КАФЕ ПАУЗА

Tag: активности

  • 50 одлични начини да ги забавувате вашите деца додека работите

    50 одлични начини да ги забавувате вашите деца додека работите

    Секој родител се нашол во ситуација да има премногу обврски кога детето бара внимание од него. Во овој случај, потребно е да најдете начин да го забавувате вашето дете за да можете да ги завршите сите задачи. Листата во продолжение ќе ви биде од голема помош во овие „итни случаи“. Некои од идеите се добри за деца на предучилишна возраст, а некои се одлични и за постарите.rnrn50 одлични начини да ги забавувате вашите деца додека работитеrnrn1. Дајте му на детето неколку маркери и картонска кутија. Оставете да црта на неа колку и како што сака.rnrn2. Направете експеримент. Наполнете поголем сад со вода и дајте му неколку предмети на детето. Предложете му да открие кои од предметите ќе потонат, а кои ќе пловат на површината.rnrn3. Повторно наполнете сад со вода и во него ставете ја облеката од детските играчки. Замолете го детето да ја „испере“.rnrn4. Направете роденденска забава за играчка. Оставете го детето само да го организира настанот.rnrn5. Во кутија ставете стари ланчиња, белегзии и друг накит и кажете му на детето да ги среди.rnrn6. Земете шише со широк отвор и направете топка од весник. Кажете му на детето да ја фрли топката во шишето.rnrn7. Дајте му на детето картон, боички и хартија во боја и замолете го да направи нешто необично.rnrn8. Купете боја за тело и ставете го детето во кадата (треба да биде сува и без вода). Дозволете му да црта на неа, а после исплакнете со вода.rnrn9. Дајте му дебел конец на детето и речете му да го замота на маркери, боички или што било. Можете да направите и шаблони од картон во форма на змија, црв или нешто слично и да ја направите активноста уште позабавна.rnrn10. Направете кутија за цртање со песок и оставете го детето да ужива во магијата.rnrn50 одлични начини да ги забавувате вашите деца додека работитеrnrn11. Направете бротчиња од хартија и „море“ од ќебе. Оставете го детето да си игра.rnrn12. Дајте му на детето балони и малку боја. Надувајте ги балоните и оставете го детето да црта на нив.rnrn13. Претворете мала кутија во кабина за играчки. Направете прозорец и врата и закачете конец по кој ќе се движи кабината како по жичара.rnrn14. Направете чаша од вистински јаболка – издлабете го јаболкото и во него ставете го омилениот пијалак на детето.rnrn15. Дајте му овошје и зеленчук на детето и кажете му да си замисли дека работи во продавница. Играчките можат да бидат муштерии и касиери.rnrn16. Дајте му алуминиумска фолија на детето и кажете му да направи круна или некаква друга декорација со неа.rnrn17. Направете забава во пижами. Доколку имате вреќи за спиење, ставете ги на подот. Во спротивно, можете да го направите тоа и со ќебиња.rnrn18. Претворете го детето во дизајнер за ентериер. Дајте му пенкало и хартија и кажете му да нацрта план за распоред на домот. Подоцна можете и да ја реализирате најдобрата идеја.rnrn19. Доколку имате суви цветови и лисја кажете му на детето да направи хербариум.rnrn20. Предложете му на детето да нацрта стрип. Приказната може да биде за што било, како на пример, за неговиот омилен суперхерој.rnrn50 одлични начини да ги забавувате вашите деца додека работитеrnrn21. Ставете хамер на подот и кажете му на детето да нацрта линија со маркер. Потоа нека го користи хамерот како патека за тркање со колички.rnrn22. Дајте му пластични чаши на детето со кои може да прави пирамиди, тврдини, кули или што било друго.rnrn23. Закачете конец низ собата така што ќе изгледа како ласер од акционите филмови. Задачата на детето е да ги помине „ласерите“ без да го допре конецот.rnrn24. Ставете хулахоп во средината на собата и кажете му на детето да фрла топчиња или авиони од хартија во него. Можете да му дадете и награда доколку погоди одредена точка од метата.rnrn25. Побарајте од детето да си замисли дека е на училиште или во градинка. Дајте му играчки и кажете му да се грижи за нив.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

    12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платени

    Постои една изрека според која треба да најдете нешто што сакате да го правите, а потоа да најдете начин да ве плаќаат за тоа. Иако можеби изреката не треба да се сфати буквално, постојат луѓе кои успеваат да заработат правејќи работи што ние останатите ги правиме бесплатно. Погледнете некои од најчудните „работи од соништата“ за кои веројатно немате ни помислено.rn

    1. Тестирање на тобогани

    rn12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платениrnrnНекои хотели и големи туристички агенции најмуваат луѓе да тестираат тобогани. Задачата на овие луѓе е да оценат дали тобоганите се безбедни и забавни. Доколку го работите ова, можете да пишувате рецензии за нив на социјалните мрежи или на веб-сајтови за патување.rn

    2. Гледање ТВ серии на Нетфликс

    rn12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платениrnrnМногу луѓе, веројатно и вие, уживаат во гледањето серии и филмови. Доколку секојдневно го правите ова, имате можност да го претворите во кариера. Постојат луѓе кои се патени да гледаат ТВ серии и филмови на Нетфликс по цел ден. Нивната задача е да собираат податоци за пребарувањето и категориите на Нетфликс. Исто така, тие одредуваат за која старосна група е погодна серијата.rn

    3. Организирање бинго турнир

    rn12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платениrnrnНајчесто овие луѓе се најмуваат во казина. Нивната задача е да е осигурат дека се следат сите државни регулации за играта и дека наградите се завршуваат каде што треба.rn

    4. Тестирање гуми за џвакање

    rn12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платениrnrnДали сакате гуми за џвакање? Постојат луѓе кои им помагаат на производителите да ги оценат нивните гуми за џвакање, но и да развијат нови проекти. Според некои податоци, тестирачите на гуми за џвакање можат да заработат и до 100.000 евра годишно.rn

    5. Дегустатор на чоколадо

    rn12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платениrnrnДоколку сакате благо, гумата за џвакање нема да ве задоволи. Повеќето луѓе навистина уживаат во вкусот на чоколадото, а некои од нив се дури и платени за да го пробуваат. Но бидејќи јадењето премногу чоколадо не е здраво, овие луѓе или го плукаат или јадат по многу малку. Исто така, по секој залак пијат вода и јадат крекери за да го „исчистат“ нивниот вкус.rn

    6. Продавање фотографии

    rn12 секојдневни активности за кои всушност можете да бидете платениrnrnМногу луѓе сакаат да си играат со камерата на нивниот телефон, а некои успешно заработуваат од случајните фотографии што ги прават. Постојат многу веб-сајтови на кои можете да продавате аматерски фотографии. Најчесто фотографиите се прикачуваат бесплатно, а сајтот добива процент од секоја продажба.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 7 нешта што можете да ги направите во нов град кога сте сами и кога сакате да истражувате

    7 нешта што можете да ги направите во нов град кога сте сами и кога сакате да истражувате

    Постојат многу работи што можете да ги правите во нов град, дури и кога сте сами. Без разлика дали сте турист или само што сте се преселиле, ве очекуваат многу авантури. Веројатно ќе сакате да ги видите најважните знаменитости, да јадете во ресторани и да не излегувате премногу од вашата удобна зона. Сè што треба да направите е да ги следите овие совети за вистински да го искусите новиот град.rn

    1. Излезете и јадете во ресторан

    rn7 нешта што можете да ги направите во нов град кога сте сами и кога сакате да истражуватеrnrnРечиси секој град има по некој неверојатен ресторан. Па кога ќе стигнете во нов град и сакате да правите нешто сами, отидете сами на ручек или вечера. Пробајте нешто ново од менито и уживајте во вкусовите. Можеби ќе сфатите дека јадењето сами во ресторан е навистина пријатно.rn

    2. Научете ги линиите за јавниот превоз

    rn7 нешта што можете да ги направите во нов град кога сте сами и кога сакате да истражуватеrnrnБез разлика дали живеете во новиот град или само го посетувате, најверојатно ќе ви биде потребен јавен превоз. Може неколку пати да го искористите за посетување на одредени знаменитости, а можеби ќе ви биде потребен и за на работа. Проблемот е да ги научите линиите на автобусите. Иако можеби насекаде има мапи, целото искуство може да биде малку збунувачко. Па, одвојте време за да истражувате и да ги научите линиите.rn

    3. Посетете локален планетариум или опсерваторија

    rn7 нешта што можете да ги направите во нов град кога сте сами и кога сакате да истражуватеrnrnОва се некои од најромантичните места во градовите. Но, тоа не значи дека не можете да ги посетите и сами. Најдете некое шоу за соѕвездијата или набљудувајте го градот од највисоката зграда. Ќе си поминете неверојатно.rn

    4. Одете до најблискиот национален парк или плажа

    rn7 нешта што можете да ги направите во нов град кога сте сами и кога сакате да истражуватеrnrnПомеѓу сите музеи, планетариуми, ресторани и настани, има многу за правење во новиот град. Но, имате многу за истражување и околу него. Доколку сте во близина на вода, посетете ја најблиската плажа. Исто така можете да проверите и кој е најблискиот национален парк и да прошетате во природа. Земете го фотоапаратот, направете плејлиста и уживајте.rn

    5. Придружете ѝ се на туристичка група за разгледување

    rn7 нешта што можете да ги направите во нов град кога сте сами и кога сакате да истражуватеrnrnКога прв пат ќе дојдете во градот, можеби ќе забележите група со туристи. Бидејќи сигурно ќе ги поминат најважните знаменитости низ градот, добро би било да прошетате со нив. Можете да сретнете и соло патници или луѓе кои само што се преселиле во градот, па ќе запознаете и нови пријатели.rn

    6. Фотографирајте се во ботаничка градина

    rn7 нешта што можете да ги направите во нов град кога сте сами и кога сакате да истражуватеrnrnДоколку во новиот град или во негова близина има ботаничка градина, посетете ја. Можете да правите фотографии, а можете и само да уживате во зеленилото.rn

    7. Одете во шопинг на локалниот пазар

    rn7 нешта што можете да ги направите во нов град кога сте сами и кога сакате да истражуватеrnrnНајдобриот начин да го запознаете новиот град е да се движите помеѓу локалните жители. Можеби најдобро место за тоа е локалниот пазар. Иако не е секогаш сезона на овошје и зеленчук, доколку имате можност посетете го пазарот. Можете да разговарате со луѓето таму, или само да прошетате. Како и да е ќе истражувате нешто ново.rnrnПогледнете и зошто е добро да се преселите во нов град.

  • Најдобрите празнични активности за секој хороскопски знак

    Најдобрите празнични активности за секој хороскопски знак

    Ова е период кога сите се подготвуваат да поминат време со нивните сакани. Празниците се време за љубов, благодарност и време за оние што ви се најдраги. Покрај давањето подароци, постојат неколку други празнични активности кои ќе внесат позитивност во вашиот живот. Нема потреба да трошите многу пари, а сепак ќе си поминете незаборавно. Во зависност од вашиот хороскопски знак, погледнете која е совршената празнична активност за вас.rnrnНајдобрите празнични активности за секој хороскопски знакrn

    Овен: Организирајте натпревар за готвење

    rnОвните имаат навистина натпреварувачки дух, но нивните пријатели сепак ги сакаат. Совршената активност за вас е организирање на натпревар за готвење. Замолете ги сите нека го донесат нивниот најдобар рецепт, набавете нешто за пиење и направете си мала забава.rn

    Бик: Изгледајте некоја класична божиќна романтична комедија

    rnВашиот знак е владеен од Венера, планетата на убавината и љубовта. Бидејќи уживате во романсата, добро е да поминете една вечер гледајќи некоја од класичните божиќни романтични комедии. Ставете си чаша вино и уживајте.rn

    Близнаци: Санкајте се

    rnБлизнаците имаат две личности во нив и понекогаш изгледаат како да го менуваат однесувањето многу брзо. Најдобрата активност за вас е возење со санка. На овој начин ќе уживате во пејзажите кои брзо ќе се менуваат пред вас.rn

    Рак: Фотографирајте се со Дедо Мраз

    rnРаковите се чувствителни и грижливи. Ако ова е вашиот хороскопски знак, направете ги празниците период за вас. Фотографијата со Дедо Мраз е совршената активност за вас. Можете да ја направите и со вашите сакани или со вашите деца.rn

    Лав: Организирајте разменување на подароци

    rnИако постои мислење дека Лавовите мислат само на себе, ова не е точно. Тие сакаат внимание и да бидат главни, но истовремено и се грижат за луѓето околу нив. Совршената комбинација на овие одлики е организирањето на разменување на подароци. Можете да го направите со колеги, пријатели или со вашето семејство. Овие забави се одлични, а нема да ве чинат многу.rn

    Девица: Волонтирајте

    rnДевиците сакаат да им служат на другите, а ова е одлично за празничната сезона. Одлична активност за вас е волонтирањето. Распрашајте се во вашиот град каде има потреба од помош и понудете ги вашите вештини.rn

    Вага: Направете божиќна посета на сите барови

    rnВагите се социјални личности и сакаат да уживаат во нештата без да брзаат. Често празничната сезона е полна со социјални настани – забави со семејството, колегите, пријателите… Но можете да направите уште повеќе. Организирајте си посета на сите барови во вашиот град. На овој начин ќе запознаете многу луѓе, а можеби и ќе го откриете вашето ново омилено место.rn

    Скорпија: Уживајте во шолја какао со близок пријатели

    rnСкорпиите се мистерија за надворешниот свет и не сакаат да бидат отворени. Сепак, вие сте им навистина лојални на луѓето на коишто им верувате. Искористете ја оваа можност да испиете шолја какао со некој ваш близок пријател.rn

    Стрелец: Направете празничен коктел

    rnАко сте Стрелец, вашата имагинација е навистина развиена. Искористете ја креативноста овој месец и направете ваш празничен коктел. Одберете ги омилените состојки и предизвикајте се да ги претворите во нешто неверојатно.rn

    Јарец: Направете колачиња по некој стар рецепт

    rnЈарците ги сакаат традициите и правилата и понекогаш се наречени стари души. Вие го цените она што го знаете, па одлична активност за вас овој месец е да направите колачиња по некој традиционален рецепт. Инспирација можете да најдете на Интернет, а можете и да ги прашате вашите баба или мајка за некој нивен рецепт.rn

    Водолија: Лизгање на мраз

    rnВодолиите сакаат сами да го создаваат нивниот пат со нивни пресврти. Поради ова, совршената активност за вас е лизгање на мраз. Можете да го посетите лизгалиштето во вашиот град, или ако се наоѓате на постудено место, да најдете некое на отворено.rn

    Риби: Уживајте во природата

    rnСе вели дека Рибите постојано се чувствуваат како дел од нив да сака да избега од реалноста. Понекогаш празниците се период кои бараат премногу од вас, па најдоброто нешто што можете да го направите е да излезете надвор и да избегате од сè. Најдете некое место во близина на вашиот дом, уживајте во природата и смирете го вашиот ум.rnrnБидејќи наближува и дочекот на Нова година, погледнете што прават хороскопските знаци на новогодишната ноќ.

  • За да бидете безгрижни во 30-тите, сами направете ги овие 9 нешта во вашите 20-ти

    За да бидете безгрижни во 30-тите, сами направете ги овие 9 нешта во вашите 20-ти

    Она што брзо ќе го научите во вашите 20-ти е дека постои голема разлика помеѓу тоа да правите нешто сами и да бидете осамени. Да правите нешто сами значи да поминувате квалитетно време со себе. Наоѓате простор за растење, учење и создавате сеќавања со личноста што ви е најдобар пријател – вие. Во текот на оваа деценија од вашиот живот ќе сфатите дека треба да направите неколку нешта сосема сами.rnrnЗа да бидете безгрижни во 30-тите, сами направете ги овие 9 нешта во вашите 20-тиrnrnДосега веројатно сте слушнале дека не треба да се споредувате со другите. Секој има свој пат и ужива во животот на свој начин. Некој можеби се венчал, а некој патува без воопшто да мисли на врска. Без разлика која е вашата верзија на 20-тите, тоа е сосема во ред.rnrnДа можете сами да правите некои работи ќе ви покаже дека сами си го градите животот. Живеете во 20-тите додека полека се подготвувате за 30-тите. Подгответе се правејќи ги овие работи сами.rn

    1. Јадење во ресторан или одење на кафе

    rnОдењето сами во ресторан или кафетерија всушност е наградувачко. Сте седнале и сте уживале во храната со ваше темпо, истовремено гледајќи ги луѓето околу вас. Можеби и скришум ќе им го слушнете разговорот на некои. Во ваша одбрана, сигурно зборувале прегласно.rn

    2. Закажување

    rnСамите да закажете нешто значи дека сте ја совладале оваа деценија од вашиот живот. Понекогаш навистина е тешко да му се јавите на заболекарот за да закажете преглед. На почетокот не сте биле сигурни што да кажете, но штом сте закажале еднаш, сте почнале сами да правите многу работи. Сте почнале да се однесувате „возрасно“ дури и за наједноставните нешта, а ова ќе ви помогне да имате безгрижна иднина.rn

    3. Останување дома во сабота навечер

    rnДа останете дома за викенд и да поминете квалитетно време со себе понекогаш е тешко. Па, ако сте ја совладале оваа задача, заслужувате аплауз. Вистината е дека само што сте откриле како самите да се забавувате и кога да одбивате покани. Сте отвориле цела врата со можности. Одеднаш имате повеќе време да ги правите нештата што ви причинуваат вистинско задоволство.rn

    4. Одење на свадба

    rn20-тите се чуден период од животот бидејќи некои од луѓето што ги познавате почнуваат да стапуваат во брак и да имаат деца. Можеби сте едни од нив, а можеби уживате во сингл животот. Во овој период не постои правилно нешто кога станува збор за врските и љубовта. Помеѓу сите момински забави и свадби, барем еднаш сте отишле сами. На почетокот можеби ви било неудобно, но сте сфатиле дека не е толку лошо кога танцувате само со пријателите до утро.rn

    5. Одење на фитнес

    rnВистинско искуство е самите да отидете на фитнес, јога, танцување и слично. Се обидувате да ги постигнете вашите лични цели станувајќи дел од некоја група. Овде наоѓате атмосфера која е фокусирана на вас и на вашата поврзаност со другите. Ако сте го направиле ова, знаете како да се вклопите во вашето опкружување и сте ја научиле уметноста на пробувањето нешто ново.rn

    6. Создавање нови пријателства

    rnВо 20-тите пријателите доаѓаат и си одат. Можеби ќе изгубите контакт со познајниците од средно, или ви се разделиле патиштата со пријателите од факултет. Ова е неизбежно, но вие знаете како да создадете нови пријателства. Можеби сте се запознале во некоја дискотека или на новото работно место. Сте научиле да се движите со текот, да им пријдете на луѓето со отворен ум и да започнете разговор.rn

    7. Летање со авион

    rnСамите да се качите во авион и да одите негде звучи навистина страшно. Иако можеби на крајната дестинација ве чека некој, сепак дотаму сте стигнале сами. Не е лесно да се снаоѓате низ станиците и аеродромите, но вие сте способни за тоа.rn

    8. Одбирање облека за на состанок

    rnНајверојатно постојано се консултирате со пријателките за облеката што ја носите на состанок. Работите заедно за да го добиете најдобриот изглед. Сите имаат мислење кое понекогаш е слушнато, а некогаш целосно игнорирано. Сред целиот овој хаос, сте научиле сами да ја одбирате облеката и да го носите она што го сакате. Никогаш не е лошо да добиете второ мислење, но понекогаш треба да имате и ваш стил.rn

    9. Живеење без цимери

    rnКога сте во 20-тите, можно е да живеете на сите страни. Некогаш сте во студентски, некогаш во стан со цимери, а некогаш се враќате дома кај родителите. Конечно сте одлучиле дека сакате ваше место па или купувате, или изнајмувате. Кога живеете сами ќе научите многу нешта. Ќе почнете навреме да ги плаќате сметките, ќе научите да готвите и ќе имате време за себе.rnrnЌе влезете во вашите 30-ти без никаква грижа на совеста бидејќи знаете кои сте и знаете дека сте способни самите да направите многу нешта. Можеби сте поподготвени за 30-тите отколку што мислевте.rnrnПогледнете и кои грешки е добро да ги направите во вашите 20-ти.

  • Наместо да гледате телевизија, правете ги овие 10 нешта откако ќе се вратите од работа

    Наместо да гледате телевизија, правете ги овие 10 нешта откако ќе се вратите од работа

    По неколку напорни состаноци, викања од шефот и сообраќаен метеж, сигурно едвај чекате да стигнете дома и да седнете пред телевизор. Можеби ќе ја пуштите омилената серија, а можеби со часови ќе вртите низ каналите. Но, дали е ова правилен начин да го потрошите вашето скапоцено време?rnrnНаместо да гледате телевизија, правете ги овие 10 нешта откако ќе се вратите од работаrnrnДенес може да биде вистински предизвик да најдете време само за себе. Постојано сте зафатени, па наместо залудно да го трошите и она малку слободно време што го имате, зошто да не го искористите за нешто корисно? Погледнете ги 10-те активности со кои би можеле да го замените гледањето телевизија.rn

    1. Станете учител

    rnУчител не е личноста којашто знае сè, туку личноста којашто може да ве научи на сè што знае. Па без разлика колку сте добри во нешто, секогаш можете да го пренесете вашето знаење на некој друг. Ако на пример сте добар готвач, зошто да не научите уште некој како да се снајде во кујната? Ова ќе ви помогне да ја зголемите вашата самодоверба.rn

    2. Прочитајте книга

    rnЛидерите се читачи, па наместо да го трошите времето пред телевизор нека ви стане навика секојдневното читање. Вистинска магија е да соберете нечие животно искуство само со неколку часа читање. Одбирајте книги за мотивација и самопомош коишто ќе ви помогнат да напредувате.rn

    3. Бавете се со уметност

    rnОткако ќе се вратите од работа почнете да цртате, да пеете, да танцувате или научете да свирите на некој музички инструмент. Секој вид креативно изразување е одличен начин да се ослободите од стресот.rn

    4. Медитирајте

    rnНишто нема да ве релаксира како 10-минутна медитација. Ова е најдобрата ментална вежба со којашто ќе го смирите вашето тело, ќе го релаксирате вашиот ум и ќе ја откриете моќта на внатрешниот мир.rn

    5. Придружете се на некоја група

    rnДенес е навистина лесно да најдете група луѓе со кои имате исти интереси и да ги споделите вашите искуства. Разговорот со истомисленици е многу подобар од бесцелното гледање телевизија.rn

    6. Почнете да пишувате

    rnНема потреба да станете следниот Пауло Коелјо. Без разлика дали имате бујна фантазија и дали сте добри во пишување, обидете се да го вметнете пишувањето во секојдневниот распоред.rn

    7. Домашни обврски

    rnСигурно веќе знаете дека домот бара секојдневно чистење, па правете го тоа наместо да гледате телевизија. Ќе се изненадите од менталното ослободување што ќе го доживеете откако ќе го исчистите просторот во којшто живеете.rn

    8. Излезете со пријателите

    rnКолку време поминало од последната средба со вашите пријатели? Сега е вистинскиот момент да излезете од удобната зона и да го активирате вашиот социјален живот.rn

    9. Поминувајте време со семејството

    rnДигиталниот свет целосно ја намали интеракцијата со реалниот свет, па важно е да ги одредите вашите приоритети. Откако ќе се вратите од работа, подобро е да поминете малку време со вашето семејство наместо да гледате телевизија.rn

    10. Едноставно седете и восхитувајте ѝ се на природата

    rnАко не сте подготвени за ниту една од наведените активности, тогаш едноставно одете негде, седете во тишина и само восхитувајте ѝ се на природата.rnrnАко сакате да ја зголемите вашата продуктивност овие лесни техники ќе ви помогнат во тоа.

  • 5 активности што можете да ги сметате како вежбање и да ги правите секој ден

    5 активности што можете да ги сметате како вежбање и да ги правите секој ден

    Ако сте како повеќето луѓе, на крајот на напорниот ден сигурно повеќе сакате да се релаксирате со некој филм наместо да вежбате. Ако сте во тек со вестите за здравјето, сигурно веќе знаете дека бројни истражувања покажале дека физичката активност е еден од најдобрите начини да се грижите за вас.rnrn5 активности што можете да ги сметате како вежбање и да ги правите секој денrnrnОд намалување на ризикот за болести на срцето до подобрување на менталното здравје, јасно е дека редовното вежбање навистина прави чуда за вашето здравје. Па, како да останете активни кога едвај имате време да подготвите вечера или да се опуштите? Овие нешта нема да ви одземат многу време, но ќе ви помогнат да бидете активни секој ден.rn

    1. Танцувајте

    rnТанцувањето на омилените хитови не само што е забавно, туку е одличен вид вежбање. Ако уживате во танцувањето излезете во некоја дискотека или почнете да посетувате часови за танцување. Нема потреба да се присилувате да правите нешто што не го сакате кога можете да вежбате со активност во која навистина уживате.rn

    2. Забавувајте се со партнерот

    rnДа бидете активни не значи дека треба да го замените задоволството со болка. Ако не сакате да посетувате теретана, можете да го замените вежбањето со секс. Истражување од 2013-та година покажало дека сексот навистина може да се гледа како вежбање. Во истражувањето учествувале 21 млад пар и се споредувало количеството енергија што го трошеле во 30-минутно вежбање и енергијата што ја трошеле за време на секс. Резултатите покажале дека сексот понекогаш може да се смета за многу добра физичка вежба.rn

    3. Симнете се една станица порано

    rnЕдноставен начин да вметнете малку активност во секојдневниот живот е да пешачите повеќе од вообичаено. Ако најчесто патувате со јавен превоз, симнете се од автобусот една станица порано. Ако користите автомобил, секогаш можете да се паркирате малку подалеку. Ако врне ќе бидете присилени да одите побрзо, а ова е уште подобро за вас.rn

    4. Одете во супер маркет

    rnНосењето на кесите од вашиот шопинг исто така може да се смета како еден вид вежбање. Дури и наједноставното купување, транспортирање и средување на намирниците може да ве активира.rn

    5. Заборавете на доставата на храна

    rnДенес е навистина лесно да порачате храна што ќе ви ја донесат дома. Наместо да чекате достава, отидете и сами подигнете ја нарачката. Најдоброто е што не мора да одите премногу далеку. Едно истражување покажало дека дури и само една минута физичка активност има позитивно влијание на вашето здравје. Сигурно можете да одвоите барем толку време за пешачење.rnrnПробајте ги и овие мрзливи начини на „вежбање“ што ќе ја подобрат вашата фигура.

  • 19 забавни активности коишто ќе им помогнат на постарите лица да останат физички и ментално активни

    19 забавни активности коишто ќе им помогнат на постарите лица да останат физички и ментално активни

    Вашите златни години не се период кога не треба да правите ништо и да чекате да помине времето. Формулата за среќа е едноставна – останете во контакт со семејството и пријателите, грижете се за вашето здравје, забавувајте се и смејте се. Овие активности ќе ви помогнат да го постигнете тоа без разлика на вашата возраст.rnrn19 забавни активности коишто ќе им помогнат на постарите лица да останат физички и ментално активниrn

    1. Редовно посетувајте музеи за да продолжите со учење

    rnСекој град си има своја уметност, историја и култура. Еднаш месечно посетувајте некој град и неговите музеи. Нема потреба да чекате посебни изложби. На овој начин ќе научите многу, а секое парче уметност ќе го цените уште повеќе.rn

    2. Одете на часови по уметност за да го изострите умот

    rnТворењето е еден од најдобрите начини да го одржите мозокот активен. Кога цртате, сликате, фотографирате или пишувате поезија вие го предизвикувате и стимулирате вашиот мозок. Истражувањата покажале дека уметноста им помага на постарите луѓе во борбата против анксиозноста и депресијата.rn

    3. Одете на настани за сегашните случувања за да се чувствувате исполнето

    rnПолитиката не е за секого но добро е да бидете во тек и да имате можност да научите за светските предизвици и можности. Поставувајте прашања и вклучувајте се во дискусиите.rn

    4. Играјте мажонг за да го тренирате мозокот

    rnИграта мажонг потекнува од Кина и денес е навистина популарна ширум целиот свет. Се игра со четворица играчи што значи дека е социјална, стратегиска и забавна. Покрај тоа учењето на правилата ќе го активира вашиот мозок.rn

    5. Играјте карти за да го предизвикате мозокот

    rnБез разлика дали преферирате покер, бриџ или нешто друго, постои игра со карти за секого. Картите се одличен начин да се дружите и да го предизвикате вашиот ум.rn

    6. Посетете ја библиотеката и читајте повеќе книги

    rnБез разлика кој ви е омилениот жанр, читањето е забавно и прави чуда за вашиот мозок. Ја подобрува меморијата, го забрзува донесувањето одлуки, ја одолжува Алцхајмеровата болест и го намалува стресот.rn

    7. Пешачете за да останете здрави

    rnАко сакате да останете подвижни, независни и здрави во староста, почнете да пешачите. Пешачењето ја намалува болката во зглобовите, го зајакнува имунитетот и го намалува ефектот на гените коишто предизвикуваат дебелеење.rn

    8. Вежбајте за силно и флексибилно тело

    rnВежбањето не мора да биде обврска. Одберете вежби кои се добри за сила, рамнотежа и флексибилност.rn

    9. Спортувајте за да останете во форма

    rnАко вежбањето не е за вас, постојат други начини на кои можете да останете во форма. Многу постари личности продолжуваат со напорна физичка активност дури и во нивните 70-ти. Можете да пробате возење велосипед, скијање или тенис.rn

    10. Танцувајте за да се дружите и да останете флексибилни

    rnТанцувањето е забавна и социјална активност. Неодамнешните истражувања покажале дека танцувањето е најдобрата активност за зголемување на силата, подобрување на рамнотежата и спречување на стареењето на мозокот.rn

    11. Одете на чај и запознајте нови пријатели

    rnМожеби веќе не организирате забави во вашиот дом, но зошто да не ги поканите пријателите на чај, десерт и добар разговор? Одржувањето на пријателствата и социјалната мрежа е едно од најважните нешта за вашата среќа.rn

    12. Играјте друштвени игри и предизвикајте го мозокот

    rnНишто нема да ве размрда како натпревар. Друштвените игри се одличен начин да го предизвикате вашиот ум додека истовремено се забавувате и се дружите.rn

    13. Направете ваша градина и уживајте во процесот

    rnГрадинарството може да го направите предизвикувачко или едноставно. Можете да направите цела бавча, или да засадите само неколку цветови. Грижата за растенијата ќе ви предизвика голема среќа и ќе се чувствувате навистина горди на себе.rn

    14. Волонтирајте за да придонесете за вашата заедница

    rnСамо затоа што веќе не работите не значи дека не треба да придонесувате за вашата заедница. Волонтирањето ќе ви помогне да создадете нови врски, да се чувствувате поврзано и ќе чувствувате радост кога ќе се вратите дома.rn

    15. Забавувајте се со вашите внуци

    rnНишто не може да ве усреќи повеќе од младите. Грижата за вашите внуци ќе биде полна со љубов, а не заборавајте колку ќе им помогнете и на вашите деца. Можете да ги земате внуците на спиење секој викенд, или пак да ги носите на ручек еднаш неделно.rn

    16. Играјте игри со зборови и броеви за да се забавувате

    rnКрстозбори, судоку и сличните игри се одлични за предизвик. Некои истражувања покажале дека овие игри го изоструваат вашиот фокус, ја подобруваат меморијата и ви помагаат да се релаксирате.rn

    17. Продолжете да го работите она што го сакате

    rnМногу луѓе сметаат дека кога ќе постигнете одредена возраст треба да се пензионирате. Но постојат многу луѓе кои упорно работат во нивните 70-ти, 80-ти, па дури и 90-ти години од животот. Тие го сакаат она што го работат и тоа ги одржува во живот.rn

    18. Грижете се за милениче

    rnДокажано е дека миленичињата им помагаат на постарите да се чувствуваат подобро и го подобруваат нивното физичко здравје. Миленичињата се одлична придружба, а покрај тоа ќе ве натераат да останете активни и да се социјализирате со други луѓе кои чуваат животни.rn

    19. Вклучете се во социјален активизам и останете страсни

    rnОбично им дозволуваат на помладите да го променат светот, но и постарите имаат време да се вклучат. Покрај тоа мудроста и перспективата коишто сте ги добиле со годините можат да бидат совршен партнер за ентузијазмот и енергијата што доаѓаат со младоста. Вклучете се социјално и политички. Пишувајте му на локалниот весник, коментирајте, одете на состаноци. И вие можете да направите разлика.rnrnАко ви е потребна инспирација, овие старци ќе ви докажат дека ништо не е невозможно.

  • 11 интересни и уникатни работи што треба да ги направите ова лето

    11 интересни и уникатни работи што треба да ги направите ова лето

    Сите долго сонувавме за летото, а сега конечно е овде. Подготвени сме за сончеви денови и топли летни ноќи. Летото е период кога треба да размислите за вас и да го направите секој момент значаен. Наместо само да гледате како другите уживаат во летото, можете и вие да си испланирате некои уникатни активности. Секогаш постои начин да го извлечете најдоброто од летото, а овие предлози ќе ви помогнат во тоа.rnrn11 интересни и уникатни работи што треба да ги направите ова летоrn

    1. Дигитална детоксикација

    rnДодека сите ги објавуваат нивните последни фотографии од плажа, зошто да не одвоите време да се исклучите од Интернет? Предизвикајте се на дигитална детоксикација за еден викенд. На почетокот можеби ќе ви биде тешко, особено ако сте голем фан на социјалните мрежи, но подоцна ќе си бидете благодарни за одлуката.rn

    2. Печатени фотографии

    rnПоминете го викендот правејќи фотографии од омилените моменти со луѓето коишто ги сакате. Потоа упатете се до најблиското фото студио и испечатете ги фотографиите. Закачете ги во вашата соба, или поделете ги копиите со пријателите. Нема ништо како опипливо сеќавање.rn

    3. Музички концерти на отворено

    rnВо текот на летото без проблем ќе најдете музички концерти на отворено. Замислете да ја пеете вашата омилена песна додека го чувствувате сонцето на вашата кожа.rn

    4. Маратон за добротворни цели

    rnИстрчајте маратон за некоја добротворна цел. Ова ќе биде огромно физичко и ментално достигнување за кое секогаш ќе се гордеете.rn

    5. Организирајте ручек

    rnНаместо да одите во некој скап ресторан на ручек, испланирајте си ваш. Соберете ги пријателките и направете коктели. Секој нека си направи свој оброк, па ќе имате навистина голем избор.rn

    6. Посетете забавен парк

    rnНајдете го најблискиот забавен парк и одете на адреналинска авантура. Забавните паркови никогаш не се здодевни.rn

    7. Организирајте дегустација на вино

    rnДали некогаш сте помислиле на слепа дегустација на вино со пријателките? Секоја од вас нека купи разно вино, нека ја покрие етикетата, и потоа погодувајте за кои вина станува збор според нивниот вкус.rn

    8. Направете летна плејлиста

    rnИскрено, секој си има омилени песни што ги слуша одново и одново. Па ова лето одвојте време за да пронајдете нова музика и направете си плејлиста со песни кои не сте ги слушале претходно.rn

    9. Одете на пазар

    rnЗошто да не го посетите локалниот пазар ова лето? Ќе најдете многу свежа храна која ќе ви помогне да ги подобрите вештините во кујната.rn

    10. Организирајте лов по скриено богатство во друг град

    rnСекој сака добри загатки. Па, ослободете се од рецензиите и водичите и истражувајте ги новите места како лов по богатство. Ќе откриете нешта што другите често ги испуштаат, а истовремено ќе се предизвикате. Ова е одличен начин да се поврзете со семејството и пријателите.rn

    11. Разбудете се за изгрејсонцето

    rnКога последен пат сте се разбудиле доволно рано за да го гледате изгрејсонцето? Предизвикајте се ова лето да го направите тоа и пронајдете го најдоброто место за набљудување. Можеби ќе жртвувате неколку часови сон, но навистина ќе вреди.rnrnПробајте ги и овие предлози за летни авантури.

  • Најдобрите вежби за деца кои поминуваат премногу време пред екран

    Најдобрите вежби за деца кои поминуваат премногу време пред екран

    Сигурно имате помислено дека користењето технологија од страна на децата излегува од контрола. Секојдневно гледаме деца „залепени“ за екрани. Но, ако ги натерате децата да го остават таблетот и да излезат надвор да си играат, сигурно ќе наидете на отпор. За среќа, постојат некои активности во кои децата навистина ќе уживаат.rn

    1. Хулахоп

    rnНајдобрите вежби за деца кои поминуваат премногу време пред екранrnrnИако хулахопот воопшто не наликува на вежбање, тој е одличен за кардио. Ја подобрува координацијата, како и фокусот и концентрацијата. Уште подобро ќе биде ако успеете да најдете хулахоп што свети во темно. Сите деца сакаат работи што светат. Исклучете ги светилките во домот и направете мала забава со светлечки хулахопи.rn

    2. Влечење јаже

    rnНајдобрите вежби за деца кои поминуваат премногу време пред екранrnrnДецата ги сакат натпреварите. Влечењето јаже е одлично за зајакнување на стомачните мускули, бицепсите и листовите. Истовремено ќе се социјализираат и ќе работат на нивната издржливост. Уште поинтересно ќе биде ако играта ја играат по дожд. Можеби ќе се извалкаат со кал, но истражувањата покажале дека некои бактерии од почвата всушност се добри за здравјето.rn

    3. Боречки вештини

    rnНајдобрите вежби за деца кои поминуваат премногу време пред екранrnrnБоречките вештини се одлична вежба за децата. Тие ќе им помогнат да ги зголемат нивните самодоверба, фокус, издржливост и самодисциплина. Покрај менталните и емоционалните придобивки, боречките вештини се одлични за хиперактивните деца. Можеби ќе биде тешко да го најдете најдоброто училиште за боречки вештини, но потрагата навистина вреди.rn

    4. Качување по карпи

    rnНајдобрите вежби за деца кои поминуваат премногу време пред екранrnrnЛуѓето кои искачуваат карти се едни од најподготвените атлети. Со овој спорт се развива неверојатна сила и одлични мускули на рацете и нозете. Исто така за овој спорт е потребно и стратегиско размислување. Качувањето карпи се покажало како одлична терапија против анксиозност, депресија и ниска самодоверба.rn

    5. Пливање

    rnНајдобрите вежби за деца кои поминуваат премногу време пред екранrnrnПливањето е одлично за флексибилност, намалување воспаленија и зајакнување на коските. Повеќето деца навистина сакаат да си играат во вода со пријателите. Истражувањата покажале дека пливачите имаат 50% помали шанси за прерана смрт за разлика од другите спортисти. Па, пливањето буквално може да му го продолжи животот на вашето дете.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn