КАФЕ ПАУЗА

Tag: 8 март

  • Во духот на меѓународниот ден на жената: 10-те дами кои го променија светот

    Во духот на меѓународниот ден на жената: 10-те дами кои го променија светот

    Денес има еден куп успешни жени кои се симбол на моќта, почнувајќи од Ангела Меркел и Хилари Клинтон, преку Мери Бара и Мелинда Гејтс, па сѐ до Мишел Обама. Но, спротивно на историските книги, жените ги ределе успесите и го менувале светот уште од моментот кога човекот научил да оди на две нозе. Во духот на 8-ми март, меѓународниот ден на жената, ви претставуваме дел од најиновативните жени низ историјата, кои ги поставиле основите на успехот и поради кои животот денес е многу подобар.rn

    1. Ада Ловлејс, математичарка

    rnВо духот на меѓународниот ден на жената: Дамите кои го променија светотrnrnМислевте дека Стив Џобс го создал првиот компјутер? Размислете уште еднаш. Пред него се појавуваат низа имиња од математичари, физичари, технолози и научници кои историјата ги заборавила поради нивниот пол, раса или сексуална определба. Земете го за пример Алан Туринг, креаторот на првиот алгоритам и машина за декодирање. На оваа листа додадете ја и математичарката Ада Ловлејс, која се смета за личноста која ја напишала првата компјутерска програма во раните 1840-ти. Со помош на нејзиниот ментор, Чарлс Бабаџ, Ловлејс помогнала и во изградбата на првиот компјутерски прототип наречен „Аналитички мотор“.rn

    2. Марија Кири, физичарка

    rnВо духот на меѓународниот ден на жената: Дамите кои го променија светотrnrnМарија Склодовска Кири е првата жена која освоила Нобелова награда, првата и единствената личност која добила Нобелова награда два пати и тоа за две различни категории: физика и хемија и првата жена која станала професор чии предавања се одржувале на Универзитетот во Парис. Марија Кири е првата личност која започнала да ја истражува теоријата на радиоактивноста (термин кој таа го измислила), а на нејзиното има се припишува и изолацијата на радиоактивните изотопи и откривањето на елементите полониум и радиум.rn

    3. Мери Лу Вилијамс, џез пијанистка и композиторка

    rnВо духот на меѓународниот ден на жената: Дамите кои го променија светотrnrnРодена во 1910-тата година во Атланта, Мери Лу Вилијамс имала успешна кариера како џез музичарка и била првата жена која отворила продукциска компанија за производство на музика. Вилијамс била и учителка и ментор на дел од најголемите имиња во џезот како што се Мајлс Дејвис и Телониус Монк.rn

    4. Хеди Ламар, холивудска ѕвезда и инженерка

    rnВо духот на меѓународниот ден на жената: Дамите кои го променија светотrnrnАјфонот и по продолжение сите негови апликации, немаше да постојат ако не беше Хеди Ламар. Покрај осветлувањето на екраните, таа во партнерство со Џорџ Антели измислила безжичен комуникациски систем кој ги усовршил радио сигналите за сите торпеда за време на Втората светска војна. Не само што Ламар помогнала во победата над фашистичките сили, туку и ја поставила основата за сите безжични комуникациски системи кои ги користиме денес.rn

    5. Маргарет Хамилтон, научничка од НАСА

    rnВо духот на меѓународниот ден на жената: Дамите кои го променија светотrnrnНајголемиот научен настан кој го одбележа 20-тиот век, американското слетување на месечината, немаше да се случи доколку не беше Маргарет Хамилтон. Дебелите книги кои ги гледате на фотографијата се всушност кодот кој Маргарет рачно го напишала, за да може Аполо 11 успешно да слета на месечината. Кога ненадејно се појавила грешка во програмата која се заканувала да ја уништи целата операција, Маргарет го пронашла решението и успеала да се ослободи од проблемот, овозможувајќи ја една од најконтроверзните мисии на НАСА.rn

  • Моќни цитати за жените кои ќе ве мотивираат и инспирираат

    Моќни цитати за жените кои ќе ве мотивираат и инспирираат

    По повод меѓународниот ден на жената составивме галерија од цитати со цел да ве мотивираме и инспирираме да бидете најдобри што можете. Жените можат многу повеќе, само треба да ја најдат храброста во себе и да тргнат по оној пат кој знаат дека ќе ги исполни. Се надеваме дека овие мисли ќе ви помогнат при остварување на вашите цели. Среќен 8 март!rnrn(1) Моќни цитати за жените кои ќе ве мотивираат и инспирираатrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Подароци за 8 Март со кои ќе ја направите среќна секоја жена

    Подароци за 8 Март со кои ќе ја направите среќна секоја жена

    Без разлика дали една жена го празнува 8 Март или не, таа ќе биде среќна доколку партнерот ѝ приреди мало изненадување. Ова се неколку едноставни, но моќни идеи за подарок кои би ја израдувале секоја жена.rnrn(1) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mkrn

    Цвеќе

    rnОва е првиот и очигледен избор на многу мажи, и иако звучи како клише, сепак може да биде вистински израз на внимание, кое жената може да го почувствува од самиот гест, но и од изборот на она што го сочинува букетот. Обидете се самите да аранжирате нешто за да бидете уникатни, а ако не ве бива, одете со букет рози. Со розите никогаш не можете да погрешите.rnrn(3) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mkrn

    Книга

    rnЕдноставен и не премногу оригинален подарок, но секогаш актуелен и прифатлив. Ако вашата партнерка сака да чита книги, тогаш овој избор е полн погодок. Можеби некогаш ви спомнала за некоја книга која е хит во моментот и би сакала да ја прочита или пак ви зборувала за жанровите кои ги обожава. Влезете во книжарница и направете го изборот. Ако ви дозволува џебот, одете со некоја хит трилогија. Ќе биде горда да ги нареди деловите на полицата.rnrn(2) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mkrn

    Вечера за дами

    rnКолку добра идеја. Организирајте ѝ вечера со пријателките. Таа несомнено ќе биде воодушевена. И тоа не само таа. Изненадувањето ќе ги расположи сите дами кои се вклучени во планот. Изберете ресторан, резервирајте место, организирајте ја храната и пијалаците и јавете ѝ се на вашата подобра половина за да ѝ кажете каде да биде и во кое време. Со ова, не само што ќе ја направите неа среќна, туку сте ги освоиле и сите нејзини пријателки засекогаш.rnrn(4) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mkrn

    Рачна изработка

    rnБило да се работи за парче накит, гардероба, некој украс за домот или нешто друго, со рачната изработка не можете да погрешите. Уникатните парчиња се секогаш на цена, и нема жена која не ги посакува во својот естетски свет. Пронајдете нешто убаво и уникатно. Сигурно ќе ѝ се допадне.rnrn(5) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mkrn

    Кошница со производи за нега и убавина

    rnДенот на жената е ден кога креативноста во понудата на парфимериите доаѓа најмногу до израз. Наместо да посегнете по колекциите во картонска амбалажа во маркетите, појдете во некоја парфимерија и изберете убав комплет со производи за нега и убавина интересно сместен во кошница. Не бегајте од шминките и лаковите за нокти. Купките и шампоните не се единствената козметика која ја користат жените. Изненадете ја со изборот. Таа ќе се чувствува како ни самата да не можела да направи подобар.rnrn(6) podaroci-za-8-mart-so-koi-kje-ja-napravite-srekjna-sekoja-zhena-kafepauza.mk

  • Значењето на цвеќињата

    Значењето на цвеќињата

    Без разлика дали денес ќе подарите или ќе добиете цвет како осмомартовски подарок, убаво е да ја дознаете симболиката која се крие зад секој вид. Момци, пред да ја посетите цвеќарницата денес, проверете каква порака ќе ѝ испратите на вашата љубена со цветот кој планирате да ѝ го подарите.rn

    Роза

    rnРозата е најчест избор кога се работи за подарување цвеќе. Црвената роза симболизира љубов, романса, убавина и совршенство. Овој цвет може да биде доста скап, ако се знае дека цвеќарниците со месеци ги чуваат пупките на розите затворени, сè со цел да расцутат точно за 8 март.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Гербер

    rnГерберот ја симболизира убавината, невиноста и чистотата. Овој цвет може да се најде во повеќе бои, кои заедно во комбинација означуваат поттик и енергичност.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Лале

    rnЛалињата означуваат совршена љубов. Овој елегантен и лесно препознатлив цвет е еден од најпопуларните, покрај розата, и најчесто се поврзува со Холандија, каде што за прв пат процветал во 17-от век. Со подарување на овој класичен цвет, пренесувате топлина и чувство на удобност.Значењето на цвеќињатаrn

    Перуански лилјан

    rnОвој долготраен цвет, познат уште како Алстроемерија, бара постојано внимание и одржување. Симболиката на овој цвет е пријателство и посветеност. Како што кажува самото име, овој вид лилјан потекнува од Јужна Америка, а карактеристично за него е тоа што има повеќе цветови по стеблото, што овозможува лесно да се вклопи во секој цветен аранжман.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Бел крин

    rnБелиот крин означува убавина, класа и стил. Овој ориентален цвет е познат како доста скап и драматичен. Личноста која подарува бел крин е софистицирана и одлично ја познава личноста за која е наменет цветот.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Орхидеја

    rnОрхидејата е позната како редок цвет и е симбол за љубовта, убавината, луксузот и силата. Плус, со подарувањето орхидеја испраќате порака дека имате несекојдневен стил на заведување. Личноста која подарува една орхидеја има подив темперамент од личноста која подарува цел букет рози.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Каранфил

    rnКаранфилот означува нова љубов и фасцинантност. Букет од каранфили означува срдечност. И каранфилите се чест избор за подарување цвеќе, посебно заради тоа што нивната цена е прифатлива.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Сончоглед

    rnКако што кажува самото име на цветот, сончогледот претставува топлина, среќа и верност. Иако сончогледот цвета во лето, тој е достапен низ целата година.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Ирис

    rnИрисот, или кај нас познат како перуника, може да се најде во сина, бела или жолта боја. Во некои делови од светот, темно синиот или виолетов ирис симболизираат кралско достоинство. Но, без разлика на бојата, ирисот означува вера и надеж.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Гарденија

    rnОвој елегантен цвет означува чистота и радост, но подразбира и старомодна длабока љубов. Мажот кој на жената ѝ подарува гарденија, значи дека има заедничко минато со неа. Гарденијата е доста скап цвет и се продава единствено на парче, а не како букет.rnrnЗначењето на цвеќињата
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.