Филм за двајца ловци на награди кои ќе се најдат во ситуација без излез
rn
Режија: Квентин ТарантиноrnrnУлоги: Семјуел Л. Џексон, Курт Расел, Џенифер ЏејсонrnrnВреметраење: 187 минутиrnrnПремиера: 30 декември 2015rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: криминал, драма, мистеријаrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnКога ќе влезете во кино со цел да гледате филм од Квентин Тарантино, треба да бидете подготвени за неколку факти: Тој филм ќе биде добро составен, ќе има голема доза насилство и ќе се обиде да поправи одредени грешки во минатото. Со неколку зборови, тој се однесува како бог на киното, играјќи си со различни нереални исходи на застрашувачки вистински сценарија, притоа правејќи го светот подобро место за живеење.rnrn
rnrnОвој пат станува збор за мистерија во затворен простор, која е делумно вестерн, делумно расистичка приказна за одмаздата. Повторно ќе кажеме, бидејќи станува збор за Квентин Тарантино, очекувајте најразлични начини на убивање, проследени со многу крв и сцени кои не се за оние со слабо срце, додека истовремено ќе се смеете поради соодветната доза хумор внимателно вметната во најтрагичните моменти.rnrn
rnrnШто се однесува до самата приказна, таа се одвива премногу бавно, па на моменти можеби ќе губите фокус и ќе заборавате на оние нешта кои веќе се случиле, а кои влијаат на следните. Целата идеја е да размислувате што се случува во позадина, но поради фактот што станува збор за 187 минути, треба да имате многу трпение за да издржите до крајот. Сепак, тоа не значи дека треба целосно да го отфрлите овој филм. Моќниот избор на актери е една од оние нешта поради кои дефинитивно не треба да го пропуштите.
