Филм: Тор: Рагнарок (Thor: Ragnarok)

Сподели

Богот на молњата мора да го спречи Рагнарок и да го спаси Асгард од уништување!

rnРежија: Таика Ваитити

Реклама

Улоги: Крис Хемсворт, Том Хидлстон, Кејт Бланшет

Времетраење: 130 минути

Реклама

Јазик: англиски

Премиера: 26 октомври 2017

Жанр: акција, авантура, комедија

Реклама

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: [ratings]

 

https://www.youtube.com/watch?v=ue80QwXMRHg

Ако сте расположени за урнебесна забава, тогаш без сомнение треба да го погледнете третото продолжение од филмовите за богот на молњата – Тор! Големи се шансите дека гледајќи го овој филм ќе се забавувате повеќе од сите останати Марвел филмови досега. Да, мора да признаеме дека претходните делови за Тор не беа тоа што сите ние го очекувавме (првиот дел го освои Локи, братот на Тор, а вториот… па, ајде да не зборуваме воопшто за вториот…). Но, изгледа овој пат важи правилото „Трета среќа“, па конечно добивме филм со омилениот лик од Одмаздниците што навистина го заслужува добиеното внимание.

Во кратки црти, приказната се врти околу Рагнарок – апокалипса што означува крај на мистичниот Асгард. Хела, Божицата на смртта, е главниот негативец во оваа приказна и нејзината единствена мисија е да владее на начинот што таа смета дека е најдобар. Но, тоа што никој не го очекуваше е комбинацијата од Тор, Локи (злобниот брат), Халк (пријателот од работа) и Валклари (девојката што може да го натепа Тор во моментите кога не флертува со него) да функционира толку добро! Оваа неочекувана четворка успешно ќе ги надмине своите разлики и лесно ќе ги совлада сите препреки, притоа спречувајќи го и Рагнарок. Воопшто не треба ни да спомнеме дека тие лудо ќе се забавуваат по целиот пат.

Најново

Може ќе ве интересира