КАФЕ ПАУЗА

Tag: 2017

  • Работи за кои жените треба да престанат да се извинуваат во 2017 година

    Работи за кои жените треба да престанат да се извинуваат во 2017 година

    Сѐ повеќе модерни жени гласно го кажуваат нивното мислење и не ги премолчуваат неправдите со кои секојдневно се соочуваат. Сепак, познато е дека жените се извинуваат многу почесто од мажите. Не е важно дали е тоа така затоа што тие се воспитани да бидат претерано учтиви или навистина имаат потреба да се извинуваат за сѐ и сешто.rnrnРаботи за кои жените треба да престанат да се извинуваат во 2017 годинаrnrnФакт е дека жените се извинуваат за многу работи како што се нивните животни избори, физички изглед, начин на исхрана, искажување на личното мислење, а тоа воопшто не би требало да биде така. Како што жените стануваат сѐ посвесни за оваа појава, така растат и обидите да се стави крај на истото. Доколку и вие сте забележале дека премногу често го користите зборот „Извини“, имајте на ум дека за следниве работи никогаш не би требало да се извинувате…rn

    За тоа што имате свое мислење

    rnСекој има право на свое мислење. Мислењето на мажите во никој случај не е повредно од мислењето на жените. Никогаш не плашете се да го кажете јасно и гласно она што го мислите. Немојте само да молчите доколку не се согласувате со нешто и да дозволувате некој друг да ги носи вашите одлуки. Луѓето ќе ве почитуваат поради тоа што размислувате со своја глава.rn

    За тоа што сте имале абортус

    rnОва е многу деликатна тема за која дефинитивно ќе наидете на поделени мислења. Без оглед на тоа што ви го велат другите, сепак конечната одлука треба да биде само ваша, бидејќи се работи за вашето тело и вашиот живот. Не мора да го направите она што останатите ви велат дека е правилно и апсолутно не сте должни да живеете според нечии правила и убедувања. Изберете го она што вие мислите дека е правилно.rn

    За тоа што сте амбициозни

    rnДолго време се верувало дека главната цел на жената е да основа семејство, да се грижи за децата и за домот. Денес нештата се сменети, но сѐ уште постои тој притисок дека жените треба да се омажат до одредена возраст за да можат да родат што е можно повеќе деца. Доколку тоа е вашата желба, секако дека треба да си ја исполните. Но, не се чувствувајте лошо ако наместо семејство сакате да основате сопствен бизнис и да градите кариера. Семејниот живот не мора да ви биде приоритет. Не се извинувајте поради тоа што сте амбициозни и вашата дефиниција за успех во животот се разликува од онаа на општата маса. Следете ги вашите соништа.rnrnРаботи за кои жените треба да престанат да се извинуваат во 2017 годинаrn

    За тоа што се залагате за правда во општеството

    rnВие ги сакате луѓето и не ги осудувате според нивната верска, национална и етничка припадност. Не ви пречат хомосексуалците, напротив, се залагате за нивните права. Доколку некој се обиде да ве разубеди (а ќе има такви), вие докажете го спротивното. Не дозволувајте туѓите предрасуди да го променат вашето мислење. Останете доследни на себеси и на она во кое вие верувате.rn

    За тоа што јадете нездрава храна

    rnТочно е тоа дека треба да се храните здраво, но не се чувствувајте лошо доколку не можете ниту еден ден да поминете без благо. Сите тие реклами и манекенки со совршени тела кои промовираат здрав начин на живот навистина знаат да набијат грижа на совест поради тоа што вие не успевате да ги исполните истите стандарди. Меѓутоа, вистината е дека не морате да го направите тоа! Доколку си ветите дека ќе се храните здраво, секако дека треба да си го одржите зборот. Но, направете го тоа само затоа што вие така сакате, а не затоа што така ќе бидете подобро прифатени во општеството.rn

    За тоа што се грижите за себе

    rnУште од рана возраст, жените учат дека треба да им угодуваат на другите, бидејќи само така ќе бидат општествено прифатени. Жените треба да ги исполнуваат потребите на мажите за да им се допаднат и да бидат сакани. Секако дека треба да се грижите за другите луѓе, но не заборавајте најпрво да се погрижите за себе. Како може човек кој е незадоволен со себе да пренесе љубов, топлина и грижа? Не се извинувајте поради тоа што се ставате себеси на прво место. Тоа е потребно за да можете да го извлечете најдоброто од себе и да станете подобра личност која навистина ќе може да се грижи и за другите.rnrnВо продолжение прочитајте и за кои 10 нешта силните жени никогаш не се извинуваат.

  • Хороскопскиот знак ви открива на кој начин ќе се заљубите во 2017-та година

    Хороскопскиот знак ви открива на кој начин ќе се заљубите во 2017-та година

    Љубовта е непредвидлива и понекогаш може да се заљубите во некој за кој не сте ни сонувале. Можеби искрата на љубовта е некаде премногу блиску до вас, но вие сѐ уште немате сфатено дека таа чека да се разгори. Денес ви откриваме какви љубовни врски ве очекуваат во оваа 2017-та година според вашиот хороскопски знак, па да имате време да се подготвите и да уживате во истите.rnrnХороскопскиот знак ви открива на кој начин ќе се заљубите во 2017-та годинаrn

    Овен

    rnКако некој кој е и сигурен и храбар, чудно ќе ви биде, но сепак ќе се најдете во врска која може да бара малку убедување. Но, не се откажувајте од личноста. Ќе станува збор за некој што веќе го имате забележано и го познавате. За возврат на вашата лојалност, ова ќе биде љубовта која ќе направи да заборавите дека некогаш претходно сте имале скршено срце.rn

    Бик

    rnВеќе сте заљубени. Оваа година ќе се вратите на вашиот претходен партнер. Сѐ ќе си простите.rn

    Близнаци

    rnВие ја ставате работата пред сѐ друго во вашиот живот. Затоа што вложувате многу време и емоции во неа, вие ќе се најдете во љубовна врска со некој со кој работите. На почетокот ќе ви изгледа комплицирано и ќе ја отфрлите оваа идеја, но личноста нема да ве пушти да си заминете толку лесно. Така, вие заедно ќе го достигнете врвот и во вашата кариера и во вашата љубовна врска.rn

    Рак

    rnВие многу го цените семејството, па така ќе се најдете во врска со некој кој многу добро го познава вашето семејство и е близок со членовите. Кога тој или таа ќе ви се приближи, ќе сфатите колку си одговарате еден со друг. Заљубувањето ќе се случи многу брзо.rn

    Лав

    rnВие сте природен лидер и ќе пронајдете некој што ве предизвикува на најдобар можен начин. Откако ќе се запознаете, најпрво ќе се мразите еден со друг, а потоа ќе сфатите дека задевањето води кон добра љубовна врска. Но, вие нема да сакате да си го признае тоа, па одредено време ќе останете пријатели, сѐ додека еден од вас не го направи првиот чекор. Потоа ќе сфатите дека љубовта помеѓу вас двајца постоела подолго време.rn

    Девица

    rnВие ја анализирате секоја љубовна врска од минатото, но еден ден ќе запознаете личност за која нема ниту малку да се сомневате. Таа личност повторно ќе ви ја врати довербата и вие повторно ќе можете да верувате во љубовта. Ова ќе се случи во летните месеци, за време на вечерно излегување со вашите пријатели. Иако нема да сакате да излезете, потоа ќе ви биде мило што сте го направиле тоа.rnrnХороскопскиот знак ви открива на кој начин ќе се заљубите во 2017-та годинаrn

    Вага

    rnВие внесувате живот каде и да одите. Во иднина ќе се запознаете со некој така што ќе си упатувате погледи во просторијата каде што ќе се наоѓате и тоа ќе биде тоа.rn

    Скорпија

    rnВие се имате обидено со апликации за состанување кои не се покажале многу ефикасни. Иако сте оделе на состаноци, не сте сфатиле дека сте доволно заинтересирани за некој за да продолжите. Ретко можете да пронајдете во некој таква емоционална интелигенција како вашата, па тешко ви е да се поврзете со луѓето. Но, ова многумина не го знаат за вас. Вие сте најкомплицираната личност од сите знаци во хороскопот, но кога сакате, тоа е вистинска љубов и полна со страст. Следна личност во која ќе се заљубите е некој од вашето минато, кој ве разбирал подобро дури и од вас самите.rn

    Стрелец

    rnВие имате страст за патување и за истражување на светот, па на едно од вашите патувања ќе запознаете некој што е како вас од секој аспект. Како што се заљубувате во местата кои ги немате видено, исто така брзо ќе се заљубите и во овој странец, па ќе сфатите дека без разлика колку сте различни, ништо од тоа не може да ви застане на вашиот пат.rn

    Јарец

    rnЌе почнете да се состанувате со вашиот најдобар пријател и ќе посакувате да сте го направеле тоа порано.rn

    Водолија

    rnВие сакате да бидете независни и за тоа многумина ви се восхитуваат, но ќе запознаете личност која ќе направи повеќе да не сакате да бидете сингл. Со вашиот животен стил и брзото темпо на живот, оваа личност ќе ја запознаете преку работата или вашето хоби. Ќе бидете на исто ниво со целите или кариерата, па ова ќе ве мотивира еден со друг за да постигнете големи работи.rn

    Риби

    rnВие сте многу емоционални, а ќе се заљубите во личност која ја гледате често, па откако ќе се случи тоа, ќе си помислите како воопшто сте живееле без неа сето ова време. На вашата љубовна врска ќе ви завидуваат многумина, но вие ќе се држите еден со друг.rnrnХороскопскиот знак ви открива на кој начин ќе се заљубите во 2017-та година

  • Дознајте дали 2017-та година за вас подготвува љубовен огномет

    Дознајте дали 2017-та година за вас подготвува љубовен огномет

    Некои години биле преполни со романтика, додека други биле досадни. А, што ве очекува во наредните 12 месеци? Одговорете на неколку едноставни прашања и дознајте што ќе се случува со вашиот љубовен живот во 2017-та година.rnrn1-test-koj-kje-posakate-vednash-da-go-napravite-doznajte-dali-2017-ta-godina-za-vas-podgotvuva-ljuboven-ognomet-www.kafepauza.mk_rn

    1. Кое е најчудното место на кое сте воделе љубов?

    rnа) Парк, и тоа на сред бел ден.rnrnб) На плажа, во придружба на морските бранови.rnrnв) Работ на креветот во спалната соба?rn

    2. Со колку момци во текот на 2016-та година сте посакале да имате секс? (Се смета и доколку сте во врска!)

    rnа) Отприлика со петмина… на патот до работното место.rnrnб) Само со господин Греј од популарната книга „50 нијанси сиво“rnrnв) Со еден или ниту еден.rn

    3. На скала за привлечност од 1 до 10, каде се наоѓате вие?

    rnа) Дефинитивно 10! Моето деколте не ги остава момците рамнодушни.rnrnб) Зависи од моето расположение. Понекогаш воопшто не ме интересира како изгледам, но знам и да се дотерам, само доколку сакам. Оцена: солидни 6, 7.rnrnв) Да кажеме 2. Не сакам кога луѓето го забележуваат мојот изглед, а особено кога го коментираат.rn

    4. Како го замислувате вашиот одмор од соништата?

    rnа) Планинарење, нуркање, велосипедизам – накратко, активности на отворено кои го подигнуваат адреналинот.rnrnб) Излежување во куќа покрај морето, шетање по плажа, набљудување на зајдисонцето…rnrnв) Посета на роднините или слески туризам. Излегување после 21 часот? Не, никако!rn

    5. Како вообичаено ја дочекувате Новата година?

    rnа) Тренди клубови.rnrnб) Заедно со партнерот на некое романтично место.rnrnв) Дома, со чаша шампањ додека приготвувам вечера.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Најмногу одговори под А:” active=”false”]Започнувате да црвенеете, бидејќи ве разоткривме. Вие фантазирате за врели погледи кои ги разменувате со некој странец, за галење на лулашка со згодниот чувар, игри на улоги со долгогодишниот партнер… Отворени сте за нови искуства и ви престои доста возбудлив период. Затоа не двоумете се и препуштете се на сите магични возбудувања.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Најмногу одговори под Б:” active=”false”]Подгответе се за вечера со свеќи, прошетка низ градот или во природа додека го држите за рака и го гледате само него, заедничко бирање чипкаста долна облека, превртување по сатенските чаршафи кои ја милуваат кожата… Во суштина, сакате да ви се исполнат макар неколку сцени од љубовниот роман кој сте го прочитале или кој токму сега го читате.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Најмногу одговори под В:” active=”false”]Нема ништо лошо во тоа што имате удобност, среќни сте во врската и забавно ви е секое водење љубов со партнерот кој го сакате и кому потполно му верувате. Препуштете им ги падобраните на личностите под А и ветровитите плажи на личностите под Б. Вие ќе доживеете оргазам и ќе заминете на спиење во пристојно време, прегрнувајќи го човекот кој го сакате.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnНајважно е никогаш да не дозволите туѓите мислења или стравот од осудување да ве спречи да одите по она што навистина го сакате! Нема причина да се грижите за неважните работи и поради тоа да ја испуштите шансата да бидете вистински среќни покрај оној кој го сакате. Тоа е ваш живот, па живејте го онака како што вам ви одговара.rn

    „Не сакам да глумам дека сум недостижна. Не ја гледам поентата во фората ‘Ајде да ги размениме телефонските броеви, а потоа јас ќе чекам 4, 5 дена за да се јавам’. Ако почувствуваш нешто, зошто да дозволиш тоа чувство да помине? Животот е еден.“ – Хајди Клум.

  • Оваа година е во знак на тарот картата „Тркало на среќата“, а еве што значи тоа!

    Оваа година е во знак на тарот картата „Тркало на среќата“, а еве што значи тоа!

    Можеби досега не сте размислувале во оваа насока, но и тарот картите во голема мера можат да ви откријат што занимливо и возбудливо ве очекува оваа нова година.rnrn1-ovaa-godina-e-vo-znakot-na-tarot-kartata-trkalo-na-srekjata-a-eve-shto-znachi-toa-www.kafepauza.mk_rnrn2017-та година е во знакот на картата „Тркало на среќата“, а сигурни сме дека и самите можете да погодите што означува оваа карта. Така е, ве очекува возбудлива година, полна со нови почетоци, позитивни промени и среќни моменти и можности.rnrnСепак, оваа карта не се однесува толку многу на материјалните работи отколку на оние суштинските, животни прилики. Значи, ќе имате можност да работите на себе, на вашиот напредок во секоја смисла, па затоа морате да бидете отворени за сите сјајни прилики кои ќе бидат во изобилство. Оваа година нема да биде ни малку пасивна, туку ќе настапат бројни промени на полето на работата, кариерата и љубовта со кои со сигурност ќе бидете задоволни.rnrn2-ovaa-godina-e-vo-znakot-na-tarot-kartata-trkalo-na-srekjata-a-eve-shto-znachi-toa-www.kafepauza.mk_rnrnНа полето на љубовта ќе донесете важни одлуки. Кога станува збор за работата, и тука ќе се случат позитивни промени, но само оние кои се навистина потребни.rnrnСовет: Опкружете се со црвена боја која е симбол на љубовта, страста и доброто расположение!

  • 2017-та официјално започна: Одберете го главниот збор според кој ќе се водите во новата година

    2017-та официјално започна: Одберете го главниот збор според кој ќе се водите во новата година

    Подготвени сте да ја започнете новата година? Можеби сте си поставиле повеќе цели и сте направиле еден куп планови за годината која следува, но за да ви бидат нештата појасни, најлесно е да тргнете од еден единствен збор кој ќе биде вашата главна тема во 2017-та. Спознајте се себеси и пронајдете го вашиот збор. Овие три совети ќе ви помогнат да откриете кој е вашиот збор за 2017 година…rnrn2017-та официјално започна: Одберете го главниот збор според кој ќе се водите во новата годинаrn

    1. Запрашајте се

    rnСеднете во тишина и запрашајте се: „Кој е мојот збор за 2017 година? Дали постои збор од кој би можел/а да извлечам корист, ако се фокусирам на него?“ Погледнете ги следниве неколку предлози кои можеби ќе ви помогнат да го одберете вашиот збор: Храброст, доверба, верба, љубов, сон, рамнотежа, разум, одмор, слобода.rn

    2. Послужете се со некоја книга

    rnДоколку не можете да се сетите на ништо, обидете се со овој трик. Земете ја која било книга од вашите полици и затворете ги очите. Размислувајте за вашиот збор на годината и отворете ја книгата на некоја страница по случаен избор. Зборот што најпрво ќе ви „фати“ око нека биде вашата главна тема годинава.rn

    3. Медитирајте

    rnКога ќе се сетите на некој збор, обидете се да ја почувствувате неговата енергија. Како се чувствувате кога размислувате за него? Дали ви нуди можност за учење и личен развој? Дали може да ве насочи на вистинскиот пат во 2017 година? Доколку можете потврдно да одговорите на овие прашања, тоа е знак дека се движите во вистинскиот правец. Не губете мотивација ако се почувствувате исплашени. Тоа е показател дека следува промена.rnrnЗабавувајте се во текот на целиот процес додека го одбирате зборот и можеби ќе се изненадите од тоа каде ќе стигнете. Имајте Среќна нова 2017-та година, исполнета со многу успеси и личен напредок!rn

  • Дознајте што ве очекува во годината на Петелот: Краток и прецизен хороскоп за 2017-та година

    Дознајте што ве очекува во годината на Петелот: Краток и прецизен хороскоп за 2017-та година

    2017-та е година на Петелот и таа ќе донесе многу позитивни промени. Петелот е симбол на Сонцето, бидејќи од најраните утрински часови со своето пеење го започнува денот. На исток, тој е директно поврзан со топлината на Сонцето, а Индијците го сметаат како извор на сончева енергија, додека пак Јапонците го нарекуваат прва светлост. Кинезите во Петелот гледаат пет особини: Храброст, добрина, верност, достоинство и добра волја. Па, погледнете што ќе ви донесе вам оваа нова година каде што е собрана сета надеж.rnrnДознајте што ве очекува во годината на Петелот: Краток и прецизен хороскоп за 2017-та годинаrn

    Овен – заслужен одмор!

    rnПретходните две тешки години кои поминале под мотото „Целиот живот е борба“, сега се зад вас, затоа што дојде време родените во овој знак да ги берат плодовите од својата напорна работа. Но и покрај тоа, не може да се каже дека треба да чекате сѐ само да падне пред вашите нозе. За да добиете нешто, треба да вложите малку напор и да бидете внимателни.rn

    Бик – дојде време да уживате во животот!

    rnГодината на Мајмунот е зад вас, а тоа значи дека неуспесите, поразите, постојаното брзање и напнатоста, веќе ќе бидат минато. Време е да се смирите, да се релаксирате и да добиете задоволство во животот. Ѕвездите секако не гарантираат дека сѐ ќе помине без проблем, но можете да сметате на добра компензација за емоционалните и материјалните загуби.rn

    Близнаци – ова е позитивно време за вас!

    rnГодината на Петелот за вас е полна со радосни искуства и успешни почетоци. Ова, во секој поглед, е погодно време за Близнаците, кога личностите родени во овој знак ќе чувствуваат присуство на магија во воздухот.rn

    Рак – кажете му збогум на тешкиот товар што го имате!

    rnВие ќе се поврзете со интересни луѓе кои ќе станат ваши верни пријатели и ќе бидат способни да влијаат на вашиот раст и развој. Некои личности ќе се соочат со потреба да се ослободат од тешкиот товар кој веќе долго време го носат со себе и кој влијае на нивниот живот.rn

    Лав – сѐ ќе ви оди од рака!

    rnВие нема да имате потреба да влегувате во борба за профит, за што не сте ни подготвени. Претставниците на овој знак навикнати се сѐ да постигнуваат сами, работејќи под мотото „Цел живот е борба“. Затоа, ваквата ситуација кога сѐ ќе ви оди од рака, малку ќе ве збуни. Судбината ќе им подари на личностите родени во знакот Лав многу непредвидени ситуации, кои на крајот ќе имаат многу повелен резултат.rn

    Девица – со вашата одлучност ќе ги победите сите искушенија!

    rnОд самиот почеток на годината, вие треба да бидете одлучни. Оваа одлучност ќе ви помогне да се справите со дилемите кои за вас ги има подготвено Петелот. Најдобро е да изберете мудра тактика и да ги користите тековните случувања во своја корист.rnrnДознајте што ве очекува во годината на Петелот: Краток и прецизен хороскоп за 2017-та годинаrn

    Вага – вие можете да го решите кој било проблем!

    rnСудбината ќе ви понуди многу можности за да ја подобрите вашата благосостојба, но потребно е да внимавате да не ги испуштите шансите. Со тоа што ќе прифатите каква било работа, неопходно е да ја вложите сета сила за да ја реализирате, а исто така треба да покажете одлучност и независност.rn

    Скорпија – вие сте на прагот на големи промени!

    rnСкорпиите ќе бидат на прагот на големи промени и во минатото ќе ги остават своите стари колеги и досадната работа, па ќе им се препуштат на трансформациите. Промените во животот ќе ви го променат погледот кон светот.rn

    Стрелец – имате многу перспективи!

    rnОптимистичката природа на претставниците на овој знак и моќната енергија, пред нив ќе отворат многу врати. Тие ќе бидат во можност површно да ги согледуваат проблемите, без многу да размислуваат за нив, што ќе им помогне да ги решат со леснотија, притоа чувајќи ги и своето време и нерви. Како и да се завртите – ѕвездите ќе бидат на ваша страна.rn

    Јарец – дојде време да погледнете во себе

    rnЅвездите ви препорачуваат правилно да ги поставувате своите приоритети. На почетокот обрнете внимание на самите себе, одвојте време за вас и почнете да работите на својот развој. Новиот поглед кон светот ќе ве воодушеви вас и другите наоколу и сѐ ќе почне да се менува. Проблемите повеќе нема да ви изгледаат толку големи, па ќе почнете да наоѓате радост во едноставните нешта.rn

    Водолија – ова е ваша година!

    rn2017-та во секој поглед е година на личностите родени во знакот Водолија. Суштината на ова е тоа што претставниците на овој знак и Петелот, како доминантен симбол, се многу блиски по својот дух. Овие луѓе се креативни по природа и не сакаат да преземаат тешки задачи, а ги избегнуваат и проблемите. Бидејќи сме на прагот на периодот на Водолијата, претставниците на овој знак ќе имаат многу прилики да ја покажат вистинитоста на своето расудување.rn

    Риби – ве очекува крај на стагнирањето!

    rn2017-та година во голема мера ќе биде пресудна за претставниците на овој знак, пред сѐ поради тоа што во нивниот живот ќе заврши периодот на стагнацијата, која траеше речиси 10 години. Тие ќе изгледаат како да се будат од долг сон, отстранувајќи го од себе товарот на неактивноста, а ќе почувствуваат и неверојатен прилив на енергија.rnrnДознајте што ве очекува во годината на Петелот: Краток и прецизен хороскоп за 2017-та годинаrnrnСо цел да имате подобра и поуспешна година, погледнете ги и овие едноставни и лесно остварливи цели кои треба да ги направи секоја девојка во претстојната 2017-та.

  • Нумеролошка прогноза за 2017-та година

    Нумеролошка прогноза за 2017-та година

    Вашиот биоритамски број може да ви каже што ве очекува во 2017-та година на љубовен, професионален и здравствен план. Тој број се пресметува така што ќе ги соберете датумот и месецот на раѓање (без годината) и ќе ги претворите во едноцифрен број.rnrnНумеролошка прогноза за 2017-та годинаrnrnЕве еден пример. Биоритамскиот број на личностите родени на 26 декември е следниов:rnrn26 + 12 = 38rn3 + 8 = 11 rn1 + 1 = 2rnrnНивниот број е 2! Во продолжение пронајдете го вашиот број и откријте што ве очекува во следната година…rnrn

    Нумеролошка прогноза за бројот 1

    rnВлегувате во година кога ќе уживате во плодовите на својот труд. Многу е важно да знаете дека ќе можете да го берете само она што сте го посадиле. Сите аспекти ви одат во прилог, но морате да се ослободите од своите стравови и од работите што ве кочат, да го канализирате своето его и суетата. Можни се големи проблеми со документацијата. Што се однесува до здравјето, обрнете внимание на течностите во телото – можни се проблеми поради месечевите фази во годината.rnrnВнимание: Можни се две загуби!rn

    Нумеролошка прогноза за бројот 2

    rnСѐ што ќе доживеете во наредната година, без разлика дали е добро или лошо, ќе го доживеете на многу побурен начин отколку досега. Она што ќе ја одбележи 2017-та година е хедонизмот и мрзливоста. Од една страна, вие ќе патувате повеќе отколку вообичаено, но малку ќе ги занемарувате деловните обврски кои ги имате. Но, доколку воспоставите добри односи со странските партнери, нема да имате криза. Можни се проблеми со килограмите, па затоа грижете се за вашата исхрана и намалете го внесувањето масна храна.rnrnВнимание: Можни се проблеми на семеен план.rn

    Нумеролошка прогноза за бројот 3

    rn2017 година ќе ви биде година на уништување и стрес. Можно е сѐ што ќе ви се случува да го доживеете на постресен начин, отколку што е. Затоа, можете да имате помалку проблеми на работен или љубовен план. Единствен начин да ја постигнете целта на работно поле е редот, работата и дисциплината да станат ваше секојдневие. Исто така уште на почетокот на годината препорачливо е да почнете да се занимавате со некоја физичка активност, затоа што на тој начин ќе можете да се справите со целиот стрес. Можни се и хронични болести.rnrnВнимание: Ова е неповолна година за работата. Можни се финансиски загуби или отказ.rn

    Нумеролошка прогноза за бројот 4

    rnОва е одличен период за унапредување на оние што ги имате и за стекнување нови знаења и вештини. Во текот на 2017-та година ќе морате да се соочите со стравовите и фрустрациите од минатото. Иако тоа е многу тешко, сепак, единствено на тој начин можете да напредувате на работен и приватен план. Ова е одлична година за сите оние кои се занимаваат со маркетинг и менаџмент. На здравствен план, можни се проблеми со белите дробови и стомакот.rnrnВнимание: Можен е сериозен судир со проблеми и личности од минатото.rn

    Нумеролошка прогноза за бројот 5

    rnСите личности кои се родени во овој број ќе имаат многу интересна година, особено кога се во прашање емоциите и љубовта. Личностите кои подолг период се без партнер, во текот на 2017-та година може да очекуваат влегување во сериозна врска, па дури и стапување во брак. Жените може да се надеваат на бременост. Поради позитивното влијание на биоритамскиот број, може да очекувате подобрување на семејните односи и голем напредок во работењето, особено ако се занимавате со уметност.rnrnВнимание: Не дозволувајте емоциите да влијаат со вашиот живот.rnrnНумеролошка прогноза за 2017-та годинаrn

    Нумеролошка прогноза за бројот 6

    rnПред личностите родени во овој број претстои многу напорна година, исполнета со стрес и ненадејни пресврти, особено кога се во прашање емоциите и љубовта. Личностите кои долго време се во врска, може одеднаш да се одлучат да излезат од неа. Од друга страна, оние кои се пократко време, може да стапат во брак со личност која едвај ја познаваат. Сите овие ненадејни проблеми во вашиот живот може да ви донесат многу стрес, па затоа препорачливо е да започнете со медитација. Што се однесува до вашето здравје, можни се проблеми со ‘рбетот. Постојат опасности од пад од височина.rnrnВнимание: Не донесувајте избрзани одлуки. Тоа може скапо да ве чини.rn

    Нумеролошка прогноза за бројот 7

    rnОваа година беше полна со предизвици за вас. Добрата вест е што во 2017-та ќе пристигне олеснување. Конечно ќе се ослободите од менталните работи што ве кочат и ќе започнете со психофизичка регенерација. Со оглед на тоа, ќе треба да прифатите нови околности и нови луѓе. Не враќајте се на старите навики и опкружувања. Годината е одлична за работа. Оние личности кои имаат спортска или некој друг вид повреда, може да очекуваат заздравување. Што се однесува до љубовта, постои шанса изненадено да се заљубите. Можен е мал хируршки зафат.rnrnВнимание: Не враќајте им се на луѓето од минатото.rn

    Нумеролошка прогноза за бројот 8

    rnТреба да го искористите почетокот на годината за да ги разгледате сите искуства од 2016-та година и многу е важно да извлечете поука од сѐ што ви се случило. Не бидете лути, суетни и бесни, затоа што ви следува година на простувањето и на оставање на сите лоши навики зад себе. Лошата вест е тоа што следната година ќе ви биде година на завршетоци, а не на нови почетоци. Така, ќе расчистите со проблемите кои ги имате, но тоа не значи дека во истата ќе започнете со нешто ново. Дури и ако сакате да започнете нешто ново на љубовен, работен или здравствен план, почекајте подобро време за тоа. Ова е одлична година за создавање нови контакти и патувања.rnrnВнимание: Не започнувајте со работи за кои не сте размислиле доволно.rn

    Нумеролошка прогноза за бројот 9

    rnВи честитаме! Оваа година ќе се прекине магичниот круг во кој сте влегле и конечно ќе свртите нови страници во вашиот живот. Поради тоа, важно е да поставите добра основа. Енергијата на вашиот биоритамски број е неисцрпна и огромна, па треба да ја искористите за нови почетоци. Не дозволувајте никој или ништо да ве премисли. Не бидете суетни, простувајте и прифатете нови луѓе во вашиот живот. Внимание: Не им дозволувајте на другите да манипулираат со вас!rnrnНумеролошка прогноза за 2017-та година

  • 17 планови што секоја девојка треба да ги направи за новата 2017 година

    17 планови што секоја девојка треба да ги направи за новата 2017 година

    Дали пред почетокот на секоја нова година правите планови и си поставувате цели на кои заборавате до средина на февруари? Тоа се случува затоа што вашите очекувања се преголеми и при секој неуспех се демотивирате и откажувате. Тоа не мора да важи и за оваа година! Следниве 17 цели се едноставни и лесно остварливи, а можат да внесат значителна промена во вашиот живот. Подготвени сте за предизвикот? Остварете ги овие цели во 2017 година…rnrn17 планови што секоја девојка треба да ги направи за новата 2017 годинаrnrn1. Најдете физичка вежба што ви се допаѓа и во која уживате. Гледајте на тоа како време потрошено на самите себе, како време за релаксација и опуштање. Можете да вежбате дома, да се запишете на зумба, пилатес, на некој танц, па дури и на стрип-аеробик! Можностите се бесконечни!rnrn2. Почесто јавувајте ѝ се на вашата баба. Можеби 20 минути ќе ве убедува да се омажите и да почнете со раѓање деца, но сето тоа вреди бидејќи ништо не може да ја замени нејзината среќа што се јавува кога ќе ви го чуе гласот.rnrn3. Почестувајте се еднаш неделно. Не мора да биде нешто големо или посебно. Купете си цвеќе или почестете се со омиленото чоколадо. Вие го заслужувате тоа по напорната недела.rnrn4. Истражете некој нов град. Отсекогаш сте сакале да одите во Хелсинки? Венеција? Виена? Секој месец тргајте на страна по малку пари и ќе можете да заштедите за да го посетите вашиот омилен град и да го разбудите авантуристичкиот дух.rnrn17 планови што секоја девојка треба да ги направи за новата 2017 годинаrnrn5. Фрлете ја секоја блуза со тврдокорна дамка на неа. Истото важи и за парчињата облека со дупки од молци на нив.rnrn6. Напишете писмо на некој кој навистина ви значи. Залепете поштенска марка и испратете го писмото! Немате претстава каква реакција ќе предизвикате!rnrn7. Научете да приготвувате ново јадење. Потоа поканете ги пријателите за да им ги покажете вашите одлични готвачки вештини.rnrn8. Размислете која книга отсекогаш сте сакале да ја прочитате. Поставете си краен рок до кога би требало да ја завршите и држете се до него.rnrn9. Стапете во контакт со две пријателки со кои немате зборувано со години. И потоа потрошете колку време сакате за да се потсетите на старите добри времиња.rnrn17 планови што секоја девојка треба да ги направи за новата 2017 годинаrnrn10. Научете нешто ново. Научете да свирите инструмент, да играте некој танц, да плетете, што и да е. Збогатете ги вашите вештини со нова и можеби ќе дознаете дека поседувате неоткриен талент!rnrn11. Читајте по три статии секоја недела на тема што воопшто не ве интересира. Добивате бонус поени доколку се работи за политички статии што не се согласуваат со вашето лично мислење.rnrn12. Откажете се од некоја активност што навистина ве исцрпува. Можеби вашиот тениски клуб не е тоа што беше или часовите по германски повеќе не ви претставуваат задоволство и предизвик. Не губете време на работи кои не ве исполнуваат повеќе.rnrn13. Направете анализа на вашите трошоци и најдете три начини на коишто би можеле да заштедите. Дали членската карта за салата за вежбање која ретко ја користите ви е навистина потребна?rnrn17 планови што секоја девојка треба да ги направи за новата 2017 годинаrnrn14. Отидете на патувањето за кое сонувате уште од 2013 година. Со тоа што ќе ги скратите вашите трошоци, заштедените пари ќе можете да ги потрошите на нешто поголемо и повозбудливо како што е патување низ Италија, на пример!rnrn15. Купете голем број роденденски, свадбени и други честитки. Ставете ги на сигурно место каде што нема да ви заземаат многу простор. Ќе бидете изненадени од тоа колку ќе ви се најдат!rnrn16. Престанете да се чувствувате лошо поради ситниците што мислите дека не сте требале да ги направите. Па, што ако сте изеле мрсен хамбургер или сте потрошиле цел ден на гледање некое глупаво реално шоу?! Таквите мали „гревови“ го прават животот поубав.rnrn17. Подарете им нешто на вашите родители и најблиски пријатели. Тоа не мора да биде нешто големо и скапо. Зошто да не направите рамка и во неа да ставите фотографии од вас и вашето друштво? Зошто да не подготвите ручек вие еден ден наместо вашата мајка? Ваквите ситници ќе им покажат на вашите најблиски колку ви значат и колку сте благодарни што се дел од вашиот живот.

  • 9 зборови што треба помалку да ги кажувате во претстојната 2017-та година

    9 зборови што треба помалку да ги кажувате во претстојната 2017-та година

    Некои зборови може да го изгубат нивното вистинско значење, само затоа што премногу ги употребувате во секојдневието. Исто така со употребување на некои зборови вашите изјави може да ја изгубат својата вредност или да бидат сфатени во погрешна смисла. За таа цел, погледнете кои зборови треба да ги отфрлите од вашиот речник во претстојната 2017-та година, за да звучите поубедливо и посамоуверено.rnrn9 зборови што треба помалку да ги кажувате во претстојната 2017-та годинаrn

    1. „Извини“

    rnОвој збор веќе стана толку вообичаен што луѓето го користат дури и кога навистина не сакаат да се извинат. Затоа, во 2017-та година обидете се да го отстраните овој збор од вашиот секојдневен речник и да го користите само кога навистина ќе го мислите. Не извинувајте се што имате свое мислење!rn

    2. „Само…“

    rnСо тоа што ќе го додадете зборот „само“ во вашата изјава, вие автоматски ја намалувате нејзината моќ. На пример, кога ќе му кажете на вашиот партнер „Само сакав да знам каде си…“, тоа ја намалува нејзината вредност и нејзиното значење. Чувствувајте се удобно во она што го кажувате.rn

    3. Непотребни кратенки

    rnМислите ли дека ќе заштедите драгоцено време ако во вашето секојдневие користите непотребни кратенки наместо цели зборови?rn

    4. „Буквално“

    rnКога зборувате нешто, најверојатно тоа и го мислите. Сигурно не кажувате постојано реченици со преносно значење, па затоа и нема потреба да го користите овој збор толку често.rn

    5. „Многу“

    rnНаместо постојано да го користите овој збор додаден на некои описи, користете помоќни зборови. На пример, наместо да кажете дека нешто е многу убаво, кажете дека е прекрасно, волшебно, импресивно и слично.rnrn9 зборови што треба помалку да ги кажувате во претстојната 2017-та годинаrn

    6. „Го/ја сакам“

    rnДали ги љубите сопругот или сопругата на ист начин како што ја љубите вашата омилена чанта? Сигурно не. Па, кога зборувате за работи кои ги „сакате“, користете зборови што се посоодветни, како на пример, обожавање. Не дозволувајте оваа моќна изјава да избледи од преголема употреба.rn

    7. „Животот ми зависи од…“

    rnСигурно животот не ви зависи од вашата кариера, вашиот партнер или вашите пријатели на таков начин како што ви зависи од срцето, мозокот, белите дробови и другите органи!rn

    8. „Тој/таа/тоа ми е сѐ“

    rnВашиот партнер ви е сѐ. Вашето домашно милениче ви е сѐ. Вашата омилена серија ви е сѐ… Не! Не може сѐ да ви биде СЀ во животот! rn

    9. „Имам цел да…“

    rnДобро е да имате цел во животот, но постојаното употребување на зборот „цели“ во очите на другите луѓе делува како да имате многу работи кон кои се стремите, но сепак, многу малку се остварени. Задржете ги своите вистински цели за себе.rnrnПодгответе се за годината што доаѓа и погледнете каков совет му е потребен на вашиот хороскопски знак.

  • 5 работи кои вреди да ги вклучите во вашиот финансиски план за 2017-та година

    5 работи кои вреди да ги вклучите во вашиот финансиски план за 2017-та година

    Како што се приближува крајот на оваа година, така повеќе луѓе почнуваат со подготвувањето за претстојната 2017-та. Тие ги планираат своите цели што сакаат да ги остварат, обврските што им следуваат, а ги подготвуваат и своите финансиски планови. Иако е добро да ги намалите трошоците за наредната година, сепак, постојат некои работи кои треба да ги вклучите во вашиот буџет, а кои ќе ви го направат животот поубав и поисполнет. Еве за што станува збор.rnrn5 работи кои вреди да ги вклучите во вашиот финансиски план за 2017-та годинаrn

    1. Патувања

    rnПатувањето е инвестиција која секогаш е исплатлива. Животот е премногу краток за да чекате што било. Затоа, во вашите финансиски планови за наредната година, вклучете некое големо патување. Изберете дестинација која веќе одамна сакате да ја посетите и посветете се на организирањето.rn

    2. Домашни миленици

    rnВие можете да имате многу предности доколку имате крзнен пријател во вашиот дом. Тој ќе ве научи како да се грижите за некој покрај вас, а ќе ви даде и безусловна љубов. Исто така домашните миленици може да ве направат поздрави, односно, одредени студии покажуваат дека луѓето кои чуваат домашни миленици вообичаено имаат понизок крвен притисок и пониско ниво на холестерол. Затоа, не двоумете се да го збогатите вашиот живот со некој крзнен, четвороножен пријател.rn

    3. Образование

    rnОбразованието е тековен процес. Само затоа што сте добиле диплома, не значи дека сте го завршиле вашето учење. Па, одвојте дел од вашите финансиски средства за да изучувате некој нов јазик, нова вештина или нов спорт. Пронајдете го она што најмногу ве интересира и збогатете го вашето знаење оваа година што доаѓа.rnrn5 работи кои вреди да ги вклучите во вашиот финансиски план за 2017-та годинаrn

    4. Технологија за во вашиот дом

    rnБидејќи живееме во свет управуван од технологијата, потребно е да почнете да вложувате во современи апарати за вашиот дом. Затоа, при планирањето на финансискиот буџет за претстојната година, имајте ги предвид и вложувањата во технологијата за вашиот дом, што ќе ви помогнат да заштедите време, да бидете организирани, а понатаму дури и да заштедите пари.rn

    5. Фитнес

    rnГубењето тежина и останувањето во форма се цели кои многумина луѓе си ги поставуваат во новата година. Доколку и вие сте едни од нив, тогаш зачленете се во фитнес група или пак инвестирајте во домашна опрема за вежбање. Иако од почетокот ова бара повеќе вложување, на долг рок придобивките ви се јасни. Здравиот начин на живот може да ви го намали стресот, да ви ја зголеми енергијата и да ви го продолжи животниот век.rnrnДоколку сакате претстојната 2017-та година да ја направите поубава од претходната, погледнете кои нешта треба да ги заборавите, за да донесете големи и позитивни промени во вашиот живот!