Благодарение на новите технологии како што се дроновите и далечинското снимање, создавачите на документарци со животински свет имаат можност да уловат разни, прекрасни моменти на животните, без никако да му попречат на нивното живеалиште.rnrn
Ширум светот постојат мали, но страсни тимови сочинети од ентузијасти коишто со помош на веб-камери ги снимаат и ги споделуваат снимките од нивните локални видови животни. Од грандиозни лавици, до птици-родители од видот атлантски тупик, во продолжение погледнете ја оваа листа од едни од најубавите стримови во живо од дивиот свет, коишто ќе ви овозможат немонтиран поглед кон животинскиот свет.rnrnВо продолжение, погледнете ги овие 10 одлични видео стримови со животински свет, коишто ви овозможуваат поглед кон овој фасцинантен природен свет, 24/7.rn
1. Интернационален центар на волци
rnИнтернационалниот центар за волци лоциран во Минесота го водат тим од биолози, чијашто работа е посветена на истражување и предавања за сивите волци. Нивната камера за волци е во функција уште од 2013 година и емитува континуирана снимка од овие недопирливи суштества, додека тие јадат, спијат и талкаат низ нивниот хабитат. Гледајте ги во живо веднаш или проверете ги најдобрите сними од 5 јули, 2018, во видеото во продолжение.rnrnhttps://youtu.be/xSenyDeNJ3crn
2. Кајманскиот корален гребен
rnКајманскиот гребен лоциран на западниот дел од Карипското Море, е дом на разнообразен морски жив свет. Тимот од најголемата мрежа во светот за снимање на природа „EXPLORE“, инсталирал камера којашто се полни на соларна енергија и е насочена кон карпа со морски ѕвезди. Познато како „станица за чистење“, ова е место на коешто доаѓаат поголеми риби за да бидат чистени од помали риби-чистачи и ракчиња. Уживајте, набљудувајќи ги рибите-балони, ражите со точки, ражите со боцка, баракудите, ајкулите-негувателки, повремената карипска гребенска ајкула и останатиот морски свет, којшто може да се види на овој гребен.rnrnhttps://youtu.be/KzTTF_WNTfMrn
3. Тигарско езеро
rnТигарското езеро е лоцирано во Тампа, Флорида, во спасувалиштето за големи мачки „Big Cat Rescue“. Камерата прикажува два тигри како шетаат низ нивното засолниште и се разладуваат во своето приватно езеро. Оваа непрофитна организација е посветена на обезбедување постојан дом за злоупотребуваните и напуштени големи мачки. Освен на тигри, овој центар за спасување е дом на повеќе од седумдесет лавови, рисови и пуми.rnrnhttps://youtu.be/HBGTbTvW-T8rn
4. Камера за јастреби на Њујоршкиот Универзитет
rnВо 2011 година, пар од два јастреби со црвени опашки создал гнездо на надворешниот раб на 12-от кат од библиотеката Бобст на Универзитетот во Њујорк. На изненадување на студентите, овие грабливи птици продолжиле да се враќаат секоја година за да положуваат јајца, да ги квачат и да ги одгледуваат нивните малечки. За да ги улови овие мигови, Њујоршкиот Универзитет решил да постави камера којашто емитува континуиран стрим, кој им овозможува на сите луѓе ширум светот да ги видат тукушто испилените млади бебиња-јастреби, како растат и леткаат околу гнездото.rnrn
5. Лавицата Никита
rnОваа камера во живо го прикажува домот на Никита, лавица којашто е донесена во засолништето за големи мачки „Big Cat Sanctuary“ откако била запленета во рација за дрога и потоа пратена во Зоолошка градина. Со телесна тежина од околу 250 килограми, Никита е поголема од повеќето лавови! На видеово можете да ја гледате, како секојдневно живее и шета по нејзините омилени места.rnrnhttps://youtu.be/hs3SUsKFG-Irn
6. Живеалиштето за лисици крај езерото Сквом
rnНа земјиштето на Природно-научниот центар Сквом езера во Холдернес, Њу Хампшир, САД живее едно симпатично семејство сочинето од црвени лисици. На пролет, во изминативе три години мајката-лисица одгледала над 10 бебиња-лисичиња. Оваа година, таа одгледува дури 11 бебиња. На преносот во живо, можете да ги гледате овие слатки животинки, како си играат и трчкаат околу нивното засолниште.rnrnhttps://youtu.be/fzOmlZKtoc8rn
7. Дувло со атлантски тупици
rnАктивноста којашто се случува во ова удобно гнездо со атлантски тупици, се пренесува во живо уште од 2013 година од страна на Националното здружение Одубон. Оваа организација е посветена на зачувување на живеалиштата на птиците. На преносот, може да видите група од тупици на островот Сил, оддалечен 32 км од брегот на Мејн, САД. Тие се собираат во текот на пролетните и летните месеци од годината, да ги одгледуваат нивните малечки тупици.rnrnhttps://youtu.be/qrgX5W1NiGQrn
8. Горили во Република Конго
rnЦентарот за рехабилитација и зачувување на горили, е засолниште коешто се грижи за напуштените источни горили. Лоцирано во природниот резерват Тајна во Демократската Република Конго, оваа камера пренесува снимка во живо од огромното шумско живеалиште од 16 хектари. Немојте да бидете изненадени ако на стримот видите задремани луѓе, бидејќи персоналот спие со бебињата горили, подеднакво исто како што мајките-горили би ги чувале своите деца во дивината.rnrnhttps://youtu.be/pHtOPHLhQMErn
9. Слонови во Јужна Африка
rnКамерата поставена од страна на Паркот за слонови Тембе во Јужна Африка, прикажува слонови коишто пијат вода од дупка. Во паркот има волонтери коишто постојано работат за да го прикажат најдобриот можен агол, а најголема веројатност да ги погледнете грандиозните слонови е во периодот од 11 до 15 часот. Но, персоналот кажува и дека во текот на цел ден и ноќ има активност околу дупката со вода. Погледнете го преносот во живо, на линкот.rnrnhttps://youtu.be/XRahRdOO2-0rn
10. Кафени мечки крај водопадите Брукс
rnПоставена во 2012 година од страна на Националниот парк за зачувување Катмаи, во Аљаска оваа камера секојдневно го прикажува животот на кафеавите мечки. Погледнете како овие гладни суштества талкаат околу водопадите Брукс, додека се прикрадуваат и пробуваат да уловат лосос. Најдобриот период да се вклучите во нивната акција, е во текот на летото кога има најголем број лососи.rnrnhttps://youtu.be/2UIA8xOVcOsrnrnМоже да ве интересираат и овие топ 7 документарни филмови.


rnrnГледајте го видеоспотот во 4-минутна верзија, а ако почувствувате дека станувате посреќни, задолжително продолжете да се полните со позитивна енергија на официјалниот сајт на проектот и слушајте ја песната, барем додека не ви се здосади.rnrnrnrn rnrn
rnrnУлтрамаратон е форма на маратон во кој учесниците се натпреваруваат кој повеќе ќе истрча во рок од 24 часа. Победникот на последниот ултрамаратон е Американецот Мајк Мортон. Тој истрчал над 446 километри.rn
rnrnИзминатото лето, психоделичниот рок бенд „The Flaming Lips“ го собори рекордот на Џеј-Зи, одржувајќи 8 концерти во 8 различни градови, од Тенеси до Луизијана.rn
rnrnВо 2008 година, тату-уметникот Холис Кантрел од Аризона за точно 24 часа изработил 801 тетоважа или двојно повеќе од претходно утврдениот рекорд.rn
rnrnПред речиси една деценија, Чарлс Сервицио (Charles Servizio) направил 46.001 склекови за 24 часа.rn
rnrnВо 2004 година, Тим Турмонд (Tim Thurmond) успеал да направи точно 6.176 форми од балони за добротворна организација. Нема информации колку балони му испукале во овој процес. :)rn
rnrnОва го постигнал
rnrnТоа е околу 4.785 пати повеќе отколку што може да реши еден просечен човек.rn
rnrnЏек Фримен и неговиот син Џереми успеале да ги поминат сите казина во Вегас за помалку и од 24 часа. Им останале 5 неискористени часови.rn
rnrnРедордот е поставен минатата година во Јужна Африка. Рекордерот скокал банџи на секои 14 минути.rn
rnrnТоа е речиси двојно повеќе од рекордот со гушкање, кој пак, изнесува 8.709 пати.rnrn rnrn
rnrnДоколку некогаш планирате да го посетите, ова видео ќе ви направи една кратка тура, за да се запознаете со едно негово деноноќие. Уживајте во прошетката.rnrnrnrn