КАФЕ ПАУЗА

Tag: ајкули

  • 10 најчудни работи што биле најдени во стомаци на ајкули

    10 најчудни работи што биле најдени во стомаци на ајкули

    Следниот пат кога ќе чувствувате грижа на совест поради тоа што сте изеле цела пица, сетете се дека ваша исхрана најверојатно е многу подобра од онаа на ајкулите. Тигровите ајкули се познати како „морски корпи за отпадоци“, но тие не се единствените видови ајкули што редовно јадат бизарни работи. Повеќето ајкули јадат 2-3% од нивната телесна тежина секој ден и понекогаш знаат малку да се занесат. Ова се 10-те најчудни работи што биле најдени во стомаци на ајкули…rnrn10 најчудни работи што биле најдени во стомаци на ајкулиrn

    1. Регистарски таблички

    rnРегистарски таблички од речиси секоја земја биле најдени во стомаците на тигровите ајкули. Научниците мислат дека ајкулите ги привлекуваат регистарските таблички бидејќи кога се на светлина, тие светат како рибни крлушки.rnrn10 најчудни работи што биле најдени во стомаци на ајкулиrn

    2. Кафез полн со кокошки

    rnИма логика тоа што ајкулите би сакале да изедат кокошки, но како воопшто цел кафез со кокошки завршил во океанот?!rnrn10 најчудни работи што биле најдени во стомаци на ајкулиrn

    3. Цел оклоп

    rnОва се случило во 16-ти век кога луѓето почесто носеле оклопи, но сепак фасцинантен е фактот што некоја ајкула успеала да го голтне целиот.rnrn10 најчудни работи што биле најдени во стомаци на ајкулиrn

    4. Коњска глава

    rnАјкулата што изела коњска глава како ужина очигледно била дел од мафија.rnrn10 најчудни работи што биле најдени во стомаци на ајкулиrn

    5. Вреќа со пари

    rnУште една ајкула која најверојатно учествувала во организиран криминал.rnrn10 најчудни работи што биле најдени во стомаци на ајкулиrnrnПродолжете на следната страница за да ги погледнете и останатите чудни работи што биле најдени во стомаците на ајкулите…rnrn

  • Неверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на животот

    Неверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на животот

    Овие факти не само што ќе ве воодушеват и остават без зборови, туку и ќе го променат начинот на кој гледате на светот и животот. Погледнете дел од најневеројатните научни факти кои постојат…rn

    1. Ајкулите се постари од дрвјата

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnДрвјата се на нашата планета некаде околу 350 милиони години, што и не е толку малку доколку го земете предвид фактот дека луѓето постојат околу 200.000 години. Од друга страна пак, ајкулите првпат се појавиле во океаните пред околу 400 милиони години. Тие се предатори на врвот од синџирот на исхрана и токму затоа имаат огромна улога во одржување на балансот во морскиот екосистем. За жал, нивното неверојатно наследство може да дојде до својот крај бидејќи луѓето убиваат и до 100 милиони ајкули секоја година.rn

    2. Една лажичка од неутронската ѕвезда тежи повеќе од сите луѓе на Земјата заедно

    rnНеутронските ѕвезди се остаток од масивни ѕвезди кои умреле и експлодирале во супернова експлозии. И покрај тоа што овие ѕвезди се многу мали, тие се неверојатно густи. Со дијаметар од само 22 километри, една ваква ѕвезда може да тежи 1,5 – 3 пати од тежината на нашето Сонце. Доколку би можеле да земеме само една лажичка од неа и да ја донесеме на Земјата, таа би тежела околу 10 милиони тони.rn

    3. Постојат околу 9.600.000.000.000.000.000.000.000 (9,6 x 10^ 24) молекули вода во една чаша со вода

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnСо три атоми на секој молекул (2 водород, 1 кислород), има повеќе атоми во една чаша вода отколку што има чаши со вода кои би се наполниле од сите океани на Земјата. Оваа споредба не е ни приближно добра бидејќи една чаша вода содржи 10.000 пати повеќе атоми отколку што има чаши со вода на планетата.rn

    4. Едно зрно прав е на половина пат од големината на Земјата до големината на протонот

    rnЗемјата е широка околу 12.740 километри во дијаметар. Протоните се субатомски честички кои се околу 8,4 x 10^-14 сантиметри во ширина. Разликата помеѓу овие две нешта е толку екстремна, што само една трошка прашина се наоѓа на средината од нивните големини.rn

    5. Човековото тело е составено од околу 7.000.000.000.000.000.000.000.000.000 (7 x 10^27) атоми

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnСите овие атоми заедно градат околу 10 трилиони (10 x 10^12) клетки од кои се составени сите ткива во нашето тело. Но, вашите клетки не се целосно сами во вашето тело…rn

    6. Постојат 10 пати повеќе клетки на микроби отколку човекови клетки во вашето тело

    rnДа, го прочитавте тоа точно! Постојат околу 100 трилиони микроби (бактерии, габи и археи) чиј дом е вашето тело. Овие микроби се клучен дел за соодветното варење на храната, вагиналното здравје, здравјето на кожата и уште многу нешта… И покрај тоа што се помал број, човековите клетки се многу поголеми. Тие се околу 10 – 100 пати поголеми од бактериите.rn

    7. Вашето тело содржи доволно железо од кое може да се состави шајка со должина од 8 сантиметри

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnИсто така имате и доволно јаглерод за да составите 9.000 моливи. Всушност, доколку го претворите телото на еден човек во рудник и ги распределите во групи сите елементи кои го сочинуваат, тие би вределе околу 140 евра. Но, таа бројка би скокнала и до 40 милиони доколку ги поделите и коскената срж, органите, коските и другите ткива посебно.rn

    8. Секој час, во Земјата удира доволно светлина која би можела да ги задоволи енергетските потреби на целата планета за 1 година

    rnИсто така би биле потребни само околу 496.804 квадратни километри со соларни панели за да се собере оваа количина на енергија. Тоа звучи како многу, но доколку размислите колку покриви се празни и колку пространи пустини постојат, повеќе нема да ви изгледа толку многу.rn

    9. Вие во моментов патувате со 1.770 километри на час додека Земјата се ротира околу својата оска

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnНо, тоа не е сè. Земјата исто така се врти и околу Сонцето со брзина од 108.000 километри на час. Нашиот Сончев систем патува со брзина од 70.000 километри на час во галаксијата, додека пак самиот Млечен пат се движи со неверојатни 780.000 километри на час во вселената. Но, што ќе се случи доколку вие не патувавте толку брзо?rn

    10. Доколку Земјата во овој момент сопре, инерцијата ќе нè исфрли сите заедно со водата и копното на планетата нанапред

    rnЗемјата ротира со 1.770 километри на час и првиот Њутнов закон вели дека објектот во движење ќе остане во движење. Доколку планетата престане да ротира (не грижете се, нема да се случи тоа), сите луѓе, животни, растенија, почва и камења кои не се прицврстени за цврсто тло ќе бидат исфрлени и ќе продолжат да летаат нанапред сè додека силата на гравитацијата не повлече сè назад на Земјата.rn

    11. Синиот кит не само што е најголемото животно кое постои во моментов на планетата, туку има големи шанси да е и најголемото животно кое воопшто некогаш живеело

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnСиниот кит може да порасне и до неверојатни 30 метри должина со тежина од преку 2.600 луѓе заедно. За да ја достигне оваа големина, тој има потреба да јаде и по неколку тони крил (вид школка) на ден. За жал овие гигантски суштества се на работ од изумирање бидејќи луѓето ги ловат. Сините китови исто така често се повредуваат од мрежи за риболов и се оставаат да умрат во водата или пак, се судираат со бродови.rn

    12. Времето помеѓу постоењето на Стегосаурус и Тираносаурус рекс е поголемо отколку времето помеѓу Тирексот и денешниов ден

    rnИ покрај тоа што и двата вида се едни од најпопуларните диносауруси на сите времиња, тие никогаш немале можност да се запознаат еден со друг. Стегосаурусот живеел на крајот од периодот Јура, пред околу 150 милиони години и бил одамна изумрен кога се појавил Тирексот пред околу 83 милиони години во доцниот период Креда. Да, без разлика на тоа што ви велат Мајкл Крајтон и Стивен Спилберг, Тирексот воопшто не би требало да се наоѓа во парк наречен Јура.rn

    13. Сите ние сме составени од ѕвездена прашина

    rnНеверојатни факти од науката кои ќе ви ја променат перспективата на живототrnrnНабрзо по Големиот експлозија (Биг Бенг), Универзумот бил направен само од водород и хелиум. Како што се формирале ѕвездите, тие почнале да создаваат нуклеарна фузија во нивните јадра, а со тоа и полека произведувале потешки елементи. Сите атоми на јаглерод, железо, калциум, азот и другите елементи кои се клучни за животот биле создадени во јадрото на ѕвездите. Овие состојки не само што се испуштаат за време на смртта на ѕвездата, туку и кога овие ѕвезди експлодираат во супернова, тие се распрскуваат низ целиот Универзум.rnrnСо вакво благородно потекло, почнавте да се доживувате поинаку, нели?

  • 10 факти за ајкулите кои ќе ве изненадат

    10 факти за ајкулите кои ќе ве изненадат

    Филмовите во кои ајкулите се главни негативци ни даваат одредена слика за овие животни која од нив формира стереотип за злобни суштества кои сакаат да пливаат наоколу и да убиваат луѓе. За разлика од нив, науката располага со поинакви факти кои можат да ве изненадат.rnrn10 факти за ајкулите кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • Постојат повеќе од 400 видови ајкули, но само 6 од нив имаат убиено повеќе од еден човек.
    • rn011

    • Каснувањето од ајкула ретко е причина за смрт кај луѓето. Тие често пати каснуваат затоа што ги користат забите за да испитаат дали она што се наоѓа пред нив е храна или не, а со оглед на тоа што човекот не е нивната храна тие најчесто си заминуваат. Смрт сепак може да настапи поради големо губење крв како последица од каснувањето.
    • rn011

    • Ајкулите се посилни и побрзи од луѓето. Ако ајкулата реши да нападне човек тој нема начин како да се спаси. Сепак, човекот не е храна за ајкулите и затоа нападите се ретки.
    • rn011

    • Секоја година се регистрираат напади од ајкули врз луѓе. Не е познато зошто тие напади се случуваат, но научниците претпоставуваат дека се работи за вознемиреност на ајкулите кога има премногу луѓе во нивното природно живеалиште.
    • rn011

    • Годишно се регистрираат 70-100 напади на ајкули врз луѓе, а околу 15 од нив завршуваат со смрт. Најголем дел од нападите се случуваат во плитки води.
    • rn

    rn10 факти за ајкулите кои ќе ве изненадатrn

      rn011

    • Ајкулите имаат повеќе вилици. Кога една од нив ќе се скрши, онаа која е зад неа го зазема нејзиното место.
    • rn011

    • Најбрзиот вид ајкула може да плива и до 30 км/ч. Со таа брзина може да ги брка и најбрзите риби во океанот.
    • rn011

    • Најмалиот вид ајкула е долг само 20 см.
    • rn011

    • Годишно се ловат по 100 милиони ајкули, така што човекот е поголема закана за нив отколку обратно. Причината за ловот најчесто се перките на овој предатор. Ловците практикуваат да уловат ајкула, да ѝ ги исечат перките и да ја вратат во океанот. Не можејќи да плива и да лови без нив, таа паѓа кон дното и умира.
    • rn011

    • Постои мит дека ајкулите не можат да заболат од рак и поради тоа се ловат уште повеќе со цел да се прават лекови од нив. Сепак, и кај нив може да се појави рак.
    • rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Суштества од коралните гребени

    Суштества од коралните гребени

    Коралните гребени се неверојатно богати со разновиден жив свет. Освен коралните полипи, кои ги образуваат коралните гребени, тука може да се сретнат и разни видови сунѓери, ракови, полжави, риби, желки, змии и други мекотели.rnrn

    Суштества од коралните гребени
    Сива гребенска ајкула
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Корали
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Морски ежови
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Гигантска зелена желка
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Корални полипи
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Анемон
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Жолто-точкаста риба
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Кит–ајкула
    rnrnКоралните гребени се создаваат во плитка и топла вода, во близина на копното, и тоа најчесто во тропските области. Најмногу ги има во источниот дел на Африка, во јужниот дел на Индија и на други слични места.rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Корален гребен покрај Занзибар, Танзанија
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Заштитена зона во Папуа Нова Гвинеја
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Корален гребен покрај Малдивите
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Корален гребен во близина на Фиџи
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Корален гребен во близина на Филипините
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Корален гребен покрај островот Мореа, Француска Полинезија
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Тиркизниот залив во Австралија
    rnrn
    Суштества од коралните гребени
    Коралниот гребен на Белизе
    rnrnНајголем корален гребен во светот е Големиот корален гребен кој се наоѓа во близина на Квинсленд, во североисточна Австралија. Неговата должина изнесува повеќе од 2.900 километри. Суштества од коралните гребениСуштества од коралните гребени
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најопасните плажи во светот

    Најопасните плажи во светот

    Од ајкули и медузи до активни вулкани, посетувањето на некоја од овие плажи може да биде многу опасно…rn

    Островот Фрејзер, Австралија

    rnМорињата кои го опкружуваат островот Фрејзер во југоисточниот дел на Квинсленд, се сметаат за опасна зона. Водите околу островот Фрејзер изобилуваат со ајкули и медузи, а морските струи тука се едни од најопасните. Но, и самиот остров е прилично опасен. На овој остров живеат едни од најсмртоносните видови пајаци, необични видови морски крокодили, како и дингото, познато по тоа што повремено напаѓа луѓе.rnrnНајопасните плажи во светотrn

    Гансбаи, Јужна Африка

    rnОвој дел од светот е една голема бела територија. Каналот кој се наоѓа во Гансбаи, во близина на островот Даер, е дом на големата бела ајкула и на колонија од околу 60.000 фоки со крзно. Иако големата бела ајкула е многу опасна, таа сепак останува најголема атракција во Гансбаи и привлекува илјадници туристи годишно.rnrnНајопасните плажи во светотrn

    Ханакапиаи, Хаваи

    rnБреговите на Ханакапиаи се опкружени со силни морски струи и бранови кои се опасни дури и за најискусните пливачи. Потврда за тоа е знакот кој се наоѓа на плажата на кој пишува дека 83 лица се удавиле во водите на оваа плажа. Според знакот, нивното давење е мистерија затоа што се вели дека жртвите биле одвлечени во морето додека уживале во плитката вода.rnrnНајопасните плажи во светотrn

    Плажата на доброто патување, Бразил

    rnОваа популарна песочна плажа во Бразил привлекува многу туристи во текот на годината. Сè до 1992 година, Плажата на доброто патување беше една од најбезбедните плажи затоа што не постоеше опасност од ајкули. Но, од 1992 година евидентирани се најмалку 50 напади на ајкули од кои 19 биле фатални. Освен ајкулите, оваа плажа е многу опасна и заради уништувањето на крајбрежниот еко-систем и насилниот криминал.rnrnНајопасните плажи во светотrn

    Северниот дел на Квинсленд, Австралија

    rnСекоја година од октомври до април, плажите во северниот дел на Квинсленд во Австралија се забранети за туристи заради наездите на медузи. Всушност, медузите се одговорни за најмалку 70 смртни случаи од 1883 година па наваму. Убодите од медузи можат да бидат вистинска агонија затоа што жртвите често доживуваат срцев удар уште пред да стигнат на брегот.rnrnНајопасните плажи во светотrn

    Плажата Чаупати, Индија

    rnПлажата Чаупати во Мумбаи веќе одамна важи за плажа со најзагадена вода во светот. На оваа плажа капењето е забрането заради високото ниво на загаденост. Сепак, плажата може да се посети на почетокот на септември, кога населението слави еден од најголемите хинду празници.rnrnНајопасните плажи во светотrn

    Копакабана, Бразил

    rnКога се работи за опасни плажи, плажата Копакабана не е на исто ниво како и Плажата на доброто патување. Заради големата посетеност, на Копакабана демне опасност од ситни кражби, што веќе се смета за вообичаена пракса. Што се однесува до ајкулите, од 1931 година па наваму, на Копакабана се забележани само 6 напади кои не биле фатални.rnrnНајопасните плажи во светотrn

    Островот Бикини, Американските Маршалски Острови

    rnОстровот Бикини, кој е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, е опасен заради две причини. Како прво, на овој остров се направени повеќе од 20 проби на нуклеарни бомби помеѓу 1946 и 1958 година. Иако во 1997 година островот беше прогласен за „чист“ и без траги на нуклеарна радијација, жителите сепак одбија да се вратат. Од друга страна, на туристите не им се препорачува да јадат локална храна заради нуклеарното зрачење. Втората причина заради која островот Бикини е опасен, е недостатокот на риболов во последните 65 години, заради кој е зголемен бројот на ајкули кои постојано напаѓаат.rnrnНајопасните плажи во светотrn

    Килауеа, Хаваи

    rnЦрниот песок на плажата Килауеа на Хаваите се наоѓа веднаш до еден од најактивните вулкани во светот. Вулканот на островот Кауаи еруптира постојано од 1983 година, исфрлајќи жешка лава во студениот океан. Освен вулканските ерупции, на оваа плажа се забележани 102 напади на ајкули, од кои 8 биле смртоносни.rnrnНајопасните плажи во светотrn

    Амазонските плажи, Бразил

    rnАко планирате да патувате долж реката Амазон, тогаш подобро е да се движите по копнен пат, низ густите шуми. Избегнете го пловењето по самата река затоа што на тој начин водата ќе ја делите заедно со многубројните пирани, анаконди и електрични јагули.rnrnНајопасните плажи во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кејптаун каков што не сте го знаеле

    Кејптаун каков што не сте го знаеле

    Кејптаун е вториот најнаселен град во Јужноафриканската Република, веднаш после Јоханесбург. Првобитно Кејптаун бил најголем град во Јужна Африка сè додека не бил заменет со Јоханесбург, како резултат на откривањето на злато и дијаманти. Кејптаун каков што не сте го знаелеКејптаун каков што не сте го знаелеКејптаун изобилува со спектакуларни планини и прекрасни плажи. Заради тоа, овој град е совршен за активности на отворено како качување по карпи, едрење на даска и возење велосипед. Кејптаун каков што не сте го знаелеКејптаун каков што не сте го знаелеКејптаун каков што не сте го знаелеКејптаун каков што не сте го знаелеКејптаун каков што не сте го знаелеЕдно од најпознатите туристички обележја на Кејптаун е планината Тејбл, од каде што туристите може да уживаат во прекрасната панорама на градот. Кејптаун каков што не сте го знаелеКејптаун каков што не сте го знаелеКејптаун каков што не сте го знаелеКејптаун каков што не сте го знаелеЖичницата води до врвот на планината Тејбл, место од каде што може да се видат китови, фоки и пингвини во водите околу ‘ртот Добра надеж. Кејптаун каков што не сте го знаелеКејптаун каков што не сте го знаелеВо заливот на Кејптаун често може да се сретне големата бела ајкула. Заради тоа, на плажите се поставени знамиња во боја кои го означуваат степенот на опасност од овој вид ајкули. Кејптаун каков што не сте го знаелеИ додека сте во Кејптаун не заборавајте дека најубавите работи се бесплатни. Уживајте во прекрасното изгрејсонце, како и во егзотичното зајдисонце на овој неверојатен град. Кејптаун каков што не сте го знаелеКејптаун каков што не сте го знаелеКејптаун каков што не сте го знаелеrnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Застрашувачки тобогани низ аквариум со ајкули

    Застрашувачки тобогани низ аквариум со ајкули

    Во последниве неколку години водните паркови се неизбежен дел од летните одмори. Оние кои ги посетиле знаат дека горе-долу сите се исти… Секаде можете да најдете тобогани кои се отворени или затворени, мали или големи, забавни или необични. Но, дали некогаш сте налетале на тобоган кој поминува низ аквариум со ајкули?rnrnЗастрашувачки тобогани низ аквариум со ајкулиЗастрашувачки тобогани низ аквариум со ајкулиrnrnОвие тобогани се наоѓаат во хотелите Голден Нагет, Лас Вегас и Атлантис, Дубаи. Во аквариумите можете да забележите најразлични видови ајкули – змијозаби, кафени, зебрести… Тифани Хаук, која работи во хотелот Голден Нагет вели:rn
    rn

    „Тобоганот во комбинација со аквариумот е незаборавно доживување кое не можете да го најдете на друго место во светот.“

    rnЗастрашувачки тобогани низ аквариум со ајкулиЗастрашувачки тобогани низ аквариум со ајкулиЗастрашувачки тобогани низ аквариум со ајкулиЗастрашувачки тобогани низ аквариум со ајкулиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кул факти кои ќе ви го направат денот поинтересен

    Кул факти кои ќе ви го направат денот поинтересен

    1. Дали сте знаеле дека показалецот на „Статуата на слободата“ е долг 2,5 метри?rnrnКул факти кои ќе ви го направат денот поинтересенrnrn2. Во делови од пустината Атакама во Чиле никогаш не заврнал дожд или барем досега не бил забележан.rnrn3. Најголемата измерена снегулка била широка 38 сантиметри, а дебела околу 20.  Паднала во Монтана, во 1887 година.rnrn4. Кога ќе наполните 75 години, тоа значи дека сте биле будни само 52 од нив, остатокот или 23 години од животот сте ги поминале во спиење.rnrn5. Замислете, крилото на „Боинг 747“ е подолго од должината на првиот лет на браќата Рајт. Тие го измислиле авионот, а нивниот прв обид да летаат со него траел само 12 секунди.rnrnКул факти кои ќе ви го направат денот поинтересенrnrn6. А, сте слушнале ли дека на земјата живеат онолку кокошки, колку што има и луѓе?rnrn7. Постои вид птица која тежи помалку и од едно денарче.rnrn8. Внимавајте во каква боја се облекувате. Комарците најмногу ги привлекува сината. Можеби ви е чудно, но и тие имаат заби.rnrnКул факти кои ќе ви го направат денот поинтересенrnrn9. Инсектите се толку многу бројни, што за секој човек има по речиси 200 милиони.rnrn10. И за кенгурите има работи кои можеби не сте ги прочитале. Тие не можат да се движат наназад.rnrn11. Освен луѓето, отисоци од прсти имаат и коалите.rnrn12. Знаете ли дека октоподите имаат по три срца?rnrn13. На човечкото тело се наоѓаат околу три милиони потни жлезди, а човечките коски се пет пати посилни од челикот.rnrn14. Ако сте на диета, добро е да знаете дека за да изедете еден целер ќе потрошите повеќе калории отколку што ќе внесете со него.rnrn15. Не е мит ниту дека ако изедете премногу моркови, може да станете портокалови.rnrnКул факти кои ќе ви го направат денот поинтересенrnrn16. Просечниот човек троши две недели чекајќи да се сменат светлата на семафорот.rnrn17. Прогнозите се дека еден од две милијарди луѓе ќе доживее длабока старост од 116 години, а можеби и повеќе.rnrn18. Сакате ли да дознаете кој има најголем мозок? Тоа се китовите „Physeter catodon“ чиј мозок тежи речиси 9 килограми.rnrn19. Уште еден сличен податок. Јазикот на синиот кит е потежок од еден слон.rnrn20. Опасните ајкули-тигри се борат меѓу себе уште во утробата на мајката. Ќе се роди, тој што ќе преживее.rnrn21. Ајкулите што ќе преживеат, ќе „тераат“ до 100 години.rnrnКул факти кои ќе ви го направат денот поинтересенrnrn22. Бамбусот може да порасне до три метри во височина, во рок од 24 часа. Значи, еве кој расте преку ноќ :).rnrn23. А, сте слушнале ли дека 250 луѓе паднале од кривата кула во Пиза?rnrnКул факти кои ќе ви го направат денот поинтересенrnrn24. Сега ќе се преселиме во Соединетите Американски Држави. Таму секојдневно се јаде по 303.514 квадратни метрипица.rnrn25. Поранешниот претседател на САД Бил Клинтон за време на неговиот 8-годишен мандат, испратил само две имејл пораки.rnrn26. И за крај. Кога се смеете активирате 14 мускули, а кога се лутите 43. Сепак, продолжете да се смеете. Полесно е :).rnrnКул факти кои ќе ви го направат денот поинтересенrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку чудни и интересни факти за животните

    Неколку чудни и интересни факти за животните

    Автор: Марија Смокварскаrnrn1. Ако доволно ја вознемирите, камилата може да ве плукне. Таа е во состојба да изгуби 30% од телесната маса за да зачува вода. Оваа појава би го убила кое било друго животно. Друг интересен факт е дека за 10 минути може да испие дури 113,56 литри вода.Неколку чудни и интересни факти за животните2. Нов Зеланд е дом на 4 милиони луѓе и на околу 70 милиони овци. Тоа би значело дека на еден човек доаѓаат по 12 овци. Една од најпознатите видови денес, мерино овцата, се смета дека е првата овца на Нов Зеланд која денес брои популација од околу 2 милиони, колку цела Македонија :).Неколку чудни и интересни факти за животните3. Животните, исто како и луѓето, се левораки или деснораки. Поларните мечки се левораки. Можеби веќе сте слушнале, но нивното крзно не е бело.Неколку чудни и интересни факти за животните4. Америка е држава во која живеат повеќе од 54 милиони кучиња што претставува изненадувачка бројка. Нема да верувате, но уште поизненадувачки е тоа што се смета дека денес во Париз има повеќе кучиња отколку луѓе.Неколку чудни и интересни факти за животните5. Ајкулите се имуни на сите досега познати болести. Португалската ајкула е најдлабокиот нуркач кој достига длабочини и до 2.750 метри. Во зависност од нивниот вид тие пливаат со брзина од 97 км/ч.Неколку чудни и интересни факти за животните6. Слонот, меѓу другото, како едно од најголемите копнени животни, води голема грижа за останатите членови во групата, како и за повредените единки. Покрај тоа што имаат големи уши, слухот кај овие видови е многу слаб. Се движат со брзина од 6,4 километри на час. За споредба, луѓето можат да се движат дури и побавно од 4-5,5 км/ч. Што се однесува до нивната храна, тие ја џвакаат само со 4 заба.Неколку чудни и интересни факти за животните7. Свињата е рангирана како 4-то најинтелигентно суштество на Земјата, а во Библијата е спомната само 2 пати. Се смета дека свињите учат побрзо и од кучињата. Чудно е тоа што преферираат средината во којашто живеат да ја чуваат многу чиста, иако нам ни се познати по тоа што се многу неуредни. Свињата има по 4 прсти на секоја нога, меѓутоа, кога се движи ги користи само предните 2, па изгледа како да оди на врвот од прстите.Неколку чудни и интересни факти за животните
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn