КАФЕ ПАУЗА

Tag: актери

  • Кога славните глумат историски личности

    Кога славните глумат историски личности

    Можете ли да ја замислите Линдзи Лохан во улогата на Елизабет Тејлор или Ештон Кучер во улогата на Стив Џобс? А дали знаевте дека ликот на Боб Дилан ќе го толкува актерката Кејт Бланшет?rnrn

    Кога славните глумат историски личности
    Џулијан Мур како Сара Пејлин
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Вал Килмер како Џим Морисон
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Леонардо ди Каприо како Едгар Хувер
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Ентони Хопкинс како Алфред Хичкок
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Линдзи Лохан како Елизабет Тејлор
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Мишел Вилијамс како Мерлин Монро
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Роберт Дауни Џуниор како Чарли Чаплин
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Гери Олдман како Сид Вишос
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Хилари Свонк како Амелија Ерхарт
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Виго Мортенсен како Зигмунд Фројд
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Мерил Стрип како Џулија Чајлд
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Даниел де Луис и Бенџамин Вокер како Абрахам Линколн
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Џаред Лето како Марк Дејвид Чепман
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Андре 3000 како Џими Хендрикс
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Мерил Стрип како Маргарет Тачер
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Ештон Кучер како Стив Џобс
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Филип Симор Хофман како Труман Капоте
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Чарлиз Терон како Ејлин Ворнос
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Дензел Вашингтон како Малколм Икс
    rnrn
    Кога славните глумат историски личности
    Кејт Бланшет како Боб Дилан
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куса турнеја низ холивудската историја

    Куса турнеја низ холивудската историја

    „Прошетајте“ низ Холивуд и откријте што се случувало зад филмското платно, како легендарните актери ги снимале познатите сцени, односно што сè се крие зад беспрекорниот филмски свет. Можеби ќе прочитате и по некој факт за вашиот култен филм, на кој досега не сте налетале…Куса турнеја низ холивудската историја1. Прв холивудски филм е „Во старата Калифорнија“ (In Old California, 1910), на режисерот Д. В Грифит. Станува збор за биографска мелодрама за млада шпанска девојка (Мерион Леонард), која има вонбрачен син со идниот гувернер на Калифорнија. Филмот е снимен за само два дена.rnrn2. Кога Хорас и Дајида Вилкокс во 1887 година го основале Холивуд се надевале дека тој ќе прерасне во религиозна заедница. Го искористиле времето на прохибицијата, кога со забраната на алкохолот, властите почнале да нудат бесплатно земјиште за оние што ќе изградат религиозни објекти.rnrn3. За снимање акции со коњи, на почетокот бил користен ефектот „Running W“, односно сопнување со жица. Начинот се покажал како нехуман, бидејќи голем број од животните завршувале со скршеници. Тоа е веќе одамна забрането.rnrn4. Најфилмуван автор е Вилијам Шекспир, со најголем број филмски верзии и адаптации на неговите дела.rnrn5. Најчесто портретиран лик во хорор филмовите е грофот Дракула, создаден од ирскиот писател, Брам Стокер (1847-1912).Куса турнеја низ холивудската историја6. Најстариот познат американски порнографски филм е „Free Ride“, снимен во 1915 година.rnrn7. Првиот Афроамериканец кој добил главна улога во игран филм е Сем Лукас (1850-1916), во „Колибата на чичко Том“ (1914). Првиот Афроамериканец пак, кој направил богата кариера во филмската индустрија е Нобл Џонсон (1881-1978).rnrn8. Холивудска ѕвезда со најмногу главни улоги во играни филмови е Џон Вејн. Се појавил во 153 филмски остварувања. Актер пак, со најмногу појавувања на филм, без разлика на улогата, е Џон Кередин (1907-1979). Добил дури 230 улоги.rnrn9. Во познатата филмска сцена од „Кум“ (1972), врисокот на актерот Џек Волц е спонтан, бидејќи тој не знаел за отсечената коњска глава во неговиот кревет, која пак била вистинска. Главата од животното била позјамена од страна на компанија за производство на кучешка храна. Ваквата пракса за потребите на филмот, во тој период била легална.rnrn10. Анет Келермен (1887-1975) е првата актерка која се појавила гола во филм. Станува збор за филмот „Ќерка на боговите“ (A Daughter of the Gods, 1916).Куса турнеја низ холивудската историја11. Во 1923 година е поставен првиот знак „HOLLYWOODLAND“ (подоцна скратен само во „HOLLYWOOD“). Знакот чинел 21.000 американски долари.rnrn12. Во филмот „Денот на мртвите“ (Day of the Dead), снимен во 1985 година, зомбијата всушност јадат мисиркини нозе на скара, специјално направени да изгледаат како човечко месо.rnrn13. Тројцата главни актери во „Бунтовник без причина“ (Rebel Without a Cause, 1955) починале прерано. Џејмс Дин загинал во сообраќајна несреќа, Натали Вуд се удавила, а Сал Минео бил избоден до смрт.rnrn14. Првите слики во движење ги направил Томас Едисон. Тој првично се противел на нивното прикажување на големото платно, бидејќи сметал дека гледањето „еден на еден“ би било многу попрофитабилно.rnrn15. Првата Афроамериканка – добитник на Oскар е Хејти Мекданиел, наградена во 1939 година, за најдобра споредна женска улога во филмот „Однесено од виорот“ (Gone with the Wind).Куса турнеја низ холивудската историја16. Првиот филм со заработка од над 100 милиони долари е „Ајкула“ (Jaws, 1975).rnrn17. По тешка битка со цензурата, „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ (1966) станал првиот филм со забрана за публика под 18 години.rnrn18. Во „Птици“ (The Birds, 1963) на Хичкок, истренирани птици биле фрлани директно во актерката Типи Хедрен. За секвенца, неколку од птиците биле врзани за неа со најлонски врвки за да не одлетаат. Снимањето било неколку пати прекинувано за да ù насликаат крв на нејзиното тело и да ù ја искинат облеката.rnrn19. Најпознатата сцена во „Егзорцист“ (The Exorcist, 1937), кога Реган (Линда Блер) ја врти главата за 180 степени, е снимена со кукла. Звукот на кршење на вратот бил произведен со виткање на стар кожен паричник околу микрофон.rnrn20. Адолф Хитлер на неговата „листа за истребување“ го ставил и Џек Ворнер (еден од директорите на студиото „Ворнер брадерс“), заради филмот „Исповеди на еден нацистички шпион“ (Confessions of a Nazi Spy, 1939).Куса турнеја низ холивудската историја21. „Планетата на мајмуните“ (Planet of the Apes, 1968) е филм со најголем буџет за филмска шминка. Изнесува дури 1 милион долари и претставува речиси 17% од вкупните трошоци.rnrn22. Филмот „Светлата на градот“ (City Lights, 1931) во режија на Чарли Чаплин, содржи најмногу, односно 324 филмски кадри во една сцена, со што засега го држи рекордот.rnrn23. Најдолгата филмска сцена е во „Blue Movie“ (1996) на Енди Ворхол, која содржи 35-минути непрекинато водење љубов меѓу Вива и Луис Валдон.rnrn24. Во „Рој“ (The Swarm, 1978) е собрана досега најголемата филмска екипа. Станува збор за 22 милиони пчели „вработени“ од страна на Ирвин Ален.rnrn25. Најскапиот црно-бел филм е „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ (Who’s Afraid of Virginia Woolf, 1966). Вкупните трошоци за него изнесуваат 7.500.000 долари. Причина за тоа биле високите хонорари на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.Куса турнеја низ холивудската историја26. „Викинг“ (Viking, 1931) е филм со најмногу жртви во историјата на Холивуд. При неговото снимање загинале 27 лица, вклучувајќи ги режисерот и кинематографот. Несреќата се случила кога бродот на кој снимале, експлодирал од силен удар во глечер, во близина на Њуфаундленд.rnrn27. Во филмот „Волшебникот од Оз“ (The Wizard of Oz, 1939) биле ангажирани 124 џуџиња. Едно од нив пропаднало во тоалетот на студиото и таму било заробено сè до моментот кога го забележале неговото отсуство.rnrn28. Планетата Вулкан во „Ѕвездени патеки“ (1979) е всушност националниот парк „Јелоустоун“.rnrn29. Сага на самракот: Нова месечина (The Twilight Saga: New Moon, 2009) е филм кој најбрзо стигнал до заработка од 100 милиони долари.rnrn30. Оригиналниот наслов на филмот „Истерувачи на духови“ (Ghost Busters, 1984) бил „Судир со духовите“ (Ghost Smashers).rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпосакуваните холивудски ергени

    Најпосакуваните холивудски ергени

    Без разлика дали се актери или музичари, во Холивуд се наоѓаат најпосакуваните ергени. Дали и вашиот фаворит се најде на списокот?rnrn

    Најпосакуваните холивудски ергени
    Зак Ефрон, (24 години), актер и пејач
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Рајан Рејнолдс (35 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Бредли Купер (37 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Џејк Гиленхал (31 година), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Леонардо ди Каприо (37 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Тејлор Кич (30 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Џо Манганиело (35 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Крис Пајн (31 година), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Адријан Гринер (35 години), актер, музичар и режисер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Крис Еванс (30 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Чејс Крафорд (26 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Ештон Качер (34 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Скот Спидмен (36 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Доналд Гловер (28 години), актер, музичар и писател
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Броди Џенер (28 години), телевизиска ѕвезда
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Џош Боуман (24 години), актер
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Лени Кравиц (47 години), музичар
    rnrn
    Најпосакуваните холивудски ергени
    Рајан Филипе (37 години), актер

    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовните врски на актерите од серијата „Како ја запознав  мајка ви“

    Љубовните врски на актерите од серијата „Како ја запознав мајка ви“

    Автор: Маја ВладимироваrnrnДали гледајќи ја популарната серија „Како ја запознав  мајка ви“ некогаш сте помислиле како актерите се поврзани во приватниот живот? Ако досега не сте се запрашале за тоа кој со кого излегувал, тогаш сигурно ќе се изненадите кога ќе го прочитате следново.Љубовните врски на актерите од серијата „Како ја запознав мајка ви“Скутер (Дејвид Буртка), кој се појавува во серијата во улога на момчето на Лили од средно, е всушност сегашниот сопруг на Нил Патрик Херис (Барни).Љубовните врски на актерите од серијата „Како ја запознав мајка ви“Љубовните врски на актерите од серијата „Како ја запознав мајка ви“Канадската актерка и поранешна манекенка Коби Смолдерс (Робин), која во серијата го мрази бракот и децата, во приватниот живот е мажена со Таран Килам, со кого веќе има и ќерка. Таран Килам во серијата го глуми Блауман, колегата на Барни, кој се појавува во неколку епизоди во различни сезони од серијата.Љубовните врски на актерите од серијата „Како ја запознав мајка ви“Љубовните врски на актерите од серијата „Како ја запознав мајка ви“Иритирачкиот лик Сенди Риверс (Алексис Денисоф), кој во серијата работеше како спикер заедно со Робин, во приватниот живот е сопруг на Алисон Хениган (Лили).Љубовните врски на актерите од серијата „Како ја запознав мајка ви“Љубовните врски на актерите од серијата „Како ја запознав мајка ви“Кети (Линдзи Прајс), која се појави во третата сезона на серијата како девојка на Тед, беше негова девојка и во приватниот живот од април, 2008 година. Се разделиле во ноември, 2009-та.Љубовните врски на актерите од серијата „Како ја запознав мајка ви“Љубовните врски на актерите од серијата „Како ја запознав мајка ви“
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како изгледале познатите во нивните алманаси?

    Како изгледале познатите во нивните алманаси?

    Познатите личности, пред да станат познати, ги проживеале своите луди тинејџерски години, исто како и сите нас, со многу бурни емоции и варирања на карактерот, додека да ја пронајдат својата улога во светот.rnrnПриложени со слика од нивниот годишен алманах од средно или основно училиште, прочитајте кои од познатите фаци, кои се денес актери или пејачи, удирале на тапани, се откажале од школо, ги бивало за спорт, сакале да имаат мртовечница или отсекогаш биле она што се денес. :)rn

    Анџелина Џоли

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnТаа не била баш во поштенскиот број 90210 (како во популарната ТВ серија Беверли Хилс), туку во 90212, но Енџи сепак завршила во средното училиште во Беверли Хилс. Сликата е фотографирана во 1991, кога Анџелина Вот (Џоли е нејзиното средно име) била втора година средно и сонувала дека кога ќе порасне ќе стане актерка или ќе има свое погребално претпријатие! Молам?!rn

    Бијонсе

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnФотографијава е направена во 1995 година кога Бијонсе била осмо одделение во училиштето „Велш“ во Хјустон и веќе била на вистинскиот пат за постанување музичка ѕвезда. Во оваа година, Бијонсе веќе била член на ар-ен-би бендот, кој подоцна ќе стане „Destiny’s Child“.rn

    Бред Пит

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnПред да биде прогласен за најсекси маж кој некогаш се родил во магазинот „Пипл“, Бред бил прогласен за најдобро облечен ученик во средното училиште „Кикапу“ во Спрингфилд, Мисури и отсекогаш имал многу девојки.rn

    Бритни Спирс

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnТоа е малечката верзија од Бритни, кога таа била осмо одделение во католичкото училиште „Академија Парклејн“, во Мисисипи, а е фотографирана во 1996 година, кога била изгласана за омилена во класот.rn

    Камерон Дијаз

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnКамерон е фотографирана во 1988 година, кога била втора година во средното политехничко училиште „Лонг Бич“, во Лонг Бич, Калифорнија. Заборавете ја оваа чудна фаза од животот на русокосата бомба, бидејќи на 16-годишна возраст таа веќе била успешна манекенка.rn

    Кортни Кокс

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnКортни е фотографирана во 1980 година, кога била втора година, во средното училиште „Маунтин Брук“ во Бирмингем, Алабама, каде ѕвездата на „Градот на пумите“ била пливачка и тенисерка.rn

    Ева Лонгорија

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnОва е преубавата Ева во 1992 година, кога била прва година средно во училиштето „Рој Милер“. Во овој период таа удирала на тапан во марширачки бенд и имала трајна фризура.rn

    Хали Бери

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnОва е Хали Бери, фотографирана за нејзиниот годишен алманах од завршната средношколска година во 1984 г., во „Бедфорд“, Охајо. Во средно, Хали била мажоретка, претседател на клас и кралица на матурската прослава.rn

    Хју Хефнер

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnОва е сопственикот на „Плејбој“ фотографиран во 1944 година. Тој матурирал во средното училиште „Стајнмец“ во Чикаго. Контроверзниот Хефнер имал ултраконзервативни родители. Тој бил претседател на училишниот совет во средно. Не само што таму ги развивал неговите лидерски способности уште како тинејџер, туку очигледно отсекогаш имал интерес и за публикување, бидејќи тој го основал школскиот весник.rn

    Џејк Гиленхал

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnОоо, тоа е малиот Џејк, фотографиран во 1993 г., кога бил седмоодделенец во училиштето Харвард-Вестлејк во северен Холивуд, Калифорнија. И покрај тоа што тој одел на аудиции за филмски улоги уште додека бил во средно, неговите родители не му дозволувале да прифаќа работа, која може да му го одвлече фокусот од учењето. Тогаш ги мразел поради тоа, но денес им е многу благодарен.rn

    Џенифер Анистон

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnЏенифер е фотографирана во 1987 година во нејзината последна година во средното музичко и уметничко училиште Ла Гвардија во Њујорк. Други познати поранешни ученици во ова школо биле и Ал Пачино, Роберт де Ниро, Сара Мишел Гелар… И покрај тоа што Анистон изгледа како некое мирно девојче на фотографијата, таа има изјавено за таблоидот „Пипл“ дека нејзиниот средношколски имиџ вклучувал фризура во мохакински стил и многу туш за очи.rn

    Џенифер Гарнер

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnПред да стане г-ѓа Афлек или најинтересниот шпион виден на ТВ во серијата „ Alias“, Џенифер, која на фотографијава направена во 1986 г. била осмо одделение, свирела на саксофон во училишниот бенд во школото „Џон Адамс Џуниор“, лоцирано во Чарлстон, Западна Вирџинија.rn

    Кети Пери

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnОва е Кетрин Хадсон, денешната Кети Пери, кога била прва година во средното училиште „Дос Пуеблос“ во Голета, Калифорнија, во 2000-та. Наредната година, кога Кети имала 16 г., се откажала од училиште и го напуштила нејзиниот дом во Санта Барбара, Калифорнија, за да почне да ја негува нејзината музичка кариера во Лос Анџелес.rn

    Канје Вест

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnКанје, на фотографијава направена во 1994 година, бил прва година средно, во училиштето за индивидуална едукација „Поларис“ во селото Ок Лан, во Илионис. Тој бил доста добар ученик, а тоа го изјавил и за MTV: „Добивав само 5-ки и 4-ки и не се правам фаца со тоа“ – вели тој.rn

    Ким Кардашијан

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnЛуѓето ширум светот се обидуваат секојдневно да го следат животот на популарната џетсетерка Ким, уште откако била многу млада. Оваа фотографија е направена во 1997, кога таа била прва година средно во училиштето Меримаунт. Таа има еднаш изјавено за магазинот „Севнтин“ дека била помеѓу најпопуларните во средно школо, но била фино девојче. Нејзините најдобри другарки биле сестра ù и бубалиците.rn

    Лејди Гага

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnОва е Лејди Гага, во 2004 година на алманахот во завршната средношколска година во женското училиште „Sacred Heart“ во соседството Апер Ист Сајд во Њујорк, каде таа вели дека се вљубила во музичките претстави. Контроверзната пејачка, очигледно била многу чесна тинејџерка.rn

    Леонардо Дикаприо

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnОва е фотографијата на Лео направена во 1991 г. во неговиот алманах кога бил втора година средно, во лосанџелешкиот центар за талентирани деца. Во средношколските денови тој веќе бил вработен актер, кој ги нервирал и плашел професорите кога го имитирал страшниот убиец Чарлс Менсон.rn

    Натали Портман

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnОва е Натали Портман, тогашна Натали Хершлаг, на алманахот во нејзината завршна година во училиштето „Сајосет“, во Сајосет, Њујорк. Таа била ученичка со сите 5-ки и стигнала до полуфинале во престижен средношколски натпревар по наука и технологија.rn

    Том Круз

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnФотографиран во 1980 година, Том Круз, по сè изгледа, отсекогаш имал насмевка вредна милион долари. Ова е фотографија од неговиот годишен алманах од завршната средношколска година во училиштето „Глен Риџ“ во Њу Џерси, кога се викал Том Мепотер. Том уште додека бил во средно училиште го „фатиле бубачките“ за глума, па дури ја играл и главната улога во школската претстава „Guys and Dolls“ (Момци и кукли).rn

    Метју Меконахи

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnСо својот откачен ретро изглед и „опасна“ фризура, Метју Меконахи очигледно бил јако фраерче уште од средно, со оглед на фактот дека во втора година, во 1986 г. во училиштето „Лонгвју“ во Тексас, бил прогласен за најзгодниот ученик, во годишниот алманах.

  • Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст

    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст

    Понекогаш дури и совршените серии имаат карактери кои го нарушуваат беспрекорниот тек на една епизода. Чудно, но причините не се оние кои први би ви паднале на памет, дека актерите не ги носат како што треба нивните улоги пред малите екрани. Напротив, некои од овие глумци се познати ТВ ветерани кои имаат многу искуство и награди зад себе.rn

    Овие карактери сме ги сакале на почетокот, но сценаристите некаде погрешиле и почнале да ги носат во погрешна насока.

    rnrnrn

    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Сју Силвестер – „Гли“ (Glee)
    rnrnСју беше носител на сцените во кои се појавуваше, за да постепено премине во нивни уништувач. Нејзиниот лик сè повеќе станува апсурден, како да е извадена од цртан филм. Обидувајќи се секогаш да ги надмине своите претходни подвизи, нејзината улога стана тешка за одржување и пренападна за серијата. Ова не значи дека секоја сцена во која таа се појавува е катастрофа, туку дека балансот е нарушен и тоа се одразува на целокупниот впечаток од серијата Гли.rnrn
    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Пирс Хаторн – „Заедница“ (Community)
    rnrnОстанатите карактери од „Заедница“ совршено се вклопуваат помеѓу себе, но Пирс понекогаш дури може и да заборавиме дека е дел од групата за учење. Се чини како овој лик веќе воопшто да не и е потребен на серијата. Другите карактери во серијата не го сакаат, па зошто би го сакале гледачите. Сцените со Пирс често не се смешни, па дури и одат на нерви.rnrn
    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Грејс и Зек Флорик – „Добрата сопруга“ (The Good Wife)
    rnrnНишто не го упропастува дејството во серијата како што тоа го предизвикуваат децата на Алиша и Питер. Навистина, нејзината улога како мајка е многу важна и е причина зошто гледачите ја сакаат. Но, кога децата се сами и се соочуваат со разни тинејџерски ситуации, тоа сериозно го нарушува текот на епизодата.rnrn
    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Латс, Пит, Туфер, Френк – „Рокфелер Плаза 30“ (30 Rock)
    rnrnПерсоналот кој е задолжен за пишување на серијата (Латс, Пит, Туфер, Френк и други) си доделува улоги за себе почесто одошто е потребно. Многу иритира кога уживајќи во некоја сцена со Лиз Лемон наеднаш ќе ве нападнат со некоја бесмислена сплетка. Тие се ОК како ликови во позадина, но нивните самостојни сцени целосно го попречуваат текот на епизодите.rnrn
    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Ен Перкинс – „Паркови и рекреација“ (Parks & Recreation)
    rnrnСирота Ен. Кога овој лик се дружи со Лесли и двете заедно уживаат во нивното дружење, таа е супер. Но, кога гледачот е присилен да ја поднесува Ен во однос на Енди или Крис, тогаш работите не се баш супер. Нејзиниот карактер сосема добро се вклопува додека е во близина на Лесли или додека Ејприл и го згорчува животот, но кога сценаристите ја поттикнуваат на романтични подвизи, тогаш работите стануваат здодевни.rnrn
    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Џоел и Џулија – „Родители“ (Parenthood)
    rnrnНадвор од целиот „клан“ Брејверманови, Џоел и Џулија се веројатно најздодевната двојка. Гледачите немаат што да извлечат од нив, а треба да имаат со оглед на тоа дека тие се чуден спој. Нивните проблеми не е интересни во однос на сочните драми кои ги приредува остатокот од семејството.rnrnШто велите вие? Дали се согласувате со листава и би додале ли вие некој лик од ТВ сериите во неа?

  • Смешни грешки при снимањето на ТВ сериите

    Смешни грешки при снимањето на ТВ сериите

    Снимањето ТВ серии со сигурност не е лесна работа. Максималната концентрација, доловувањето на емоцијата, помнењето на сценариотo и многу други нешта, секогаш треба да се на највисоко ниво, за сцената да излезе баш како што режисерот ја замислил.rnrnСмешни грешки при снимањето на ТВ сериитеrnrnНо, за снимањето на хумористичните серии, целата екипа си има проблем. Па доколку се земе предвид дека сценаријата на сериите во последниве две децении го достигнаа врвот на хуморот и кога на тоа ќе се додадат одличните актерски екипи кои се задолжени да ги реализираат, веднаш станува јасно колку забавен може да биде целиот овој процес и покрај грешките. Следуваат 4 одлични видеа кои ќе ве насмеат до солзи, а истовремено и ќе ве присетат на многу моменти од вашите омилени хумористични ТВ серии.rnrn

    Пријатели

    rnrnrnrn

    Два и пол мажи

    rnrnrnrn

    Теоријата за Биг Бенг

    rnrnrnrn

    Како ја запознав мајка ви

    rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.