КАФЕ ПАУЗА

Tag: активности

  • Како да го имате најдоброто лето дури и ако не одите на одмор?

    Како да го имате најдоброто лето дури и ако не одите на одмор?

    Летото е најдобриот период да избегате од реалноста, да се спакувате и да заминете некаде. Но, не секој има такви планови. Без разлика поради која причина нема да одите на одмор, тоа не значи дека не треба да уживате во летото. Погледнете како да го извлечете најдоброто од оваа сезона дури и ако останете дома.rnrnКако да го имате најдоброто лето дури и ако не одите на одмор?rn

    1. Патување со спуштени прозорци и гласна музика

    rnМожеби нема да одите во странство, но тоа не значи дека не можете да ги соберете пријателките и да се извозите до некоја блиска дестинација. Секако, најдобриот дел ќе биде самото патување и пеењето по патот.rn

    2. Ден покрај базен

    rnНе ви е потребна плажа за да уживате во летното сонце. Организирајте посета на градскиот базен со пријателките што се дома. Можете да направите коктели и да си организирате мала дневна забава.rn

    3. Кампување во дворот

    rnМожеби за кампување е потребна голема организација, но ќе се изненадите колку убав може да биде и вашиот двор. Поставете шатор, наместете перници и закачете неколку светилки. Поминете ја ноќта под ѕвездите. Ако немате двор, секогаш можете да кампувате во природа.rn

    4. Вкусови од целиот свет

    rnНе мора да одите во Италија за да јадете тестенини. Соберете ги пријателите и бидете готвач. Предизвикајте се да подготвите традиционални јадења од целиот свет. Ова е навистина забавен проект, а вашиот стомак ќе ви биде благодарен.rn

    5. Снимајте го секој ден

    rnНаправете интересен проект што ќе ви ги овековечи најдобрите моменти од летото. Снимајте кратки видеа од неколку секунди и на крајот на летото спојте ги во едно. Ќе добиете неверојатна монтажа која ќе можете да ја гледате секогаш.rn

    6. Танцувајте како никој да не ве гледа

    rnМожеби нема да посетите некој фестивал, но сигурно ќе има многу концерти на отворено во вашиот град. Не испуштајте ја можноста да танцувате цела вечер со вашите пријатели.rn

    7. Направете ваш спа центар

    rnНема потреба да трошите пари во спа центар за да се опуштите со пријателките. Ако немате никаков план, поканете ги кај вас и поминете ја вечерта со маникир, маски за лице и слично. Ќе се чувствувате прекрасно.rn

    8. Филм под ѕвездите

    rnАко не можете да најдете проекција на отворено, организирајте гледање филм во вашиот двор. Соберете ги пријателките, направете пуканки и уживајте во летните хитови.rn

    9. Спијте колку што сакате

    rnБидејќи нема да одите никаде, ова е совршен период да го надополните изгубениот сон. Можете да спиете до кога сакате бидејќи нема да има потреба да станувате за летови или одење на плажа.rnrnПогледнете ги и овие предлози за неверојатни летни фотографии.

  • Мислите дека сите бродови ви потонале? 26 начини да почнете повторно вистински да живеете

    Мислите дека сите бродови ви потонале? 26 начини да почнете повторно вистински да живеете

    Промената е единствената константа во нашите животи. Без разлика колку животот понекогаш станува тежок, ние мораме да продолжиме да се бориме и да се прилагодуваме на промените, со цел да растеме и вистински да живееме. Доколку упорно се држиме до некои свои ригорозни идеологии, еден ден повеќе нема да можеме да се прилагодиме на животните промени и загатки.rnrnМислите дека сите бродови ви потонале? 26 начини да почнете повторно вистински да живеете rnrnПродолжете да читате и откријте ги 26-те начини да воспоставите рамнотежа во вашиот живот, кога ви изгледа како сите бродови да ви потонале:rn

    1. Активирајте го вашето тело

    rnСпортската активност и здравјето на вашето тело играат клучна улога и во вашето психичко здравје. Затоа имајте на ум дека здравото тело ќе придонесе да имате и здрав ум.rn

    2. Патувајте

    rnТоа не мора да биде некое луксузно патување на вашата дестинација од соништата. Едноставно, заминете некаде на викенд, посетете место коешто не сте го посетиле досега и забележете како ви се „полнат батериите“.rn

    3. Најмногу размислувајте на сегашниот момент, па на иднината, а најмалку на минатото

    rnЗошто паѓаме во животот? За да научиме како повторно да се дигнеме на нозе! Затоа, немојте да се прекорувате себеси за грешките направени во минатото. Простете си и продолжете понатаму.rn

    4. Запознавајте нови луѓе

    rnНовите средби доведуваат до откривање нови хоризонти. Некои луѓе ќе го променат начинот на којшто гледате на животот, а понекогаш токму тој нов пар очила е сè што ви е потребно.rnrnМислите дека сите бродови ви потонале? 26 начини да почнете повторно вистински да живеете rn

    5. Бидете отворени и искрени

    rnБидете спонтани! Животот е премногу краток за да го живеете според некаков прирачник за употреба.rn

    6. Бидете свесни за вашето здравје на долг рок

    rnНемојте да си дозволите да „прегорите“. Вашето целокупно здравје и благосостојба се многу позначајни од пропуштениот рок на работниот проект или од забавата од која порано сте си заминале.rn

    7. Бидете свои во надворешниот изглед

    rnОтфрлете ги општествените стандарди за „нормален“ изглед. Доколку сакате кратко да ја потстрижите косата и да ја бојадисате во боите на виножитото – направете го тоа. Доколку одамна посакувате да ставите пирсинг на лице или голема, видлива тетоважа – не се воздржувајте. Не дозволувајте никој да ве става во калап и да ви каже што ви доликува, а што не.rn

    8. Оттргнете се од негативноста

    rnБез разлика дали изворот на вашата негативност потекнува од работата што ја мразите или од дволичниот пријател со кој поминувате премногу време, време е да се соочите со вистината. Пронајдете позитивен извор на енергија и оставете ги хаосот и негативната енергија зад себе.rn

    9. Вратете ја слободата во вашиот живот

    rnПаметно распределете го вашето слободно време на работите коишто ве прават среќни. Запомнете дека не сите нешта коишто ви се случуваат во животот го заслужуваат вашето внимание.rn

    10. Обратете им се на луѓе коишто поминале низ истото

    rnПронаоѓањето луѓе коишто имаат поминато низ слични искуства како и вие може да ви биде од огромна помош во вашиот процес на закрепнување. Учете од нивните успешни приказни за преживување во тешките моменти.rn

    11. Допуштете си една седмица само за себе (не е потребно да патувате)

    rnИсклучете се од сè. Седум дена правете буквално сè што ве прави среќни: појадок во кревет, маратон во гледање ТВ серии или капење во топла када со миризлива купка. Разгалете се!rnrnМислите дека сите бродови ви потонале? 26 начини да почнете повторно вистински да живеете rn

    12. Исфрлете некои работи од вашиот дом

    rnФрлањето предмети коишто повеќе не ви служат е како терапија. Чистиот дом ќе направи да се чувствувате смирено однатре. Плус, тоа е одлична вежба за вашиот мозок, бидејќи со предметите ќе ги исфрлите и лошите спомени кои доаѓаат заедно со нив.rn

    13. Зацврснете ги односите коишто ви се важни

    rnНаправете си листа на приоритетни луѓе во вашиот живот. Негувајте ги врските со личностите коишто прават да се чувствувате исполнето.rnrnПродолжете на следната страница…rn

  • 7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејство

    7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејство

    Членовите на кралското семејство се навикнати да го добиваат најдоброто од сè. Јадат во најдобрите ресторани, ја носат најубавата облека, имаат прекрасни домови и уживаат во луксузот. Па, ако сакате да се чувствувате како нив, пробајте некоја од овие активности кога ќе бидете во Лондон.rn

    1. Средете ја косата во Richard Ward

    rn7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејствоrnrnКоја девојка не сонува за коса како на Кејт Мидлтон? Во Лондон можете да го посетите нејзиното омилено фризерско студио. Студиото се наоѓа во Челси и се вика Richard Ward. Ова задоволство ќе ве чини 26 евра.rn

    2. Посетете ја турата „Најдоброто од кралскиот Лондон“

    rn7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејствоrnrnОваа 4-часовна тура ви дава ексклузивен пристап до сите знаменитости кои ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејство. Турата започнува рано наутро со цел да се избегне гужвата во Лондон. Ќе имате ВИП пристап до Лондонската кула, вклучувајќи ја и церемонијата за отворање, ќе ги видите кралските скапоцени камења, ќе одите на крстарење по Темза и ќе можете да ја гледате церемонијата на размена на чуварите од Бакингемската палата.rn

    3. Лутајте низ палатата Кенсингтон

    rn7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејствоrnrnМожеби нема да прошетате низ дневната соба на принцот Вилијам, но одредени делови од палатата се отворени за јавноста. Слушнете ги приказните за кралицата Викторија, играјте игри и разгледајте ги прекрасните фустани на принцезата Дијана.rn

    4. Јадете во омилениот ресторан на Меган Маркл

    rn7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејствоrnrnЗа да се чувствувате како дел од кралското семејство, морате и да се храните како нив. Омилениот ресторан на Меган Маркл е Bocca di Lupo, мал италијански ресторан кој има свежи состојки и вино од 20 различни региони. Храната целосно се подготвува во ресторанот или се увезува директно од Италија. Кралицата Елизабета, од друга страна, не сака да ја напушта палатата за оброци, но кога го прави тоа ужива во ресторанот The Ivy. Ресторанот постои од 1917-та година.rn

    5. Уживајте со коктел во хотелот The Goring

    rn7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејствоrnrnВојвотката Кејт била сместена во овој хотел со 5 ѕвездички ноќта пред нејзината венчавка, а се појавила и на неговиот 105-ти роденден. Ќе се чувствувате како вистински член на кралското семејство со попладневниот чај или некој коктел. Ако имате повеќе пари за трошење, можете да ја закажете и кралската соба.rn

    6. Одете на шопинг на улицата Кенсингтон

    rn7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејствоrnrnМожеби немате кралски буџет, но тоа не треба да ве спречи. За да се чувствувате како Кејт Мидлтон, посетете ја улицата Кенсингтон и регионот Челси. Голема е веројатноста да налетате на член на кралското семејство во продавници како TopShop, Zara, Home, L.K. Bennett, Hobbs и Jeager. Принцот Џорџ и принцезата Шарлот често носат облека од бутиците за деца Amaia и Blue Almonds.rn

    7. Изгледајте перформанс во Кралската оперска куќа

    rn7 активности во Лондон што ќе направат да се чувствувате како член на кралското семејствоrnrnОблечете го најдобриот фустан или одело и уживајте. Без разлика дали ќе одберете опера или балет, овој историски театар без сомнение ќе ве импресионира. Во оваа неверојатна градба гостувале некои од најдобрите изведувачи во изминативе 150 години.rnrnДали ги знаете начините на кои Вилијам и Кејт го прекршуваат кралскиот протокол?

  • 18 работи за коишто вреди да издвоите време

    18 работи за коишто вреди да издвоите време

    Сите сме презафатени со разни обврски и честопати забораваме да издвоиме време за себе и за нештата што ни причинуваат задоволство. Сепак, постојат некои активности за кои сите би требало најдеме време. Земете длабок воздух и вметнете ги во вашиот распоред следниве 18 работи…rnrn18 работи за коишто вреди да издвоите времеrnrn1. Пишувајте рачно. Писма до пријатели, листи за пазарење, неделни цели, пораки за вашиот партнер, честитки и слично. Дигиталната комуникација е едноставна, но постои огромна разлика помеѓу тоа да пратите некому СМС порака во која сте напишале „Те сакам“ и да му го напишете истото на лист хартија и да го ставите веднаш до креветот.rnrn2. Одвојте време за не правење ништо. Понекогаш, бесмислените кафиња и прошетки во паркот се многу корисни. Тие служат за да уживате во времето што го имате.rnrn3. Размислете пред да одговорите. Навикнати сме да бараме одговори веднаш. Некој ќе постави прашање и ние мора веднаш да одговориме. Тоа не се случуваше пред да се појават инстант пораките и коментарите. Знак за вистинска интелигенција и самодоверба е кога човек ќе размисли за поставеното прашање пред да понуди одговор.rnrn4. Згответе си вкусен оброк без никаков повод. Ова ќе ве научи да ја победите потребата од моментално задоволство и ќе ви покаже дека нештата можат да бидат многу поубави ако се направени како што треба.rnrn5. Дотерајте се. Нашминкајте се и облечете се убаво без никаква причина.rnrn6. Читајте книги. Во вистинските книги можете да ставате белешки, да подвлекувате, да го слушате звукот на хартијата кога ќе ги вртите страници и да менувате различни пози додека читате.rnrn7. Јавувајте им се на роднините. Јавувајте им се на членовите од семејството без никаква друга причина освен да ги поздравите и да ги прашате како се.rnrn8. Заборавете на технологијата. Одбегнувајте ја технологијата колку што можете повеќе за да не бидете анксиозни и да не чувствувате дека пропуштате нешто.rnrn9. Поминувајте време со луѓето. Наместо да пиете сами, соберете ги вашите пријатели на вечера и уживајте во долгите разговори. Ова е навика што полека изумира.rnrn18 работи за коишто вреди да издвоите времеrnrn10. Грижете се за домот. Чистењето релаксира, а реновирањето и свежите цвеќиња имаат терапевтски моќи.rnrn11. Поминувајте време со деца. Чувајте деца и играјте си со нив. Тие можат да ви откријат многу тајни.rnrn12. Не ги оставајте луѓето да чекаат. Не ги одбегнувајте поканите и барањата само затоа што можете. Давајте одговори навремено.rnrn13. Одржувајте ги врските со луѓето. Луѓето сѐ почесто ги засноваат нивните врски на дигиталната комуникација, но тоа не може да ги одржи пријателствата во живот. Треба да поминувате време заедно и да почувствувате вистинска поврзаност.rnrn14. Слушајте музика. Музиката се претвори во обичен звук во позадина што не го ни забележуваме, но одвреме-навреме треба само да седите, да слушате музика и да не правите ништо друго.rnrn15. Патувајте. Ако не можете да патувате често, барем истражувајте ги местата што секојдневно ги поминувате. Доколку живеете во голем град, сигурно има скриени места што не ни знаете дека постојат е се само неколку улици оддалечени од вас.rnrn16. Грижете се за вашето здравје. Честопати, здравјето и благосостојбата ги ставаме во заден план. Не заборавајте да одвојувате време за себе и да се релаксирате. Во последно време, луѓето мислат дека ако одмораат и дремнуваат, ќе станат здодевни и мрзливи. Но, тоа не е вистина. Одморањето е здраво.rnrn17. Правете планови. Планирајте работи со други луѓе, како на пример вечери, патувања и летни одмори. Секогаш треба да имате нешто што со нетрпение ќе го очекувате.rnrn18. Разговарајте со луѓето во текот на денот. Остварувајте вистинска поврзаност со луѓето околу вас, тоа е многу важно. Исклучувајте ги мобилните кога сте излезени со пријателите и немојте да документирате сѐ што се случува за да го објавите на социјалните мрежи. Не заборавајте дека треба самите да го доживеете искуството, а не да го гледате на фотографии.rnrnВо продолжение прочитајте како да ивестирате време во себе.

  • 10 мали и едноставни традиции што ќе го зближат вашето семејство

    10 мали и едноставни традиции што ќе го зближат вашето семејство

    Кога правите нешта заедно со семејството, вие создавате пријателства и сеќавања кои ќе траат дури и во тешките периоди. За ова не е потребно да организирате големи настани. Доволни се малите семејни традиции кои вие и сите членови со нетрпение ќе ги очекувате. Овие традиции ќе ви одземат малку време, но ќе ви помогнат да создадете нешто што навистина ќе ви значи.rnrn10 мали и едноставни традиции што ќе го зближат вашето семејствоrn

    1. Попладне во паркот

    rnОва е совршена идеја за семејство со помали деца. Одберете еден ден од неделата и нека тој ви биде „Ден за во парк“. Попладне или навечер, поминете барем еден час во парк или во природа.rn

    2. Недела за пуканки

    rnОва е одличен начин да го поминете викендот. Направете голема порција пуканки и поделете ја со семејството. Притоа можете да гледате филм, да разговарате или да уживате во вашиот двор.rn

    3. Рутина за спиење

    rnОдберете рутина за спиење која им одговара на вашите деца и држете се до неа. Но, тргнете и чекор понапред така што и вие и вашиот партнер ќе ги подготвувате децата за спиење. Тие ќе почнат да се радуваат на овој период насамо со двајцата родители и самиот ритуал ќе ви биде полесен. Можете да читате приказни, да пеете песни, да си поставувате интересни прашања, или пак само да лежите и да се прегрнете.rn

    4. Роденденски прослави

    rnКако што растат вашите деца, така посветувајте им повеќе внимание на родендените. Навистина ќе се чувствувате одлично кога ќе ја видите возбудата во очите на вашите деца. Украсете ја нивната соба со балони. Дозволете им на децата да го јадат омиленото јадење или пак однесете ги во омилениот ресторан. Ако сте во можност, организирајте и некои од активностите што ги сакаат најмногу.rn

    5. Вторник за пици

    rnСекој вторник за вечера подгответе го најпознатиот италијански оброк. Лесно се прави, децата сигурно ќе уживаат во нејзиниот вкус и ќе ви биде полесно да го планирате неделното мени.rn

    6. Авантури со кампување

    rnНека ви стане навика редовно да излегувате од дома со целото семејство. Секој месец одбирајте по еден викенд и најдете некое место за кампување. Можете да ловите риба, да играте карти или пак да си раскажувате приказни околу логорскиот оган. Ќе научите многу едни за други и ќе си дадете одмор од технологијата.rn

    7. Состанок со секого

    rnОдвојте време за секое од вашите деца и кажете им колку ви значат. Секој месец носете го секое дете на состанок. Можете да одите на ручек, на вечера, или пак да му дозволите на детето да ја одбере активноста. Ова ќе направи да се чувствува навистина посебно, а покрај тоа и многу ќе се зближите.rn

    8. Семеен совет

    rnСемејните совети се одлични за дискутирање на проблемите кои ги засегаат сите. Можете да разговарате за потреби и грижи кои ги имате за одреден член, или пак за целото семејство. Овие состаноци не мора да бидат долги, но организирајте ги редовно, барем еднаш месечно.rn

    9. Прославувајте интересни празници

    rnЗнаевте ли дека денес има Ден на палачинките, или пак Ден на сладоледот? Секој месец најдете барем еден ваков празник и прославете го на ваш начин. Не мора да организирате голем настан – за Денот на палачинките заедно направете палачинки. Можностите се бескрајни.rn

    10. Семејна молитва

    rnСекое утро или вечер, соберете се и кажете некоја молитва или искажете благодарност кон нешто. Оваа активност нема да ви одземе многу време, но ќе ја зацврсти вашата семејна врска.rnrnПрочитајте ги и овие правила од среќни семејства кои ќе ви го подобрат семејниот живот.

  • 19 нешта што одвреме-навреме треба да ги направите и за себе

    19 нешта што одвреме-навреме треба да ги направите и за себе

    Колку често ви се случува да се изгубите во секојдневните обврски, во потребите на другите или во очекувањата на оние околу вас? Колкупати ви се случило да помислите дека ви е смачено од сè и да посакате да ги спакувате куферите и да отпатувате на некој напуштен остров? За да го задржите здравиот разум во лудиот свет, морате одвреме-навреме да издвојувате време и за себе. Во продолжение следува листа од 19 нешта што можете да ги направите за себе и за својата среќа…rnrn19-neshta-shto-odvreme-navreme-treba-da-gi-napravite-i-za-sebe-www.kafepauza.mkrnrn1. Пронајдете ново хоби или обрнете повеќе внимание на она што веќе го имате.rnrn2. Направете листа со лични цели и начини на кои сметате дека можете да ги остварите.rnrn3. Размислувајте позитивни мисли и постојано пофалувајте си се во себе за постигнувањата.rnrn4. Почестете се со пенлива бања, масажа или друг вид активност што физички ќе ве опушти.rnrn5. Најдете нешто што не го знаете и посветете доволно време за да го научите.rnrn6. Згответе (или порачајте) вкусна храна, без да размислувате на тежината или калориите.rnrn7. Земете ги клучевите од автомобилот и возете… без крајна дестинација.rnrn8. Опуштете се. Без разлика дали ќе го направите тоа со лежење или гледање серии.rnrn9. Договорете „состанок“ со самите себе и одведете се во ресторан или во некое кафуле.rnrn10. Пишувајте дневник, но не го читајте сè до декември за да добиете подобра слика за годината.rnrn11. Редовно оставајте си пораки самите на себе за да си кажувате колку сте си важни.rnrn12. Волонтирајте. Нема подобро чувство од помагањето на оние што имаат потреба од помош.rnrn13. Започнете со некаква физичка активност и обидете да ја практикувате барем три пати неделно.rnrn14. Направете добро дело – без размислување, без најавување, без споделување…rnrn15. Изгубете се во книжара или во библиотека. Одвојте цел ден за оваа активност.rnrn16. Пејте на глас. Танцувајте на улица. Не се воздржувајте кога сте во јавност.rnrn17. Донирајте ги сите парчиња облека што не сте ги носеле повеќе од една година.rnrn18. Редовно гледајте го зајдисонцето и колку што можете повеќе, уживајте во изгрејсонцето.rnrn19. Направете листа на нешта за кои сте благодарни и секојдневно надополнувајте ја.rnrnПогледнете ги и овие 12 работи што веднаш треба да почнете да ги правите за себе!

  • Што треба да проба вашиот хороскопски знак во 2018-та година?

    Што треба да проба вашиот хороскопски знак во 2018-та година?

    Секој знак е посебен и има свои одредени карактеристики. Овенот и Рибата нема да ги усреќат исти работи, но доколку ги набљудуваме поединечно, можеме да дознаеме многу за секој од нив. Во продолжение прочитајте ги предлозите што секој хороскопски знак би требало задолжително да ги направи во текот на оваа година со цел да има поисполнет живот.rnrn1-shto-bi-trebalo-da-isproba-vashiot-horoskopski-znak-vo-2018-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    Овен – Искачување

    rnОвенот е полн со енергија и мора да најде начин продуктивно да ја потроши. Имајќи го тоа на ум, добро хоби за Овните е искачувањето.rn

    Бик – Изработка на албум

    rnБиковите се вечно врзани за своите спомени и за минатото, па затоа и ќе пронајдат големо задоволство при изработка на различни албуми, односно споменари.rn

    Близнаци – Подготвување колачи

    rnБлизнаците обожаваат да подготвуваат колачи, па доколку сте родени во овој хороскопски знак и не печете колачи во слободно време, тогаш 2018-та е годината кога треба конечно да почнете.rnrn3-shto-bi-trebalo-da-isproba-vashiot-horoskopski-znak-vo-2018-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    Рак – Пишување песни

    rnНа Раковите им е потребно време за себе. Во тие моменти се преселуваат во свој свет во кој целосно уживаат. Во 2018-та година посветете се на пишувањето песни, за да поминете поквалитетно време додека сте сами со себе.rn

    Лав – Фотографирање

    rnЛавовите се ентузијасти и многу активни. Ним им е потребен простор за изразување, а фотографиите се еден од нивните највпечатливи заштитни знаци.rn

    Девица – Волонтирање

    rnДевиците ја обожаваат природата, па затоа и времето кое го поминуваат надвор ги исполнува. Доколку би пронашле начин да волонтираат во природа, без сомнение би биле пресреќни.rnrn3-shto-bi-trebalo-da-isproba-vashiot-horoskopski-znak-vo-2018-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    Вага – Планинарење

    rnВагите се во постојана потрага по хармонија. А, каде би можело да се пронајде поголема рамнотежа од онаа во убавините на природата? Знаете што треба да правите оваа година…rn

    Скорпија – Трчање

    rnСкорпиите се многу одлучни и тешко го губат фокусот од својата цел. Токму затоа и трчањето е идеална активност во која може да се почувствуваат посилни и да имаат целосна контрола над сето она што ќе го дофатат.rn

    Стрелец – Друштвени игри

    rnСтрелците се динамични и сакаат да бидат опкружени каде што постојано нешто се случува. Друштвените игри би ги смириле, но би им ја дале и потребната динамика.rnrn4-shto-bi-trebalo-da-isproba-vashiot-horoskopski-znak-vo-2018-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    Јарец – Јога

    rnЈарците се често нервозни и лесно се нервираат, па реагираат избрзано. Јогата би била идеален вентил за нив што би им помогнал да се опуштат и да го вратат посакуваниот внатрешен мир.rn

    Водолија – Грнчарство

    rnВодолијата во 2018-та година треба да се посвети на правење различни предмети од глина. Нема подобар начин да си ја смири душата.rn

    Риби – Градинарство

    rnРибите сакаат да работат многу различни работи, а многу им е лесно да ги усогласат сите одеднаш. Токму затоа градинарството е одлично хоби за нив, па нека ја дочекаат пролетта со нови производи за ова хоби и штом се затопли, веднаш можат да се впуштат во уште една забавна авантура.rnrnДознајте кои се најважните работи кои го очекуваат вашиот хороскопски знак во 2018-та година.

  • 4 секојдневни работи за коишто треба да одвоите време во вашиот натрупан распоред

    4 секојдневни работи за коишто треба да одвоите време во вашиот натрупан распоред

    Секојдневно одвојувате време за да си проверите имејл и да вежбате. Вашиот распоред е преполн со закажани состаноци. Но, дали сте знаеле дека би можеле да бидете уште попродуктивни, креативни и среќни кога би ги испланирале и неочекуваните работи? Не велиме дека треба да ја организирате секоја секунда од денот, но вметнете ги следниве неколку активности во вашиот распоред и ќе видите како животот ќе ви стане значително подобар…rnrn4 секојдневни работи за коишто треба да одвоите време во вашиот натрупан распоредrn

    1. Време за зјапање во празно

    rnИзвршниот директор на LinkedIn, Џеф Вајнер одвојува 2 часа дневно за размислување. Опра само седи на стол минимум 10 минути секое утро. Милијардерот Варби Паркер поминува 90 минути секој ден не правејќи ништо. Не ви треба апликација. Не мора ни да медитирате. Поентата е да не правите ништо. Останете таму каде што сте и опуштете се.rn

    2. Време за грижење

    rnСекој ден одвојувајте малку време за да се фокусирате на вашите грижи. Идеално е тоа да биде секогаш во исто време и на исто место. На овој начин, кога ќе дојде време за спиење, вие веќе ќе имате размислено за сите работи што ви предизвикуваат анксиозност. Најважно е да бидете продуктивни додека се грижите, без разлика дали тоа значи дека ќе ги запишувате вашите мисли и грижи, ќе направите листа на обврски или активно ќе се обидете да ги решите проблемите што ве загрижуваат.rnrn4 секојдневни работи за коишто треба да одвоите време во вашиот натрупан распоредrn

    3. Време за секс

    rnНауката вели дека постои директна врска помеѓу водењето љубов најмалку еднаш неделно и среќата на партнерите. Можеби идејата дека треба да го закажувате сексот не ви делува многу романтично, но не мора да бидете премногу прецизни. Не мора да одредите ден во денот кога ќе мора да имате секс, без разлика колку сте уморни и колку обврски имате. Наместо тоа, планирајте го сексот на следниов начин: „Ако се разбудам порано, пред децата, кој било ден во текот на неделата, јас ќе иницирам на секс“, или „Секогаш кога децата спијат, ќе имаме секс“ или „Викендите се време за секс“. Бидете отворени за повеќе опции и тоа несомнено ќе ја зголеми бројката на вашите неделни сексуални односи, без да ви наметне голем притисок.rn

    4. Време за децата

    rnПсихијатарот Алвин Роузенфелд ги советува родителите дека тие и децата треба да имаат доволно слободно време за да можат имаат заеднички креативни активности. Треба да поминуваат време без никаква цел, да им кажуваат на децата дека ги сакаат. Ако детето се чувствува сакано, пречките на патот никогаш нема да ги поразат. Секако дека можете да го ограничите времето за играње. Ако мислите дека треба да си играте со часови, тоа може да ви предизвика одбивност. Но, ако одвоите по 5 минути дневно или половина час неделно за играње со детето, оваа активност нема да ви делува како голема обврска. Ако не уживате во игрите со децата, најдобро би било да поставите временско ограничување.rnrnПрочитајте и како да направите листа со чија помош 2018-та година ќе стане најдобрата година досега.

  • 7 работи кои би требало барем еднаш во животот да ги направите со вашата мајка

    7 работи кои би требало барем еднаш во животот да ги направите со вашата мајка

    Секој однос помеѓу мајка и ќерка се разликува и постојано се менува. Можеби дури сега сте сфатиле што ви кажувала вашата мајка кога сте биле тинејџери, дека таа ви недостига, бидејќи не поминувате многу време со неа или и самите станувате нова мајка и потребна ви е нејзината поддршка. Без разлика каква е вашата ситуација, треба да ја зајакнете и да ги освежите спомените кои ќе ги памтите засекогаш.rnrn1-7-raboti-koi-bi-trebalo-barem-ednash-vo-zhivotot-da-gi-isprobate-so-vashata-majka-www.kafepauza.mk_rn

    1. Поминете ја саботната вечер со чаша добро вино

    rnСега кога и двете сте пораснати, можете заеднички да се опуштите со разговор и некое квалитетно вино. Одведете ја вашата мајка во некоја винарија, бар кој е специјализиран за вино и сирење, или едноставно изберете нешто што сакате и дома организирајте интимно дружење каде што можете да разговарате за сите теми без попречување.rn

    2. Опуштете се заедно во некој центар за убавина

    rnРезервирајте термин за нега на лице и тело за вас и за вашата мајка. Масажи, третмани на лице, маникир, педикир и опуштање во зен атмосфера со пиење чај или пак некоја друга заедничка активност и притоа чувствувајте се опуштено и освежено во текот на целиот ден. Исто така, можете да разговарате и за тоа што најмногу ви пречи или одговара на вашето тело и да споредувате колку гени сте наследиле од неа.rnrn2-7-raboti-koi-bi-trebalo-barem-ednash-vo-zhivotot-da-gi-isprobate-so-vashata-majka-www.kafepauza.mk_rn

    3. Одведете ја на излет што уште долго ќе го памети

    rnЗемете го автомобилот, подгответе некоја храна и отидете во природа – на плажа, во парк, на планинарење или организирајте излет во шума. Во кошницата за пикник ставете ја нејзината омилена храна и пијалак, па опуштете се со црцорењето на птиците или со шумот на морето. Заедно присетете се на некои посебни излети и одмори додека вие сте биле мали.rn

    4. Прегледајте ги старите албуми

    rnНема ништо поинтересно од присетувањето на интересните анегдоти, чудните модни комбинации, училишните приредби, летувања и стари пријатели кои ги кријат страниците од семејните албуми. Прашајте за некои постари слики, кои се создадени пред вас или додека сѐ уште сте биле мали. Можеби вашата мајка ќе ви открие некои нови работи кои не сте ги знаеле претходно или не сте смееле да ги знаете. Ако ова го комбинирате со саботната винска вечер, веруваме дека ќе поминете доста интересно и квалитетно време со вашата мајка.rn

    5. Одведете ја на берење грозје или јаболка

    rnСемејните градини кријат изобилство од овошје кое сте го береле и сте го јаделе „веднаш од гранка“, бидејќи ништо не можело да ви наштети од домашните јаболка или круши. Вашата баба и мајка од нив печеле колачи, приготвувале мармалад или правеле напивки, а вие само сте ја гледале целата таа процедура и сте „краделе“ по некоја лажичка мармалад. Сега е време и вие заедно со вашата мајка да приготвите нешто. Наберете убаво домашно овошје од семејниот овоштарник, или одведете ја на берба на грозје кај некој ваш пријател. Освен што ќе се дружите, забавувате и ќе помините време на свеж воздух, можете заедно да испечете или да приготвите нешто од набраните плодови како награда за крајот на денот, а тоа ќе ви даде уште неколку прилики за да поразговорите за заеднички поминатиот ден.rnrn3-7-raboti-koi-bi-trebalo-barem-ednash-vo-zhivotot-da-gi-isprobate-so-vashata-majka-www.kafepauza.mk_rn

    6. Запишете се заедно на курс за готвење

    rnАко сакате да готвите, ова е идеален начин да научите нешто ново заедно. Италијанската, француската или азиската кујна се богати со разни трикови и рецепти за подготовка на храна, така што можете да научите некои новитети во готвењето. Обидете се подоцна заедно да подготвите неколку нови, возбудливи јадења за семејните собирања и празници.rn

    7. Филмски маратон

    rnСподелете ја љубовта кон омилените филмови во едно дождливо попладне. Исто како кога сте биле мали, стоплете се со шолја чај покрај вашата мајка во креветот, па започнете по ред, од нејзината омилена „Казабланка“, сè до вашиот „Господар на прстените“. Коментирајте ги сцените, плачете и смејте се повторно преживувајќи ги најомилените сцени.

  • Одлични рецепти за волшебна љубов: 10 работи кои треба редовно да ги правите со партнерот

    Одлични рецепти за волшебна љубов: 10 работи кои треба редовно да ги правите со партнерот

    Времето минува многу брзо, а кога сте во врска или во брак многу е важно да имате што е можно повеќе моменти поминати со партнерот во нежност и почитување. Ако барате начин како да остварите подобра комуникација со партнерот или како да ја одржите страста во вашиот однос, обидете се барем нешто од оваа листа на волшебни љубовни предлози да спроведете на дело.rnrn1-odlichni-recepti-za-volshebna-ljubov-10-raboti-koi-morate-da-gi-napravite-so-partnerot-sekoja-godina-www.kafepauza.mk_rn

    1. Одете на патување, само вие двајца

    rnНе мора да заминете на ексклузивна дестинација, бидејќи престојот на планина или село без останатите членови од семејството ќе направат повторно да се создадат искри помеѓу вас. Заборавете на сите обврски и уживајте во моментите кои ги споделувате со саканата личност.rn

    2. Дозволете му на партнерот да одмори

    rnИстражувањата покажуваат дека паровите кои во текот на годината минуваат барем недела дена одвоено, подобро функционираат кога се заедно. Дозволете му на партнерот да се одмори, но и да ве посака.rn

    3. Изненадете го за роденденот и за годишнината

    rnПоклонете му го на овој специјален ден целото ваше внимание и опсипете го со љубов. Подарокот не мора да биде скап, туку можете да организирате пикник или самите да направите честитка. На тој начин ќе му/ѝ дадете до знаење колку навистина ви значи.rnrn3-odlichni-recepti-za-volshebna-ljubov-10-raboti-koi-morate-da-gi-napravite-so-partnerot-sekoja-godina-www.kafepauza.mk_rn

    4. Почестете се со елегантно излегување во ресторан

    rnКога последен пат двајцата максимално сте се дотерале и сте отишле во ресторан? Ова е начин да ја разгорите страста помеѓу вас и да се присетите на минатите денови.rn

    5. Преземете ги неговите/нејзините обврски на еден ден

    rnПодарете му на вашиот партнер слободен ден. Сите обврски околу домот и децата, на само еден ден преземете ги врз себе. На размислувајте за тоа дали и тој/таа ќе ви возврати со иста мера. Уживајте во фактот дека ги правите среќни.rn

    6. Посетете го местото на кое сте се запознале

    rnСекоја година вратете се на местото на кое сте ја запознале вашата сродна душа. Покажете им колку тој ден бил значаен за вас и колку вашиот живот се подобрил откако чекорите заедно низ животот.rnrn2-odlichni-recepti-za-volshebna-ljubov-10-raboti-koi-morate-da-gi-napravite-so-partnerot-sekoja-godina-www.kafepauza.mk_rn

    7. Напишете љубовно писмо

    rnНекои работи е полесно да се напишат отколку да се кажат. Ваквиот потфат ќе ја воодушеви вашата сакана личност, а и вам ќе ви донесе чувство на среќа.rn

    8. Подгответе нешто специјално за него/неа

    rnДоколку креативноста не ви е силна страна, барем можете да испечете колачи со кои ќе ја израдувате вашата сродна душа.rn

    9. Научете нешто ново за партнерот

    rnОсудете се да прашате и да барате одговори. Дознајте повеќе детали во врска со личноста со која го делите животот.rn

    10. Медитирајте заедно

    rnИстражувањата откриле дека медитацијата, молитвите и љубовта имаат слични нервни патишта во мозокот. Овие центри го зголемуваат лачењето на допамин, кој има пријатен ефект врз нашето тело.rnrnДодека времето надвор е студено, погледнете кои интересни работи можете да ги правите со партнерот во кревет.