КАФЕ ПАУЗА

Филмски маратон со Мистер Бин

Филмски маратон со Мистер Бин

Written by

in

,

Излишно е да се трошат многу зборови за Роуан Аткинсон, многу попознат по името Мистер Бин и еден од најдобрите комедијанти на сите времиња. Неговата работа се темели главно на мимика и физичка комедија. Ретко зборува во неговите филмови и скечеви, а кога го прави тоа зборовите ги изговара на за него специфичен начин. Малкумина знаат дека со тоа тој го прикрива својот проблем со пелтечењето. Тоа, за жал, не го прави доволно атрактивен за повеќето современи комедии-блокбастери, но и покрај тоа зад него веќе има доволно филмови по кои ќе остане запаметен.Филмски маратон со Мистер БинВи предлагаме неколку од нив во кои „човекот со гумено лице“ ќе ве изнасмее до солзи. При тоа, избегнувајте да јадете и пиете додека ги гледате овие филмови за да не се задавите.rn
rn

Бин (Bean)

rnФилмски маратон со Мистер Бин Година: 1997rnrnАктери: Роуан Аткинсон, Питер МекНикол, Џон МилсrnrnЖанр: комедијаrnrnНаша оценка: 10rnrnКратка приказна: Митер Бин е чувар во Кралската Национална Галерија во Лондон кој често заспива на работа. Неговите шефови бараат начин да го отпуштат, но не можејќи да најдат начин, ќе го пратат како свој претставник во една мала галерија во Лос Анџелес на одреден период. Таму мислат дека тој е доктор на науки и треба да одржи пригоден говор пред аукцијата на скапата слика Вистлеровата мајка.rn

rn
rn

Одморот на Мистер Бин (Mr. Bean’s Holiday)

rnФилмски маратон со Мистер Бин Година: 2007rnrnАктери: Роуан Аткинсон, Вилијам Дефо, Макс БолдриrnrnЖанр: комедијаrnrnНаша оценка: 10rnrnКратка приказна: Мистер Бин ќе добие наградно патување во Кан и тоа токму за време на одржувањето на Канскиот филмски фестивал. За време на патувањето до азурниот брег ќе му се случат многу интересни моменти, а при тоа ќе заглави на сред пат со синот на член на жирито на фестивалот. Заплетот се случува кога сите ќе помислат дека Бин всушност го киднапирал детето.rn

rn
rn

Џони Инглиш (Johnny English)

rnФилмски маратон со Мистер Бин Година: 2003rnrnАктери: Роуан Аткинсон, Џон малкович, Натали ИмбрулјаrnrnЖанр: комедија, акцијаrnrnНаша оценка: 7rnrnКратка приказна: Ова е првиот од двата дела на пародијата на Џејмс Бонд. Аткинсон го глуми неинтелигентниот британски шпион Џони Инглиш, кој останува единствена надеж против еден злобен Французин кој сака да стане британски крал.rn

rn
rn

Џони Инглиш препороден (Johnny English Reborn)

rnФилмски маратон со Мистер Бин Година: 2011rnrnАктери: Роуан Аткинсон, Доминик Вест, Розамунд Пајкrnrn Жанр: комедија, акцијаrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка приказна: Откако направил фатална грешка во една претходна мисија, веќе подостарениот Џони Инглиш е пратен во Тибет да научи да живее мирно и дисциплинирано. Сепак, ќе мора да се врати во Лондон за да ги запре потенцијалните атентатори на кинескиот претседател кој доаѓа во посета на Велика Британија. Во своите акции Џони користи ги електронски уреди и мудроста научена во Тибет.rn

rn
rn

Трка на стаорци (Rat Race)

rnФилмски маратон со Мистер Бин Година: 2001rnrnАктери: Роуан Аткинсон, Вупи Голдберг, Кјуба Гудинг ЏуниорrnrnЖанр: комедија, авантураrnrnНаша оценка: 6rnrnКратка приказна: Кога на група коцкари ќе им здодее вообичаеното коцкање, еден сопственик на казино измислува нов начин на забава за нив. Тој случајно избира 6 негови гости на кои им дава можност да се тркаат од Лас Вегас до Ново Мексико, каде што во еден шкаф има скриено 2 милиони долари. Мистер Бин, Вупи Голдберг и Кјуба Гудинг Џуниор се меѓу учесниците во трката во која нема правила.rn

rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.