Секој хороскопски знак сака различни работи, па така е и со спортот. Секој човек обожава различни начини на рекреација и активност. Исто така, голема е разликата во начинот на мотивирање, како и желбата и упорноста која ја вложуваат. Прочитајте кој е идеалниот спорт за вашиот знак.rnrn
rn
Овен
rnЗа овенот секој спорт е одличен, важно му е само да го потроши вишокот енергија кој го има. Овенот е многу активен, па така на луѓето родени во овој знак не им е потребна дополнителна мотивација за да се занимаваат со некој спорт. Бокс, трчање, боречки вештини се спортови створени за овенот.rn
Бик
rnТешко дека некогаш ќе го видите бикот како се заморува без некоја особена причина. Тој ќе се бави само со оној спорт во кој ќе се заљуби. Обожава да вози ролери, да оди на пилатес и јога, но најдобар спорт за него е танцувањето. Во танцувањето дефинитивно најмногу уживаат претставниците на овој знак.rn
Близнаци
rnБлизнакот најмногу на свет обожава тенис. Секој спорт кој бара активност на горниот дел од телото и рацете е одличен за претставниците на овој знак. Исто така на листата можат да се вбројат и одбојка, ракомет и пинг-понг.rn
Рак
rnРаковите обожаваат да пливаат или да се бават со некој друг вид рекреација која не бара да бидат во близина на многу непознати лица. Исто така и нуркањето, кајакарењето, сурфањето и сите други спортови поврзани со вода се одлични за нив. Меѓутоа, раковите треба да бидат многу мотивирани бидејќи им е навистина тешко да се откажат од удобното седење дома. Но, од друга страна вешти се да натераат некој друг да стане поактивен. Токму затоа тие се подобри тренери, отколку спортисти.rn
Лав
rnЛавовите не се некои големи љубители на спортот. Повеќе сакаат да одмораат и да спијат. Сакаат спортови во кои можат да бидат предводници, па затоа не обидувајте се да ги претекнете на патека или да имате повеќе погодоци во метата за стрелање. Обожаваат да се натпреваруваат, а изреката „важно е да се учествува“ не важи за нив. За лавовите важно е само да се победи!rn
Девица
rnДевицата сака да се занимава со некој спорт, но не претерува во тоа. Обично сака необични спортови. На претставниците на овој знак многу им е важно каква опрема користат. Кога ќе почнат нешто да тренираат, не се откажуваат лесно и не се од оние кои секоја недела менуваат нов спорт. Тие се способни до крајот на животот да се бават со еден спорт. Водат здрав живот и токму затоа најчесто се занимаваат со спортови кои можат да ги прават во природа како што се брзо одење, трчање, голф, планинарење, а добри се и во фудбал.rn
Вага
rnВагата сака да се бави со спорт кој не бара вложување многу напор. На физичката активност гледаат како начин кој може да им го подобри физичкиот изглед. Доколку качат некое кило, веднаш се качуваат на велосипедот. Обожаваат да танцуваат и секој спорт кој е забавен или кој вклучува музика. За нив најпрепорачливо е да се бават со гимнастика.rn
Скорпија
rnСкорпиите сакаат боречки вештини и сите останати спортови во кои можат да си ја потрошат енергијата која ја имаат во неверојатно големи количини. Понекогаш делуваат и како да се неуморни. Карате, јога, пливање, па дури и лов се омилените спортови на скорпиите. Успешни се во стрелаштво, а сакаат и да се „билдаат“ во теретана.rn
Стрелец
rnОвој знак го краси спортскиот дух. Стрелецот обожава трчање, но и екстремни спортови. Единствена мана му е тоа што многу лесно се откажува. Кошарката и одбојката се како создадени за него. Тој сака да ги проба сите спортови, а неретко тренира и повеќе истовремено.rn
Јарец
rnМногу е тешко помеѓу успешните спортисти, да пронајдете јарец. Тие баш и не сакаат да се бават со спорт. Со рекреација се занимаваат само ако мораат или од здравствени причини. Она што најмногу им лежи е планинарење, трчање на долги патеки и качување по карпи.rn
Водолија
rnВодолијата обожува екипни спортови. Дружењето е основната мотивација за нив. Мал фудбал, кошарка, но и екстремни спортови се идеални за нив. Доколку се дружат со пасивни луѓе или ако екипата нема тимски дух, тогаш ни тие не се активни. Во ваков случај тие ќе се задоволат со видеоигра на компјутер и ќе се натпреваруваат онлајн.rn
Риби
rnРибите многу се грижат за своето тело. За нив одлични спортови се пливањето, ватерполо и сите други спортови поврзани со вода. Не само што секогаш се најуспешни во овие спортови, туку можат да работат и како спасувачи на плажа. Исто така рибите сакаат џогинг, јога и слични „лесни“ активности кои го унапредуваат телото и духот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rn
rnrnОва доживување најчесто се поврзува со нешто за коешто вашиот свесен ум не знае дека постои. Но, можеме да се сретнеме и со уште почуден начин на појавување на овие скриени мисли. На пример, кога одеднаш ќе се сетите на збор или фотографија која нема никаква врска со она за што сте размислувале. Како зборот „портокал“ или замислување на ренде. Тие мисли изгледаат уште почудно бидејќи немаат никаква поврзаност со некое минато искуство, место или личност – мисла без никаква автобиографска основа.rnrnИ покрај тоа што мал дел од луѓето никогаш не се соочиле со вакви искуства, во едно истражување психолозите откриле дека голем број од луѓето имаат вакви мисли барем еднаш дневно. Тие најчесто се појавуваат за време на рутински активности, како додека одите по улица, си ги миете забите или пак, додека се облекувате. Тие исто така се појавуваат и кога вашето внимание е намалено.rnrnЗа некои од овие скриени мисли може да се пронајде причината. Психологот Лија Квавилашвили дава кратко објаснување на оваа тема со свој пример:rnrn
rn
Со цел да се истражи што се случува во мозокот кога се соочуваме со проблем, во текот на истражувањето направени се три групи од испитаници. Испитаниците требало да одберат замислен автомобил, а изборот би требало да биде базиран на повеќе критериуми, желби и потреби. Оние од првата група морале да одберат веднаш, без многу размислување, и секако не поминале баш најдобро во изборот. На испитаниците од втората група им било дадено многу време за размислување со цел да се сконцентрираат единствено на поставената задача. Но и нивниот избор не бил добар. На оние од третата група исто така им била дадена задачата, но им била дадена и друга задача за да им го одвлече вниманието. Изненадувачки, нивната одлука била најдобра.rnrnШто всушност се случило со испитаниците од последната група? Втората задача што им била дадена, психички не ги оптоварила премногу и не барала многу ментална енергија, па им дозволувала потсвесно да работат на првиот проблем. Со други зборови, кога мозокот добива втора задача, потсвесно продолжува да размислува и за првата, но доволно за да не се преоптовари носејќи погрешни одлуки. Затоа најдобро е за момент да се дистанцираме од главниот проблем, да се фокусираме на нешто помалку важно за да ги ослободиме мислите. Најчесто премногу размислување за одредена работа е токму она поради кое носиме погрешни одлуки.rnrn
За да се донесе ваквиот заклучок, мозокот е спореден со другите мускули во телото. Исто како што на мускулите им е потребен одмор по физичката активност, така и на мозокот му е потребен одмор по психичка активност. Но, треба да се најде границата кога би требало да се одмориме од менталната активност, а кога да продолжиме.rnrnКако и да е, подолгата ментална активност некогаш резултира со поголема продуктивност бидејќи влегуваме во шема и немаме потреба од пауза. Паузата треба да се направи во оној момент кога се форсираме себеси и покрај тоа што чувствуваме замор. Едно истражување покажало дека спиењето после учење носи многу придобивки за помнењето. Така податоците примени во мозокот се разработуваат и складираат. Можеби во денешниот свет каде се верува дека преопторувањето со обврски и работењето повеќе часови секогаш резултира со успех, треба да се примени фактот дека на мозокот му се потребни паузи за неговата продуктивност да биде поголема.rnrn






rnrn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn