КАФЕ ПАУЗА

Tag: 2022

  • Кои се 10-те најбогати градови во светот во 2022 година?

    Кои се 10-те најбогати градови во светот во 2022 година?

    Њујорк со години се наоѓа на врвот на листата на најбогати градови во светот. Не само што е дом на неверојатен број од 345.600 милионери и 59 милијардери, туку е и центар на трговијата и инвестициите на финансискиот капитал на Соединетите Американски Држави и Вол Стрит. Згора на тоа, има највисока вредност на ПКМ (паритет на куповна моќ).rnrnКои се 10-те најбогати градови во светот во 2022 година?rnrnПаритет на куповна моќ е начин на мерење на цените во различни земји врз основа на иста количина на стоки и услуги што може да се купат, односно претставува теорија на долгорочна рамнотежа во девизниот курс на одредена земја.rnrnМакроекономските аналитичари и економисти вообичаено ја користат вредноста на ПКМ за одредување на животниот стандард и просперитетот на одреден град или земја.rnrnНа првото место на рангирањето на најбогатите градови во светот во 2022 година е Њујорк со ПКМ од 2422 милијарди американски долари. Следува Токио со 2205 милијарди американски долари, додека на третото место се наоѓа Лос Анџелес.rn

    10-те најбогати градови во светот според паритет на куповната моќ во 2022 година:

    rn1. Њујорк, САД (ПКМ: 2.422 милијарди долари)rnrn2. Токио, Јапонија (ПКМ: 2.205 милијарди долариrnrn3. Лос Анџелес, САД (ПКМ: 1.105 милијарди долари)rnrn4. Сан Франциско, САД (ПКМ: 1.383 милијарди долари)rnrn5. Сеул, Јужна Кореја (ПКМ: 1.125 милијарди долари)rnrn6. Париз, Франција (ПКМ: 1.075 милијарди долари)rnrn7. Лондон, Велика Британија (ПКМ: 1.064 милијарди долари)rnrn8. Шангај, Кина (ПКМ: 1.018 милијарди долари)rnrn9. Москва, Русија (ПКМ: 1.004 милијарди долари)rnrn10. Пекинг, Кина (ПКМ: 950 милијарди долари)rnrnОткако прочитавте кои се најбогатите градови во светот во 2022 година, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те градови во кои не постои стрес и кои се идеални за живеење.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Најдобрите фотографии на Млечниот Пат за 2022 година

    Најдобрите фотографии на Млечниот Пат за 2022 година

    Секоја година блогот Capture the Atlas организира натпревар во фотографирање на Млечниот Пат. Погледнете ги во продолжение дел од победничките фотографии за 2022 година.rn

    „Египетски ноќи“ – Белата пустина, Египет

    rn

    Најдобрите фотографии на Млечниот Пат за 2022 година
    Burak Esenbey
    rn

    „Куќа со лаванда“ – Франција

    rn

    Најдобрите фотографии на Млечниот Пат за 2022 година
    Benjamin Barakat
    rn

    „Млечниот Пат во раните утрински часови за време на пролетта“ – Канарски Острови, Шпанија

    rn

    Најдобрите фотографии на Млечниот Пат за 2022 година
    Egor Goryachev
    rn

    „Осветлувајќи го Млечниот Пат“ – Кина

    rn

    Најдобрите фотографии на Млечниот Пат за 2022 година
    Jinyi He
    rn

    „Планината Фуџи и Млечниот Пат над езерото Кавагучи“ – Јапонија

    rn

    Најдобрите фотографии на Млечниот Пат за 2022 година
    Takemochi Yuki
    rn

    „Тајна“ – Калифорнија, САД

    rn

    Најдобрите фотографии на Млечниот Пат за 2022 година
    Marcin Zajac
    rn

    „Зимско небо над планините“ – Словачка

    rn

    Најдобрите фотографии на Млечниот Пат за 2022 година
    Daniel Zafra Portill
    rn

    „Ледена доба“ – Тибет, Кина

    rn

    Најдобрите фотографии на Млечниот Пат за 2022 година
    Daniel Zafra Portill
    rnrnОткако погледнавте дел од победничките фотографии на Млечниот Пат за 2022 година, можеби ќе сакате да ги погледнете и 10-те неверојатни фотографии од океанскиот живот што учествуваа на натпреварот за „Најдобар подводен фотограф на годината“.rnrnИзвор: designyoutrust.com

  • Краток годишен хороскоп за 2022 година: Астролозите ни предвидуваат значителни промени!

    Краток годишен хороскоп за 2022 година: Астролозите ни предвидуваат значителни промени!

    Годишниот хороскоп за 2022 година ветува значителни промени. Од астролошките настани од особено значење ќе биде парадата на планетите: Јупитер, Венера, Сатурн, Месечината, Нептун и Марс, која ќе се одржи на 12 јуни. Во оваа насока, астролозите очекуваат дека годината ќе биде особено турбулентна и променлива од многу аспекти, а може да се случи во втората половина од годината да се повторат некои работи што веќе се случиле или биле навестени на почетокот од годината. Тоа ќе ви помогне да ги осознаете вашите грешки и да им се посветите на недовршените работи.rnrnКраток годишен хороскоп за 2022 година: Астролозите ни предвидуваат значителни промени!rnrnЌе се соочите со моменти кога треба да покажете вистинска одлучност и да преземете одговорност за вашите постапки. Деловните проекти за кои сте мислеле дека се недостижни за вас, сега ќе се претворат во реалност. Можеби ќе започнете долгорочен креативен проект или ќе добиете пофалба и награда за трудот што досега останал незабележан.rnrnСо Сатурн во знакот на Водолија, целата година ќе бидете полни со идеи за како да го направите светот подобро место за живеење. Ќе научите да не ги пропуштате важните можности и да гледате на светот од логична перспектива. Тоа ќе ви помогне да се поврзете со другите и да најдете начин да го промените својот живот.rnrnРеволуционерниот Уран ќе биде придружуван од конзервативниот и стабилниот Бик кој ќе го забави неговото темпо, но бидејќи парите се главната експертиза на Бикот, ќе настапат мали промени во начинот на кој ќе управувате со вашите финансии. Побарајте долгорочна можност за раст со мал или никаков ризик што може да биде и надвор од доменот на она што го работите.rnrnЈупитер ќе помине во знакот на Овен и ќе ви даде храброст да ги надминете сите пречки што ви стојат на патот во втората половина од годината. Сепак, важно е да не правите нагли промени од јануари до почетокот на мај. До мај имате повеќе можности да работите на унапредување на вашите љубовни врски како и односите со пријателите и семејството отколку на вашите кариери. Во овој период ќе инвестирате љубов и енергија во работите што ги сакате, а ќе добиете многу повеќе од она што сте го очекувале.rnrnНајважните промени од астролошки аспект во 2022 година ќе настапат за време на конјукцијата на Јупитер со Нептун на 12 март, кога Јупитер ќе биде во секстил со Плутон на 3 мај, затемнувањето на Месечината на 16 мај и 8 ноември, затемнувањето на Сонцето на 30 јуни и 25 ноември и кога Јупитер ќе биде во секстил со Уран на 17 ноември.rnrnОткако го прочитавте краткиот годишен хороскоп за 2022 година, ви препорачуваме да прочитате и како ќе ви бидат наклонети ѕвездите овој декември.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Тест: Изберете ѕвезда и откријте што ве очекува во 2022 година!

    Тест: Изберете ѕвезда и откријте што ве очекува во 2022 година!

    Знаеме дека многумина од вас ги сакаат психолошките текстови, било поради тоа што можат да ви помогнат да се спознаете подобро, било поради забава, или поради инспирација. Одберете една од ѕвездите на сликата и дознајте што ќе ви донесе наредната година.rnrnТест: Изберете ѕвезда и откријте што ве очекува во 2022 година!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ѕвезда бр. 1″ active=”false”]Наредната година нема да има пречки на вашиот пат кон остварувањето на вашите цели. Благодарение на вашите способности ќе се зголемат вашите приходи. Нема да бидете принудени да работите напорно за да бидете успешни во вашата кариера, доволно е да вложите само мал труд за да ја постигнете целта во најкраток можен период.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ѕвезда бр. 2″ active=”false”]Вие сте практична и избалансирана личност по природа. Тоа е главната причина зошто луѓето имаат доверба во вас и зошто ви веруваат. Силна личност сте, но понекогаш знаете да бидете чувствителни, ама не ви се допаѓа кога тоа ќе го забележат другите. Сепак, во 2022 година ќе запознаете некој кој ќе ја цени вашата добрина и нема да ја злоупотребува.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ѕвезда бр. 3″ active=”false”]Вие сте од оние кои секогаш велат дека чашата е полуполна. За вас, животот е една голема авантура, преполн со изненадувања. Наредната година ќе ви донесе возбудливи и значајни настани бидејќи сте подготвени за промена. Ве очекуваат нови достигнувања, како и пријатни изненадувања.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ѕвезда бр. 4″ active=”false”]Вие сте чувствителна личност по природа. За разлика од другите, посветувате многу време размислувајќи за себеси и за светот што ве опкружува. Во 2022 година во вашиот живот ќе влезе личност со која ќе изградите романтична и хармонична врска, а тоа ќе придонесе да се чувствувате поисполнето.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ѕвезда бр. 5″ active=”false”]Постојано зрачите со доверба во себе. Сè во вашиот живот е под контрола – секогаш верувате во сопствените сили. Никогаш не оставате нешто незавршено зад себе и се чувствувате задоволни само кога сте ја постигнале целта. Луѓето околу вас се свесни за вашите способности, па затоа ве почитуваат.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, ви препорачуваме да направите и друг тест и да дознаете што ве очекува во ноември 2021.rnrnИзвор: namastest.net