КАФЕ ПАУЗА

Кога најмногу се ужива во кафето?

Кога најмногу се ужива во кафето?

Луѓето кои често имаат навика да пијат кафе, понекогаш забораваат кое задоволство може да претставува добро подготвената шолја кафе. Повеќето луѓе пијат кафе набрзина, веднаш штом ќе станат од спиење, бидејќи чувствуваат дека тогаш им е најпотребно, заборавајќи дека тоа може да биде фантастичен момент на уживање. Ова се неколку периоди во кои е најпријатно да се консумира кафето според неколку истражувања.Кога најмногу се ужива во кафето?rn

Навечер

rnНаутро сметаме дека кофеинот ќе нè разбуди и размрда и тоа не е далеку од вистината, но навечер е вистинско уживање да се пие кафе. Овде не се мисли на периодот пред спиење, туку неколку часа порано, во периодот по вечерањето. Одлично доаѓа и во комбинација со некој добар десерт. Овој период совршено одговара, бидејќи сте завршиле со сите обврски, опуштени сте и можете целосно да му се препуштите на уживањето.rn.rn

За време на надворешни активности на поладно време

rnДоколку нешто работите во дворот или пак сте излезени на прошетка во паркот, направете топло кафе, ставете го во термос и понесете го со вас. Направете кратка пауза од која било активност, седнете и стоплете си ја душата со вашиот омилен напиток.rn.rn

На седенки со пријатели или со партнерот

rnКафето ги поврзува луѓето. Овој пат, за разлика од другите периоди, не обрнувате внимание на кафето, а сепак уживате во него. Наместо тоа, вниманието го упатувате кон личноста со која сте седнати, муабетите, се чувствувате пријатно и ви е забавно. Преку тоа создавате спомени кои секогаш ќе ги поврзувате со тоа кафе, иако тоа не играло некоја голема улога. Тоа значи дека вкусот на кафето секогаш ќе ве навраќа наназад на убавите нешта и пријатните дружби.rn.rn

Кога сакате

rnМногу важно е да сфатите дека кафето треба да се пие со страст, а не како една вообичаена навика. Таквиот случај само може да предизвика несакана зависност. Наместо тоа, консумирајте го чајот и водата често, а во кафето уживајте максимално додека го пиете.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.