КАФЕ ПАУЗА

Tag: 2017

  • Што може секој хороскопски знак да очекува од декември – последниот месец од оваа година?

    Што може секој хороскопски знак да очекува од декември – последниот месец од оваа година?

    Празниците и прославите се за справување со вашите нереални очекувања, а истото можете да го направите и со вашиот хороскоп за декември 2017-та година. Важно е да ги почитувате деловите кои ви се допаѓаат, а останатото да го заборавите. Сè што сметате дека не е вистина за вас, веројатно е и така. Сепак астрологијата не е егзактна наука. Па погледнете што можете да очекувате во последниот месец од годината пред да ја дочекате новата година.rnrnshto-da-ochekuvate-vo-dekemvri-spored-vashiot-horoskopski-znak-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnПочетокот на месецот може навистина да ве збуни и да не знаете што се случува. Можеби сте премногу строги кон себе, но штом Марс ќе се премести во Скорпија ќе почнете да ја гледате поголемата слика. Поместувањето на Сатурн во Стрелец може да предизвика навистина големи промени во вашиот живот и може целосно да го промени текот на вашата кариера во следните 2 години.rn

    Бик

    rnБикови, подгответе се, бидејќи ќе се соочите со вашиот најголем непријател во следниве недели. Вашиот извор на приход може да исчезне или да се промени, но важно е да запомните дека тоа нема да трае засекогаш. Издржете бидејќи потоа ве очекуваат прекрасни моменти.rn

    Близнаци

    rnВам ви се случуваат многу работи периодов, па важно е да имате на ум дека тоа ве подготвува за најдоброто во 2018-та. На почетокот на месецот ќе се чувствувате збунето, особено за вашата кариера. Може да се чувствувате како патник во вашиот живот и да бидете збунети за вашата цел. Може да се појават некои недоразбирања во бизнисот или во романтичната врска на крајот на месецот.rn

    Рак

    rnЌе ви се случат многу работи во декември. На полната месечина на 3-ти декември може да чувствувате анксиозност, а да не знаете зошто. Ако ја искористите енергијата на полната месечина за да истражите што чувствувате, ќе извлечете поука од тоа. Знаењето кое ќе го соберете ќе ви помогне со лекциите на кои Сатурн сака да ве научи до март 2020-та година. Овде станува збор за партнерството и за што тоа навистина ви значи.rn

    Лав

    rnПочетокот на месецот ќе ви донесе забуна во врска со љубовта, а можно е во вашиот живот да се врати и некоја стара љубов. Можно е да почувствувате желба да ѝ дадете уште една шанса на таа врска. Или пак, можеби ќе бидете опседнати со поранешен партнер кој ве заборавил, а тоа може да ви го отежне животот. Кон крајот на месецот работите ќе ви се разјаснат и ќе можете да се посветите на секојдневните обврски. Ќе бидете среќни за оваа промена на вашиот фокус.rn

    Девица

    rnМожеби некој има очекувања од вас кои не можете да ги исполните, па универзумот ве замолува да престанете да ги задоволувате другите. Ако партнерството вреди да се спаси, самото ќе го направи тоа. Треба да бидете опуштени и стрпливи со недоразбирањата кои може да се појават помеѓу вас и вашиот цимер. Или пак, ако планирате да се селите, може да се соочите со тешкотии додека барате нов дом. Овој месец ќе научите како одговорно да се грижите за другите, а ова значи дека ќе научите да се сакате себеси.rn

    Вага

    rnМожеби сметате дека вашите приоритети се менуваат, а тоа ќе продолжи и на почетокот на декември. Минувате низ голема промена во вашиот живот, а оваа полна месечина ќе ви го исчисти умот и ќе ви помогне да се соочите со одговорностите. Можно е да преземете повеќе одговорност во бракот или со децата, но не пред да научите да се грижите за себе.rn

    Скорпија

    rnМногу работи овој месец ќе прават да се чувствувате како да сте на емоционална луда железница. Можно е да откриете некој долг кој сте го заборавиле, или пак чекате некој вам да ви се раздолжи, а тоа ќе потрае. На крајот на месецот, Марс ќе биде во вашиот знак, а ова значи дека што и да преземете во вашиот секојдневен живот ќе ви биде полесно да го исполните. До крајот на месецот ќе се среди сè.rn

    Стрелец

    rnПоследниве 2 години значително ги промениле вашите животни цели и нештата кои ги сакате. Можеби сте се венчале, сте имале деца или пак, сте ги промениле целите за да се совпаѓаат со личноста која навистина сте. Ќе чувствувате голема самодоверба на почетокот на месецот. Искористете ја новата месечина на 18-ти декември за нов почеток на деловите од животот кои го бараат тоа. Обидете се да не се фрустрирате во поголемиот дел од месецот бидејќи можеби другите нема да ве разбираат. Сето ова ќе помине до 22-ри декември.rn

    Јарец

    rnСледните 2 години означуваат точка на пресврт во вашиот живот, а тоа ќе започне во декември. Сатурн ќе биде во вашиот знак, па оние проекти кои ви се најдраги конечно ќе излезат на виделина. Ќе се обидете да оцените што и кој ви значи најмногу, и можеби ќе се откажете од некои работи кои сметате дека ви се непотребни бидејќи ќе направите место за нешто поважно. Можно е да се соочите со страв од неуспех и успех, но со помош на Сатурн ќе го надминете тоа и ќе станете подобра верзија од себе.rn

    Водолија

    rnПолната месечина ќе има влијание на вашиот љубовен живот на почетокот на месецот. Можно е да откриете дека вашиот партнер криел нешто од вас и се обидувал сам да се справи со тоа, но со ова ја разнишува вашата доверба. Во втората половина на месецот ќе бидете амбициозни и конечно ќе ја почувствувате мотивацијата која ви недостигала. Овој месец можно е конечно да се ослободите од некоја лоша навика која не ви служела.rn

    Риби

    rnВо близина на полната месечина на 3-ти декември, можно е некој ваш близок пријател да страда од нешто, но ќе мора да прифатите дека не можете да помогнете. Сега е време да сфатите дека не можете да бидете одговорни за однесувањето на сите и не можете да излечите сè. Ќе станете повнимателни во однос на тоа со кој се дружите. Отсега ќе сакате да бидете во друштво на победници наместо да бидете со луѓе кои само ве истрошуваат.rnrnДознајте и кога ви е судено да се заљубите според вашиот хороскопски знак.

  • Хороскопските знаци откриваат: Од што треба да се ослободите до крајот на 2017 година?

    Хороскопските знаци откриваат: Од што треба да се ослободите до крајот на 2017 година?

    На годинава ѝ се ближи крајот, а тоа ги поттикнува луѓето да почнат да размислуваат за нивните идни планови и очекувања. Дали сте подготвени да ја пречекате новата година? Дали го извлековте најдоброто од себе? Доколку не сте задоволни од вашите достигнувања, не грижете се, бидејќи имате уште 2 месеца за да ги поправите работите, а хороскопските знаци ќе ви помогнат во тоа. Во продолжение, дознајте од што треба да се ослободите за да бидете поисполнети…rnrnХороскопските знаци откриваат: Од што треба да се ослободите до крајот на 2017 година?rn

    Овен: Ослободете се од вашите силни амбиции

    rnСакате да бидете најдобри во тоа што го правите. Успехот ве дефинира, но не ѝ дозволувајте на вашата амбиција да ве контролира. Мора да разберете дека не можете секогаш да бидете најдобри во сѐ. Ќе има денови кога нема да ви оди од рака. Во таквите моменти ќе мора да запомните дека сте обични луѓе, а луѓето не се совршени.rn

    Бик: Ослободете се од моќното влијание на вашите грешки

    rnМногу ви влијаат одлуките што сте ги донеле, а биле погрешни. Мора да научите дека не можете секогаш да наоѓате правилни решенија. Сите луѓе прават грешки, но мудрите поединци учат од грешките. Не плашете се од можноста да згрешите. Токму грешките ни помагаат да станеме подобри. Треба да извлечете лекција од добрите и лошите искуства и да продолжите понатаму.rn

    Близнаци: Ослободете се од стравот дека пропуштате нешто

    rnВие постојано се плашите дека ќе пропуштите нешто и поради тоа не можете да уживате во моментот. Мора да сфатите дека не можете да бидете насекаде одеднаш, освен ако немате супермоќи. Треба да се ослободите од овој страв и да уживате.rn

    Рак: Ослободете се од вашите преголеми очекувања од врските

    rnВие имате цврст оклоп што ги сокрива вашите чувства кон другите луѓе. Меѓутоа, кога ќе се поврзете со некого, заборавате на сите ваши инхибиции. Целосно се посветувате на врските и безрезервно ја давате вашата љубов. Но, многу се разочарувате ако врската почне да се распаѓа. Мора да сфатите дека на некои врски едноставно не им е судено.rn

    Лав: Ослободете се од вашата потреба да бидете дружељубиви со сите

    rnИмате потреба сите да ве сакаат. Мора да разберете дека без разлика колку се трудите, секогаш ќе постојат луѓе на кои нема да им се допаѓате. Одбивањето е нормален дел од нашиот живот и сите сме поминале низ тоа. Не бидете толку строги кон себе.rn

    Девица: Ослободете се од вашето опсесивно однесување

    rnВие сте перфекционисти. Сѐ што правите е добро организирано и прецизно извршено. Секогаш се разочарувате кога нешто нема да испадне толку совршено колку што сте го замислувале. Мора да го смените ова опсесивно однесување. Не можете постојано да ги контролирате работите. Природно е да се прават грешки. Продолжете понатаму и заборавете на тоа.rnrnХороскопските знаци откриваат: Од што треба да се ослободите до крајот на 2017 година?rn

    Вага: Ослободете се од вашиот страв од осаменост

    rnНе можете да бидете сами и секогаш сакате да сте опкружени со луѓе. Не плашете се од осаменоста. Таа има свои позитивни страни, иако ви е тешко да ги согледате. Откако ќе го сфатите тоа, ќе најдете мир во самотијата и ќе почнете да уживате во сопственото друштво. Ќе се изненадите од работите што ќе ги дознаете за себе. Пробајте!rn

    Скорпија: Ослободете се од негативните енергии

    rnНаивни сте и многу лесно им се доверувате на луѓето. Токму затоа, многу често се соочувате со предавства. Многу е важно внимателно да одредите кому можете да ја подарите вашата доверба. Ослободете се од негативните енергии што ви ги пренесуваат лошите луѓе. Повнимателно одбирајте ги луѓето околу себе.rn

    Стрелец: Ослободете се од вашето брзо темпо на живеење

    rnСтрелците се забавни, комуникативни луѓе со неуморен авантуристички дух. Тешко ви е да се прилагодите на секојдневниот и монотон живот. Не знаете како да живеете без возбуда и ентузијазам. Меѓутоа, поради брзото темпо на живот, не можете да уживате во моментот. Мора да разберете дека не можете да добиете сѐ одеднаш.rn

    Јарец: Ослободете се од вашите потиснати емоции

    rnВие сакате секогаш да делувате прибрано и претставително. Ги криете емоциите и не им дозволувате да излезат на површина. Но, тие скриени емоции ќе избувнат кога ќе почувствувате преголем притисок. Во ред е тоа што се контролирате, но мора да одржите рамнотежа помеѓу криењето и искажувањето на емоциите. Во спротивно, вашата насобрана енергија ќе експлодира и целосно ќе ја изгубите контролата.rn

    Водолија: Ослободете се од неисполнетите ветувања

    rnМногу ви пречи кога некој не може да го исполни ветувањето што ви го дал. Мора да внимавате кому се доверувате. Понекогаш луѓето ненамерно ги прекршуваат нивните ветувања. Треба да разберете дека тоа е нормално и да продолжите понатаму.rn

    Риби: Ослободете се од вашата претерана чувствителност

    rnВие сте многу емотивни и чувствителни. Секогаш им дозволувате на емоциите да ве контролираат. Тоа доведува до лоши одлуки и негативни последици. Мора да ги тргнете емоциите на страна и да размислувате со ладна глава. Многу лично ги сфаќате критиките. Наместо тоа, обидете се да научите нешто од нив и да се подобрите. Мора да се ослободите од вашата претерана чувствителност за да се ослободите од негативната енергија во вашиот живот. Тоа ќе ви помогне да ги подобрите врските со луѓето околу вас. Никој не сака да се дружи со плачковци!rnrnВо продолжение дознајте што можете да очекувате во последните месеци од годината.

  • Астрологијата ви открива што можете да очекувате во последните месеци од годината

    Астрологијата ви открива што можете да очекувате во последните месеци од годината

    Ни останаа уште 2 месеци од 2017-та година. Иако изгледа како краток период, тоа не значи дека нема да доживеете големи промени. Погледнете што ве очекува до крајот на годинава според вашиот хороскопски знак.rnrnshto-da-ochekuvate-do-krajot-na-godinata-spored-vashiot-horoskopski-znak-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnДел од вас сака да го напушти партнерот, но другиот дел не може да го направи тоа. Кога ќе погледнете колку долго се вртите во круг речиси се чувствувате фрустрирано. Вашето срце сака едно нешто, додека вашата глава ви кажува да правите нешто сосема различно. Дајте си време и напуштете ја врската кога ќе бидете подготвени. Само имајте на ум што заслужувате, а тоа не е некој кој ве лаже.rn

    Бик

    rnМожеби сте малку збунети овој период. Не знаете дали патот кој сте го одбрале е правилниот. Во ред е да бидете збунети и несигурни. Следете ја таа несигурност. Но, не дозволувајте стравот од неуспех да владее со вашите одлуки. Понекогаш потешкиот пат е оној кој ќе ве однесе баш таму каде што сакате. Можеби последните месеци од годинава нема да бидат најдобрите, но потоа следува најдобрата награда која сè уште не можете да ја видите.rn

    Близнаци

    rnВашиот живот беше возбудлив во поголемиот дел од 2017 година. Промена на кариерата, промени во врската, како и животни промени од кои претходно ви било страв. Сите овие избори се страшни, но ќе се исплатат. Можеби ќе ставите крај на некоја врска, но можеби и повторно ќе се пронајдете себеси.rn

    Рак

    rnАко треба да ја опишете 2017-та година со еден збор, тој збор би бил „Како“. Како сте ја преживеале навидум најлошата година од вашиот живот? Но сега веќе станува подобро. Само затоа што почнала лошо, не значи дека оваа година нема да заврши како една од најдобрите досега. Почетокот на зимата ќе биде период кога навистина ќе расцутите. Издржете уште малку.rn

    Лав

    rnВие сте првиот кој бега од врски и внимание од каков бил вид. Состанување – го мразите. Врски – не сакате ништо со нив. 2017-та година за вас е збир од нејасни ситуации и постојано се прашувате како сте го правеле истото секој ден, а не сте полуделе. Но знаете дека најдобро функционирате во средина која другите не ја сакаат. Вие управувате со вашата судбина. Вие се смеете на вашите шеги. А љубовта ќе се појави во вашиот живот и ќе остане дури и кога ќе се обидете да ѝ избегате.rn

    Девица

    rnСте направиле голем чекор во вашата кариера, и иако ви изгледа страшно, сепак ќе бидете добро. Можеби ви било потребно време да научите да бидете горди на себе бидејќи не се откажувате од вашите соништа. Кога станува збор за љубовта, сте се грижеле за некој кој не го чувствувал истото. Сте жртвувале многу за оваа личност. До крајот на годината, или оваа личност ќе го направи тоа што треба или вие треба да одлучите дека е време за крај. Не заборавајте ја вашата вредност.rn

    Вага

    rnСте биле многу повредени во последно време. Вие имате рана на која ѝ потребно многу време да зарасне. И само што ќе помислите дека има напредок, вие се враќате неколку чекори назад. Во ред е да ги чувствувате овие работи. Иако можеби се надевате дека љубовта е онаа која ве лекува, тоа што ќе ви помогне не е личност, туку тоа што го правите во слободното време за себе.rn

    Скорпија

    rnВие сте личност која отсекогаш била премудра за својата возраст. Вие различно ги гледате работите за разлика од луѓето од вашата генерација. Ова било вака отсекогаш. Секогаш сте биле осаменик кој се фокусира на својата цел. Но токму пред крајот на годинава ќе сретнете некој кој размислува како вас и ја има секоја особина која ви е потребна. Отсекогаш сте играле безбедно. Бидете подготвени за личност во вашиот живот која ќе ве натера да почнете да преземате ризици.rn

    Стрелец

    rnВеќе некое време се надевате дека старата љубов ќе се врати. Се надевате дека сè уште има чувства за вас. Вистината е дека никогаш не сте ја заборавиле оваа личност иако не сте разговарале веќе извесно време. Но вие не заслужувате некој кој ве напушта и кој ве повредува. Вие заслужувате некој кој кога ќе ве погледне ќе сфати дека сте најдоброто нешто што му се случило. Можеби нема да ја сретнете оваа личност до крајот на годината, но немојте да губите надеж.rn

    Јарец

    rnСте имале среќа да пронајдете љубов во вашиот живот. Некој кој изгледа малку грубо, а сепак го сакате со целото ваше срце. Но како пар ќе бидете соочени со пречка. Дали врската ќе продолжи или секој од вас ќе си тргне по својот пат? Мора да се запрашате за што сте подготвени. Но најважно е да откриете дали навистина сакате да го поминете остатокот од животот со оваа личност.rn

    Водолија

    rnВо овој период ќе бидете прогонувани од вашето минато, без разлика дали станува збор за поранешни партнери или луѓе кои ви се допаѓале. Иако сте променети и созреани, овие луѓе ќе мислат само на лошите работи кои сте ги направиле. Не дозволувајте туѓото мислење да ви ја диктира сегашноста. Обидете се да ги поправите грешките, но запомнете дека секој кој се навраќа на вашето минато е само љубоморен на вашата светла иднина.rn

    Риби

    rnКонечно ќе го оставите минатото зад вас и ќе ја пронајдете љубовта која ја заслужувате. Тоа нема да биде личност која ве лаже и која ве тера да се сомневате во вас. Сè што сте им дале на другите конечно ќе ви се врати. Но внимавајте кога ќе се случи ова, бидејќи кога луѓето ќе видат дека сте добро ќе се обидат да ви наштетат или да ве потсетат на тешкото минато.rnrnПогледнете и кои се најголемите заблуди за хороскопот.

  • Која храна ќе биде популарна и ќе обожаваме да ја јадеме во 2017-та година?

    Која храна ќе биде популарна и ќе обожаваме да ја јадеме во 2017-та година?

    Трендовите во исхраната стануваат популарни колку и оние во модата, а практично целиот свет се обидува да го исполни најголемиот кулинарски тренд: Вкусно, но здраво. По можност што е поздраво, а се применува што похранливо. Ова се кандидатите кои се издвоија помеѓу најпожелните производи за оваа година. За нив ќе се „борат“ готвачите, рестораните, но и продавачите. Зеленчукот ја качи својата цена повеќе од кога било порано, а готвачите ширум светот се обидуваат да подготват јадења од најразновидни зеленчуци во најсочна варијанта и тоа со минимум изгубени хранливи материи, кои во текот на процесирањето на храната главно се губат.rnrnКоја храна ќе биде популарна и ќе обожаваме да ја јадеме во 2017-та година?rnrnИстото важи и за овошјето, но и за сите видови семки и коскесто овошје, па дури и некои цветови кои се пронајдоа на одредени менија. Тешка, но би се рекло исплатлива задача. Рестораните кои во својата понуда имаат поголем број комбинации со месо и зеленчук, наместо на пример, само компир или ориз со месо, кои со децении беа стандардни прилози, ќе поминуваат многу подобро кај своите клиенти. Едно од истражувањата на пазарот спроведено во текот на изминатата година дошло до изненадувачки резултати: Дури 80% од луѓето ширум светот обрнува многу повеќе внимание на она што го јадат, за разлика од претходно. Поголемиот дел од луѓето внимателно ја читаат етикетата на одредени производи кои ги купуваат и тежнеат кон тоа да се исхрануваат со органска храна.rn

    1. Бадеми

    rnБадемите не само што се полни со витамин Е, кој е добар за кожата, и протеини, туку нивната содржина што изобилува со хранливи влакна дава подолго чувство на ситост. Истражувачите од Универзитетот Пурду во 2007 година изјавиле дека иако имаат голем број калории, бадемите самите по себе не влијаат на создавањето масни наслаги. Заменете ја вашата утринска ужина со една шака бадеми и видете каква е разликата.rnrn1-koja-hrana-kje-bide-popularna-i-kje-obozhavame-da-ja-jademe-vo-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    2. Лиснат зеленчук

    rnНајбрзиот начин за израмнување на подуениот стомак? Вклучете го лиснатиот зеленчук во секој оброк. Кељот, спанаќот и марулата содржат малку калории, полни се со хранливи влакна и нудат неколку важни витамини и минерали кои го олеснуваат задржувањето на вода во организмот без предизвикување на надуеност и непријатност како што понекогаш тоа го прават другите видови зеленчук.rn

    3. Јаболков оцет

    rnАко барате начин за брза детоксикација на организмот, додајте неколку капки јаболков оцет во вашиот оброк. Тој се однесува како тоник за варење, ги намалува штетните бактерии во цревата, ги исфрла токсините и го олеснува задржувањето на водата во стомачниот дел. Сипете го преку зеленчукот додека готвите, или како прелив за салата.rn

    4. Аспарагус

    rnАспарагусот често се смета за луксузен зеленчук, и тоа не без причина. Секое парче е богато со витамини А, Б-комплкес, Ц и Е, а содржи и високо ниво цинк и калиум, што помагаат при ослободувањето на течностите од телото. Аспарагусот се користи и за намалување на воспаленијата, како што е артритисот и ревматизмот.rnrn2-koja-hrana-kje-bide-popularna-i-kje-obozhavame-da-ja-jademe-vo-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    5. Лук

    rnМожеби е виновник за непријатниот здив, но секое чешле лук содржи не само антиоксиданси, туку и природната хемикалија алицин. При варењето, алицинот реагира со крвта и создава производ кој ги уништува штетните бактерии и вируси кои се наоѓаат во телото – вклучувајќи ги и оние во организмот за варење. Здравиот стомак е пресуден за постигнување рамен стомак, па така додајте неколку парчиња сиров лук во храната пред да ја послужите за да го искористите најдобро.rn

    6. Пиперки

    rnЦрвените пиперки, како своите лути роднини, се сметаат како добри за варењето, а патем го подобруваат и метаболизмот. Бидејќи овој зеленчук е преполн со витамин Ц, може да ви помогне и да се ослободите од желбата за слатко, што го прави совршено оружје против салото на стомакот.rn

    7. Лубеница

    rnПоловина лубеница содржи скоро дупло повеќе калиум отколку бананите, што ја прави нискокалорична, антиоксидансна замена која може да ви помогне при ослободување од вишокот течности во телото. Дињата, исто така, содржи дупло поголема доза витамин Ц отколку што треба да се внесува, што значи дека ќе му помогне на вашиот имунитет и ќе ја одржува вашата кожа во совршена состојба.rnrn4-koja-hrana-kje-bide-popularna-i-kje-obozhavame-da-ja-jademe-vo-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    8. Глуварче

    rnДоколку сакате да ја изгубите тежината која е врзана за задржувањето на течностите, тогаш пијте чај од корен на глуварче или чаеви кои содржат глуварче. Тоа е природен диуретик, и им помага на бубрезите при ослободувањето од вишокот течности и натриум.rn

    9. Круши

    rnГолемата количина на пектин (природен овошен шеќер) кој се наоѓа во крушите ја прави оваа сочна овошка јак диуретик и корисна при борбата со несаканото задржување на течностите во организмот. Тие се полни и со хранливи влакна, што даваат чувство на ситост и здраво варење.rn

    10. Бибер

    rnЛесен начин за да се спречи надуеноста и непријатното чувство после јадењето? Додајте во храната малку свежо мелен бибер. Тој е природен помагач во варењето, а во исто време помага и при спречување на надуеноста.rnrn3-koja-hrana-kje-bide-popularna-i-kje-obozhavame-da-ja-jademe-vo-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

  • Ѕвездите ви ја откриваат најголемата тајна: Дали годинава ќе пронајдете љубов?

    Ѕвездите ви ја откриваат најголемата тајна: Дали годинава ќе пронајдете љубов?

    Најважното прашање за многумина кои се интересираат за хороскоп, е кога ќе пронајдат љубов. Ова не е нешто што треба да изненадува, затоа што многумина веруваат дека љубовта е нешто што се случува кога најмалку се очекува. Покрај сето останато, астрологијата ви го дава тоа посакувано чувство дека го држите под контрола љубовниот живот, а тоа е и доказ дека вашата романтична судбина е испишана во ѕвездите. За да имате мал увид во љубовниот живот, прочитајте ја оваа љубовна прогноза за 2017 година.rnrnЅвездите ви откриваат тајни: Еве кога ќе пронајдете љубов оваа годинаrn

    Овен

    rnОваа година првиот знак во зодијакот ќе биде понезависен од кога било порано. Личностите родени во овој знак нема да бидат премногу фокусирани на долгорочна љубов, туку на достигнување на своите цели. Постои еден исклучок од тоа, а станува збор за крајот на март. Тогаш личностите ќе го променат својот пристап кон врските, убавината и чувството на сензуалност. За Овните, кон крајот на март Венера ќе биде во знакот на Риба – мистичен и романтичен знак кај кој ништо не е како што изгледа. Ова малку ќе ги збрка Овните, па ќе бидат цел на заведување во текот на април.rn

    Бик

    rnВо март и април, Биковите ќе бидат принудени да се соочат со фактот дека одлуките кои ги донесуваат во врските, влијаат на иднината. Можеби ќе биде време повторно да ги процените своите врски, вклучувајќи ги и пријателствата. Личностите родени во знакот Бик ќе се чувствуваат како некој да им го извлекол тепихот од под нозете. Можеби ѕвездите не истакнуваат јасно доаѓање на љубов и нови врски, но сигурно е дека кој ќе остане со Бикот после пролетните авантури – таму и ќе се задржи.rn

    Близнаци

    rnКога се во прашање врските, комплицираните Близнаци ќе имаат година полна со авантури. Овој знак во 2017 година или ќе развие важна врска или ќе учествува во долго додворување. За тоа е виновен Сатурн, кој со себе може да донесе некои работи што ќе ве тестираат и вас и луѓето околу вас. Ќе дојде до ултиматум: Раскинете или останете заедно. За среќа, кога Сатурн ќе го напушти вашето поле на врските на крајот на годината, ќе дојде до олеснување. Меѓутоа, имајте го предвид следново: Со оглед на тоа дека Меркур силно влијае на вас, во април избегнувајте значајни чекори во врска со романтиката.rn

    Рак

    rnЛичностите родени во знакот Рак оваа година ќе имаат чувство како повторно да се родени, па ќе имаат сила да се соочат со сите љубовни проблеми кои ги измачуваат. Најдобар начин да го искористите ова е да бидете свесни за тоа што се случува, а и дека апликациите за запознавање не се за вас оваа година. Колку подобро ги анализирате претходните врски, толку повеќе ќе бидете спремни да продолжите понатаму. Поради проаѓањето на Плутон низ вашиот знак, вие ќе зрачите со привлечност и сексуалност, па на повидок се возбудливи состаноци. Можеби ќе запознаете посебна личност, само бидете сигурни пред да се впуштите во што било.rn

    Лав

    rnЛавовите ќе ги преиспитуваат своите односи повеќе отколку кога и да било порано. Морате да се запрашате зошто влегувате во некои врски и што сакате да добиете од нив. Сатурн ќе биде во фазата на врските и ќе ве тера да размислувате додека не ја научите лекцијата. На 10-ти февруари и 21-ви август поради помрачувањето на месечината и сонцето, ќе доживеете промени во начинот на размислување за самите себе и за тоа како си пристапувате. Тогаш бидете внимателни со врските и не донесувајте некои важни одлуки. Препорачливо е во тоа време да се посветите на самите себе.rn

    Девица

    rnОвој знак ќе има можност да го промени начинот на размислување и комуникација и тоа кон подобро! Колку повеќе се фокусирате на тоа која приказна сакате да ја кажете, во толку подобра позиција ќе се најдете. Што се однесува до важните датуми, тука може да се издвои 26-ти февруари, кога ќе се случи помрачување во полето на љубовта на Девицата. Ова може да значи две работи: Дека ќе поработите на проблематичните работи од вашите претходни врски или дека ќе запознаете некој кој ќе направи да се чувствувате прекрасно. Сепак, внимавајте одредено време и уверете се дека таа личност навистина е онаква каква што е.rnrnЅвездите ви откриваат тајни: Еве кога ќе пронајдете љубов оваа годинаrn

    Вага

    rnЈупитер, планетата на богатството и растот, ќе биде во знакот на Вага до октомври. Овој знак до крајот на годината ќе биде повеќе фокусиран на својата кариера, отколку на љубовта. Искористете го мудро овој период, сите очи ќе бидат упатени кон вас! Сепак, пролетта е тука за малку да ги растури работите. Ѕвездите советуваат во март повторно да размислите за врските кои моментално сте ги започнале, а особено да обрнете внимание на тоа како тие влијаат на вашата секојдневна рутина. Доколку Вагата се впушти во врска и го изгуби својот идентитет, тоа ќе биде многу очигледно, особено во овој период. Фокусирајте се на личниот развој за да се чувствувате прекрасно во текот на целата година.rn

    Скорпија

    rnИ Скорпиите во април ќе бидат принудени да ја согледаат својата врска со други очи. Овде не се мисли на тоа да се појават сомнежи за врската, туку да смислите некој подобар начин за комуницирање внатре во неа. Ќе бидете фокусирани на истражувањето и на грижата за самите себе оваа година, благодарение на Плутон кој е во полето на комуникацијата и Јупитер кој е во полето на соништата и фантазиите. Вие ќе го измените својот внатрешен монолог и личната приказна, а најверојатно ќе пронајдете и ново хоби. На крајот на годината, после неколку месеци поминати во потрага по себе и својот идентитет, можен е почеток на некоја значајна врска.rn

    Стрелец

    rnМорате да станете поодговорни за себе и за она што се случува околу вас. Можеби тоа нема да ви се допаѓа, но морате да ги разграничите своите односи и тоа колку време дозволувате тие да им одземаат на другите луѓе. Меѓутоа, кога ќе го направите ова, ќе бидете наградени. Со други зборови, ако успеете во текот на годината да преживеете фокусирајќи се на себе, наместо на врските, вие ќе бидете уште понеодоливи. Има големи шанси оваа година да доживеете љубов, хармонија, а најверојатно и сексуално будење!rn

    Јарец

    rnЗа амбициозните личности родени во знакот Јарец, работите брзо ќе се менуваат. Вие ќе морате сериозно да се потрудите за да одвоите време за негување на вашата врска. Доколку сте во врска со некој кој не се снаоѓа добро со вашите правци на промена, таа личност можеби нема да одговара на вашиот амбициозен живот. Не врзувајте се за луѓе кои ве влечат надолу. Иако мислите не ви се фокусирани на врската, сепак, сексот може да ви послужи како средство за ослободување од фрустрации. Моќта е привлечна, а вие имате постигнато многу. Можеби ќе ви биде тешко да одржувате сериозна врска со сето она што во моментот ви се случува, но кога ќе завршите, ќе бидете многу горди на тоа.rn

    Водолија

    rnНивната владејачка планета е Уран, што значи дека овој знак е еден од оние кои се движат во свој ритам. Така, вие ќе барате партнер кој може да ја дели вашата страсна борба за остварување на соништата, за авантура и забава. Во почетокот на август ќе се случи кулминација на вашата независност. Вие ќе се почувствувате силни и како вистински да сте се промениле себеси и својот пристап кон врските. Вие имате своја идеја за тоа што сакате од партнерот и ќе научите да барате нешто, а притоа да не чувствувате вина поради тоа што тоа не се совпаѓа со очекувањето од страна на општеството.rn

    Риби

    rnЗа почеток, на Рибите сѐ им се врти околу љубовта кон нив самите. Препорачливо е да се фокусирате на својата духовитост и креативност и да се впуштите во остварување на своите проекти. Ова е сјаен начин да ја надминете вашата срамежливост, но и да запознаете луѓе слични на себе. Движете се во кругови кои ви се познати и кои ви одговараат. Соларното помрачување кај Рибите е на 26-ти февруари, што исто така значи дека би требало да се фокусирате на себе.rnrnЅвездите ви откриваат тајни: Еве кога ќе пронајдете љубов оваа година

  • Хороскопскиот знак ви открива со само неколку зборови што треба да направите за да бидете успешни

    Хороскопскиот знак ви открива со само неколку зборови што треба да направите за да бидете успешни

    Секој си поставува различни цели кои настојува да ги оствари. Успехот зависи од вашата посветеност, истрајност, труд и работа. Добрите совети се секогаш добредојдени, па, погледнете што може да ви открие хороскопскиот знак за да бидете успешни оваа година.rnrnХороскопскиот знак ви открива што треба да направите за да бидете успешни во 2017-та годинаrn

    Овен

    rnЦелосно посветете се на вашите одлуки.rn

    Бик

    rnНе обидувајте се да ги контролирате другите.rn

    Близнаци

    rnВо ред е да побарате помош.rn

    Рак

    rnПрифатете дека промените се неопходни.rn

    Лав

    rnБидете поподготвени да слушате.rn

    Девица

    rnПрифатете дека совршенството е невозможно.rnrnХороскопскиот знак ви открива што треба да направите за да бидете успешни во 2017-та годинаrn

    Вага

    rnОбрнете внимание на вашата интуиција.rn

    Скорпија

    rnБидете флексибилни со туѓите идеи.rn

    Стрелец

    rnИмајте повеќе доверба во своите инстинкти.rn

    Јарец

    rnПовеќе верувајте си себеси.rn

    Водолија

    rnБидете подготвени за големите цели.rn

    Риби

    rnДржете се одлучно за своите верувања.

  • Единствените модели на чевли кои ќе ви бидат потребни во текот на оваа година

    Единствените модели на чевли кои ќе ви бидат потребни во текот на оваа година

    Подигнете ја раката доколку веќе ви е мака од истите модели на чевли и чизми кои секојдневно ги гледате. Оставете ја раката во воздух доколку едвај го чекате првиот пролетен педикир. Да, не сте сами! Во продолжение ви ги претставуваме седумте модели на чевли кои ќе бидат најголем тренд во 2017-та година.rn

    1. Што било кадифено

    rnНе, овој луксузен материјал не е само одличен за во зима и не е само за чизми. Овој тренд ќе го гледате во текот на целата година на сè, од патики до сандали.rnrn2-edinstveni-modeli-na-chevli-koi-kje-vi-bidat-potrebni-vo-tekot-na-ovaa-godina-www.kafepazua.mk_rn

    2. Што било со токи

    rnЗнаеме, знаеме, вашите омилени балетанки на врзување и понатаму се хит. Но, со ова едноставно надградување, вашите обувки ќе добијат вистински „еџи панк лук“. Токите не се резервирани само за моторџиските чизми до глуждови и оваа година ќе ги гледаме насекаде.rnrn3-edinstveni-modeli-na-chevli-koi-kje-vi-bidat-potrebni-vo-tekot-na-ovaa-godina-www.kafepazua.mk_rn

    3. Спортски папучи

    rnОвие гумени папучи ги обожаваат ѕвездите како Ријана, Кајли Куоко, Кајли Џенер и останатите. Тие се само малку поразлични од апостолките. Но, исто така се и неверојатно удобни.rnrn4-edinstveni-modeli-na-chevli-koi-kje-vi-bidat-potrebni-vo-tekot-na-ovaa-godina-www.kafepazua.mk_rn

    4. Што било металик

    rnОва се вистински гламурозни обувки. Оваа година новата „неутрална“ се златната, сребрената и која било друга сјајна металик нијанса што ја преферирате. Лесно ќе можете да ги комбинирате со сите ваши парчиња облека.rnrn5-edinstveni-modeli-na-chevli-koi-kje-vi-bidat-potrebni-vo-tekot-na-ovaa-godina-www.kafepazua.mk_rn

    5. Необични детали

    rnДали тоа се цветови на вашите чизми? Најсериозно, во новата година ќе носиме приврзоци, везови, апликации и принтови какви што не сме виделе досега. Кажете им „збогум“ на досадните бели патики.rnrn7-edinstveni-modeli-na-chevli-koi-kje-vi-bidat-potrebni-vo-tekot-na-ovaa-godina-www.kafepazua.mk_rn

    6. Патики на навлекување

    rnВаријациите на овој модел на чевли можете да ги видите насекаде. Ако ги немате, ова е годината во која ќе се запознаете со овие тренди обувки.rnrn6-edinstveni-modeli-na-chevli-koi-kje-vi-bidat-potrebni-vo-tekot-na-ovaa-godina-www.kafepazua.mk_rn

    7. Чевли со ремче зад петата

    rnИскрено, ова се оние чевли кои ги носи вашата баба, но многу подобри. Модерната варијанта на овие чевли би ги обожавала и самата Коко Шанел.rnrn8-edinstveni-modeli-na-chevli-koi-kje-vi-bidat-potrebni-vo-tekot-na-ovaa-godina-www.kafepazua.mk_

  • Предвидување за 2017-та година: Вашата блиска иднина е сокриена во оваа слика

    Предвидување за 2017-та година: Вашата блиска иднина е сокриена во оваа слика

    Веќе ја започнавме новата 2017-та година, па за многумина од нас тоа значи и нови почетоци, откритија и искуства. Пред нас се многу неочекувани промени за кои би требало да бидеме подготвени.rnrnЗа да дознаете што ве очекува во блиска иднина, погледнете го овој едноставен тест кој нема да ви одземе повеќе од 2 минути. Сѐ што е потребно е да погледнете во оваа слика и да кажете што најпрво забележавте на неа. Потоа, сконцентрирајте се на она што би го сакале во оваа година. Подготвени сте? Тогаш погледнете го својот одговор под сликата.rnrnПредвидување за 2017-та година: Вашата блиска иднина е сокриена во оваа сликаrn

    Око

    rnАко најпрво на оваа слика забележавте око, тогаш треба да се подготвите, затоа што не можете ниту да замислите колкава промена ќе ви донесе оваа година. Вам ве очекуваат многу пријатни изненадувања, а среќата ќе ве следи во текот на целата година.rn

    Бунар

    rnАко најпрво забележавте бунар, тогаш треба да имате многу трпение, затоа што вам оваа година ве чекаат голем број пречки и тешкотии. Но, не грижете се, сите проблеми ќе ги решите доколку добиете поддршка од семејството и пријателите.rn

    Солза

    rnЗа оние кои на сликата најпрво забележаа солза, оваа година исто така нема да биде лесна. Постои можност на почетокот на годината да се случи нешто лошо, а важно е во овие моменти да не останете сами. Не плашете се да побарате помош од најблиските и сѐ ќе биде во ред.rn

    Штрк

    rnАко вниманието на сликата најпрво ви го привлече штркот, тоа значи дека во блиска иднина ве очекува голема прослава. Бидете подготвени за изненадување и многу подароци.rnrnПогледнете ја и оваа слика. Тоа што прво ќе го забележите открива некои карактеристики за вашиот карактер со 98% точност!

  • Што би ни рекле античките астролози за 2017-та година?

    Што би ни рекле античките астролози за 2017-та година?

    Модерната астрологија како што ја знаеме, во форма на годишен, месечен или дневен хороскоп, се заснова на небесниот координатен систем, познат како „зодијак“ (грчки збор што значи круг на животот). Иако астрологијата датира од третиот милениум пред нашата ера, се тврди дека таа почнала откако луѓето свесно се обиделе да ги измерат, снимат и предвидат сезонските промени.rnrnШто би ни рекле античките астролози за 2017-та година?rnrnНо, за разлика од модерното време кога идејата за ѕвездените знаци и хороскопите често е исмевана, сè до седумнаесеттиот век астрологијата се сметала за научна традиција. Нејзините концепти биле користени во алхемијата, математиката, метеорологијата и медицината, а дури била прифатлива и во политичките и културните кругови. Но, при крајот на 17-тиот век, новите научни концепти во астрономијата ја нарушиле нејзината теоретска основа, па користа ѝ опаднала.rn

    Антички „математици“

    rnСредновековните астролози, кои биле познати како математици, измислиле приказни во обид да кажат нешто вистинско за светот. Тие направиле предвидувања кои се надевале дека може да бидат потврдени. Еден од најраните христијански автори, Ориген, кој имал малку тешки односи со православното христијанство, зборувал за „незаситената желба“ на човекот да знае за иднината. Неколку века по неговата смрт, епископите на христијанскиот совет во Брага, ги осудиле овие математици и нивните приказни поради нивната имплицитна претпоставка дека иднината може да биде претскажана со гледање во ѕвездите.rnrnНиз историјата, астрологијата и приказните раскажани од математиците биле постојано осудувани, а имале смисла и биле распространети само во секојдневниот живот на луѓето во средниот век. Астрологијата во средниот век имала двосмислена позиција, потценувана, критикувана, но ги заситувала вродените желби. Таа раскажувала приказни за светот и за животите на луѓето во него, приказни кои ги навестувале нивните вистински желби и мотиви. Во 1400-тите години, црквата се соочувала со поделба на која ѝ се заканувало одвојување на два дела. Големиот раздвој бил резултат на желбата на римскиот папа и низа папи и анти-папи ги донеле немирите во црквата и низ Европа.rnrnШто би ни рекле античките астролози за 2017-та година?rnrnЕпископот и аматерскиот астролог, Пјер д’Али, го испитувал ноќното небо, но не предвидел оган и проклетство како повеќето други астролози, наместо тоа, тој посочил дека крајот на светот бил далеку во иднината, нешто за што би требало да се грижат другите генерации. Тој направил метеж од очекувањата со читање на ѕвездите и кажувајќи им соодветна вистина на оние кои го слушале: Ѕвездите ни кажуваат да продолжиме и да направиме нешто повеќе во овој свет, а кој ќе се согласи со тоа?rn

    Читање на иднината

    rnИсториски гледано, почетоците на вековите и милениумите имаат тенденција да ги поттикнуваат луѓето да се замислат за стабилноста на светот и неговиот можен крај, а дел од овие предвидувања според ѕвездите се однесувале токму на тоа.rnrnЗа д’Али, шансата за непосредна апокалипса само го повикува човекот да се покае и да се моли, а можеби и да се откаже од институциите кои го држат светот во едно место. Човечката историја е преполна со лошо претчувство за иднината, а 2016 година ни покажа дека светот сѐ уште е полн со изненадувања и дека не може толку лесно да заврши. Така, додека овие денови не сите погледнуваат во небото за да бараат одговор на светските случувања, како што тоа го правеле нашите предци, можеби треба да погледнеме во минатото и да ја разбереме желбата на луѓето да создадат причина од неразумното.rnrnАстрологијата има некоја проблематична врска со модерната наука, но, предвидувањата се дека оваа 2017-та година ќе биде исто толку турбулентна како и секоја претходно. Па, можеби д’Aли бил во право кога предложил дека треба да се обидеме да го дадеме најдоброто од себе.

  • 17 филмови што со нетрпение ги чекаме во 2017 година

    17 филмови што со нетрпение ги чекаме во 2017 година

    И покрај тоа што во 2016 година имавме можност да видиме епски филмски наслови, изгледа дека тоа беше само загревање за оваа година. Во продолжение следуваат најголемите 17 филмови за 2017 година што сите љубители на големото платно со нетрпение чекаат да излезат. Што мислите ти, кој од овие филмови ќе биде најголем хит?rnrnrn

    1. Притаено зло: Последно поглавје (Resident Evil: The Final Chapter) – 27 јануари

    rn5 години по последниот дел од франшизата, Мила Јововиќ се враќа на големото филмско платно за да ја заврши научнофантастичната хорор приказна што траеше повеќе од една декада.rnrnrn

    2. Џон Вик: Второ поглавје (John Wick: Chapter 2) – 10 февруари

    rnПо сè низ што помина во првиот филм, што би можело да го поттикне Џон Вик да се повлече од пензијата?rnrnrn

    3. Филм со Лего коцки за Бетмен (The Lego Batman Movie) – 10 февруари

    rnНеодамна идејата за филм базиран на коцките Лего изгледаше многу смешно дури и да се изговори, но по успехот на првиот дел нè очекуваат уште многу продолженија.rnrnrn

    4. Логан (Logan) – 3 март

    rnХју Џекман толку долго го игра Волверин што е речиси невозможно да се замисли друг човек во оваа улога! Додека тоа се случи, ќе уживаме во третото продолжение за омилениот мутант.rnrnrn

    5. Конг: Остров на черепи (Kong: Skull Island) – 10 март

    rnНе постои обид за преработка на класичниот оригинал што успеа да го достигне неговиот успех, но овој пат имаме можност да го видиме Конг во малку поинаква форма.rnrnrnrnПреминете на втората страница за повеќе филмови…rn