КАФЕ ПАУЗА

Tag: активности

  • 9 секојдневни работи кои ги правите погрешно

    9 секојдневни работи кои ги правите погрешно

    Нашите рутини обично се прилично здодевни, се согласувате? Ние секојдневно вршиме толку мали активности што речиси никогаш не сме се запрашале дали постои вистински или погрешен начин на кои ги извршуваме. Затоа ви предложуваме да посветите поголемо внимание на овие мали секојдневни активности за да направите мала, но позитивна промена во вашиот живот.rn

    1. Користите премногу сапун во текот на туширањето

    rn2-dali-znaete-kade-greshite-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-www,kafepauza.mk_rnrnНашата кожа станува посува како што старееме, а сапунот ѝ прави уште полошо. Обидете се да користите мала количина сапун и само на местата каде што е најпотребно, како што се кожните набори. Сапуницата која се слева по вашето тело е повеќе од доволна за да останете чисти.rn

    2. Работите без да ги испланирате вашите паузи

    rn3-dali-znaete-kade-greshite-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-www,kafepauza.mk_rnrnСите ние имаме време кога сме најпродуктивни. Во текот на овие часови можеме полесно да се сконцентрираме, да бидеме активни и инспирирани, а како последица на тоа да постигнеме поголеми резултати. Проблемот е во тоа што ние не се обидуваме да ги пронајдеме нашите продуктивни часови, и не ја користиме нивната предност. Доколку се чувствувате мотивирано и фокусирано од 11 до 1 часот, тогаш немојте да правите пауза во 12. Планирајте ги вашите паузи за така што тие нема да ја „убиваат“ вашата продуктивност.rn

    3. Одговарање на пораките од вашиот шеф на социјалните мрежи

    rn4-dali-znaete-kade-greshite-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-www,kafepauza.mk_rnrnМногу е важно да се постави граница помеѓу работниот и приватниот живот. Психолозите велат дека ние никогаш не треба да разговараме за проблемите од работата или да ја ставиме професионалната врска во апликациите за инстант пораки, како што е WhatsApp, бидејќи ние ги сметаме како нешто лично. Плус, доколку користите WhatsApp во комуникацијата со вашите шефови, тогаш тие ќе можат да видат дали сте ги примиле и прочитале нивните пораки, но сте избрале да ги игнорирате.rn

    4. Додавате масло во водата за тестенини

    rn5-dali-znaete-kade-greshite-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-www,kafepauza.mk_rnrnАко додавате масло во водата во која ги варете тестенините тогаш ќе го спречите сосот да се залепи за нив. За да зготвите совршени тестенини и да ги спречите да се залепат меѓусебно, вие само треба да користите вистинска количина на вода: 1 литар вода на 100 грама суви тестенини и 1,5 литри вода на 100 грама свежи тестенини.rn

    5. Ги сушите вашите раце користејќи хартиени крпи

    rn6-dali-znaete-kade-greshite-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-www,kafepauza.mk_rnrnДали некогаш сте се запрашале колку хартија користиме за да ги исушиме нашите раце во јавните тоалети? Милион килограми. Постои едноставна работа која сите ние можеме да ја направиме ако се грижиме за нашата планета. Сè што треба да направете е темелно да ги протресете рацете пред да ги исушите со хартиени крпи. Можеби е очигледно, но ова може да го спаси светот.rn

    6. Дишете со вашите гради

    rn7-dali-znaete-kade-greshite-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-www,kafepauza.mk_rnrnКонцентрирајте се на дишењето со помош на дијафрагмата, а не со градите. Соодветното внесување на кислород има позитивни ефекти врз вашиот нервен систем, помага во намалување на крвниот притисок, го намалува воспалението и болката, го подобрува целокупното физичко здравје, и го задржува стресот подалеку. Ако научите да дишете правилно, тоа исто така ќе ви помогне да управувате со вашите чувства.rn

    7. Ги четкате вашите заби со хоризонтални движења на четката

    rn8-dali-znaete-kade-greshite-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-www,kafepauza.mk_rnrnЧеткањето на забите со хоризонтални движења и не користењето на конец за заби се најверојатно најчести, но сериозни грешки. Правилното четкање на забите вклучува кратки вертикални движења, секогаш движејќи се од непцата до работ на забите. И уште една работа: Правилното четкање на забите треба да трае од 2 до 3 минути, но за жал, поголемиот дел од нас го игнорираат ова едноставно правило.rn

    8. Започнувате да вежбате без претходно загревање

    rn9-dali-znaete-kade-greshite-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-www,kafepauza.mk_rnrnЗапомнете дека доколку започнете да вежбате напорно, а сте го прескокнале загревањето, дури и кратките паузи може да бидат штетни за вашето тело. Многу е важно да ги вклучите загревањето и вежбите за флексибилност во вашиот тренинг и постепено да го зголемувате неговиот интензитет. И доколку сакате да избегнете повреди, не заборавајте ги вежбите за истегнување на крајот од тренингот.rn

    9. Ја оставате отворена кесата од чипсот

    rn10-dali-znaete-kade-greshite-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-www,kafepauza.mk_rnrnНекои луѓе користат штипки за да ги запечатат половина изедените кеси од чипс, додека останатите само ги оставаат превиткани на половина, надевајќи се дека кесата нема да се отвори. Но, постои уште еден начин за да се справите со овие кеси. Овој интелигентен метод е инспириран од оригами, јапонска уметност и техника за виткање на хартија која служи за да се создадат различни предмети.

  • Продуктивни работи што можете да ги правите за време на дождливите денови

    Продуктивни работи што можете да ги правите за време на дождливите денови

    Со доаѓањето на есента пристигнаа и дождливите денови. Некои луѓе уживаат во нив, додека пак други едвај чекаат да поминат. Како и да е, дождливото време не може да ве спречи да бидете корисни. Имено, постојат многу продуктивни активности кои можете да ги правите, наместо да стоите и нетрпеливо да чекате тие да поминат. Во продолжение погледнете 25 работи што можете да ги правите во овие дождливи есенски денови.rnrnПродуктивни работи кои можете да ги правите во дождливите деновиrnrn1. Направете план за штедење. Штедењето никогаш не е бескорисно. Согласно вашите примања и трошоци, направете план за штедење и поставете си цел за што ќе ги намените овие средства.rnrn2. Направете некои измени. На пример, одлучете се да го промените изгледот на вашата соба или пак да преуредите некоја фиока.rnrn3. Изберете ново хоби. Седнете и размислете што најмногу ве интересира и ве исполнува. Дождливото време е одлично за да се посветите себеси.rnrn4. Вратете се на некое старо хоби. Можеби како помлади сте биле колекционери на нешто или пак сте имале навика да пишувате поезија. Зошто повторно да не се потсетите на нив?rnrn5. Гответе за претстојната недела. Подгответе некое јадење, супа или некои колачиња кои може да се чуваат во фрижидер.rnrnПродуктивни работи кои можете да ги правите во дождливите деновиrnrn6. Средете го шпајзот. Несомнено е дека шпајзот е многу корисен, но исто така ова место лесно може да стане просторија каде што ќе се ставаат многу работи кои потоа се забораваат. Дождливиот ден е одлично време да го средите и да се ослободите од предметите кои не ви се потребни.rnrn7. Исчистете го вашиот плакар. Колку парчиња облека имате што воопшто не ги носите? Време е да се ослободите од нив и да ги подарите некому кому му се потребни.rnrn8. Испробајте нови вежби. Постојат голем број вежби кои можете да ги практикувате во вашата соба. Важно е да започнете!rnrn9. Правете планови за животот. Одвојте време да размислете за својот живот и за своите планови во врска со кариерата, здравјето, семејството, па дури и за некои мали работи кои сакате да ги постигнете. Планирањето е првиот чекор за да го добиете посакуваното.rnrn10. Водете дневник. Запишувањето на работите може да ви помогне да сфатите каде сте, да одлучите што сакате да бидете и како да се справите со најтешките проблеми.rnrnПродуктивни работи кои можете да ги правите во дождливите деновиrnrn11. Одговорете некому кој ве барал. Имате стар имејл на кој треба да одговорите? Или пак некој пријател очекува ваш повик? Сторете го тоа сега!rnrn12. Чистете. Иако се подразбира дека треба да чистите, дождливите денови кога сте дома, искористете ги за темелно чистење на вашите соби.rnrn13. Испробајте нов рецепт. Експериментирајте во вашата кујна и испробајте нови рецепти за готвење, торти и колачи. На Интернет ќе пронајдете многу кои можете да ги пробате, а за кои секогаш сте сметале дека немате време.rnrn14. Направете некои активности кои долго време сте ги одложувале. На пример, средете ги документите или исчистете ја неуредната фиока.rnrn15. Дајте му некому до знаење дека се грижите. На потежок или на полесен начин, кажете му на некој дека се грижите за него или покажете му го тоа со мал гест на внимание.rnrnПродуктивни работи кои можете да ги правите во дождливите деновиrnrn16. Закажувајте. Користете го телефонот во дождливите денови за да закажете кај вашиот заболекар, фризерски салон или пак договорете состанок со ваш стар пријател.rnrn17. Платете ги сметките. Доколку ги плаќате сметките електронски, дождливите денови се одлични за да ја завршите оваа ваша обврска.rnrn18. Разгледајте го и приспособете го вашиот буџет. Одвојте време да се посветите на вашиот буџет, па да го приспособите на вашите потреби.rnrn19. Почнете со некои подготовки. Без разлика дали тоа е некоја трка, патување кое ве очекува или извршување на некоја задача. Завршете ги работите порано, па потоа ќе имате помалку грижи.rnrn20. Променете го вашето место. На пример, доколку ви се досадила вашата соба за спиење, понудете им на вашите браќа/сестри да ги замените.rnrnПродуктивни работи кои можете да ги правите во дождливите деновиrnrn21. Испечете колачи. Кој не би сакал топли, свежо печени колачи во студените денови? Доколку не сакате да направите премногу, ставете го тестото во замрзнувач и секогаш кога ќе посакате можете да го извадите и да го испечете.rnrn22. Направете картички со пораки и подароци за вашите најблиски. Ако се приближува роденденот на некој од вашите најблиски, обидете се да им направите уникатен подарок, со што ќе ги покажете вашето внимание и љубов.rnrn23. Работете дополнително. Ако веќе имате начин за дополнителна заработка од дома, правете го тоа. Доколку не, истражувајте кои опции ви стојат на располагање.rnrn24. Средете си го профилот на социјалните мрежи. Можеби имате некои личности кои не ги ни познавате, или пак некои кои се досадни со нивните постојани објави. Дождливите денови се одлични за чистење на вашата листа на пријатели.rnrn25. Спијте. Можеби сметате дека ова не е продуктивно искористено време, но доколку сте таков вид човек кому му е потребно повеќе спиење за нормално функционирање, врнежливиот ден е одлично време да се наспиете, за потоа да се разбудите свежи и подготвени да ги извршувате останатите работи.rnrnПродуктивни работи кои можете да ги правите во дождливите денови

  • 5 активности што треба да избегнувате да ги правите на празен стомак

    5 активности што треба да избегнувате да ги правите на празен стомак

    Од моментот кога ќе станете од кревет, па сѐ до ноќта кога ќе треба повторно да легнете, вие можете да имате толку многу активности, поради што можеби ќе го заборавите најважното нешто – да јадете. Но, со пропуштањето на некој оброк можете да си предизвикате здравствени проблеми. Отсекогаш се сметало дека треба да се јадат три стандарди оброци на ден, но јадењето пет до шест помали, може да биде дури и подобро за вашиот организам. Но, нивното прескокнување во никој случај не е добро. Тоа може да ве направи уморни и нервозни, а еве ги петте активности кои без сомнение треба да избегнувате да ги правите кога немате јадено.rnrn5 активности кои треба да избегнувате да ги правите на празен стомакrn

    1. Купување во продавница

    rnКога сте гладни и ќе отидете во продавница, вие постојано ќе посегнувате кон тортите, колачите и друг вид брза храна. Едно истражување во кое учествувале 68 учесници го тестирале ова. Имено, на половина од учесниците им било кажано дека можат да јадат колку што сакаат, додека на другите не им било понудено ништо. Потоа, од нив било побарано да купуваат онлајн, каде што покрај високо калоричната храна, како што се тортите и колачите, било понудена и здрава храна како овошје и зеленчук. Во просек, погладните учесници избирале да купат високо калорична храна, додека пак другата група ги избирала поздравите опции. Иако можеби ќе помислите дека кога ќе пазарувате на празен стомак сепак би избирале овошје и зеленчук, ова истражување покажува дека вашата волја не може да биде толку силна колку што мислите. За да го избегнете искушението, понесете со себе здрава ужина.rn

    2. Земање лекови

    rnИма причина зошто на кутијата од вашите лекови пишува дека треба да ги консумирате заедно со храна. Додека некои се препорачуваат да се пијат на празен стомак, оние кои препорачуваат да јадете пред да ги пиете, го спречуваат чувството на гадење кое може да ви се појави подоцна. Медицинските лица објаснуваат дека лековите против воспаленија што не содржат стероиди, како што се ибупрофенот или аспиринот, може да предизвикаат гастроинтестинални проблеми или крвавење доколку се консумираат на празен стомак. Опивните средства за намалување на болката исто така може да предизвикаат гадење и повраќање, па нив најдобро е да ги земате заедно со храна.rn

    3. Вежбање во теретана

    rnПостојат две гледишта на ова прашање: Некои велат дека најдобро е да се вежба на празен стомак, при што директно ќе ги согорувате мастите, наместо јаглехидратите коишто само што сте ги внеле. Ова има некаква смисла, но практикувањето тешки кардио вежби на празен стомак може да резултира со губење на мускулите. Всушност, кога вежбате на празен стомак, нивото на гликоген е ниско. Ако премногу го оптеретувате вашето тело, ќе немате доволно сила за да ги издржите вашите напори, при што тогаш наместо мастите, ќе ги согорувате мускулите. Вежбањето по јадењето ќе ви даде доволно калории, јаглехидрати и протеини, при што ќе можете да вежбате напорно и многу побрзо ќе ги видите резултатите отколку кога би вежбале на празен стомак.rnrn5 активности кои треба да избегнувате да ги правите на празен стомакrn

    4. Пиење кафе

    rnДали и вашата утринска рутина вклучува станување од кревет, пресоблекување и пиење кафе? Тогаш треба да знаете дека нивото на киселина во стомакот се зголемува кога консумирате кафе без појадок. Ова може да резултира со проблеми при варењето или киселини во желудникот што ќе ви бидат присутни во текот на целиот ден, а на подолг период може да предизвика стомачни чиреви, синдром на нервозно дебело црево и слично. Ако се чувствувате дополнително нервозни и под стрес по вашето испиено утринско кафе, ова исто така може да биде показател дека не сте јаделе доволно. Веќе е познато дека кофеинот во кафето во некои случаи го зголемува стресот, па ефектот би бил поголем доколку пиете кафе на празен стомак.rn

    5. Пиење алкохол

    rnСтарата поговорка дека треба да пиете алкохол само доколку имате јадено, е сосема точна. Всушност, храната може да спречи и да се опијаните пребрзо. Научниците препорачуваат да јадете храна богата со протеини, масти и јаглехидрати, за да го забавите процесот на апсорбирање на алкохолот. Телото исто така го апсорбира побрзо алкохолот кога тој е топол или е помешан со друг вид алкохол, па дефинитивно треба да ги избегнувате овие пијалаци доколку пиете на празен стомак.

  • Мали нешта што ќе ви покажат дека есента е најубавото и најудобното годишно време

    Мали нешта што ќе ви покажат дека есента е најубавото и најудобното годишно време

    Ноќите се подолги, времето е постудено, а вие веќе барате потопла облека – сето ова потсетува на есен. Иако летото со своите долги и топли денови ви нуди многу интересни и забавни активности, есента е најубавото годишно време за топли и пријатни работи што можете да ги правите сами или со своите најблиски. Погледнете ги овие мали удобни нешта со кои се одликува оваа сезона, па конечно ќе можете да ја видите и нејзината убавина.rnrn

    Купување есенска облека
    Купување есенска облека
    rnrn
    Создавање свој сопствен коктел
    Создавање свој сопствен коктел
    rnrn

  • Смешно, но вистинито: 23 не толку романтични знаци дека сте ја пронашле сродната душа

    Смешно, но вистинито: 23 не толку романтични знаци дека сте ја пронашле сродната душа

    Можеби до сега сте го анализирале вашиот партнер за да откриете колку си одговарате, но, покрај вообичаените работи, постојат и неколку не толку романтични работи што сепак ќе ви покажат дека до себе ја имате сродната душа. Еве едни од најчестите, секојдневни работи.rnrnСмешно, но вистинито: 23 не толку романтични знаци дека сте ја пронашле сродната душаrnrn1. Обожавате заедно да практикувате досадни работи, како што е купувањето, одењето во аптека или плаќањето сметки.rnrn2. Повеќе се забавувате кога јадете во кревет отколку надвор во ресторан со пет ѕвездички.rnrn3. Една од омилените работи што сакате да ги правите заедно е да јадете што било и колку било, без да се грижите дали изгледате добро.rnrn4. Уште повеќе се заљубувате во него кога гледате како спие со отворена уста.rnrn5. И не ви смета доколку и тој ве види во ваква состојба.rnrn6. Вие, секако, си се допаѓате еден на друг кога сте убаво облечени. Но, најмногу сакате кога сте облечени во старата кошула и стари пантолони.rnrn7. Ги чувате рачно напишаните пораки од него, повеќе од најскапите работи што некогаш сте ги добиле.rnrnСмешно, но вистинито: 23 не толку романтични знаци дека сте ја пронашле сродната душаrnrn8. Ве повикува да излезете кога тоа ви е потребно. Па и обратно.rnrn9. Немате потребна јавно да покажувате нежност. Повеќе се забавувате кога со насмевка гледате еден во друг преку масата и само вие го разбирате тој говор.rnrn10. Ве поттикнува и охрабрува, но истовремено одбива да ви попушта.rnrn11. Отворено можете да зборувате за своите телесни функции и да се смеете за тоа.rnrn12. Сакате заедно да одите на свадби и други церемонии каде што ќе можете да се забавувате.rnrn13. Имате развиено свој речник и свои фрази што само вие ги разбирате и имаат специфично значење за вас двајцата.rnrn14. Се познавате толку добро што би можеле да одговорите точно на 9 од 10 прашања доколку играте на квизот „Колку добро го познавате вашиот партнер?“rnrn15. Некои од вашите прекари не се класични изјави на нежност. Наместо тоа тие вклучуваат прекари како „глупчо“ или „дебел“. И тоа го обожавате.rnrnСмешно, но вистинито: 23 не толку романтични знаци дека сте ја пронашле сродната душаrnrn16. Кога ќе се разболи вашиот партнер, ништо друго не ви е важно, туку само сте насочени кон него.rnrn17. Можете отворено да си кажете еден на друг кога сте си досадни или кога сте напорни, па и покрај тоа што ова е вистина, можете слатко да се изнасмеете.rnrn18. Можете долго да останете во тишина и да не се чувствувате чудно поради тоа.rnrn19. Всушност, можете да се опуштите во мир и тишина, без потреба од разговор.rnrn20. Секогаш заедно ги гледате новите епизоди од омилената ТВ серија, но сепак нема да се издадете доколку некогаш го направите тоа сами.rnrn21. Почесто ви купува благи работи и грицки од продавницата, отколку романтични поклони. Ова не би го смениле за ништо!rnrn22. Ве насмева во тешките ситуации.rnrn23. Попрво би биле мрзливи со него цел ден, отколку да одите на забава со кој било друг.

  • Досадно ви е? Еве неколку работи што можете да ги правите овој викенд!

    Досадно ви е? Еве неколку работи што можете да ги правите овој викенд!

    Доколку се борите против досадата и сакате да направите нешто поразлично овој викенд, тогаш сте дошле на вистинското место. Со помош на овие активности брзо ќе ви исчезне досадата и ќе се чувствувате многу подобро. Вреди да ги испробате!rnrnДосадно ви е? Еве неколку работи коишто можете да ги правите овој викенд!rnrn1. Декорирајте си ја собата. Покажете ја вашата креативна страна и овој викенд разубавете го вашиот простор.rnrn2. Организирајте ги вашите полици за книги по наслов и жанр. На овој начин ќе се потсетите и на омилените книги. Можеби ќе ви се роди желба повторно да се сретнете со старите пријатели меѓу кориците.rnrn3. Преуредете го распоредот на мебелот во вашата соба. Ќе се изненадите колку позитивно тоа може да ви влијае.rnrn4. Повикајте некој стар пријател. Викендите се одлична можност за опуштање и дружење. Потсетете се на старите пријатели и уживајте во нивното друштво.rnrn5. Направете некој свој коктел. Измешајте ги омилените состојки и испробувајте различни коктели. Доколку сте задоволни од ова, поканете ги и вашите најблиски да го дегустираат.rnrnrnrn6. Исчистете ги четките за шминка. Бидејќи веќе знаете дека многу бактерии се собираат на вашите четки за шминка, зошто да не се посветите овој викенд на нивно темелно чистење?rnrn7. Излезете надвор и фотографирајте. Земете го вашиот фотоапарат или смартфон, истражувајте ја природата и направете прекрасни спомени.rnrn8. Подарете облека. Преуредете го вашиот плакар со облека и пронајдете десет парчиња коишто можете да ги донирате. Ќе се чувствувате подобро.rnrn9. Вежбајте. Треба ли да се спомене кои се огромните придобивки од вежбањето?rnrn10. Возете велосипед. Искористете го сѐ уште пријатното време за возење велосипед. Ова можете да го правите сами или во друштво на пријателите. Како и да е, ќе ве релаксира и ќе ви даде дополнителна позитивна енергија.rnrnДосадно ви е? Еве неколку работи коишто можете да ги правите овој викенд!rnrn11. Купете нешто што отсекогаш сте посакувале. Можеби тоа е некое парче облека што долго време го гледате на излогот или пак најновата книга од омилениот писател. Вреди да потрошите некој денар за себе.rnrn12. Напишете некоја песна. Не мора да бидете професионалец. Само искажете ги вашите чувства на лист хартија и ќе бидете изненадени од вашиот резултат.rnrn13. Засадете цвеќе. Тоа може да биде мало собно цвеќе на коешто ќе му посветувате секојдневно внимание. Така ќе се чувствувате грижливо и корисно.rnrn14. Почнете со учење нов јазик. Да се научи јазик е долг процес, но, најпрво можете да започнете со онлајн курсеви што дополнително ќе ве поттикнат и мотивираат.rnrn15, Посетете ги вашите баба и дедо. Изненадете ги со вашето присуство и покажете им колку ви значат!rnrnДосадно ви е? Еве неколку работи коишто можете да ги правите овој викенд!

  • Деветте круга на пеколот за интровертите

    Деветте круга на пеколот за интровертите

    Интровертните луѓе се одликуваат со одредени карактеристики кои се лесно забележливи. Тие се најчесто повлечени во себе, ретко зборуваат, а кога зборуваат го прават тоа јасно и кратко, без многу објаснувања. Дружењето и комуникацијата за нив понекогаш може да биде вистинско измачување. За да можеме поубаво да си претставиме како се чувствуваат интровертите, можеме да ги поделиме во девет круга на пеколот, преземајќи го како модел најпознатото дело на Данте Алигиери. Деветте круга се всушност секојдневните контакти со надворешниот свет, кои за интровертните луѓе најчесто претставуваат вистински пеколни ситуации од кои бараат излез, а најчесто многу тешко го наоѓаат.rnrn(1) Интровертите во деветте круга на „Пеколот“rn

    Прв круг: Поврзување

    rnВо овој круг, интровертните души во мака се превиткуваат и издишуваат, затоа што треба да се ракуваат со луѓето, да пијат кафиња, да одат на ручеци и да ги слушаат останатите како постојано зборуваат. Тие завиваат од мака и се впуштаат во кратки разговори, кои ги истоштуваат.rn

    Втор круг: Зборлести луѓе

    rnИнтровертите кои се сместени во овој круг се чувствуваат како нивните души да се заробени во вечен оган со зборлестите усти на таксистите, стоматолозите, масажерите, продавачите, фризерите… Тие чувствуваат дека се притиснати до ѕид и никако не можат да им избегаат на огнените пламени кои излегуваат од устите на злите сили, па постојано мора да одговараат на „бесмислени“ прашања околу тоа каде живеат, со што се занимаваат и други целосно неважни теми.rn

    Трет круг: Организирани активности

    rnДушите сместени во овој круг чувствуваат неверојатно измачување седејќи во група со други души со кои мораат да работат на одредени заеднички задачи или активности. Интровертите во овој круг чувствуваат дека се при крајот на своите сили, особено кога треба да бидат активни во заеднички игри, како што се оние за развивање на меѓусебната доверба, кога треба да започнат разговор и други активности од „групното проклетство“.rn

    Четврти круг: Работа во група

    rnОвој круг најчесто се наоѓа на работното место на интровертните луѓе. За нив тимската работа е едно од најголемите казни што можеле да ја добијат, затоа што, во зависност од нивната професија, многу често се случува да имаат тимска работа. Тие се чувствуваат осудено“затоа што мораат да ги завршуваат работните задачи во групи, а според нив, можат сето тоа да го завршат и сами. Ја мразат тимската работа затоа што таму доминираат еретиците и заповедниците, кои наместо да дадат реален придонес во работата, тие се експонираат вербално и создаваат непотребна бука, нешто што интровертите не можат да го поднесат.rn

    Петти круг: Луѓе кои не можат или не сакаат да читаат говор на тело

    rnИнтровертните души кои се наоѓаат во овој круг едноставно не можат да ги поднесат останатите околу себе кои не ги прифаќаат универзалните знаци од говорот на телото, како на пример „Те молам остави ме на мира“. Овие зли мачители едноставно не сакаат да го погледнат знакот кој им го праќа интровертната душа. Тие најчесто ги игнорираат темните очила, отворената книга која што чека да биде прочитана, оскудниот или речиси затворен говор на телото на интровертните души, а го избегнуваат и контактот со очите, од каде многу јасно можат да видат дека не се пожелни во близина. Наместо тоа, овие напаѓачи сакаат да остварат близок контакт, постојано да се смеат и да зборуваат без престан. Интровертите чувствуваат дека нивните души се фрлени во оваа долготрајна бура, без можност да се спасат.rn

    Шести круг: Шопинг центри

    rnВо овој круг на пеколот, интровертните души се чувствуваат како во валкано мочуриште, кое талкаат од едно до друго ниво на бездната. Овој круг претставува особено измачување поради големите гужви и турканици на луѓето, кои немаат никакво чувство за личен простор. Тука се наоѓа и бездната наречена „голема распродажба и сезонски чистки“.rn

    Седми круг: Телефони и телефонски повици

    rnВо овој круг главниот мачител е телефонот. Тука се спакувани душите на огромен број луѓе. Оваа мала кутија не им дава мир на интровертите. Оттаму постојано доаѓаат лоши ветришта и неизбежни телефонски повици на кои тие мораат да одговараат, иако тоа не е по нивна волја.rn

    Осми круг: Непотребно узурпирање на простор

    rnВо овој круг, и покрај неограничениот простор, интровертните души мораат да ги трпат оние кои немаат чувство за личен комфор. Иако местото во кое се „заглавени“ е речиси празно, во нивна непосредна близина секогаш има бучни луѓе, кои создаваат немир и седнуваат многу блиску до нив. Во оваа јама на пропаста, се зборува гласно, а децата пискаат без никаква причина.rn

    Деветти круг: Ниво на Сатаната

    rnОва ниво е дното на пеколот. Длабочина обвиена во темнина. Тука владее Сатаната, поради што гревот, лошите дела и злите сили се неизбежни.

  • 30 активности што мора да ги направите оваа пролет, без разлика каде се наоѓате

    30 активности што мора да ги направите оваа пролет, без разлика каде се наоѓате

    Пролетта е во полн ек, па зошто да не ја искористите оваа сезона најдобро што можете така што ќе направите дел (или сите) од активностите подолу? Затоплувањето на времето, чистото сино небо и расцутените цвеќиња се само дел од нештата што ја прават пролетта полна со можности, како едноставно сè што ќе намислите да ви е лесно достижно. Епа ајде, што чекате? Започнете уште сега!rnrn30 активности што мора да ги направите оваа пролет, без разлика каде се наоѓатеrnrn1. Носете повеќе фустани.rnrn2. Веднаш зажалете затоа што сте носеле повеќе фустани бидејќи вашите голи нозе допираат до сè врз што ќе седнете.rnrn3. Направете пикник.rnrn4. Веднаш зажалете за пикникот бидејќи вашите алергии одеднаш ќе ве нападнат под влијание на поленот во паркот.rnrn5. Уништете ги вашите омилени чевли во неочекувана пролетна бура.rnrn6. Застанете и помирисајте ги ружите.rnrn7. Разгледајте ги фотографиите на Инстаграм кои ќе ја направат пролетта уште посветла во вашите очи.rnrn8. Направете си круна од цвеќиња.rnrn9. Соберете ги пријателките во вашиот двор и испијте по една чаша вино на отворено додека уживате во топлото сонце.rnrn10. Запрашајте се дали би можеле секојдневно да живеете вака.rnrn11. Издвојте дел од вашата плата за нешто што одамна посакувате.rnrn12. Не ѝ дозволувајте на вината да ве одвлече при купувањето на она што одамна го посакувате.rnrn13. Купете ѝ на вашата мајка сладок и мал подарок, за и таа да се порадува на пролетта.rnrn14. Поминете квалитетно време со вашиот татко и разговарајте за сите оние нешта кои никогаш не сте имале време.rnrn15. Вежбајте на отворено.rnrn(2) 30 активности што мора да ги направите оваа пролет, без разлика каде се наоѓатеrnrn16. Одете во кино на дождлив ден.rnrn17. Понесете со вас мало шише вино, кога ќе одите во кино на дождливиот ден.rnrn18. Облечете се подобро за време на студените утрински утра и потоа носете ја вашата јакна во раце бидејќи температурата одеднаш ќе скокне на 20-тина степени.rnrn19. Прочитајте не помалку од 15 статии за како да го добиете вашето совршено „бикини тело“.rnrn20. Тајно пребарајте ги на Гугл вежбите на Бијонсе и надевајте се на чудо.rnrn21. Размислете да почнете со ваша лична градина пред да одлучите дека никогаш нема да се сетите да ја наводнувате.rnrn22. Почнете редовно да ги депилирате или бричите вашите нозе.rnrn23. Смислете нови начини да ја стилизирате вашата немирна коса.rnrn24. Како и различни начини да ги криете вашите дамки од пот.rnrn25. Исчистете го целиот дом и бидете горди на тоа.rnrn26. Ставете забавен лак за нокти.rnrn27. Измачкајте ги целите прсти со лакот за нокти, изнервирајте се и посетете салон за убавина.rnrn28. Јадете повеќе сладолед.rnrn29. Јадете повеќе сладолед на отворено.rnrn30. Прочитајте ја оваа листа со намера да ги направите сите нешта на неа, а потоа пуштете нова ТВ серија на Нетфликс и уживајте во вашиот дом додека не дојде летото.

  • Интересни активности коишто можат да ги практикуваат сите интроверти

    Интересни активности коишто можат да ги практикуваат сите интроверти

    Проблемите на интровертите не се едноставна работа. Не дека тие ги мразат луѓето, туку интровертите почесто сакаат и имаат потреба да бидат сами.. Постојат толку многу придобивки од оние хобија кои можете да ги практикувате самите, па ако и вие сте дел од овој вид луѓе, погледнете ги неколкуте идеи коишто следуваат во продолжение со чија помош можете да уживате во вашето слободно време.rnrnrnrn1. Фотографирајте. Фотографирањето ви дозволува да го гледате светот од различна перспектива. Доколку сакате тоа може да ве вклучи во интеракција со другите, но исто така може да биде и форма на вашето изразување. Во денешно време нема потреба да трошите еден куп пари на скапи камери, едноставно можете да развиете одлични фотографски вештини и со вашиот смартфон.rnrn2. Слушајте аудио објави. Дознајте повеќе за светот слушајќи едукативни и информативни аудио објави.rnrn3. Станете артисти. Не е важно дали имате вистински уметнички вештини или пак, едноставно сакате да шкртате затоа што тоа ве смирува. Бидете амбициозни и почнете да цртате, сликате или купете си боенка којашто ќе ви помогне да ја смирите вашата анксиозност и стрес.rnrn4. Научете да свирите на музички инструмент. Ако веќе знаете да свирите, тогаш настојувајте да се подобрите, а ако никогаш не сте имале инструмент, никогаш не е доцна да се обидете. Свирењето е добар начин да се предизвикате себеси, па можете да си поставите и сопствени цели со цел да видите колку можете да го совладате тоа. Ако не сакате да имате инструктор, можете да најдете онлајн туторијали и книги коишто ќе ви помогнат да научите самите.rnrn5. Пишувајте. Пишувањето е одлично хоби за интровертите затоа што тоа овозможува да се изразувате на сопствен начин. Тоа исто така не вклучува контакт со други луѓе. Почнете да ги пишувате своите мисли на блог, да пишувате поеми или започнете со пишување на вашиот иден, прекрасен роман!rnrn6. Гответе. Поминете некое време испробувајќи различни рецепти и усовршувајте ги јадењата, така што кога ќе решите да ги поканите вашите пријатели кај вас, веќе ќе имате со што да ги изненадите.rnrn7. Креирајте свој канал на Јутјуб. Можете да споделувате туторијали, креативни изработки коишто ќе ги направите сами, музика и слично. Како и пишувањето, така и водењето на Јутјуб канал е одлично хоби за интровертите, затоа што им дозволува да бидат креативни.rnrn8. Започнете сами одредена атлетска активност. Пронајдете рутина за вежбање којашто ја сакате или пак вклучете се во некој спорт којшто бара малку, или нема да бара воопшто луѓе. Можете да започнете со возење велосипед, пливање, танцување, играње тенис или други активности кои не бараат вклучување на други луѓе. Бидејќи е многу возбудливо и бара повеќе работа, интровертите може да имаат голема корист од оваа активност.rnrn9. Решавајте загатки. Загатките се совршен начин да го активирате вашиот мозок и да се предизвикате себеси. Изберете сложувалка, решавајте содоку, крстозбори, онлајн загатки или пак, Рубикова коцка.rnrn10. Започнете со онлајн часови. Изберете тема за којашто сте заинтересирани и поминете одредено време учејќи повеќе околу тоа. Ако го правите тоа со задоволство, не морате да се грижите за оценките – едноставно уживајте проширувајќи го вашето знаење!rnrn11. Патувајте сами. Ако сакате да патувате, испланирајте одредена авантура каде што ќе заминете сами. Постојат повеќе причини да патувате сами, на пример, вие ќе одлучувате што ќе посетите и каде ќе јадете и целото време е на ваше располагање, што е одлична можност да уживате во туѓите култури.rnrn12. Научете да плетете. Пробајте да плетете, шиете, везете или ткаете – што ве интересира најмногу!rnrn13. Играјте игри. Светот на онлајн игрите е бесконечен, па затоа и многу интроверти сакаат да се вклучат во него. Но, дури и да не се пронаоѓате во тоа, можете да се обидете да научите одредени трикови со карти, или пак да играте видео игри коишто не бараат да бидете онлајн.rnrn14. Грижете се за вашата градина. Градинарството ви овозможува да бидете блиску до вашиот дом и притоа да се посветите на нешто што е убаво, а и корисно, во зависност од тоа што садите.rnrn15. Гледајте филмови. На интровертите дефинитивно им треба претплата на Нетфликс или слично, затоа што не постои нешто толку добро како седењето и гледањето филм или пак ТВ шоу во удобноста на вашиот дом.rnrn16. Започнете со активности на отворено. Излезете надвор и поминете одредено време во природа. Пешачете, одете на риболов или пак едноставно прошетајте низ прекрасната околина во близина на вашиот дом.rnrn17. Медитирајте. Постојат безброј ментални и физички придобивки кога одвојувате време за себе, за да се релаксирате и да се ослободите од стресот.rnrn18. Бидете вешти. Скршени предмети? Автомобилот не работи? Научете како да ги поправите. Освен што ќе заштедите, ќе станете и вистински експерт.rnrn19. Волонтирајте во засолништа за животни. Понекогаш животните се подобри од луѓето, особено за интровертите. Направете нешто добро за светот, без притоа да имате преголема интеракција со луѓе – само ос неколку мачки и кучиња.rnrn20. Научете нов јазик. Покрај училиштето и курсевите по јазици, постојат многу апликации и компјутерски програми коишто може да ви помогнат во ова. Совладајте некој јазик, а потоа отпатувајте во земјата каде што се зборува тој јазик.rnrn21. Правете макети. Како загатките и цртањето, така и правењето макети – од авиони и згради, до бродови и автомобили – може да го стимулира вашиот мозок на позитивен начин, притоа ослободувајќи ве од стресот.rnrn22. Читајте. Можеби најголемото хоби во коешто уживаат интровертите е читањето, секогаш кога тие можат. Тоа ви овозможува да избегате во друг свет, а мирната и тивка позиција за читање, во придружба со добра книга, е нешто непроценливо!

  • Направете ги овие активности навечер, па разбудете се свежи наутро

    Направете ги овие активности навечер, па разбудете се свежи наутро

    Верувале или не, од нашите вечерни активности зависи како ќе се чувствуваме наутро. Затоа придржувајте се до овие мали вечерни ритуали кои ќе ви овозможат свежи и здрави утра.rnrnnapravete-gi-ovie-aktivnosti-navecher-pa-razbudete-se-svezhi-nautro-kafepauza.mkrnrn1. Пијте зелен чај за да го забрзате вашиот метаболизам.rnrn2. Водете љубов за да го победите стресот и да го зајакнете имунолошкиот систем.rnrn3. Прескокнете ја вечерата, па со таа храна направете појадок. Ќе зачувате пари, но и ќе намалите на калории.rnrn4. Испијте чаша вода, бидејќи таа ќе ви помогне да ја исчистите вашата кожа.rnrn5. Направете неколку јога вежби за да се ослободите од стресот.rnrn2-napravete-gi-ovie-aktivnosti-navecher-pa-razbudete-se-svezhi-nautro-www.kafepauza.mk_rnrn6. Вечерајте лосос или пак некој друг вид риба, бидејќи тоа е лесна храна, но и многу здрава.rnrn7. Избегнувајте ги премногу засладените слатки.rnrn8. Спремете ги вашите омилени житарици, како би имале лесен и здрав оброк наутро.rnrn3-napravete-gi-ovie-aktivnosti-navecher-pa-razbudete-se-svezhi-nautro-www.kafepauza.mk_rnrn9. Испијте чаша вино, бидејќи е одлично за вашите крвни садови, а воедно и за јакнење на вашите коски.rnrn10. Завршете порано со вежбањето за да имате време да се одморите за наредниот ден.rnrn11. Јадете црно чоколадо, бидејќи го регулира нивото на крвниот притисок.rnrn4-napravete-gi-ovie-aktivnosti-navecher-pa-razbudete-se-svezhi-nautro-www.kafepauza.mk_rnrn12. Спремете ја торбата за во теретана, доколку практикувате утринско вежбање.rnrn13. Вечерајте бавно, смирено и уживајте во храната.rnrn14. Одете порано на спиење, тоа ќе ви овозможи да бидете свежи наредниот ден.rnrn5-napravete-gi-ovie-aktivnosti-navecher-pa-razbudete-se-svezhi-nautro-www.kafepauza.mk_rnrn15. Пронајдете време за да медитирате, бидејќи така ќе бидете фокусирани и релаксирани.rnrn16. Размислувајте позитивно и ширете љубов, бидејќи ако така расположени заминете во кревет, наредниот ден ќе бидете уште посреќни.