Дали ви се случило да сакате да го проверите времето на вашиот мобилен телефон па гледате дека е 11:11 часот? Брзате на состанок, а во одреден момент се појавува автобусот број 11? Вашите погледи се свртени кон регистрацијата на автомобилот пред вас, а во него се наоѓаат броевите 1111? Дали се обидувате да ја пронајдете компанијата во која одите на интервју за работа, а се наоѓа во зградата број 111?rnrn
rnrnПојавувањето и забележувањето на бројот 1 во низи не е случајно. Бројот 1111 се нарекува ангелски број и го означува нашето „духовно будење“. Некои тврдат дека оваа појава почнуваме да ја забележуваме кога сме на емоционална пресвртница и кога интуицијата ни е поостра, а ние сме почувствителни на енергијата околу нас и подобро ги забележуваме деталите.rnrnНа почетокот може да изгледа како случајност што гледаме низи единици насекаде, но тие се јасен знак за нов почеток. Забележувањето на оваа појава укажува дека сме на прагот на големи промени, а експертите советуваат дека токму тоа е моментот кога мислите треба да ги свртиме кон позитивност за да привлечеме добри промени во нашите животи.rnrnОдлучноста, самодовербата и храброста се само дел од карактеристиките поврзани со бројот 1. Овој број, особено кога се појавува во серија, нè поттикнува да размислуваме за нови можности, почетоци и проекти и да визуелизираме позитивен исход.rnrnОваа појава на законот за привлекување ни помага да останеме присутни и свесни за нашите мисли и чувства во ова време на космичка промена на Земјата. Тоа може да послужи како потсетник дека постои некаква сила во универзумот од која можеме да бараме водство и мудрост секогаш кога чувствуваме дека животот е тежок, кога сме исплашени или изгубени. Токму во тој момент добиваме длабока духовна порака од нашите духовни водичи и ангели.rnrnЗабележувањето броеви кои се повторуваат, особено 11:11, значи дека треба да се фокусирате на позитивните мисли во тој момент, бидејќи вашите ангели најверојатно ќе ве наградат со манифестирањето на таа намера. Античкиот грчки филозоф Питагора бил првиот кој тврдел дека броевите содржат вибрациски својства. Тој сметал дека целиот универзум е математички прецизен.rnrnОсвен тоа, многу исцелители и духовни водачи на Земјата веруваат дека овој значаен збир на бројки носи порака од големите исцелители кои ни укажуваат на потребата да ја обновиме нашата врска со земјата и одново да ја воспоставиме рамнотежата.rnrnВо ова време на промени, можеби универзумот ни испраќа феномени како што е забележувањето на бројот 11:11 за да ни послужат како потсетник да бидеме присутни и да испратиме позитивни мисли во универзумот за поголемо добро на сите живи суштества. Така, колку повеќе почнуваме да забележуваме такви случаи, толку повеќе позитивни вибрации можеме да испраќаме назад во универзумот. Никола Тесла рекол: „Ако сакате да ги откриете тајните на универзумот, размислувајте во однос на енергијата, фреквенцијата и вибрациите“.rnrnОткако прочитавте за нумеролошкото значење на бројот 11, можеби ќе сакате да ја прочитате и нумеролошката прогноза за следните 3 месеци.rnrnИзвор: atma.hr
Tag: 11
-

Денес во 11:11 часот замислете желба и испратете позитивна мисла во универзумот!
-

Денес е најмоќниот ден во последните 100 години! Но, што точно значи тоа?
Низата 11.11 ни носи чуда, но само ако вистински верувате во нив. Отворете го срцето и ќе се случи чудо! Ако чувствувате дека вашиот живот е забавен, ако сте болежливи и уморни од истите нешта, 11-ти ноември ќе ви донесе свежина во вашиот живот. Овој ден е вибрациски силен поради фактот дека е 11-от ден во 11-от месец.rnrn
rnrn1111 или 11/11 поседува посебно духовно значење бидејќи се верува дека тоа е бројот на духовното будење и моќните нови почетоци. Ако често гледате 11:11 на часовникот или сте привлечени од бројот 1111, тоа укажува на фактот дека доаѓа промена или будење што веќе се појавило на хоризонтот.rnrnАнгелите, духовните водачи и вселената исто така ги користат броевите како начин на поврзување и комуницирање со вас. 1111 најчесто се користи од страна на вашите водачи за да ве насочат кон вистинскиот пат. Во нумерологијата, бројот 1 означува нови почетоци, а кога постои во низа, тоа создава силна енергија за будење на својот потенцијал.rnrn11-ти ноември е најдоброто време да го промените својот живот, да ги поставите своите намери и да навлезете подлабоко во нештата за да ја откриете вистината. Нови будења, нови информации и нови нивоа на просветлувања – сите овие нешта се возможни токму на овој ден поради неговата моќна енергија.rnЗначење за 2018 година
rnПоследен пат доживеавме универзална година на бројот 11 во 2009 година, а пред тоа во 1910 година. Но, што значи овој датум за оваа година?rn
Тоа е број на водство, лична моќ и духовна вистина
rnВо нумерологијата бројот 11 е главен број – тоа значи дека има интензивна и висока вибрациска фреквенција и делува на внатрешните, етерични, магични и трансцендентални области на создавањето. Главните броеви поседуваат голем потенцијал за учење и растење и можат да донесат големи промени во вашиот живот. Бројот 11 е најинтуитивниот број и претставува канал кој води кон потсвеста. Тој е број на водството, лична моќта и духовната вистина.rn
Шамбала
rnЗборот „шамбала“ резонира со главниот број 11 во нумерологијата и е совршениот збор што може да ви помогне да го прифатите поголемиот потенцијал на нашата универзална година на бројот 11. Шамбала е санскритски збор што во груб превод означува мир, спокој и среќа. Секој од нас има слобода во нашите срца и умови да одберете да искуси рај тука на Земјата. Имаме можност да живееме живот во којшто сме љубезни кон другите, живееме во согласност со Земјата и сме дел од нешто многу поголемо од нас.rn
Завршни мисли за овој ден
rnАко чувствувате дека е потребна промена во вашиот живот и дека нештата едноставно не се онака како што би сакале, тогаш искористете ја енергијата на 11-ти ноември. Отворете го срцето и пуштете ги вибрациите на новите почетоци во вас.
-

Духовното значење на бројот 11 и на датумот 11.11
Дали некогаш сте се почувствувале привлечени кон бројот 11, или пак кон низи како 11.11? Дали можеби често забележувате 11.11 на вашиот часовник? Дали ова ви се случува на разни места, како сметки, регистрации на автомобили и слично?rnrn
rnrnОва не е случајност, туку повик од универзумот кој сака да ви каже за промената или духовното будење кое ви претстои. Бројот 11 е навистина посебен број во универзумот. Според нумерологијата, 11 е поврзан со особините како трпеливост, искреност, духовност, чувствителност и интуиција. Многу често овој број се смета за идеален.rnrnНаречен е Главен број бидејќи има небесна вибрација која прави желбите и соништата лесно да се остварат. Се верува дека 11 е бројот на духовното будење и го симболизира проширувањето на свеста. 11-тиот ден од 11-тиот месец станува многу посебен бидејќи вибрацијата на бројот 11 станува посилна.rnrn1111 е бројот на небесните суштества, кој го користат за да комуницираат со нас, да ни помогнат да одиме по нашиот пат и да нè водат кон посветла иднина. Па поради ова, 1111 е поврзан со одење по нашиот пат и вибрирање на фреквенцијата на нашите желби и соништа.rnКако да ја постигнете оваа фреквенција на 11.11?
rnМожете да направите многу едноставен ритуал или пак доволно е само да посветите внимание на работите кои сакате да ви се остварат во животот.rn
Значењето на 2017-та година
rn2017-та година се смета за година број 1 во нумерологијата. Поради ова главниот фокус на 11.11.2017 година е нови почетоци во нашите животи. За многумина периодот меѓу 2016-2017 година бил вистинска луда железница со големи промени. Овие луѓе многу се промениле, многу созреале, но и многу научиле. За други не се манифестирале големи промени кои се забележуваат на површина.rnrnПа, овој ноември време е да му оддадете почит на вашето минато, да ја прифатите сегашноста и да научите како да почнете ново патување. Ослободете се од мислите кои ве спречуваат и продолжете со насмевка. Синхронизирајте се со желбите на вашето срце бидејќи е време да бидете полни со позитивност.rnrnЗа да извлечете најмногу од 11-тиот ден од 11-тиот месец, направете го овој едноставен ритуал. За најдобри резултати, направете го ритуалот во 11.11 часот, но сосема во ред е и ако го направите во кое било друго време од денот.rnrn1. Почнете да пишувате 11 минути без да го спуштите пенкалото. Запишете ги сите работи кои ве прават среќни. Може да станува збор за минати искуства, или пак за желби за иднината. Продолжете да пишувате дури и ако напишаното не ви изгледа добро.rnrn2. Погледнете го напишаното и подвлечете ги зборовите, чувствата и активностите кои ве прават среќни. Треба да се фокусирате на нив.rnrn3. Одберете 3 збора што најмногу се совпаѓаат со вашата сегашна состојба и запишете ги одвоено. Потоа ставете ја раката на вашето срце и повторувајте: Си дозволувам да се чувствувам/да правам… Да имам повеќе од оваа позитивна енергија во мојот живот кој почнува сега.rnrn4. Штом ќе завршите, медитирајте 11 минути и визуализирајте како би изгледал вашиот живот кога ќе ви се исполнат желбите. Фокусирајте се на радоста и задоволството.rnrn5. Во една реченица запишете што сакате да искусите во овој живот. Ова ќе ви помогне да испратите точна желба до универзумот. Можете да ги следите овие примери:rn
- rn011
- Мојата намера е да имам мирен живот синхронизиран со мојата душа.
- Мојата цел е да придонесам во светот со мојот професионален напредок и да бидам среќен/среќна.
- Мојата цел е да пронајдам љубов, да ја ценам и да ја ширам љубовта кон сите, така што сите околу мене ќе бидат среќни.
rn011
rn011
rn
rnНамерите можат да бидат различни. Само важно е да бидат позитивни. Нека ви стане навика да ја читате оваа реченица секој ден.rnrn6. На крај покажете благодарност. Заблагодарете му се на универзумот, или во она што верувате за помошта што ви ја овозможува во вашиот живот.