КАФЕ ПАУЗА

Филм: Мамурлак 3 (Hangover III)

Филм: Мамурлак 3 (Hangover III)

Written by

in

,

Трет дел за заокружување на серијалотrnrnФилм: Мамурлак 3 (Hangover III) Режија: Тод ФилипсrnrnУлоги: Бредли Купер, Зак Галифијанакис, Ед Хелмс, Кен ЏионгrnrnВреметраење: 100 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 23 мај 2013rnrnЖанр: комедијаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка:[ratings]rnrn

rnФановите на една од најдобрите комедии од последните неколку години очекуваа и трет дел од мамурливите авантури на Глутницата и го добија. Но, овој пат со помала доза мамурлак, затоа што членовите на Глутницата не му даваат шанса на Алан (Зак Галифијанакис) да ги издрогира и да ги однесе на патот кон авантура исполнета со погрешни одлуки и бројни опасности.Филм: Мамурлак 3 (Hangover III)Впрочем, тој веќе не се дружи со Фил, Стју и Даг. Во меѓувреме неговата психичка состојба се влошува, а тие се единствените кои можат да го убедат да прифати професионална помош. Алан се согласува, но на патот кон болницата сите заедно се киднапирани од Маршал (Џон Гудман), мафијаш кому Чау му должи многу пари и кој знае дека Алан е единствениот кој повремено контактирал со него. Затоа ќе го задржи Даг, а останатите ќе ги пушти за да го најдат Чау, кој пред некое време побегнал од затвор.Филм: Мамурлак 3 (Hangover III)Нова средба со Алан – нова опасна авантура во која пријателите влегуваат против своја волја. Но за жал, не толку смешна како претходните две. Авторите на филмот очигледно не сакале да се повторуваат со истата финта со мамурлакот, па се обиделе да бидат различни и непредвидливи, во што и успеале, но притоа направиле разлика и во дозата хумор. Филмот изгледа како да е создаден чисто да ја задоволи потребата од трет дел и заокружување на серијалот, без да се води многу грижа за тоа колку ќе им биде смешен на оние што го очекуваат.Филм: Мамурлак 3 (Hangover III)Третиот дел на „Мамурлак“ сепак е интересен, настаните кои се редат еден по друг честопати го изненадуваат гледачот, но нема изобилство од смешни ситуации како во претходните два дела. Хуморот се потпира главно на карактеристиките на веќе добро изградените ликови, така што веројатно ќе ве разочара ако очекувате уренебесна комедија. Ние ви го препорачуваме затоа што спаѓа во групата пристојни комедии, кои можат да го забавуваат гледачот во моментите кога сака да се опушти со лесен филм.Филм: Мамурлак 3 (Hangover III)
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.