КАФЕ ПАУЗА

Со неколку шолји кафе дневно до подолг животен век

Со неколку шолји кафе дневно, до подолг животен век

Според најновото истражување во кое учествувале повеќе од половина милион луѓе на возраст од 50 до 71 година, со консумирање на 3 шолји кафе дневно се намалува ризикот од ненадејна и прерана смрт.rnrnСо неколку шолји кафе дневно, до подолг животен векrnrnВнесувањето на голема количина кофеин во организмот се смета за нездраво, но резултатот од ова истражување, кое го спровело Националниот американски институт за рак, покажало дека со 2-3 шолји кафе дневно се намалува ризикот за смрт од инфаркт, инфекција на респираторниот систем, мозочен удар, дијабетес и од многу други инфекции.rn
rn

„Две или три шолји кафе дневно го намалуваат ризикот за прерана смрт за 10 до 15 проценти, но зголемувањето на дозата не значи дека ќе се зголеми и процентот, па токму затоа не треба да се претерува“ – вели д-р Нил Фридман од Националниот институт.

rnЗа време на истражувањето, испитаниците биле следени во период од 12 години, а нивните навики укажувале на позитивно делување на кафето врз здравјето.rnrnНајголем проблем претставувал фактот што љубителите на кафето, омилениот свој напиток го пиеле во придружба на цигара, која го скратува животниот век.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.