Познати филмови кои биле забранети

Сподели

rn

Реклама

7. Дебела девојка (Fat Girl)

rnОва е филм за две сестри и нивната сексуалност додека се на одмор. Додека едната сестра е промискуитетна, другата е склона кон прејадување. Филмот бил забранет поради начинот на кој е претставена женската сексуалност кај тинејџерките. Во 2003 година забраната била тргната.rn

8. Илса: Волчицата од СС (Ilta: She Wolf of the S.S.)

rnИлса е докторка која изгледа како да сака да им помага на жените во камповите за време на Втората светска војна, но нејзината намера е да ги подложи на експерименти со кои ќе докаже дека жените поднесуваат повеќе болка од мажите. Филмот бил забранет во Норвешка, Англија и Австралија поради сексуалното насилство и третирањето на жените.rn

9. Интервју (The Interview)

rnФилмот следи двајца новинари кои имаат интервју со Ким Џонг Ун кој треба и да го убијат. Од очигледни причини, филмот бил забранет во Северна Кореја, а неговата премиера била одложена со цел да се поправат некои работи и филмот да не биде толку навредлив.rn

10. Плукам на твојот гроб (I Spit On Your Grave)

rnОвој филм ја има една од најбруталните сцени со силување што ја тераат жртвата да им се одмазди на насилниците. Поради вознемирувачката содржина, филмот бил преправан неколку пати за да се отстранат некои сцени, но тоа не ги спречило Норвешка, Ирска, Исланд и Германија целосно да го забранат.rn

11. Љубовен камп 7 (Love Camp 7)

rnФилмот е сместен во нацистички љубовен камп, место каде што жените ги исполнувале потребите на воените офицери. Иако заплетот е сосема друг, публиката не можела да ги затвори очите на целото сексуално насилство. Англија, Австралија и Нов Зеланд го забраниле филмот, но неколку верзии се пробиле, па во 2005 година оваа приказна станала целосно достапна.rn

12. Монти Пајтон: Животот на Брајан (Monty Python’s Life Of Brian)

rnФилмот ја раскажува приказната за Брајан од Назарет кој бил роден истиот ден како и Исус, па поради ова многу пати го мешале со месијата. Но, Брајан има друг живот пат кој сепак го води кон истата судбина како и онаа на Исус. Филмот бил забранет поради религиската сатира, и тоа во Англија, Ирска и Норвешка. Забраната траела неколку децении од неговата премиера во 1979 година.

Погледнете и кои се 10-те најдобри филмови на сите времиња.

Популарно

Може ќе ве интересира