КАФЕ ПАУЗА

Tag: активни

  • Дали вашиот хороскопски знак е активен или рецептивен?

    Дали вашиот хороскопски знак е активен или рецептивен?

    Секој хороскопски знак има своја единствена енергија, квалитет и сила. Во астрологијата, тие се поделени во различни категории. Истражувањето на овие категории може да ви помогне подобро да ги разберете вашиот и другите хороскопски знаци. Наједноставното место од кое можете да започнете е да се запознаете со двете двојности во астрологијата.rnrnДали вашиот хороскопски знак е активен или рецептивен?rnrnОва може да ви даде општа идеја за нивото на енергија на секој хороскопски знак. Сите хороскопски знаци се поделени во две множества на двојност, кои се познати и како поларитети или бинарни елементи. Кога ќе го погледнете хороскопското тркало, ќе забележите дека двојностите го исклучуваат секој втор знак, што укажува на проток на одредени енергии додека планетите патуваат низ Зодијакот. Тоа исто така значи дека соседните знаци се секогаш дуално спротивни. За секој хороскопски знак се смета дека има позитивен или негативен енергетски полнеж, кој исто така е опишан како активен наспроти рецептивен. Овој однос е донекаде сличен на концептот на јин и јанг. Активните хороскопски знаци се повеќе насочени кон акциите и мислите, а рецептивните се фокусирани на емоциите и сетилните искуства.rn

    Активни хороскопски знаци

    rnАктивни хороскопски знаци се огнените и воздушните знаци – Овен, Близнаци, Лав, Вага, Стрелец и Водолија. Тие се опишани и како позитивни знаци, но исто така и како машки – иако машки не се однесува на полот, бидејќи секој од нас има спој на машка и женска енергија во нас. Овие хороскопски знаци имаат тенденција да бидат повеќе друштвени, ориентирани кон акција и фокусирани на надворешната област на мислата и движењето. Тие се однесуваат кон светот на динамичен и активен начин и полесно преземаат иницијатива во животот. Луѓето родени во овие хороскопски знаци се побрзи и поотворени кон сè околу нив и целата своја енергија ја насочуваат кон надворешниот свет.rn

    Рецептивни хороскопски знаци

    rnРецептивни хороскопски знаци се земјените и водените знаци – Рак, Бик, Девица, Скорпија, Јарец и Риби. Тие се опишани и како негативни и како женски знаци. Зборот негативни нема лош контекст, туку едноставно значи дека енергијата на овие хороскопски знаци е повеќе насочена кон внатрешноста. Овие хороскопски знаци имаат тенденција да бидат поинтроспективни, попасивни и насочени кон внатрешната област на своите чувства и сетила. Тие се однесуваат кон светот на понежен и побавен начин. За разлика од активните хороскопски знаци, овие луѓе секогаш прво ќе дојдат во контакт со своето емоционално искуство, пред да донесат какви било одлуки или да преземат одредени активности.rnrnПрочитајте со кои хороскопски знаци многумина не сакаат да излезат повторно.

  • 20 знаци дека сте успешни иако не сте свесни за тоа

    20 знаци дека сте успешни иако не сте свесни за тоа

    Сите имаме периоди во животот кога чувствуваме дека тапкаме во место и дека не го даваме најдоброто од себе. Многу често не сфаќаме колку сме направиле и колку далеку сме стигнале. Доколку токму така се чувствувате во моментов, само размислете дека можеби сте успешни, но не сте свесни за тоа. Ова се 20 знаци дека сте постигнале многу повеќе отколку што мислите.rnrn20 знаци дека сте успешни иако не сте свесни за тоаrn

    1. Не дозволувате платата да ве ограничува и преокупира

    rnМожеби не можете да си ја дозволите најскапата марка часовник во моментов, но барем не се грижите како ќе сврзете крај со крај до следната плата. Знаете дека секогаш може да добивате повеќе и дека во природата на човекот е ништо да не му е доволно, па затоа сте научиле да бидете среќни со она што го имате. Тоа значи дека не само што сте научиле како правилно да ги распоредувате парите за да не влезете во „дупка“, туку и знаете како да бидете задоволни и среќни без постојано да мислите на пари.rn

    2. Не сте опседнати со потребата да се докажете

    rnРетко кога вашите реченици почнуваат со „јас“ и слушате повеќе одошто зборувате. Не чувствувате потреба да се докажете и покажете, едноставно сфаќате дека другите се оние кои треба да ги увидат вашите позитивни страни и вредности. Честитки, бидејќи успешен е токму оној кој нема потреба да се покаже и издигне себеси за да си го нахрани сопственото его.rn

    3. Не драматизирате како порано

    rnЗнаете за неколку минути да се спакувате за викенд надвор од градот, умеете да поднесете доза на несовршенство без да експлодирате од бес и не си ги сфаќате работите толку сериозно. Ако порано драматизиравте за секоја ситница, сега едноставно верувате во себе и знаете дека сè ќе излезе како што треба.rn

    4. Имате план

    rnЕдноставно знаете каде одите, кон што се движите, имате слика за себе по една година и знаете што сакате да остварите. Бидете горди на тоа, бидејќи има многу луѓе кои не знаат што сакаат и кои просто немаат план за себе.rn

    5. Сакате да учите нови работи

    rnПостојано сте жедни за знаење и искуство па ја користите секоја можна шанса. Ништо нема да ве запре и отворени сте на сè што е ново и корисно. Вашата желба за надградување е нескротлива и тоа само по себе е успех.rn

    6. Ранобудници сте

    rnСтанувате рано со нескротлива желба да го освоите претстојниот ден наместо нескротлива мрза да останете во кревет.rn

    7. Често сте социјално активни

    rnМожеби не ви се излегува во секој момент, но многу често сте во интеракција со колеги, пријатели и роднини. Пријателските врски не само што придонесуваат за хармоничен живот, туку ве носат до нови познанства, ги шират вашите видици и ви помагаат да оформите корисни врски за во иднина. Потребните контакти нема да ви затропаат на врата, треба да ги најдете сами.rn

    8. Ги почитувате луѓето

    rnБез потреба да потцените некого за да се издигнете себеси, вие сте доволно исполнети за да ги вреднувате луѓето околу вас и во секого да најдете нешто позитивно.rn

    9. Им помагате на другите

    rnВашата емпатија придонесува за вашиот хуман однос кон луѓето што ве исполнува и ви дава вредност во очите на другите.rn

    10. Водени сте од страста за животот

    rnНе знаете што е меланхолија. Вие како да сте приклучени на струја, едноставно итате кон успеси, знаења и унапредување. Тоа е страста која ја чувствувате за она што го работите и општо за животот.rnrn

  • Забавна Фејсбук статистика

    Забавна Фејсбук статистика

    Како одминува времето, светската социјална мрежа Фејсбук станува сè поголем гигант. Како што покажаа статистиките, Фесјбук успеал да го надмине дури и неприкосновениот Гугл, во посетеност на територијата на САД. Ова е дел од неверојатната статистика на Фејсбук, која говори за неговата вртоглава успешност. Податоците се од крајот на 2010 година.Забавна Фејсбук статистика

    rnrn

      rn011

    • Има повеќе од 500 милиони активни корисници.
    • rn011

    • Повеќе од 50% од активните корисници се конектираат на Фејсбук секој ден.
    • rn011

    • Просечниот корисник има 130 пријатели.
    • rn011

    • Луѓето на Фејсбук поминуваат 700 милијарди минути во еден месец.
    • rn011

    • На Фејсбук има повеќе од 900 милиони групи, заедници, страници, настани…
    • rn011

    • Просечниот корисник е приклучен на 80 заедници, групи и настани.
    • rn011

    • Секој месец се споделуваат повеќе од 30 милијарди содржини (линкови, вести, блог постови, фотоалбуми, белешки…).
    • rn011

    • Фејсбук можете да го користите на 70 јазици.
    • rn

    rnЗабавна Фејсбук статистикаrn

      rn011

    • Скоро 70% од корисниците живеат надвор од САД.
    • rn011

    • На Фејсбук моментално има повеќе од 550.000 активни апликации.
    • rn011

    • Повеќе од 1 милион веб-сајтови се имаат поврзано со Фејсбук.
    • rn011

    • Има повеќе од 200 милиони активни корисници кој пристапуваат на Фејсбук преку нивните мобилни уреди.
    • rn011

    • Луѓето кои го користат Фејсбук на нивните мобилни уреди, се два пати поактивни од останатите корисници.
    • rn011

    • Фејсбук е проценет дека вреди помеѓу 7,9 и 11 милијарди долари (и цената постојано расте).
    • rn

    rnЗабавна Фејсбук статистикаrn

      rn011

    • Во Фејсбук има повеќе од 1.700 вработени.
    • rn011

    • Повеќе од 20 милиони луѓе стануваат фанови на Фејсбук страници секој ден.
    • rn011

    • Просечниот корисник поминува 55 минути дневно, конектиран на Фејсбук.
    • rn011

    • 55% од жените прикачуваат повеќе содржини на нивните ѕидови отколку мажите.
    • rn011

    • Секој месец се прикачуваат повеќе од 3 милијарди слики.
    • rn011

    • САД е земја со најмногу Фејсбук корисници (повеќе од 143.500.000).
    • rn011

    • Повеќе од 250 апликации имаат над 1 милион активни корисници.
    • rn011

    • Доколку Фејсбук беше држава, таа ќе беше трета по големина.
    • rn

  • Надворешниот изглед на Скорпијата

    Надворешниот изглед на Скорпијата

    Општи карактеристики

    rnСкорпијата лесно можете да ја препознаете врз основа на нејзините физички карактеристики, бидејќи постојат неколку фактори кои го прават овој знак доста препознатлив и специфичен.rnrnИма два типа на Скорпии. Едниот тип се ситни со нежни црти на лицето. Другиот тип се покрупни, а нивните црти се истакнати и јаки. Носот на Скорпиите е најчесто прав, без грпка и не е подвиткан навнатре на крајот. Напротив, пропорционално се стеснува на врвот.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Скорпиите во профил

    rnПрофилот на Скорпиите е најчесто многу правилен. Повторно ќе спомнеме, нивниот нос е прав и испакнат и делува како буквално да го покажува правецот на нешто кон кое Скорпијата сака да ви го привлече вниманието. Впрочем, еден од симболите на хороскопскиот знак Скорпија, е орелот.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Очите на женските Скорпии

    rnБез разлика на бојата на очите, очите на жените родени во знакот Скорпија се предизвикувачки, впечатливи и специфични. Ќе ги препознаете овие очи бидејќи тие изгледаат како стаклени. Очите се заштитен знак на Скорпијата, бидејќи ги штитат нејзините мисли. Додека таа ве освојува со нејзиниот „убиствен“ поглед, вие ќе бидете немоќни да сфатите што се крие зад нив.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Очите на машките Скорпии

    rnМашките претставници на овој знак, ја делат истата карактеристика со женските – „стаклениот поглед“. Кога гледате во неговите очи, е исто како да се гледате себеси во огледало. Овие очи ќе ве натераат да останете да гледате во нив подолго време, за да се трудите залудно да ги откриете неговите мистериозни мисли.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Секогаш во акција

    rnСкорпијата е борбен знак, кој ужива екстремно да се напрега за да си докаже себеси дека ќе успее да го реализира тоа што доволно го посакува. Можеби звучи како карактеристика која не би посакале да ја имате, но во суштина таа е многу здрава за Скорпијата. Скорпиите во себе кријат толку многу емоции и во остварувањето на нивните планови и цели тие мораат да се туркаат себеси до работ, со цел да се чувствуваат здраво. Во спротивно, можат да им се случат непосакувани психолошки блокади.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Омилени бои на Скорпијата

    rnСкорпиите ја сакаат црната боја и тие често се облекуваат од глава до петици во оваа боја. Црната боја во светот на модата е често нарекувана „никаква боја“, но Скорпијата умее да ја култивизира и носи на еден префинет начин, кој ѝ дава елеганција и грациозност и ѝ помага да ја истакне нејзината „рендгенска визија“. Луѓето родени во овој знак, ја преферираат оваа боја, бидејќи им помага да бидат „невидливи“. Скорпиите најчесто имаат и дузина виолетови парчиња облека.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrnrnЦрвена е уште една омилена боја на Скорпиите, но не е нивни чест избор за облека. Управувана од планетата Марс, скорпијата облекува црвена облека кога е подготвена и решена да стапи во акција.rn

    Искрена насмевка

    rnКога Скорпијата се смее, таа се смее од срце. Нејзината искрена насмевка е широка и прави да се чусвтвувате добредојдени во нејзина близина.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Сексапил со кој е тешко да излезете на крај

    rnДури и кога не се трудат да бидат секси, овие луѓе имаат некоја магнетска привлечност од која блика сексуална енергија. Друг клучен фактор за нивната „сексуалност“ е тоа дека тие на некој начин изгледаат „опасно“. Генерално, на Скорпиите опасноста им претставува предизвик.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrn

    Љубопитни истражувачи

    rnСкорпијата не можете, а да не ја забележите, бидејќи тој/таа или ќе зјапа во нешто, напнато ќе се обидува да пронајде нова тема за размислување, ќе пишува или фуриозно ќе црта. Многу припадници на овој знак работат како адвокати, детективи или во ургентна служба, бидејќи им е удобно да се справуваат со „темната страна“ на животот.rnrnНадворешниот изглед на скорпијатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.