Некои од најдобрите филмови на сите времиња

Сподели

rn

Реклама

8. „Боречки клуб“ (Fight Club)

rnКако еден од најконтроверзните и најзборуваните филмови во 1990-тите, „Боречки клуб“ има неверојатно влијание врз поп културата. Познатиот цитат на Тајлер Дурден „Првото правило на Боречкиот клуб е да не зборуваш за Боречкиот клуб“ е можеби најпопуларен од оваа деценија.rn

9. „Лет над кукавичкото гнездо“ (One Flew Over the Cuckoo’s Nest)

rnОва е вториот филм што ги има освоено Оскар во сите 5 главни категории. Филмот се смета за толку добар што во некои кина во Шведска бил прикажуван цели 11 години по ред.rn

Реклама

10. „Шиндлеровата листа“ (Schindler’s List)

rnНаправен според книгата на Томас Кинели, филмот на Спилберг не само што освои 7 Оскари, туку остана запаметен како еден од најдобрите филмови на векот.rn

11. „Евтини приказни“ (Pulp Fiction)

rnПознат по еклектичките дијалози, нелинеарната приказна и бројните референции од поп културата, овој филм доби 7 номинации за Оскар и ја доби наградата Palme d’Or на Канскиот филмски фестивал.rn

12. „Кум 2“ (The Godfather: Part II)

rnВториот дел од трилогијата „Кум“ има освоено 6 Оскари и е зачуван во Националниот филмски регистар во САД. Ова е еден од ретките продолженија кои биле можеби и подобри од првиот филм.rn

Реклама

13. „Бегство до Шошенк“ (Shawshank Redemption)

rnИако филмот едвај ги покрил трошоците за снимање, има добиено многу позитивни критики и со текот на времето станал омилениот филм на телевизија и на ДВД.rn

14. „Граѓанинот Кејн“ (Citizen Kane)

rnИако веднаш по премиерата се изгубил интересот за филмот, по Втората светска војна „Граѓанинот Кејн“ се прославил во странските држави, како на пример, во Франција. Благодарение на ова, филмот беше одново откриен и од американската публика, па го доби статусот на еден од најдобрите филмови на сите времиња.

Доколку сакате покачување на адреналинот, погледнете кои се најдобрите хорор филмови на сите времиња.

Најново

Може ќе ве интересира