КАФЕ ПАУЗА

Викенд книга: „Во потрага по Алјаска“ – Џон Грин

Written by

in

„Некои луѓе влегуваат во твојот живот, те менуваат, па си одат и ништо никогаш повеќе не е исто.“

rn

Наша оценка: 8/10

rn

Ваша оценка: [ratings]

rn(1) Викенд книга: Во потрага по Алјакса - Џон ГринrnrnСе сеќавате на Џон Грин? Секако дека се сеќавате на авторот кој на светот му ја донесе приказната за Хејзел и Августус и притоа стопли и растажи многу срца. После „Светот не е фабрика за исполнување желби“ знаев дека набрзо и друго негово дело ќе се најде во мои раце. „Во потрага по Алјаска“ е книга наменета за помладата публика, но како и секоја добра приказна, допира до сите љубители на убавиот збор и не познава старосни граници.rnrnМајлс е повлечено и мирно момче кое решава да го напушти својот ужасно здодевен живот во Флорида за да студира во интернатот Кулвер Крик во Алабама. Зад себе ги остава само своите родители, бидејќи нема пријатели, а уште помалку девојка. Охрабрен од последните зборови на поетот Франсоа Робле „Одам да го барам Големото Можеби“, Мајлс е подготвен за нова фаза во неговиот живот, со надеж дека овој пат ќе запознае луѓе кои ќе го прифатат и ќе доживее незаборавни моменти. Но она што го очекува во интернатот, е многу повеќе од сè она што некогаш го замислувал.rnrn


rn

Доделуваме 2 книги во соработка со Сакам книги

rnrnrn


rnrnЗа луди и незаборавни моменти потребен е добро поткован цимер, нели? Сите кои некогаш студирале надвор од својот роден град, без разлика дали во студентски дом или во стан, знаат дека цимерите ја прават или ја уништуваат забавата. Мајлс ја имаа таа среќа типот со којшто ја дели собата да е никој друг туку „Полковникот“ лично. Чип „Полковникот“ Мартин е ниско и симпатично момче со страст за изведување будалаштини, пушење цигари и пиење амброзија (млеко и вотка, бљак). Уште подобро, Полковникот има многу згодна пријателка – Алјаска Јанг. Девојката освен што е преубава, таа е интелигентна, забавна и по малку емотивно нестабилна. За Мајлс, таа е прва љубов, прва страст и прва болка. Алјаска и Полковникот го внесуваат Мајлс во нивниот живот исполнет со авантура, го запознаваат со нови луѓе и го учат како се изведуваат најдобрите местенки во интернатот. Следејќи ги во нивните будалаштини, Мајлс открива друга страна од себе – забавен, харизматичен и бунтовен Мајлс. Животот во интернатот се сведува на предавања, учење, забава и вечните битки со Викендашките војници (богати, разгалени студенти кои за викендите си одат дома во своите луксузни домови), а Мајлс ужива во секој момент. Сè додека не открие дека некои луѓе влегуваат во твојот живот, те менуваат до срж, а потоа заминуваат и ништо никогаш повеќе не е исто.rnrnКнигата ги рефлектира сите емотивни турбуленции низ кои поминуваат младите луѓе во најубавите и најлудите години и ги претставува на неверојатно топол начин. Читателот ја следи врската која се создава помеѓу Мајлс и Алјаска на начин кој е различен од сите типични љубовни приказни, бидејќи станува збор за сосема друг вид „врска“. Ликовите, кои на почетокот делуваат обично и секојдневно, низ книгата откриваат работи за себе кои им даваат длабочина и го тераат читателот да се приврзе за нив.rnrnДобив впечаток дека Џон Грин го користи својот талент за да им помогне на младите да ги пребродат сите ситуации кои животот може да им ги нафрли и на кои се особено чувствителни благодарение на недостигот од искуство, а понекогаш и зрелост. За мене, книгата беше емотивен времеплов кој ме врати неколку години наназад и ме потсети на возбудливиот, забавен, исполнет со големи очекувања студентски живот. Се потсетив и дека, ако него го поминеш со погрешни луѓе, може да биде и опасен. Топла препорака, ќе ја прочитате во еден здив!rnrn
Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 19 април 2015.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

rn