ТВ серија за изборот, должноста и за животот помеѓу два сосема различни света – медицината и мафијатаrnrn
Главни улоги: Џордана Спиро, Жељко Иванек, Вилијам ФорсајтrnrnЖанр: криминалистика, драмаrnrnКреатори: Џош Берман, Роб РајтrnrnПремиера: 16 септември 2012rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rnКога го видовте насловот сигурно си помисливте „ах, уште една медицинска драма“. Се согласуваме дека веќе има премногу вакви ТВ серии кои горе-долу ја обработуваат истата тематика, но во овој случај станува збор за нешто сосема поразлично. Во „Докторот на мафијата“ има целосно испреплетување на доброто и злото, лагата и вистината, стравот и сигурноста… како и сосема нов поглед во животот на оние кои поседуваат целосна моќ да спасуваат или пак, да убиваат.
Грејс (Џордана Спиро) стажира во една болница во Чикаго каде што е една од најдобрите млади хирурзи. Но, тоа што никој не го знае за неа е дека таа живее на работ помеѓу два света. По сплет на околности таа станува должник на мафијата и мора да биде достапна за нив исто толку колку што е достапна и за болницата во која работи. Од друга страна, и покрај сè, таа себеси се обврзува да ја почитува заклетвата која ја направила кога станала доктор и токму поради тоа мора постојано да одржува рамнотежа помеѓу нејзините обврски, што и не секогаш е многу едноставна работа.
Досега се излезени само две епизоди кои не ни откриваат многу за животот на ликовите, но досегашните критики велат дека оваа ТВ серија има потенцијал да го достигне успехот како и останатите популарни медицински драми. Во некои постапки ликот на Грејс малку наликува и на д-р Хаус, но сепак таа е сосема различна од типичната „докторка“ која можете да ја видите на малите екрани. Ако го обожавате овој жанр, дајте ù шанса барем на првата епизода. Поради мистеријата која ја крие буквално секој лик, нема да можете да одолеете да продолжите редовно да ја следите…
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
