Најочекуваните филмски продолженија за 2018 година

Сподели

rn

Реклама

6. Осуммината на Оушн (Ocean’s Eight)

rnОвој филм ја има можеби најдобрата актерска екипа за 2018-та година. Во филмот ќе ги видиме Сандра Булок, Кејт Бланшет, Хелена Бонам Картер, Ен Хатавеј, Ријана, Минди Колин, Сара Полсон, Дамијан Луис и уште многу други. Филмот не е продолжение на претходните, но е сместен во истиот универзум. Сандра Булок е сестрата на Дени Оушн и ја следиме нејзината авантура.rn

7. Фантастични ѕверови: Злосторствата на Гринделвалд (Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald)

rnВо првиот дел видовме многу малку од негативецот Гринделвалд, но овој дел му е посветен нему. Иако во првиот дел го видовме Колин Фарел во оваа улога, во овој филм улогата му е доделена на Џони Деп. Ќе ги видиме истите ликови од претходниот филм, како и младиот Дамблдор кој ќе го игра Џуд Ло.rn

8. Ралф го уништува Интернетот: Скрши го тоа Ралф 2 (Ralph Breaks the Internet: Wreck-It-Ralph 2)

rnДејството во филмот е сместено 6 години по настаните од првиот дел. Во овој филм ќе ги следиме Ралф и Венелопи кои ќе патуваат низ Интернетот за да ја спасат Sugar Rush. Режисерот од претходниот филм повторно се враќа и во овој. Фановите на Дизни сигурно ќе уживаат во продолжението.rn

9. Дедпул 2 (Deadpool 2)

rnВо морето филмови со суперхерои кои се речиси идентични, Дедпул понуди нешто сосема различно. Филмот е повеќе како комедија за возрасни отколку филм со суперхерои. Во улогата на Дедпул повторно ќе го гледаме Рајан Рејнолдс, а режисер е Дејвид Лејч познат по филмот „Џон Вик“ (John Wick).rn

10. Невозможна мисија 6 (Mission: Impossible 6)

rnОваа франшиза е една од ретките кои се подобруваат со текот на времето. Иако оригиналот е одличен шпионски трилер, најдобри се третиот, четвртиот и петтиот дел. Сè уште се знае многу малку за филмот, но знаеме дека Том Круз ќе продолжи со лудите подвизи.

Продолжува на следната страница…rn

Популарно

Може ќе ве интересира