КАФЕ ПАУЗА

Tag: актери

  • 12 одлични актери со неконвенционален изглед кои едноставно ги обожаваме

    12 одлични актери со неконвенционален изглед кои едноставно ги обожаваме

    Постојат луѓе во светот кои претставуваат исклучок од секое правило кое можете да го замислите. На овие мажи, природата им подарила изглед кој отстапува од стандардната машка убавина, а од некоја причина ги наградила со шарм и талент за глумење. rn

    1. Дени Трехо

    rn12 одлични актери со неконвенционален изглед кои жените ги обожаваатrnrnТрехо најчесто игра карактери кои се негативци или антихерои. Но, тој изгледа навистина лежерно со тетоважите, моторите и мачетата. Вистината е дека и во приватниот живот води бунтовнички животен стил.rn

    2. Бенедикт Камбербач

    rn12 одлични актери со неконвенционален изглед кои жените ги обожаваатrnrnВитканата кафеава коса, големите очи, долгото лице и шармантната насмевка му дозволуваат на Бенедикт да ја игра буквално секоја улога која може да се замисли и да го привлече вниманието на секого.rn

    3. Хавиер Бардем

    rn12 одлични актери со неконвенционален изглед кои жените ги обожаваатrnrnСо неговото шпанско потекло, Хавиер е вистински заводник. Тој го привлекува вниманието на сите и покрај неговиот груб изглед. Понекогаш изгледа како брутален тип, а во други случаи тој е заводник, но во реалноста е семеен човек и татко на две деца.rn

    4. Серж Генсбург

    rn12 одлични актери со неконвенционален изглед кои жените ги обожаваатrnrn4 бракови, безброј љубовници и голем број фанови… Веројатно поради скриената харизма со која ги освојува сите жени.rn

    5. Мик Џегер

    rn12 одлични актери со неконвенционален изглед кои жените ги обожаваатrnrnПоради невообичаената појава и чудните движења, Џегер испушта специјална аура која ги маѓепсува луѓето околу него.rn

    6. Адриен Броди

    rn12 одлични актери со неконвенционален изглед кои жените ги обожаваатrnrnБроди често го нарекуваат актер интелектуалец. Некои од критичарите го сметаат за чуден и арогантен, но тие се помалку од оние кои се восхитуваат на неговите актерските таленти.rnrn

  • Познати актери кои никогаш не добиле Оскар

    Познати актери кои никогаш не добиле Оскар

    Оскарите, годишната престижна награда која ја доделува Американската академија на филмските уметности, се најважниот момент во животот на секој актер. Но, многу од талентираните и популарни холивудските актери кои биле неколку пати номинирани за оваа награда сѐ уште не ја искусиле таа радост која доаѓа само кога ќе ја држат златната статуетка во своите раце. Во продолжение прочитајте кои од познатите актери никогаш не добиле Оскар.rnrnПознати актери кои никогаш не добиле Оскарrn

    1. Леонардо ди Каприо

    rnПознати актери кои никогаш не добиле ОскарrnrnИако прв пат бил номиниран пред 20 години, а потоа скоро секоја година е редовен во трката за Оскар, сепак Леонардо никогаш не ја освоил оваа награда. Годинава тој се закити со многу признанија за неговиот перформанс во филмот „Повратник“ (The Revenant), вклучувајќи го и Златниот глобус, а ја доби и номинацијата за најдобра изведба на актер во главна улога. Свеченото доделување на Оскарите ќе се одржи на 28-ми февруари, во недела, во театарот Долби во Лос Анџелес, Калифорнија и се надеваме дека Леонардо конечно ќе излезе од оваа листа.rn

    2. Роберт Дауни Џуниор

    rnПознати актери кои никогаш не добиле ОскарrnrnИако бил номиниран за најдобар актер во главна улога за филмот „Чаплин“ (Chaplin) и најдобар актер во споредна улога за „Тропска бура“ (Tropic Thunder), сепак Роберт, и покрај неговиот очигледен талент, сѐ уште не добил Оскар за неговите изведби.rn

    3. Џони Деп

    rnПознати актери кои никогаш не добиле ОскарrnrnЏони бил номиниран за оваа престижна награда дури 3 пати за неговиот перформанс во филмовите „Свини Тод: Демонскиот бербер од улицата Флит“ (Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street), „Барајќи ја Недојдија“ (Finding Neverland) и „Пирати од Карибите: Проклетството на црниот бисер“ (Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl), но за жал досега не го освоил Оскарот.rn

    4. Бил Мареј

    rnПознати актери кои никогаш не добиле ОскарrnrnСлавниот комичар Бил Мареј бил номиниран за најдобар актер во главна улога во филмот „Изгубени во превод“ (Lost in Translation) и бил сигурен во својата победа, бидејќи претходно ги зел сите награди од другите слични церемонии, но наместо него, Оскарот му припаднал на Шон Пен за својата улога во филмот „Мистична река“ (Mystic River). Бил Мареј бил многу разочаран.rn

    5. Том Круз

    rnПознати актери кои никогаш не добиле ОскарrnrnПознатиот актер бил номиниран 3 пати досега и тоа во категоријата за најдобар актер, но никогаш не победил. Номинациите биле за филмовите „Роден на 4-ти јули“ (Born on the Fourth of July), „Џери Мекгваер“ (Jerry Maguire) и „Магнолија“ (Magnolia).rn

    6. Мишел Фајфер

    rnПознати актери кои никогаш не добиле ОскарrnrnИ покрај бројните награди и номинации, Мишел Фајфер никогаш не освоила Оскар. Иако многупати била прогласена за актерка која одлично ги одиграла дел од најтешките филмски улоги, сепак оваа чест сѐ уште не ѝ припаднала. Филмовите за кои била номинирана се „Опасни врски“ (Dangerous Liaisons), „Фантастичните браќа Бејкер“ (The Fabulous Baker Boys) и „Љубовно поле“ (Love Field).rn

    7. Едвард Нортон

    rnПознати актери кои никогаш не добиле ОскарrnrnТалентираниот актер никогаш не добил Оскар и неговите пријатели и колеги сметаат дека тоа е една од најголемите неправди која ја направила Академијата кога станува збор за доделувањето на ова престижно филмско признание. Тој досега бил номиниран 3 пати, за својот перформанс во филмовите: „Исконски страв“ (Primal Fear), „Американска историја икс“ (American History X) и „Човекот-птица: Неочекуваната доблест на незнаењето“ (Birdman: Or The Unexpected Virtue of Ignorance).

  • 12-те најочекувани филмови кои ќе ги гледаме оваа година

    12-те најочекувани филмови кои ќе ги гледаме оваа година

    Кога станува збор за филмот и филмската индустрија едно нешто е сигурно: 2016-та ќе биде важна година. Со претстојните филмови за суперхерои: „Дедпул“, „Капетан Америка: Граѓанска војна“, „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“, како и новите продолженија на научно фантастичните „Ѕвездени патеки“ и „Војна на ѕвездите“, е повеќе од јасно каде фановите најмногу ќе ги трошат своите пари во наредните месеци. Во продолжение погледнете ја листата на најочекуваните 12 филмови за оваа година, наредени по хронолошки редослед по датумот на нивната премиера.rnrn12-те најочекувани филмови кои ќе ги гледаме во 2016-таrn

    1. Дедпул (Deadpool) – 14 февруари

    rnrnrnОткако со години се преговараше за неговото снимање, „Дедпул“ конечно ќе пристигне во светските кина заедно со целиот свој хумор, храброст и харизма. Трејлерот ветува дејство кое ја следи оригиналната приказна од стриповите на „Marvel“, а ѕвездата која ја толкува насловната улога – Рајан Рејнолдс, повторно ќе добие шанса да го оживее „зборливиот војник“ Вејд Вилсон кој го запознавме во „Икс-мен: Потекла“ (X-men Origins).rn

    2. Бетмен против Супермен: Зора на правдата (Batman v. Superman: Dawn of Justice) – 25 март

    rnrnrnФилмското студио „Warner Bros.“ го користи долго очекуваниот „Бетмен против Супермен“ како вовед, односно почеток на сите идни филмски адаптации на приказните од стриповите на „DC Comics“. Ќе гo гледаме Бен Афлек како витезот на Готам кој, плашејќи се од ризиците кои ги носи големиот суперхерој, се соочува со најпочитуваниот спасител на Метрополис и пошироко – Супермен (Хенри Кавил). Како што тие се борат меѓусебно, се заканува нова опасност која можеби е најголемата со која светот се соочил досега.rn

    3. Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: Civil War) – 6 мај

    rnrnrnИма толку многу суперхерои во овој филм, што може да го сметаме како уште еден дел од „Одмаздници“. Но, двајца ликови стојат во преден план: Стив Роџерс (Крис Еванс) и Тони Старк (Роберт Дауни Џуниор). Како што Капетан Америка ги води Одмаздниците во нивните континуирани обиди да го штитат човештвото, политичките притисоци ги тераат светските лидери да инсталираат систем кој ќе ги ограничи активностите на овие херојски тимови. Така, новиот статус кво ги разделува Одмаздниците во оној момент кога е најпотребно тие да останат заедно.rn

    4. Добрите момци (The Nice Guys) – 20 мај

    rnrnrnОвој мистериозен трилер во режија и сценарио на Шејн Блек, полека но сигурно ја зазема титулата на најветувачкиот филм на пролетта. Сместено во 1970-тите, дејството се врти околу еден приватен детектив кој се здружува со полицаец почетник за да го истражува самоубиството на една порно ѕвезда чија слава почнала да згаснува. На платното ќе ја гледаме силната актерска екипа составена од Расел Кроу и Рајан Гослинг, во придружба од Мет Бомер и Ким Басинџер.rn

    5. Икс-мен: Апокалипса (X-Men: Apocalypse) – 26 мај

    rnrnrnПоследното продолжение на франшизата „Икс-мен“ ќе ја затвори трилогијата која започна со „Икс-мен: Прва класа“, а ќе ја отвори трилогијата која започна со „Икс-мен“ во 2000-тата година. Дејството ќе се концентрира на приказните на Професор Икс (Џејмс МекАвој), Магнето (Мајкл Фесбендер), Мистик (Џенифер Лоренс) и Ѕвер (Николас Холт), како и нивното соочување со досега најголемиот антагонист во сагата, но и првиот мутант во светот – Апокалипса (Оскар Ајзек), кој се буди по илјадници години за да донесе „правда“ во современиот свет кој според него живее во заблуда.rn

    6. Истерувачи на духови (Ghostbusters) – 22 јули

    rn12-те најочекувани филмови кои ќе ги гледаме во 2016-таrnrnНовата верзија на „Истерувачи на духови“ овој пат ја претставува женската сила во Кристен Виг, Мелиса МекКарти, Лесли Џоунс и Кејт МекКинон како новата група хероини кои се борат против духовите. На нивната екипа им се приклучува и Крис Хемсворт како новиот рецепционер, а фановите може да очекуваат и неколку појавувања од старата постава на првиот филм „Истерувачи на духови“.rnrn

  • 10 ѕвезди кои иствремено се и доктори на науки

    10 ѕвезди кои иствремено се и доктори на науки

    Славните личности вообичаено се поврзуваат со гламур и површност. Тие се познати по нивните социјални способности да се поврзат со публиката преку некаков талент кој вообичаено вклучува глумење, танцување, пеење или комбинација од сите. Но, донекаде изненадувачки, има голем број славни личности кои покрај убавина и мускули, поседуваат и мозок. Овие 10 познати личности со титула доктор на науки се успешни во она што го работат, а повеќето се музичари и актери.rn

    Брајан Меј: Доктор на науки од областа на астрофизиката

    rn(9)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnБританскиот музичар, текстописец и продуцент Брајан Меј станал доктор на науки од областа на астрофизиката во 2007 година. Најмногу познат како гитарист на славните Queen, тој студирал физика и математика на колеџот Империјал, кој е дел од Универзитетот Хемптон во Лондон. Тој изјавил дека му биле потребни повеќе од три децении за истражување на својата теза: Истражување на радијалните брзини во соѕвездието Зодијак.rn

    Роберт Вон: Доктор на науки од областа на комуникациите

    rn(8)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnАктерот Роберт Вон се прослави со улогата на Наполеон Соло во американската ТВ серија „The Man from U.N.C.L.E.“ која се емитуваше во периодот од 1964 до 1968 година. Две години подоцна, во 1970 година тој се стекнува со титула Доктор од областа на комуникациите на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Тој е еден од ретките славни личности кои имаат титула доктор во истата област во која станал славен, поточно драмата. Вон ја објавил својата докторска дисертација како книга со наслов „Единствени Жртви: Студија за уцените во шоу бизнисот“.rn

    Бил Козби: Доктор на науки од областа на образованието

    rn(7)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnЕден од најпознатите светски комичари, американскиот актер, музичар, телевизиски продуцент и писател, Бил Козби, ги завршил докторските студии по завршувањето на славната серија „Шоуто на Бил Козби“. Неговата докторска дисертација гласела: „Интеграција на визуелните медиуми преку Дебелиот Алберт и децата на Козби во наставната програма на основните училишта како помош при учењето и можност за проширување на знаењето.“ Тој исто така добил и многу почесни дипломи, вклучувајќи и девет докторати.rn

    Шекил О’Нил: Доктор на науки од областа на образованието

    rn(6)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnПрославениот кошаркар и четирикратен НБА шампион Шекил О’Нил се откажал од своите студии за да може да се посвети на кошарката. Но, штом му се пружила можност тој веднаш се вратил на студирањето и во 2012 станал доктор на науки од областа на образованието на Универзитетот Бери во Флорида. Тој исто така сака и во брзо време да ги заврши студиите по право.rn

    Питер Велер: Доктор на науки од областа на италијанската ренесансна историја на уметноста

    rn(5)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnНајмногу познат по својата улога во „Робокап“, актерот Питер Велер поседува магистерска диплома од Универзитетот Сиракуза од областа на римската и ренесансната уметност, како и титула доктор на науки од областа на италијанската ренесансна историја на уметноста од Универзитетот во Калифорнија. Велер ги започнал студиите за докторат во 2007, а докторатот го примил за време на официјалната конвенција за „Ѕвездени Патеки“, која се одржала во Лас Вегас во 2014 година.rn

    Френк Бел Рајан: Доктор на науки од областа на математиката

    rn(4)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnПоранешниот професионален спортист, Франк Бел Рајан, ја завршил својата кариера во НФЛ пет години откако се стекнал со титула доктор на науки од областа на математиката, доделена од Универзитетот Рајс во 1965 година. Му биле потребни седум години за да ги заврши постдипломските и докторските студии, а за тоа време станал и професор – асистент на институтот за технологија. Рајан продолжил да предава до 1974, по што основал своја компјутерска компанија. rn

    Кен Џенг: Доктор на науки од областа на медицината

    rn(3)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnКомичарот Кен Џенг е познат по улогата на Лесли Чо во филмовите „Мамурлакот“. Тој немал намера да стане актер и по професија е лиценциран доктор, со титула доктор на науки од областа на медицината. Откако дипломирал во 1995, неколку години работел како доктор, додека неговата сопруга нѐ го убедила да стане актер.rn

    Декстер Холанд: Доктор на науки од областа на билогијата

    rn(2)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnДекстер Холанд е музичар, текстописец и пејач во панк рок групата The Offspring. Декстер Холанд е доктор на науки од областа на молекуларната биологија. Оваа титула му била доделена од Универзитетот во Јужна Калифорнија. Холанд бил најдобар математичар во средно училиште. Има изјавено дека студиите се возбудливи исто како панкот. Во 2013 се запишал на втори докторски студии, каде што продолжувал да истражува области од молекуларната биологија и болести како вирусот ХИВ.rn

    Мајим Биалик: Доктор на науки од областа на медицината

    rn(1)-10-dzvezdi-koi-istvremeno-se-i-doktori-na-nauki-kafepauza.mkrnrnПозната по својата улога како д-р Ејми Фара Фаулер, во познатата серија „Теоријата на Биг Бенг“, актерката Мајим Биалик е доктор на науки од областа на неврологијата. Титулата ѝ била доделена од Универзитетот во Калифорнија. Нејзината специјалност е активноста на хипоталамусот кај пациентите кои страдаат од синдромот Прадер – Вили.rn

    Грег Графин: Доктор на науки од областа на зоологијата

    rn rnrnАмериканскиот музичар и продуцент Грегори Вокер Графин е доктор на науки од областа на зоологијата. Тој ја добил дипломата од Универзитетот Корнел во Калифорнија, на полето на антропологијата, еволуциона биологија и геологија. Насловот на неговата дисертација бил: „Еволуција, монизам, атеизам и натуралистички поглед на светот: Перспективите од еволуционата биологија.“ Тој е познат како пејач во панк бендот Bad Religion, група што ја формирал заедно со неговите средношколски пријатели кога имал 15 години.

  • 10-те најплатени актери за 2015-та!

    10-те најплатени актери за 2015-та!

    Се ближи крајот на 2015-тата година во која имавме прилика да погледнеме многу добри филмови. Чекавме со месеци за продолженијата на омилените филмови и серии, а сега со нетрпение ја очекуваме 2016-тата за да погледнеме што наредно ни подготвуваат филмските студија во Холивуд.rnrn10-те најплатени актери за 2015-та!rnrnДодека чекаме, се навраќаме на овогодишната кино програма и ги набројуваме најплатените актери за 2015-та година.rn

    1. Роберт Дауни Џуниор: 80 милиони долари

    rn10-те најплатени актери за 2015-та!rnrnРоберт годината ја започна како Iron Man (Железниот човек) во вториот дел на „Avengers“ (Одмаздници), а колку е оваа франшиза популарна кажуваат и цифрите од неговата заработка, со што се пласира на првото место на оваа листа.rn

    2. Џеки Чен: 50 милиони долари

    rn10-те најплатени актери за 2015-та!rnrnЏеки оваа година сними само еден филм, а за наредната планира седум!rn

    3. Вин Дизел: 47 милини долари

    rn10-те најплатени актери за 2015-та!rnrnТрите филма кои ги направи годинава, во кои се вбројува „Fast and Furious: Furious 7“ (Брзи и бесни 7), му донесоа голем успех на Вин Дизел, кој многу добро заработи оваа година.rn

    4. Бредли Купер: 41,5 милиони долари

    rn10-те најплатени актери за 2015-та!rnrnДвата филма кои Бредли ги направи годинава, во кои спаѓа и „Joy“ (Радост) кој е номиниран за Златен глобус во категоријата за најдобар мјузикл/комедија, се сосема доволни за Бредли да заработи преку 40 милини долари.rn

    5. Адам Сендлер: 41 милион долари

    rn10-те најплатени актери за 2015-та!rnrnПознатиот комичар оваа година се прослави со гласовната улога во анимираниот филм „Хотел Трансилванија“. Сосема солидна плата за само еден филм, зарем не?rn

    6. Том Круз: 40 милиони долари

    rn10-те најплатени актери за 2015-та!rnrn„Mission Impossible“ (Невозможна мисија) му помогна на Том да се пласира на 6-тото место на листата на најплатените актери за 2015.rn

    7. Марк Валберг: 32 милиони долари

    rn10-те најплатени актери за 2015-та!rnrnИако оваа година не направи ниту еден филм, Марк заплива во продуцентските води и заработи доста добар хонорар.rn

    8. Двејн Џонсон: 31,5 милиони долари

    rn10-те најплатени актери за 2015-та!rnrnДва филма и една серија – формулата за успех кога станува збор за The Rock (Карпата).rn

    9. Џони Деп

    rn10-те најплатени актери за 2015-та!rnrnСо помош на два филма, Џони Деп оваа година заработи точно 30 милиони долари.rn

    10. Леонардо Дикаприо: 29 милиони

    rn10-те најплатени актери за 2015-та!rnrnЛео оваа година можеби заработи помалку од неговите колеги, но има на што да се радува! Имено, се предвидува дека 2016-та година ќе биде годината во која Лео конечно ќе добие Оскар за неговата улога во новата драма „The Revenant“ (Повратникот).

  • 10-те најдобри филмови за 2015-та

    10-те најдобри филмови за 2015-та

    2015-та беше година на големи победи, но и на големи загуби во филмската индустрија. Едни филмови ги срушија рекордите на распродадени карти во кината низ светот во премиерниот викенд, додека други не се продаваа толку добро ниту во текот на сите нивни кино-проекции.rnrn10-те најдобри филмови за 2015-таrnrnСо толку интересни филмови, оваа година беше доста тешко да се издвојат омилените, но ова се најдобрите 10 филмови за 2015, според мислењето на редовните посетители на кината и љубителите на филмот.rn

    10. „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ (Star Wars: The Force Awakens)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnДа се каже дека „Војна на ѕвездите“ не предизвика голема еуфорија, би било голема лага. Седмото продолжение на франшизата „Силата се буди“ ја прикажува борбата помеѓу Бунтовниците, овој пат наречени Отпорот и Империјата, овој пат прикажана како Првиот ред, 32 години после „Враќањето на Џедаите“. Филмот ги сруши сите рекорди во првиот викенд на неговото емитување во кината, со 247 милиони долари заработка на домашното филмско платно, т.е. во САД, и 528 милиони долари низ светот. Иако сите епизоди на „Војна на ѕвездите“ отсекогаш правеле и ќе прават пари, она што е различно за „Силата се буди“, е тоа што режисерот Џ. Џ. Абрамс ја сработи тешката задача да нè возбуди со новото и за она што допрва ќе се случува во идните епизоди, паралелно будејќи ја нашата носталгија за оригиналната трилогија.rn

    9. „Крид“ (Creed)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnИсто како што Абрамс прави со „Силата се буди“, само со помалку притисок од благајните, режисерот Рајан Куглер ни нуди една елитна франшиза со современ вкус. Нуркајќи во најдобрите и најомилените делови на „Роки“, но фокусирајќи се на наследството на споредните ликови, филмот ја има слободата да истражува нови територии. Иако Куглер го обожава изворниот материјал и способноста на камерманот Марис Алберти е во топ форма, сепак Мајкл Б. Џордан како младиот Крид е оној кој го носи филмот и филмското дејство на својот грб. Џордан го толкува ликот со изразита агресивност и посветеност за да го импресионира таткото кој никогаш не го запознал, давајќи му на новиот „Роки“ задоволителен опсег на емоции.rn

    8. „Љубов и милост“ (Love & Mercy)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnВториот режисерски проект на ветеранскиот продуцент Бил Полад е еден исклучителен поглед на животот на лидерот на групата Бич Бојс, Брајан Вилсон (во неговата млада верзија игран од Пол Дано). Тој се концентрира на највисоките успеси на пејачот, паралелно префрлајќи се и на неговите најниски моменти, неколку декади подоцна, каде овој пат ликот на Брајан го толкува Џон Кјузак. Истражувајќи го менталното здравје на Вилсон, Полад влече и прикажува моќни изведби на двајцата актери и го користи звучниот дизајн до максимум, совршено прикажувајќи го она што се случува во главата на Брајан Вилсон.rn

    7. „Сикарио“ (Sicario)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnОна што на хартија делува како веќе слушната приказна за војната со дрогата, всушност претставува една непростлива драма која ги доловува досега најдобрите изведби на Емили Блант и Бенисио Дел Торо. Режисерот Денис Веленув („Затвореници“, „Емили“) докажува дека може да се смета за еден од најдобрите на денешницата. Со одличната кинематографија од легендарниот Роџер Дикинс, филмот постојано ве држи во искушение и ве тера да одите онаму каде што ве носи приказната.rn

    6. „Екс машина“ (Ex Machina)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnОна што е позитивно за научно-фантастичните филмови е тоа што ако се изработени како што треба, тогаш никогаш не се забораваат. Но, тоа не значи дека тоа го олеснува начинот да се раскаже една приказна. „Екс машина“ успева да ги искористи нашите најголеми стравови за интернетот и пристапот до информации како основа за иднината: вештачка интелигенција која чекори, живее и општи со нас. Во филмот, ние сме во една прототип фаза, каде еден гениј (Оскар Ајзек) сѐ уште работи на неговата креација (Алиша Викандер). Но, крајниот резултат е таков што ученикот го надминува учителот.rn

    5. „99 домови“ (99 Homes)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnМожеби едни од најдобрите актерски остварувања за годината се случуваат токму во оваа тешка драма. Ендру Гарфилд ја толкува улогата на самохран татко кој откако ќе биде избркан од својот дом, започнува да работи за брокерот за недвижнини, Мајкл Шенон, кој е оној што го избркал од домот. Во процесот на учење и разбирање, започнуваме да гледаме колку сомнителни можат да бидат работите кога пазарот на имот ќе пропадне. Режисерот Рамин Барани создава еден модерен „Вол Стрит“ и Мајкл Шенон го игра неговиот Гордон Геко.rn

    4. „Големиот кусок“ (The Big Short)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnРежисерот Адам МекКеј создава една одлична драма која дејството го влече од истоимената книга на Мајкл Луис. Феноменалната актерска екипа составена од Бред Пит, Рајан Гослинг и Стив Карел ги претставува луѓето кои први гледаат како се распаѓа куќата од карти, пред сите останати. Но, она што се издвојува од сѐ е нековенцијалното раскажување на приказната, користејќи рачно држена камера, импровизиран дијалог и комплексен жаргон – при што сѐ заедно резултира со забавен и интересен филм.rn

    3. „Центарот на вниманието“ (Spotlight)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnТом МекКарти ја помина неговата кариера паралелно пливајќи и низ режисерските и низ актерските води. Овој пат ни го нуди неговиот нов режисерски проект каде група новинари откриваат скандал со злоставување на деца во редовите на Католичката архиепископија во Бостон. „Центарот на вниманието“ е вешто сработен филм, не само поради глумењето и режијата, туку и поради сценариото, продукцијата и оригиналната музика – што всушност сведочат за напредокот на МекКарти.rn

    2. „Повратник“ (The Revenant)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnОвој филм сигурно не е за сечие око и не е направен за да ја задоволи публиката. Режисерот Алехандро Гонзалес Ињариту („Човекот птица“) продолжува да напредува во правењето филмови, создавајќи едно автентично поставување на „Повратник“ во 1800-тите, исполнето со комплексни сцени со борби сработени во еден кадар, притоа потпирајќи се на визуелните ефекти, кои ги прават ваквите сцени уште повпечатливи. Леонардо Дикаприо го дава своето најдобро досега, вклучувајќи го и јадењето жив црн дроб од бизон и можеби ова ќе биде првиот пат кога ќе добие Оскар за тоа.rn

    1. „Соба“ (Room)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnНиеден друг филм од оваа година нема да ве исполни со тага, страв, анксиозност, радост и ред други збунувачки емоции, како што тоа ќе го направи „Соба“. Конекцијата која ја имаат Бри Ларсон и Џејкоб Тремблеј како мајка и син е добитна актерска комбинација, додека адаптацијата на Ема Донохју на сопствената истоимена новела е дар кој ретко се случува во филмската индустрија. Но, љубовта на режисерот Лени Абрахамсон кон материјалното и разбирањето како тоа да се пренесе на филмското платно се вистинскиот триумф.rn

    Пофалница за филмовите кои оставија добар впечаток, но не успеаja да се пласираат на листата:

    rn„Спиејќи со други луѓе“ (Sleeping with Other People) е романтична комедија која ги анализира вистинските луѓе во вистинските љубовни врски.rnrn„Ѕверови од ниедна нација“ (Beasts of No Nation) е моќен филм кој покажува дека режисерот Кари Фукунага може да прави што сака.rnrn„Курт Кобејн: Монтажата на подлецот“ (Kurt Cobain: Montage of Heck) е најдобриот документарец за 2015-та, посебно затоа што режисерот Брет Морган конечно ја најде совршената тема за работа која прилега на неговиот неконвенцијален стил.

  • 20 актери кои поминале низ огромни физички трансформации за улога

    20 актери кои поминале низ огромни физички трансформации за улога

    Глумата и актерството не се толку лесни професии како што повеќето мислат. Ретко кога некој актер се појавува на филмскиот сет, ги одработува своите 8 часа и си оди дома. Големите улоги бараат и голема посветеност и големи психофизички подготовки. Но, и естетиката треба да се има предвид за актерите да можат да се соживеат со ликот кој го играат.rnrnОва се 20-те актери кои поминале низ најневеројатни физички трансформации за нивните филмски улоги.rn

    1. Ен Хатавеј – „Клетници“

    rn(1) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 25 кг пред почетокот на снимањето на филмот, 6 кг за време на снимањетоrn

    „Бев на диета за изгладнување за да изгледам како да ѝ се приближувам на смртта. Но имав план и водич, нутриционист, кој ми помогна низ целиот процес. Само морав да престанам да јадам цели 13 дена за време на снимањето.“

    rn

    2. Рене Зелвегер – „Дневникот на Бриџит Џоунс“

    rn(2) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnЗголемена тежина: 18 кгrn

    „Првите два дена е супер, можеш да си ги оствариш сите фантазии за прекумерно јадење секаква храна, од пици до чоколади. После една недела гликозните нивоа во телото ти полудуваат и не се чувствуваш многу добро. Никој не сака да го слушне тоа, но таква е вистината.“

    rn

    3. Кристијан Бејл – „Машинист“

    rn(3) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 28 кгrn

    „Немам цел еден ден да станам невидлив, да јадам толку малку што ќе исчезнам. Не ја прифатив оваа улога мислејќи: ‘Oх, потребна е физичка трансформација’. Баш секогаш си велам: ‘По ѓаволите! Потребна е физичка трансформација.’“rn

    rn

    4. Шарлиз Терон – „Чудовиште“

    rn(4) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnЗголемена тежина: 13 кгrn

    „Најпрвин почнав да се прејадувам крофни, но по некое време почнаа да ми стануваат одвратни. Обожавам чипс и солена храна, па секогаш со мене имав скриена резерва на пакетче чипс.“

    rn

    5. Метју Фокс – „Алекс Крос“

    rn(5) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 19 кгrn

    „Да бидам искрен, понекогаш го мразев ова. Ако го тргнете резултатот настрана, тогаш слабеењето како процес воопшто не ми се допадна.“

    rn

    6. Метју Меконахи – „Клубот на купувачи Далас“

    rn(6) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 21 кгrn

    „Ми беше тешко. Имав 64 кг и бев постојано гладен и нервозен. Телото ми наликуваше на малечка птица која плаче да ја нахранат и која сфаќа дека мајката нема да дојде да ја нахрани. Тешко е.“

    rn

    7. Мила Кунис – „Црниот Лебед“

    rn(7) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 9 кгrn

    „Вежбав 4 часа дневно, 7 дена во неделата. Имав само еден ден слободен за мојот роденден и по пола ден за наградите Еми и Златен Глобус. На овие денови, мојот инструктор по балет работеше со мене од 5 часот наутро до 11 часот навечер, потоа одев во одделот за шминка и фризура и потоа на доделувањето на наградите.“

    rn

    8. Натали Портман – „Црниот Лебед“

    rn(8) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 9 кгrn

    „Имаше ноќи кога мислев дека ќе умрам. Тоа беше првиот пат кога сфатив дека еден актер може толку многу да се посвети на една улога, што полека може да се уништи себеси.“

    rn

    9. Том Хенкс – „Отфрлен“

    rn(9) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 2 2кгrn

    „Најтешкиот дел беше времето. Посакував да имам некаква таблета и да ја изгубам целата тежина одеднаш, но реалноста беше таа: морав да започнам во октомври, знаејќи дека ќе завршиме во февруари. Идејата дека треба да поминам 4 месеци во постојана состојба на претпазливст, што се однесува до она што го јадев и два часа во салата за вежбање секој ден, правејќи само монотони вежби, беше застрашувачка. Единствениот излез е да се мотивираш со некаков трик со медитација. Не е воопшто гламурозно.“

    rn

    10. Крис Прат – „Чувари на галаксијата“

    rn(10) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 29 кгrn

    „Шест месеци изгледаат како долг период, освен ако не гледаш наназад… сѐ што треба да направиш е да останеш конзистентен и времето ќе летне. Ако ја тргнете нездравата храна од вашата диета и потрошите неколку часа на ден правејќи вежби, 6 месеци ќе поминат многу брзо и ќе се чувствувате психички, физички и духовно поздраво – сѐ е поврзано.“

    rnrn

  • 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскинале

    7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскинале

    Замислете дека сте биле во врска со колега. А сега замислете дека сте раскинале со него или неа и вашата работа вклучува бакнежи кои мора да продолжат помеѓу вас. Ви звучи страшно? Актерите често стапуваат во врска едни со други, па токму затоа често се случува и по раскинувањето едноставно да мора да продолжат да работат заедно. Без разлика дали станува збор за мирно или бурно раскинување, тие поминуваат секојдневно со часови во глума дека се пријатели или партнери на малите екрани. Ова можеби е претерано непријатно за нив, но дефинитивно е забавно за нас. Погледнете дел од најпопуларните славни парови кои по раскинувањето морале да продолжат да работат заедно…rn

    1. Кејли Куоко и Џони Галеки

    rn(1) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскиналеrnrnТВ серијата „The Big Bang Theory“ навистина сака да ги направи Ленард и Пени новите Рос и Рејчел, но историјата може да ги запомни по нешто сосема друго. Тие биле дел од кратка врска на која брзо ѝ ставиле крај, но поради нивната работа сепак морале да продолжат да бидат „во врска“ додека се на работа.rn

    2. Џенифер Карпентер и Мајкл С. Хол

    rn(2) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскиналеrnrnВо ТВ серијата „Dexter“, овие актери играат посвоени брат и сестра. Но, во реалноста помеѓу нив настанала силна хемија, па токму затоа и започнале со љубовна врска која брзо преминала во брак. За жал, тоа не траело долго, па тие по разводот сепак морале да продолжат секојдневно да се гледаат на сцена.rn

    3. Блејк Лајвли и Пен Баџли

    rn(3) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскиналеrnrnИ покрај тоа што Ден и Серена стапуваат во брак во ТВ серијата „Gossip Girl“, сепак врската помеѓу Пен и Блејк во реалноста не успеала. По раскинувањето, таа накратко се гледала со Леонардо Дикаприо, но брзо потоа се запознала со Рајан Рејнолдс со кој сè уште е во брак.rn

    4. Џенифер Гарнер и Мајкл Вартан

    rn(4) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскиналеrnrnАко сте ја следеле ТВ серијата „Alias“, тогаш сигурно знаете дека Сидни и Вон на крајот започнуваат свое семејство. Но, во реалниот живот, Џенифер и Мајкл биле во многу кратка врска, која брзо завршила. Таа сега е во брак со Бен Афлек, а тој е разведен.rn

    5. Гвен Стефани и Тони Канал

    rn(5) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскиналеrnrnДодека Гвен Стефани беше дел од групата „No Doubt“ таа била и во врска со басистот Тони Канал. Но, нивната врска завршила и под влијание на искуството со него, таа напиша еден од најголемите хитови во нејзината кариера. Изгледа понекогаш вреди да се има скршено срце. Денес, таа е во брак со Гевин Росдејл.rn

    6. Нина Добрев и Ијан Самерхолдер

    rn(6) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскиналеrnrnТие биле во врска до 2013 година, но сè уште работат заедно како дел од ТВ серијата „The Vampire Diaries“. Ијан сега е во брак со Ники Рид, која беше дел од филмот „Twilight“, па слободно можеме да заклучиме дека сè во неговиот живот се врти околу вампири.rn

    7. Џенифер Морисон и Џеси Спенсер

    rn(7) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскиналеrnrnОвие актери се најпознати по своите улоги во популарната ТВ серија „House M.D.“. Џенифер го толкуваше ликот на Камерон, која ја привлекуваше д-р Хаус, но потоа стапи во брак со Чејс, другиот доктор од нивниот тим. Овие актери беа во врска и надвор од приказната, па дури и биле верени одреден период. Но, исто како нивните карактери во серијата, така и тие не го добија својот среќен крај во реалноста.

  • Актери кои претерале додека се подготвувале за својата улога

    Актери кои претерале додека се подготвувале за својата улога

    Сите актери имаат свои методи на подготовка за одредени улоги, но некои од нив ги поминуваат сите граници. Токму затоа се случува тие да завршат со пневмонија, скршени ребрa или прогонувачки мисли. Погледнете дел од најекстремните подготовки за некои од најголемите улоги на филмското платно.rnrnАктери кои претерале додека се подготвувале за својата улогаrnrnГери Олдман го загубил својот британски акцент поради сите свои американски улоги, па морал да оди на терапија за говор со цел да го врати назад.rnrnЗа време на снимањето на филмот „The Birds“, на Типи Хедрин ѝ фрлале вистински птици во лице со цел да се подготви за иконската сцена со нападот.rnrnБрајан Кренстон научил како да прави метамфетамин од страна на Управата за борба со наркотици со цел да може подобро да ја одигра својата улога во „Breaking Bad“.rnrnЗа својата улога во „Nymphomaniac“, Шаја Лабаф решил да ги однесе работите на едно ниво повисоко и навистина да има секс со својата соработничка на камера. Неговата девојка го напуштила брзо по овој настан.rnrnЗа своите улоги Роберт Дениро качил 30 килограми за филмот „Raging Bull“, живеел еден месец во Сицилија за „Godfather Part 2“, ги скршил своите заби за „Cape Fear“ и еден месец работел како таксист за „Taxi Driver“.rnrnАктери кои претерале додека се подготвувале за својата улогаrnrnЗа да се подготви за својата улога во „The Joker“, Хит Леџер се затворил во хотелска соба цел месец за да може да го вежба својот лик. На крајот, тој изјавил дека се нашол во „просторот на психопатите“.rnrnЗа да ја добие улогата на Џим Морисон во „The Doors“, Вал Килмер научил 50 нивни песни. На крајот, тој толку добро ги пеел што останатите вистински членови на оваа музичка група не можеле да разликуваат кога пее Морисон, а кога Килмер.rnrnБред Пит доброволно дозволил да му ги скршат забите за улога во „Fight Club“. Откако завршил со снимање бил на забар за да му ги поправат забите.rnrnЗа да се подготви за својата улога во „Silence of the Lambs“, Скот Глен гледал видеа кои биле запленети од полицијата на кои имало луѓе кои биле измачувани и убивани. Тој ја одбил улогата во вториот дел бидејќи вели дека снимките и до денешен ден го прогонуваат.rnrnСо цел да се подготви за својата улога во филмот „In the Age of Innocence“, Даниел Деј Луис 2 месеци одел низ Њујорк облечен во облека од 1870-тите на ниски температури. Во еден момент бил дијагностициран со пневмонија.rnrnАктери кои претерале додека се подготвувале за својата улогаrnrnЗа својата улога во филмот „Sonny“, Џејмс Франко поминувал многу време со машка проститутка, па дури и го следел на неговите посети со клиенти.rnrnЗа да се подготви за својата улога во филмот „Safe House“, Дензел Вашингтон поминал низ сесии на измачување со вода.rnrnДаниел Деј Луис додека го снимал филмот „My Left Foоt“ бил исхрануван со лажичка и одбивал да стане од инвалидската количка помеѓу сцените. Позицијата во која седел му предизвикала 2 скршени ребри.rnrnОткако Кристијан Бејл изгубил 30 килограми за својата улога во „The Machinist“ така што живеел со едно јаболко на ден, тој веднаш качил 45 килограми за улогата во „Batman Begns“.rnrn6 месеци пред снимањето на филмот „Last of the Mohicans“, Даниел Деј Луис исчезнал и откако повторно се појавил изјавил дека живеел во дивина со цел да се подготви за улогата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Славни актери кои прерано нѐ напуштија

    Славни актери кои прерано нѐ напуштија

    Автор: Зорица ТодороваrnrnИако никогаш не е добро време да ги загубиме нашите омилени актери и актерки, сепак изгубивме некои славни личности кои сѐ уште беа многу млади. Со оваа листа сакаме да им оддадеме почит ним и на нивната работа, а ако сме заборавиле некое име, пишете ни!rn

    1. Џејмс Дин (1931 – 1955)

    rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштија rnrnЏејмс Дин беше главната ѕвезда во некои од најголемите филмови во 1950-тите, како „Источно од Рајот“ (East of Eden), „Бунтовник без причина“ (Rebel without a Cause) и „Џин“ (Giant) и сѐ уште е една од култните икони во филмската индустрија. Почина на само 24 години во сообраќајна незгода.rn

    2. Брус Ли ( 1940 – 1973)

    rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштијаrnrnНајголемата икона на борбените вештини е Брус Ли. Некои од неговите најпознати филмови се „Во гнездото на змејот“ (Fist of Fury) и „На патот на змејот“ (Way of the Dragon) – ако некогаш сте се прашувале кој би победил во битка помеѓу Брус Ли и Чак Норис, погледнете го овој филм! Тој почина на 32-годишна возраст од церебрална едема. Неговиот син, Брендон Ли, го снајде слична судбина: случајно било пукано во него за време на снимањето на филмот „Враната“ (The Crow). Како и неговиот татко, неговото наследство како културна икона продолжува да живее меѓу обожавателите.rn

    3. Мерилин Монро (1926 – 1962)

    rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштијаrnrnНајзначајниот секс-симбол на Холивуд, Мерилин Монро, се појави во популарни наслови како „Џентлмените преферираат русокоси“ (Gentlemen prefer Blondes) и „Некои тоа го сакаат жешко“ (Some like it Hot). Имаше само 36 години кога беше пронајдена мртва. Аутопсијата заклучи дека причината за смртта била предозирање со седативи.rn

    4. Хит Леџер (1979 – 2008)

    rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштијаrnrnСо прекрасните изведби во „Патриот“ (The Patriot), „Планината Борукбек“ (Brokeback Mountain) и Џокерот во „Темниот Витез“ (Dark Knight), смртта на Хит Леџер беше вистински шок за сите. Почина многу млад, на 28-годишна возраст, поради предозирање со препишани лекови.rn

    5. Филип Сејмор Хофман (1967 – 2014)

    rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштијаrnrnНајпознатата улога на Филип Сејмор Хофман беше играњето на писателот Труман Капоте во „Капоте“ (Capote). Хофман доби многубројни награди и признанија за овој филм меѓу кои и Оскар за најдобар актер. Други негови познати перформанси се во „Војната на Чарли Вилсон“ (Charlie Wilson’s War), „Сомнеж“ (Doubt), „Господарот“ (The Master) и „Игрите на гладните“ (The Hunger Games). Почина во февруари, 2014 на 46 години поради предозирање со мешавина од хероин, кокаин, бензодиазепини и амфетамини.rn

    6. Британи Марфи (1977 – 2009)

    rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштијаrnrnБритани Марфи глумеше во тинејџерскиот хит „Без трага“ (Clueless), а потоа и со Еминем во „Осмата милја“ (8 Мile). Почина во декември, 2009 на 32 години од пневмонија.rn

    7. Гери Колман (1968 – 2010)

    rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштијаrnrnНајзначајната улога на Гери Колман беше Арнолд Џексон во телевизиското шоу „Различни правци“ (Diff’rent Strokes) , каде како мало детенце ги освои срцата на сите што го гледаа. Како возрасен, поголемиот дел од својот живот го помина во депресија и почина во 2010 на 42-годишна возраст паѓајќи од скалите.rn

    8. Џин Харлоу (1911 – 1937)

    rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштијаrnrnПопозната како „платинестата русокоса“ и „русокосата бомба“, Џин Харлоу беше успешна актерка и секс симбол во 1930-тите. Нејзините најпознати филмови се „Ангели од пеколот“ (Hell’s Angels), „Црвена прашина“ (Red Dust) и „Сузи“ (Suzy). Почина на 26 години од церебрална едема.rn

    9. Пол Вокер (1973 – 2013)

    rnСлавни актери кои прерано нѐ напуштијаrnrnПол Вокер најмногу ќе го памтиме по улогата на Брајан О’Конер во серијата филмови „Брзи и бесни“ (Fast and Furious). Тој почина во сообраќајна незгода кога имаше 40 години. Добра вест за неговите фанови е што ќе можат повторно да го видат во Брзи и бесни 7 кој ќе излезе овој април.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.