Институтот за бои „Pantone“, открива која боја ќе биде хит во 2017-та година, како помеѓу дизајнерите на облека, така и во уредувањето на домот. Дизајнерите за мода и мебел во 2017-та година ќе ја избираат зелената боја, поточно нијансата со број 15-0343.rnrn
rnrn„Оваа боја е симбол за нови почетоци, свежа жолто-зелена нијанса која потсетува на првите пролетни денови кога природата оживува“, пишува во извештајот на овој институт. Оваа боја го илустрира цветењето и богатството на природата кое нѐ опкружува. Таа е симбол на виталност, а нѐ потсетува и на тоа дека треба да земеме длабок здив и да ги наполниме батериите. Се работи за многу флексибилна боја која ги надминува границите на пролетната сезона и која може да се комбинира на различни начини со неутрални, силни и пастелни бои, како и со понежни нијанси.
Tag: 2017
-

Создадена за секое годишно време: Избрана е бојата која ќе ја одбележи 2017-та година
-

Каков совет му е потребен на секој хороскопски знак за претстојната 2017-та година?
Веќе полека се приближуваме кон крајот на оваа година. Новата година симболизира и нов почеток, време кога непосакуваните работи треба да ги оставиме во минатото. Во новата година повеќето се стремат кон тоа да бидат подобри личности. Па, според вашиот хороскопски знак, пронајдете го советот кој најмногу ви одговара во претстојната 2017-та година.rnrn
rnОвен
rnНе донесувајте неразумни одлуки кога сте лути или среќни, туку пред да одлучите нешто, осигурете се дека имате чист ум.rn
Бик
rnНема сите личности секогаш да ве сакаат онолку колку што ги сакате вие, но тоа не значи дека треба да престанете да сакате со целото свое срце.rn
Близнаци
rnЖивејте го животот што ве прави среќни, а не оној кој другите го очекуваат од вас.rn
Рак
rnПрестанете да ги обвинувате другите луѓе за вашите грешки и проблеми, зашто во спротивно нема никогаш да ви се подобри животот.rn
Лав
rnАко тревата е позелена на другата страна од оградата, тогаш почнете повеќе да ја наводнувате вашата.rn
Девица
rnНикогаш не правете ги приоритет луѓето кои вам ве гледаат само како опција.rnrn
rnВага
rnПочнете да откривате што сакате да правите, а потоа пронајдете начин како да бидете платени за тоа.rn
Скорпија
rnНикој не е навистина загрижен за тоа што го правите со вашиот живот, бидејќи тие се премногу фокусирани на тоа што мислите вие за нивниот живот, па затоа, живејте за себе.rn
Стрелец
rnСѐ е прашање на перспективата и сѐ се сведува на тоа како ќе изберете да реагирате во одредена ситуација.rn
Јарец
rnСо цел да го добиете тоа што го сакате, морате напорно да работите. Заборавете на сите оние половично завршени работи и вложете сè што имате во себе.rn
Водолија
rnТреба да направите разлика помеѓу она што ви е потребно и она што го сакате, а и да прифатите дека не можете секогаш да го добиете она што го сакате.rn
Риби
rnСекогаш верувајте ѝ на вашата интуиција, ако нешто не чувствувате дека е добро, тогаш тоа најверојатно и не е.rnrn

-

17 нешта што треба да ги заборавите во 2017 година!
Новата година ни носи и нови почетоци, па затоа многумина тогаш се чувствуваат најмотивирано за промени. Овој пат ви нудиме листа со цели за 2017 година што можат да ви донесат големи позитивни промени во вашиот живот. Прочитајте за што станува збор…rnrn
rnrn1. Престанете да одржувате контакти со пријателите што никогаш не се тука кога ви требаат, како и со оние што едноставно не ве поддржуваат. Животот е премногу краток за да го посветите своето време на луѓе што не вредат.rnrn2. Престанете да се опкружувате со луѓе околу кои не можете да бидете свои, или пак, морате да менувате дел од себеси за да почувствувате дека припаѓате. Вие сте уникатни такви какви што сте и токму поради тоа сте посебни.rnrn3. Престанете да ја работите работата што ја мразите само затоа што сте убедени дека не можете да најдете ништо подобро. Постојат толку многу работни места (во и надвор од државава), треба само да направите детално истражување за да ги откриете.rnrn4. Престанете да водите мирен живот, каде што стоите во место и ги набљудувате другите како ги земаат работите што вие ги сакате бидејќи сте преплашени дури и да се обидете. Ако живеете удобен живот, никогаш нема да почувствувате напредок.rnrn5. Престанете да си велите дека е сосема во ред да работите во околина каде што се чувствувате дека не вредите, дека разочарувате и дека вашиот глас е постојано игнориран. Ако вие не се цените себеси, како очекувате тоа да го прават другите?rnrn6. Престанете да вложувате минимален труд. Наместо тоа, загрејте го столчето и дајте сè од себе на работното место, а ако не наоѓате задоволство и предизвик во моменталните проекти, побарајте други.rnrn7. Престанете да молчите за вашите ментални битки, без разлика дали станува збор за депресија, анксиозност, опсесивно компулсивно нарушување или што било друго. Не треба да се срамите од овие состојби, баш напротив, прифаќањето е првиот чекор кон заздравувањето.rnrn8. Престанете да живеете во нездраво тело. Сменете ја исхраната, почнете да се качувате по скали наместо со лифт, шетајте секојдневно, потсетете се дека еден пијалак е доволно… Ако не се грижите за вашето тело, ќе го запоставите и умот!rnrn9. Престанете да спиете само 5 часа во текот на ноќта. Времето е насекаде околу вас, вие само треба да го најдете.rnrn10. Престанете да се движите во токсични социјални околини. Ако сте поканети на средба со луѓе што сакаат да озборуваат и осудуваат, културно одбијте ја поканата. Ако мора да се појавите бидејќи е работна средба или треба да го поддржите партнерот, издвојте еден час и потоа заминете си. Не вложувајте повеќе енергија во овие средби отколку што навистина треба.rnrn11. Престанете да бидете просечен пријател. Ако вашите пријатели имаат потреба од вас, дајте сè од себе да им помогнете, без разлика на проблемите низ кои поминуваат.rnrn12. Престанете да имате лош став кон добрите нешта во вашиот живот. Ако надвор врне, потсетете се дека вечерва ќе имате покрив над главата. Ако заглавите во сообраќај, сетете се дека ова е еден од ретките моменти кога не мора да правите ништо друго освен да размислувате.rnrn13. Престанете да ги трошите деновите за џабе. Сите одвреме-навреме имаат потреба од мирување, едноставно да се опуштат и да не прават ништо друго. Но, ако го поминувате секој викенд гледајќи серии што веќе сто пати сте ги изгледале, ќе почнете да се чувствувате празно.rnrn14. Престанете да верувате дека стравот е нешто што треба да се избегнува. Ако размислите подобро, стравот е всушност најдобриот начин да откриете што потајно сакате, но се плашите од тоа што ќе го кажат другите.rnrn15. Престанете да трошите премногу. Ова не значи дека треба да се чувствувате лошо кога ќе се почестите со масажа или пак, ќе го купите фустанот/костимот што со месеци сте го гледале. Но, ослободете се од купувањето нешта без кои можете да продолжите да живеете…rnrn16. Престанете да го живеете животот на автопилот, да работите како зомби, да го гледате животот низ објектив наместо да бидете присутни во моментот… Едноставно опуштете се и бидете свесни за тоа што ви се случува!rnrn17. Престанете да верувате дека среќата е нешто што треба да се постигне и потсетете се дека таа не зависи од платата. Едноставно бидете среќни што постоите и од таму работите ќе тргнат во вистинската насока. -

Интересен календар за 2017 година, специјално дизајниран за љубителите на мачки
Мачките се љубов! Мачките се живот! Зарем има подобар начин да се започне 2017 година од интересен календар со забавни и смешни илустрации за мачките. Благодарение на Лингвистов, вие ќе можете да се радувате во текот на целата година. Погледнете го целосниот календар и уживајте. Сигурно со нетрпение ќе ја чекате 2017-тата година, гушкајќи ја вашата мачка без престан!rnrn
rnrn











