ТВ серија за познатиот Шерлок Холмс кој во оваа преработка живее во Њујорк, во 21-от векrnrn
Главни улоги: Џони Ли Милер, Луси Лу, Ејдан КвинrnrnЖанр: криминалистика, драма, мистеријаrnrnКреатор: Роберт ДоертиrnrnПремиера: 27 септември 2012rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn
rnБез двоумење можеме да кажеме дека постојат многу интерпретации на најпознатите детективи од фиктивната историја. Но, до пред неколку години никој не можеше ни да си замисли како би изгледал модерниот Шерлок Холмс. Благодарение на брилијантната ТВ серија „Шерлок“ од „BBC“ во 2010 година тоа целосно се смени. Гледајќи го успехот кој таа го постигна низ целиот свет „CBS“ реши да направи своја верзија од најпопуларните ликови на Конан Дојл. Тие сакајќи да внесат нешто сосема ново во оваа добро позната приказна, ги изненадија сите фанови на Шерлок Холмс со воведување на „мала“ промена во ликот на Џон Вотсон.
Сè започнува со посетата на Џејн Вотсон (Луси Лу) која треба да биде новиот „трезен придружник“ на Шерлок Холмс (Џони Ли Милер). Неговиот татко ја најмил бидејќи бил загрижен за Холмс кој избегал од центарот за рехабилитација истиот ден кога требало да биде отпуштен. Работата на Вотсон е да му помогне што побрзо да се навикне на преминот кон нормалниот начин на живеење и да не дозволи тој повторно да ѝ се врати на дрогата.
Холмс работел како советник во Скотлант Јард, но бидејќи под влијание на татко му сега е во Њујорк, тој решил да ја продолжи својата работа тука. Поради тоа Вотсон и Холмс заедно се упатуваат кон најновото место на злосторство и бидејќи нивниот однос како придружник-клиент е доверлив, тој виде одлична шанса да си поигра со неа така што ја претстави како негов личен слуга на капетанот Тоби Грегсон (Ејдан Квин). Вотсон истовремено е и фасцинирана и фрустрирана од неговите постапки, како и од начинот на кој тој инстантно ги „чита“ луѓето околу него. 
И покрај тоа што нивниот почеток ќе тргне во сосема погрешна насока и таа нема да сака повеќе да биде негов придружник, Холмс ќе сфати дека нејзиното присуство многу му помага при решавање на случаите и ќе направи сè што може за да ја задржи покрај себе. Уште на првата сцена кога ќе ги видите овие двајца заедно ќе ја забележите одличната хемија која се појавува меѓу нив. Мислите дека знаете како ќе продолжи приказната? Не претпоставувајте ништо… Неочекуваните пресврти ќе продолжат да ве изненадуваат до самиот крај.
Доколку сте фан на незаборавниот Шерлок Холмс погледнете ја и оваа преработка. Ви ветуваме дека со само една епизода таа ќе успее да ги надмине сите ваши очекувања.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
