Легендарниот режисер Стенли Кјубрик, многу пред напредокот на технологијата, создал филмови за иднината, на кои не им се дораснати повеќето од модерните остварувања. Неговиот уникатен стил на режирање го издвојува од толпата и го вбројува во најдобрите. Ви препорачуваме дел од неговите најпопуларни дела, кои според многумина, се задолжителна филмска литература.
rn
rn
rn
1. Очи широко затворени (Eyes Wide Shut)
rn
Жанр: драма, мистерија, трилерrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 јули 1999rnrnУлоги: Том Круз, Никол КидманrnrnВреметраење: 159 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка содржина: Шокиран од признанието на неговата сопруга Алис (Никол Кидман) дека пред една година размислувала за неверство, д-р Бил Харфорд (Том Круз) се впушта во опасна ноќна авантура, која ќе го одведе на оргија под маски. Филмот е базиран на книгата „Новела за сонот“ од Артур Шницлер.rn
rn
2. Полна воена опрема (Full metal jacket)
rn
Жанр: воена драмаrnrnЈазик: англиски, виетнамскиrnrnПремиера: 26 јуни 1987rnrnУлоги: Метју Модин, Адам Болдвин, Винсент Д’ОнофриоrnrnВреметраење: 116 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка содржина: Во првата половина од филмот е прикажано регрутирањето војници во камп во Јужна Каролина, под команда на наредникот Хартман. Втората половина се одвива во Виетнам. Сега наредник е еден од регрутите, кој известува за случувањата на бојното поле за еден воен магазин.rn
rn
3. Сјаење (The Shining)
rn
Жанр: хорор, мистерија, трилер, драмаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 23 мај 1980rnrnУлоги: Џек Николсон, Шели Дувал, Дени ЛојдrnrnВреметраење: 142 минутиrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка содржина: Една студена зима, во потрага по инспирација, писателот Џек Торенс заедно со неговата сопруга и синот ќе замине на неколку месечен престој во изолиран хотел на планините во Колорадо. За време на престојот, кога големо невреме ќе ги отсече од цивилизацијата, ќе откријат дека хотелот е опседнат со духови.rn
rn
4. Бери Линдон (Barry Lyndon)
rn
Жанр: авантура, драма, романса
rnЈазик: англиски, германски, францускиrnrnПремиера: 18 декември 1975rnrnУлоги: Рајан О’Нил, Мариса Беренсон, Патрик МегиrnrnВреметраење: 184 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка содржина: Во 18 век, во мало село во Ирска, живее Редмонд Бери, млад коцкар и кариерист, кој е лудо заљубен во неговата роднина Нора. Откако ќе го предизвика и ќе го победи на двобој нејзиниот вереник, Бери бега во Даблин. На патот ќе биде ограбен и немајќи друга алтернатива ќе ѝ се приклучи на Британската армија, а подоцна и на Пруската. Таму ќе остане сè додека не ја сретне богатата вдовица Линдон, со која ќе се ожени и ќе се пресели во Англија.rn
rn
5. Пеколен портокал (A Clockwork Orange)
rn
Жанр: криминална драма, научна фантастикаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 2 февруари 1972rnrnУлоги: Малколм Мекдауел, Патрик Меги, Мајкл БејтсrnrnВреметраење: 136 минутиrnrnНаша оценка: 10rnrnКратка содржина: Дејството се одвива во футуристичка Британија. Алекс е млад и исклучително насилен човек кој отслужува казна затвор за убиство и силување. Тој е дел од експериментална владина програма, чија цел е да ги натера затворениците да го презираат насилството. Неговата казна ќе биде намалена и многу порано од очекуваното ќе се врати на улиците. Но, не оди сè по планот на владата…rn
rn
6. 2001: Одисеја во вселената (2001: A Space Odyssey)
rn
Жанр: авантура, научна фантастикаrnrnЈазик: англиски, рускиrnrnПремиера: 6 април 1968rnrnУлоги: Киер Дулеа, Гери Локвуд, Вилијам Силвестер, Дениел Рихтер, Леонард Роситер, Даглас РејнrnrnВреметраење: 141 минутаrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка содржина: Филмот е приказна за еволуцијата. Човештвото забележува мистериозен објект закопан под површината на Месечината и со интелигентниот компјутер H.A.L. 9000 тргнува во потрага…rn
rn
7. Д-р Стрејнџлав (Dr. Strangelove or: How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb)
rn
Жанр: комедијаrnrnЈазик: англиски, рускиrnrnПремиера: 29 јануари 1964rnrnУлоги: Питер Селерс, Џорџ К. Скот, Стерлинг ХајденrnrnВреметраење: 95 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка содржина: Лудиот и параноичен генерал Мевосек започнува процес на нуклеарен холокауст, којшто група политичари и генерали во воената соба во Пентагон очајно ќе се обидува да го спречи.rn
rn
8. Лолита (Lolita)
rn
Жанр: драма, романсаrnrnЈазик: англиски, францускиrnrnПремиера: 12 јуни 1962rnrnУлоги: Џејмс Мејсон, Шели Винтерс, Сју ЛионrnrnВреметраење: 152 минутиrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка содржина: Хамберт Хамберт е разведен британски професор кој заминува во мал американски град да предава француска литература. Тој започнува љубовна врска со вдовицата Шарлот, со којашто и ќе се ожени само за да може да биде блиску до нејзината ќерка, 14-годишната Лолита, во која лудо ќе се заљуби.rn
rn
9. Спартак (Spartacus)
rn
Жанр: акција, авантура, биографијаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 7 октомври 1960rnrnУлоги: Кирк Даглас, Лоренс Оливие, Жан СимонсrnrnВреметраење: 184 минутиrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка содржина: Во 73 година п.н.е, тракискиот роб Спартак поведува бунт во гладијаторско училиште управувано од Лентулус Батиатус. Бунтот, на кој му се приклучуваат илјадници робови, набрзо се шири низ цела Италија. Планот е да се снабдат со доволно средства за да ангажираат бродови, кои ќе ги транспортираат во земји во јужниот дел на Италија.rn
rn
10. Патеки на славата (Paths of Glory)
rn
Жанр: воена драмаrnrnЈазик: англиски, германски, латинскиrnrnПремиера: 25 октомври 1957rnrnУлоги: Кирк Даглас, Ралф Микер и Адолф МенжуrnrnВреметраење: 88 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnКратка содржина: Командант во Француската армија мора да се справи со бунтот на неговите луѓе и со болниот за слава генерал, откако дел од неговата единица влегува во оган без можност да го возврати нападот.rn
rn
11. Убиство (The Killing)
rn
rnrnЖанр: трилерrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 6 јуни 1956rnrnУлоги: Стерлинг Хајден, Колин Греј, Винс ЕдвардсrnrnВреметраење: 85 минутиrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка содржина: Откако ќе излезе од затвор, Џони Клеј планира да го изврши својот последен грабеж и со тоа да стави крај на неговата криминална кариера и да се ожени со Феј. Ќе се обиде да украде два милиони долари од обложувалница на трки со коњи, додека трае една од трките.rn
rn
12. Бакнежот на убиецот (Killer’s Kiss)
rn
Жанр: криминална драмаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 1 октомври 1955rnrnУлоги: Френк Силвера, Ирина Кејн, Џејми СмитrnrnВреметраење: 67 минутиrnrnНаша оценка: 7rnrnКратка содржина: 29-годишниот боксер од Њујорк, Дејви Гордон (Џејми Смит) се вљубува во својата сосетка, танчерката Глорија Прајс (Ирина Кејн). Љубовната врска им ја комплицира нејзиниот насилен шеф, Винсент Рапало (Френк Силвера), кој ќе се обиде да го убие Дејви и ќе ја киднапира Глорија.rn
rn
13. Страв и желба (Fear and Desire)
rn
Жанр: воена драмаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 1 април 1953rnrnУлоги: Френк Силвера, Пол Мазурски, Кенет ХарпrnrnВреметраење: 72 минутиrnrnНаша оценка: 7rnrnКратка содржина: Приказна за војнички тим чиј авион се урива во непријателска зона, во фиктивна војна. Групата предводена од потполковникот Корби бара начин безбедно да премине на пријателска територија.rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
