КАФЕ ПАУЗА

Tag: Адам Сендлер

  • Само продолжи со тоа (Just go with it)

    Само продолжи со тоа (Just go with it)

    Филм за лагите и за тоа кога е вистинско време да престанеш со нив и да ја кажеш вистината… како едно „Пинокио“ патешествие може да ти разјасни некои работи и да ти донесе позитивна животна промена rnrnСамо продолжи со тоа (Just go with it) Режија: Денис ДуганrnrnУлоги: Адам Сендлер, Џенифер Анистон, Никол КидманrnrnВреметраење: 117 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 11 февруари 2011rnrnЖанр: романтична комедијаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: : [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————–rnАмериканските романтични комедии се прават по рецепт. Не треба да си филозоф или огромен креативец за да измешаш малку хумор со малку непризнаени и негирани љубовни чувства и на сето тоа да му додадеш среќен крај. Уште подобро ако се појавуваат популарни глумци како во случајот, Адам Сендлер, Џенифер Анистон и Никол Кидман – тогаш имаш сигурен хит на кино благајните. Овие филмови не се паметат засекогаш, не влегуваат во 100-те најдобри, но си ја играат својата јасна улога во кинематографскиот свет, односно нè забавуваат и притоа ни ги собираат парите. Сепак, во купот американски комедии се издвојува по некоја со подобар хумор и симпатична приказна. Таков тип е филмчето „Само продолжи со тоа”.rn———————————————————————————————————————————————————————–rnrn

    rnПриказна: Дени (Адам Сендлер) е пластичен хирург кој откако останува повреден од девојката со која требал да се земе, љубовниот живот му се состои од низа „едновечерни средби“ со убави жени. И тој е сосема среќен со тоа, сé додека не сретне девојка за која решава дека треба да се потруди и со која најверојатно сака да остане. Сепак, уште на стартот, една непромислена лага го втурнува сé  подлабоко и подлабоко во лажната приказна во која ги вклучува и неговата асистентка Кетрин (Џенифер Анистон) и нејзините две деца. Да, дејствието е клише, но сепак има забавни хумористични сцени, не само со Сендлер туку и со одличниот комичар Ник Свардон кој го глуми Еди, помалку чудниот и баксузен во љубовта братучед на Дени. Само продолжи со тоа (Just go with it)Кога станува збор за хуморот на Адам Сендлер изгледа дека нема средина – или го сакаш или го мразиш. Сепак, во овој филм дури и тој се појавува во малку посмирена варијанта, со шеги прифатливи за поголем број луѓе. Нема да наоѓате хумор како на пример во „Зохан“. Тука сè е посмирено и нежно со оглед дека станува збор за романтична комедија.rnrnЏенифер Анистон, пак, изгледа дека е родена за ваквите улоги, и не само тоа, туку и таа е свесна дека најмногу ја бива за тоа па не се ни обидува нешто претерано во другите жанрови. Така што нема утка за Анистон, таа е стара коска во ваков тип филмови.rnrnИзненадувачки е што тука ја наоѓаме Никол Кидман која ја игра вечната непријателка на Кетрин, Девелин. По нејзиниот последен проект, драмата „Зајачка дупка“ во кој маестрално портретира жена која го загубила детето, на големото платно се појавува со овој, за неа, претерано лесен проект. Дали станува збор за едноставно полнење на буџетот што најверојатно не ù е ни потребно или пак за лесно оддржување на актерската кондиција, не се знае. Сепак, Кидман, и тука професионално си ја завршува работата. Само продолжи со тоа (Just go with it)Музика: Музиката е како што ù доликува на една нова романтична комедија, од Umbrella на Rihanna до Chasing Cars на Snow Patrol или Beggin’ на Madcon. Сепак влегуваат и постари, но популарни песни и тоа најчесто од The Police. Така саундракот е брз и преполн со препознатливи нумери кои најчесто не ви дозволуваат да не потцупнете со ногата. Половина од дејствието во филмот се одвива на Хаваи, па ваквиот тип хитовска музика комплетно си се поклопува со амбиентот. Само продолжи со тоа (Just go with it) Кога и како да го гледате: во кое било време од денот и во која било комбинација. Нормално дека главен предуслов е да сте љубител на романтични комедии затоа што „Само продолжи со тоа“ е токму тоа. Сепак, со оглед дека момците (стереотипно гледано) не се секогаш на страната на овој филмски жанр, можеби е подобро да го прескокнат, а девојките да го погледнат во друштво со своите другарки.Само продолжи со тоа (Just go with it) ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Возрасните“ (Grown ups)

    „Возрасните“ (Grown ups)

    Пет семејства, еден куп проблеми и разлики, а најмногу комични ситуации…rnrn„Возрасните“ (Grown ups)Режија: Денис ДуганrnrnИграат: Адам Сендлер, Кевин Џејмс, Крис Рок, Роб Шнајдер, Дејвид Спеид и Селма ХаекrnrnВреметраење: 102 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 јуни 2010rnrnЖанр: комедијаrnrnВеб-сaјтrnrnНаша оценка: 5/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn___________________________________________________________________________________________rn Иако овој филм, со оглед на актерската екипа која е собрана за неговото снимање, не ги задоволи вкусовите на сите критичари, сепак токму поради глумците и нивните индивидуални кариери вреди да се погледне. Приказната изобилува со комични ситуации, некои од нив очигледни и веќе видени, други пак тотално ќе ве изненадат. Критичарите беа незадоволни поради тоа што ваква екипа, од можеби моментално петте најуспешни комичари на филмското платно, добилa просечна комедија во која на моменти шегите се „излитени“. Едно можеме да кажеме со сигурност, актерите добро се познаваат и нивната хемија на сцена е извонредна и природна, па токму затоа филмот има еден голем плус.rn————————————————————————————————————————————————-rn

    rnПриказна: Во 1978 година, пет 12-годишни момчиња, победуваат во кошаркарски турнир. Триесет години подоцна, откако тие веќе се пораснати, со фамилии, бизниси и слично, се собираат заедно за погребот на нивниот тренер кој го постигнал најголемиот успех во кариерата токму со нивниот тим.rn„Возрасните“ (Grown ups)Викендот решаваат да го поминат заедно во куќата на езеро, каде што како млади се забавувале, но овој пат доаѓаат со голем „багаж“, деца, жени и секој со своите проблеми, маки и предизвици. Маркус е сингл и пие премногу, Роб има три ќерки кои ретко ги гледа и има мерак често да се жени, Ерик е огромен и плус не работи, Курт е домазет и живее со неговите две деца, жена му и нејзината мајка, а Лени е успешен Холивудски агент оженет со модна дизајнерка (Селма Хаек), но парите кои ги има ги размазиле неговите деца.rn„Возрасните“ (Grown ups)„Возрасните“ (Grown ups)Викендот на езерото и прославувањето на големиот американски празник 4-ти јули, е можност за промени, подобрување и излез од некои непријатности во бракот на сите поединечно.rn„Возрасните“ (Grown ups)Кога и како да го гледате: Комедија како комедија, најубаво е да се гледа со друштво. Соберете се кај некого дома, набавете сè што би треба, сместете се на најудобното место и уживајте во овој филм. Какви и да се критиките, филмот има и те како смешни моменти, а актерите и те како знаат да ви ги доловат.„Возрасните“ (Grown ups)„Возрасните“ (Grown ups)„Возрасните“ (Grown ups)Слични филмови: „Смешни луѓе“ (Funny People), „Камп за денот на татковците“ (Daddy Day Camp)