоја личност. Буденон вели:rn
    rn

    „Ние мора да уживаме во секој момент. Проектот ‘Инстант живот’ беше создаден според оваа идеја. Секоја од овие непознати личности се сложија да споделат хоби, момент на интимност кој е многу важен за нив и кој секој од вас може лесно да го забележи.“

    rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.