Ги сакате вашите деца, и тие ве сакаат вас. Но понекогаш тие знаат да ги тестираат вашите границите. Во продолжение погледнете неколку предлози за оние денови кога ќе сфатите дека поминало многу време откако сте излегле на свеж воздух, а притоа не би сакале да трошите пари од заштедата за поголемите планови.rn
1. Прошетка во парк
rn
rnrnНе е добро ни вие, ни вашето малечко постојано да бидете затворени дома. Свежиот воздух му годи секому. Покрај тоа, пешачењето ќе ви биде како вежбање, а и вашето дете ќе биде физички поактивно.rn
2. Посета на библиотека
rn
rnrnРаспрашајте се дали во локална библиотека има организирано некакви активности за деца. Исто така можете да поминете време читајќи и разгледувајќи сликовници. Се разбира, земете некоја книга и за дома.rn
3. Посета на детско игралиште
rn
rnrnВо сите градови има игралишта за деца. Ова е одличен начин да се размрдате, а и вашето дете може да запознае нови пријатели. Ако имате двор, можете да смислите некоја игра на отворено за вашето малечко.rn
4. Пикник
rn
rnrnСпакувајте нешто за јадење, земете некое удобно ќебе и неколку играчки и направете мал пикник во паркот.rn
5. Фотосесија на отворено
rn
rnrnНе мора да бидете професионален фотограф за да направете слатки фотографии од вашето дете. Облечете му некоја слатка облека и ослободете ја вашата фантазија. Подоцна ќе ви биде драго што ги имате тие фотографии. Се разбира, не може од мало дете да очекувате да седи мирно и да позира, но понекогаш најдобрите фотографии се оние непланираните.rn
6. Снешко за време на ладните зимски денови
rn
rnrnЛетото не е единственото годишно време во кое можете да излегувате надвор. Ако има снег, облечете топла облека и направете снешко. Кога ќе завршите, можете да се наградите со вашето малечко со шолја топло чоколадо.rn
7. Организирање мал собир со други деца
rn
rnrnОва може да бидат членови од семејството, некои ваши пријатели или пак пријателчињата на вашето малечко. Добро е и за вас и за вашето малечко одвреме-навреме да се „состанувате“ со други родители и деца. Можете да одите во нечиј дом или пак заедно да правите некоја од активностите на листава. Возраста на вашето дете не е важна, социјалниот аспект од овие дружби ќе ви годи и вам и на детето. Немојте да се плашите да поканите некого, голема е веројатноста и другите родители да бараат вакви активности.rnrnПосета на некој член од семејството, како баба или дедо кои не ги гледате често е исто така одличен начин да го поминете денот. Не мора постојано да бидете затворени дома. Дури и ако треба да ја напуштите вашата удобна зона за некои од активностите, подоцна ќе ви биде мило што сте го направиле тоа.

rnrnЗошто сметаме дека продуктивноста и постојаната зафатеност се нешто најважно? Зошто се чувствуваме подобро кога трчаме на лентата за трчање која нè заморува, отколку кога јадеме сендвич во паркот? Денес зафатеност е најдоброто нешто.rnrnДобрите вработени ручаат пред компјутерот работејќи, или мислат дека прават пауза гледајќи неважни нешта на Интернет. Ова не е пауза. Вистинската пауза би била да излезете од канцеларијата и да откриете каков е денешниот ден. Но никој од нас не си ја дозволува паузата која ќе ни ја даде потребната енергија попладне. Се разбира, овде се и нашите смартфони кои постојано се вклучени и кои ги прават продуктивноста и достапноста поважни од времето за себе и личниот простор.rnrnНие се лажеме дека сурфањето на Интернет е исто со одмор, но не е така. Ние си го одвлекуваме вниманието и премногу го стимулираме нашиот мозок со стотици информации кои не ни се од никаква корист. Всушност, ова сурфање е трошење време во вистинската смисла на зборот.rnrnОд друга страна, правењето ништо не е трошење време. Иако е сосема спротивно на продуктивноста, сепак не е трошење време. Ако си дозволите само да го набљудувате денот без никакви мисли освен за она што е пред вас, вие сте продуктивни на друг начин. Ова правење ништо го одмора вашиот ум и ја храни вашата душа. Тоа ви создава нови можности и ви ја обновува вербата во животот и во вас.rnrnИзговорот кој најчесто го користиме е тоа дека сме премногу зафатени. Навистина? Колку време поминувате гледајќи телевизија, сурфајќи на Интернет или на социјалните мрежи? Сите овие активности е многу подобро да ги замените со време кое ќе си го посветите себеси. Тоа ќе биде искуство кое навистина ќе ве исполни.
rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПреминете на 
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn

rnrn
rnrn
rnrn
rnrn 
rnrn
rnrn
rnrn

rn
rn