Се чинат далечни времињата кога сликањето се вршеше стриктно со алатки како четка и платно. Во денешно време, идеите и алатките за работа на артистите ги има во неограничени количини, а се цени уникатноста на техниката, како и добиениот резултат. На уметникот Кајл Ламберт му е потребен само еден прст и Ајпед, за да ги нацрта овие автентични портрети на светските ѕвезди.rnrn rnrnКајл е млад англиски артист кој ја усовршува техниката на цртање портрети на Ајпед, користејќи ја апликацијата „Brushes“ која чини 8 долари. Тој употребува само еден прст, кој му служи како четка, но ако судите според добиениот резултат, ќе помислите дека користи цел сет професионални алатки и бои.rnrnrnrnЛамберт ги започнува неговите уметнички дела, скицирајќи ги основните црти на лицето, односно ги позиционира очите, носот, устата на вистинското место, осигурувајќи се лицето во основа, да личи на соодветната ѕвезда. Тој вели дека цртањето на основата е најважниот дел во правењето портрет на Ајпед, бидејќи му служи како рамка за креирањето на целокупното уметничко дело.rnrnrnrnПогледнете како изгледа неговото портретирање на Бијонсе, а потоа и на Џад Ло.rnrn
rnХери е еден уморен еж, на кој му е многу досадно, но ако му дадете син енергетски пијалак, тој ќе постане карате мајстор и ќе повторува сѐ што ќе му кажете, само со многу побрзо темпо. Доколку пак се напие црвен енергетски пијалак, Хери станува фраерче облечено како Нио од Матрикс, кое успешно умее да избегнува куршуми и повторува сѐ што ќе кажете со ехо ефект. Хери буквално го имитира вашиот глас.rnrnrnrnЗа да ви биде уште поинтересно дружењето со Хери, можете да снимите и видео клип во склоп на самата апликација и да го споделите на Јутјуб, по имејл или со вашите пријатели на Фејсбук.rnrnАпликацијата работи на Ајфон (на 2G и 3G работи малку поспоро поради послабиот процесор), на Ајпед, а за Ајпод Тач потребно е да ви се ставени слушалки со микрофон, преку кој тој ќе може да ве чуе што му зборите.rnrnХери ќе ви го прави денот многу поинтересен, а чини само 1.99 долари.rnrnrn
rnМачорот Том повторува сѐ што ќе му кажете и има многу смешен глас. Ако го погалите тој ќе почне да преде, сака да му давате млекце, го нервира ако го фаќате за опаш и го боли ако го удрите по нога, стомак или по глава. Ако не му обрнувате внимание тој ќе почне да зева и да кива.rnrnrnrnЗа да ви биде уште посмешно можете и да испеете некоја песна, а Том веднаш ќе ја научи и ќе ја препее со неговото лудо гласче. Од вашето играње со мачорот можете да направите снимка и да ја споделите на Јутјуб, Фејсбук или преку имејл.rnrnrnrnМачорот Том е достапен за Ајфон (побавно работи на 2G и 3G), Ајпед и Ајпод Тач (потребни се слушалки со микрофон).rnrnОваа апликација ќе ве разведри и расположи, а најдоброто од сѐ е што е бесплатна. Можете да ја надградите со 3 дополнителни опции за 0,99 долари.rn
rnКарл е поштенско сандаче кое повторува сѐ што ќе му кажете со неговиот смешен глас. Тој е најзабавниот лик кој што некогаш живеел во вашиот џеб. Ако го скокоткате, тој ќе се смее на цел глас. Ако го боцнете во око тој ќе почне да вика, ако го штипнете ќе почне да испушта чудни крици, а ако го игнорирате ќе почне да мрмори.rnrnrnrnСо Карл ќе се смеете со часови, без разлика на вашата возраст. На родителите им се допаѓа бидејќи децата се мирни додека си играат со него. Родители бидете внимателни! Ако еднаш се заиграте со Карл, нема да сакате да им го вратите на вашите деца.rnrnСо Карл можете да си играте на вашиот Ајфон, Ајпед или Ајпод Тач, за кој ви се неопходни слушалки со микрофон.rnrnОваа апликација е ултра популарна, а ќе ве чини само 0,99 долари.rnrnСлични апликации од овој вид:rnrnTalking Baby Hippo; Talking Larry The Birdrnrn.rn