Кому му требаат стрипови, филмови и цртани за суперхерои со неверојатни моќи, кога секој од нас има свој личен, урбан херој?
rn
Наша оцена: 8/10
rn
Ваша оцена: [ratings]
rnДеновиве имав среќа да наидам на една приказна, вистинска и тоа, за бездомникот кој ѝ ги понудил своите последни 3 долари на една девојка која во тој момент останала без пари и не можела да плати превоз за да стигне дома. Девојката благодарна за гестот поттикнала акција по социјалните мрежи за да му се помогне на човекот да си најде топол дом, покрив над глава. По вакви приказни вербата во човештвото расте до плафон, се разбира сè додека не наидам на наредната приказна за некоја бедотија по светов, но тоа е, Интернетот е зезната работа. Како и да е, поентата ми беше дека за мене бездомникот и девојката се школски пример за урбани херои. А за такви луѓе со огромно срце, кое нас другите по малку нè засрамува, пишува и Драган Таневски во неговото првенче „Урбани херои“.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrnНеколку кратки приказни испреплетени една со друга, плус неколку дополнителни приказни кои навидум немаат некоја поврзаност, но сепак сите имаат една заедничка работа – раскажуваат за тоа дека вистинските херои се најчесто многу блиску до нас. Главната приказна опфаќа неколку генерации од едно семејство, направени грешки од минатото кои прогонуваат цел живот (тоа многу добро го знаеме, нели?) и ликови кои долги години се борат со последиците сè додека болката и осаменоста не испливаат на површина. Како да се биде на дното и да се живее со срам и пониженост, како да се издигнеш од правта и да продолжиш да живееш, дури и успешно? Мислам дека одговор на најтешкото прашање нема, но сепак секој од нас е доволно херој за да пронајде трoнка волја и да преврти наопаку сè што не чини и конечно да почне да дише.rnrn
rnrnПриказна за една девојка која се заљубува во фраерот на мотор и дознава дека љубовта е слепа и глупа понекогаш, особено ако фраерот те навлече на дрога и заглави во долгови. Ова исто така е приказна и за тоа дека ангели чувари сепак има (ова не сте го слушнале од мене) и дека кога животот ќе нè турне на земја и ќе ни се закани, ненадејна љубов може да нè спаси од самите себе и од сите други. Обично, мајчинската. Уште поважно, ова е приказна која ќе ве научи дека каењето и самоказнувањето за направените грешки никогаш никому не помогнале и дека најдобар начин е да се истресеш од прашината и да продолжиш понатаму, не погледнувајќи никогаш назад.rnrnКнигата се чита брзо, ослободена од непотребни описи и заплети, авторот често брзо преминува на главното и не остава премногу простор за филозофирање. Со ликовите лесно ќе се поврзете, особено поради секојдневниот говор и жаргонот на кој може да се наиде на моменти. Топла препорака за сите оние на кои деновиве им треба малку повеќе верба во човештвото.rnrn
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk
